Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.219
    Допаѓања:
    6.652
    Пол:
    Женски
    Јас на почеток пеглав се буквално, и чорапки, и ракавички, а не стававме. Сега полека поднамалувам. Ракавици не носи, капи за дома не ставаме има две, три чисти спремни за надвор. Лигувчиња и крпи што ја бришам постојано не пеглам. Засега ми останаа само боди и горни комплети или фустанчиња некои такви. Кај и да е и со тоа ќе намалиме.
     
    На Leonessa Moon, velesanka и Iris-1234 им се допаѓа ова.
  2. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.823
    Допаѓања:
    18.649
    Пол:
    Женски
    Јас на би ставила обетки додека сама на побара на одредена возраст. Јас имам дупчиња кои ги мразам. Обетки не носам од некаде 5-6 одделение.
     
    На V.N., Autumn Love, januari19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.266
    Допаѓања:
    107.616
    Пол:
    Женски
    И јас пеглам се, и минатово перење реков не пеглам веќе и братучетка ми ми даде алишта, а големото испрати испеглани под конец, срам ме фати, не само што него го испеглав туку и наши и на бато, се средив, извадив од плакари се препеглав и предиплив, не ми се спиеше 3 вечери по ред средив тоа. Така случајно ми дојде и генералка на плакари.
     
    На Freckles., Iris-1234 и velesanka им се допаѓа ова.
  4. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.629
    Допаѓања:
    2.473
    Пеглам се, тетри, крпи за бањање, крпчиња за бришење, облека. Штом се исушат алиштата ги сортирам, ги ставам во платнена кутија и како имам време / потреба пеглам .
     
    На Iris-1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.123
    Допаѓања:
    40.486
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e значи истите стравови ги имаме. Не се плашам од температура или каде седнал, што пикнал во уста. Ама дали ќе направам максимум за да израснат во здрави прави личности со правилни морални вредности. Е ова второво некако почна да ме плаши, од една страна сакам да е вака, а од друга страна знам дека постои ризик да го прегазат имајќи во предвид во какво општество живееме. Мислам го правевме муабетот сега скоро за децата на лулашки. Е тоа како растат ќе станува х10 полошо ;(.

    Ај добар ден.

    Конечно исинхронизира и двајцата спијат истовремено, се надевам доволно долго да го допишам постот.... Толку беше малиот отвори очи еве пак нишкам количка да презаспие.

    Значи нема потешко од болно дете:sweat:. Уствари потешко е кога има и бебе за кое се плашиш да не префати:drunk:. Големиот од неделата ноќта е со температура. Ноческа топломерот покажуваше и до 39.8 (ова бесконтактниот па ај да речеме 39.5 на обичен). Последно во 3:30 дадов неофен и еве од сабајле до сега цело време мерам и се е околу 37.8-38. не сум дала пак ништо сега спие па чекам да видам како ќе е после спиење иако во моментов на допир ми личи дека му е спуштена. Значи затоа мразам сликање со повод. Ги носат во градинка болни само за да не пропадне сликањето:devil:. Другарка му конкретно со болка во грло, а богами и температура изгледа си дојде во петокот маската да не и пропадне.
    Ај само се надевам толку ќе е, а дека бебе ќе помине некако со мојов имунитет, ако не ме залегнњ и мене. Е сега овие два дена спие со татко му, се надевам тој нема наредно да легне, зошто тоа ќе е како да имам десет болни деца дома:rofl:.
    Одмори изрезервирани инаку два иако мене не ми е по кејф и двата на исто место, само различен смештај. Се надевам за едниот ќе најдам подобра понуда и ќе го сменам. Заради бебе оваа година исклучиво букинг со фри кенселејшн, а тоа се знае се плаќа поскапо.
    Се мислевме за празников до Охрид, ама времево не ветува и за да седиме во стан не ми се накрева цела куќа, па се откажавме. Прва година после подолго да не одиме за празников таму и ми е малку криво, ама не ми се малтретира бебе на ризик да сме затворени.
    Читам за враќање на работа се зборува, искрено овој пат и сакам и не сакам. Сакам затоа што ме исполнува кога сум ангажирана, а не сакам затоа што ми го наоравија лом одделението тие што превземаа кормило додека не сум таму. Среќна ќе сум ако се сите колеги на број кога ќе се вратам, ама некако не ми мириса на арно дека че ме пречекаат назад. Жал ми е што тимот што го градев со години, успеаа за 3 месеци да го срушат и тотално демотивираат. А толку тешко се гради тим во ова денешно време;(. Ми се :puke: од стара школа менаџери кои покажуваат сила на вработени и мислат така се води тим до успешно сработени задачи. Може и моето не чини со презаштитнички став, ама па ова другово е 10 пати полошо. И така дури и не сум се јавила веќе цел месец да ги чујам, зошто ми е страв дека никој не останал дека сите фатиле штрафта или во најмала рака поднеле барање за трансфер на друго место.

    Туку никако да си закажам за депилација и шишање. За депилација не дошло ургентно, а за шишање свесно одложувам зошто знам ако отидам ќе мора да ја шишам кратко зошто ми падна, ама буквално ми падна. Да пројдам со прсти низ неа и вадам цели прамени. Со првото не ме задеси ова, ама сега знам што значи да останеш без коса:(. Незнам дали има фајде од шампони и препарати или џабе. Да е полошо мислам дека и себореичен дерматит ме задеси. Од мрсна коса сега стигнав до сува со страшно чешање на скалпот и перутање. Ако имате некое чаре за ова кажувајте.

    Туку баталете пеглање и чистење. Гушкајте децата и шетајте. Тоа се памти, а не дали ви било чисто дома. Овие два дена дека големиов болен што седиме дома мене веќе почна да ме фаќа депра. Едвај чекам пак да фатиме ред на градинка и прошетки.

    Ајде се разбуди големиов чека карти да играме, да поиграм со его додека не се разбудило и бебе.

    Имајте убав ден мајки :f::sun::f::sun::f:
     
    На Oneo, snegulkata, Viveki и 13 други им се допаѓа ова.
  6. Leonessa Moon

    Leonessa Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2023
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    189
    Пол:
    Женски
    Така е.
    Малку ми требаше и мене време да го сфатам тоа. Доброто е што не закаснив многу.

    Ако децата се бубалчиња, само седат, пуштете им тв и пеглајте.
    На почетокот пеглав : бодиња, шамифчиња, лигуфчиња, крпи, муслин пелени ...ај дека малечко и покревко.
    Сега (7 мес) не.
    Немам време.
    Сака да игра, да седиш со него, да се повозиме со количката, да пуштам машина, јадење(па и маш за садови),
    облечи-пресоблечи, и уште да пеглам? -Не!

    Нормално, не одиме згужвани :lol: но, само тоа што има потреба.

    Ете така..
    Ајде уживајте, постигајте и гушкајте :l:
     
    На snegulkata, mal.ecka, Freckles. и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.219
    Допаѓања:
    6.652
    Пол:
    Женски
    Ако нешто ми фали од животот пред бебе е организираноста. Буквално со тефтерче со распоред си живеев. Тие денови на работа. Па, во тој и тој ден кафе или пешачење или вежбање. Обавезно една, две прочитани книги во месецот, серии изгледани, филмови односно филмски вечери со маж и слично.

    И сега имам распоред и во него, педијатар, ортопед, вакцина и така во круг. Ако три вечери со ред бебка заспие во 21:00 и четвртата решиме да гледаме филм, е баш четвртата нема да спие до полноќ. Има денови кога и машини пуштам во 2 по полноќ и се бањам во 6 часот наутро. Зависи од нејзиниот распоред, кога јадела, колку јадела, кога следно би спиела итн. Некогаш ми е тешко да се привикнам на тоа си признавам.
     
    На LadyD, Anturium, Hellokitty93 и 20 други им се допаѓа ова.
  8. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.929
    Допаѓања:
    12.260
    Пол:
    Женски
    Не знам колкаво ти е бебето ама ќе се среди. Јас исто се чувствував на почеток, мислам дека гнасна шетав од што не знаев главата кај ми е:rofl:
    Сега сме 4+ и имаме ред, се знае кога легнува навечер, кога е време за дремки преку ден и правиме организација. Е сега морам да кажам дека мм премногу ми помага, пушта машини, помага со пеглање и расчистување кога не можам јас. За оброците сум задолжена јас, бидејќи не знае ништо да прави во кујна, а бебето двајцата си го гледаме.
    Кога ќе се врати од работа обично ручаме и гледаме да излеземе со бебка па да се вратиме навреме за да спие. Си легнува околу 20:30 па после сме слободни:)

    Ако сте уште на почеток, тешко е ама после ќе имаш време и ќе се организираш. Е сега нема да можеш да се излежаваш ама секако дека ќе имаш време да пиеш кафе со другарки или да одиш на шопинг.
     
    На Oneo, snegulkata, arrow и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.123
    Допаѓања:
    40.486
    Пол:
    Женски
    Ау не. Дефинитивно не ми фали живот по распоред зошто никогаш не сум го имала. Мене ми фали спонтаноста. Кога ќе ни текнеше со мм, ајде после работа на кафе или кафанче. Викенди спиевме па пак ни текнало кафе, па после од кафе во кафана. Денес ни текнало излет, ѕвониме кај друштвото и тргаме.
    Сега се се врти околу тоа дали ќе можам од децата. Дури и со друштвото со деца не може да се договориме, стално некој е болен. Еве сега големиот беше со температура 2 дена, кс правевме црп високо, матичната кога ја виде денес и кога му го виде грлото - партал. Серепрокока и си заработи антибиотик. А тој ниту еднаш не се пожали на грло и од ноќеска и тт се симна, ама процесот мора да се сопре зошто пред ангина состојбата му е.
    Малото па 4дена не беше какано (претходно по 4пати на ден какаше) и кенкавица жива. Два дена мислам само со супа, јогурт, овес, ленено и суви сливи живеев. Вчера експлозија направи.
    Другарките пишуваат за кафе или кафана, што да се договорам кога не знам до вечер што ќе биде. Им реков договорете и кажете термин, па ќе видам моментална ситуација кога ќе дојде дали може да ги дружам.
    Сакам ред, ама тоа спонтано да си доаѓа, не со временски рамки. Ту ду листа си имам и по расположение средувам.
    Со првото не се сеќавам кога прв пат успеав да излезам без тајминг. Само се сеќавам кога наполни 2 години дека фатив со другарките викенд во Солун. Уствари он прв пат беше оставен пред да наполни две години во Охрид со баба му и дедо му, ама ова беше принудно зошто немаше кој да ми го чува, а имаше интервенција на уши па не смееше во градинка.
    Се надевам и ова кога ќе стигне 1-1,5 година, ако го одбијамод цицање да можам да ги оставам тројцата а јас со другарките пак викенд. Белград ни беше следна дестинација, ама фари короната и остана неисполнета.

    Сега за сега и за еден шопинг треба напорна организација, а не па за повеќе. Подалеку од капитол што ми е преку улица што се вика не сум отишла. И тоа на трчање е обично.

    Туку ќе помине и тоа. Че пркнат децава па ќе дојде пак време повеќе да се посветиме на сопствените желби и потреби.

    Имајте убав ден:sun::f::sun::f:
     
    На CareTee, Oneo, snegulkata и 13 други им се допаѓа ова.
  10. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.219
    Допаѓања:
    6.652
    Пол:
    Женски
    Неполни 3 месеци е бебе.

    @Ano , тоа со шетање е друга приказна. Кој со поголеми деца, па здрави, па болни. Па ние со термин за вакцини, па пазење. Пред деца со најдобриот другар на сопругот имаше само во сабота вечер разговор од типот утре тргнуваме за таму и таму или недела наутро, спремајте се и за пола час/час тргнуваме. 4цата со една кола, прошетки постојано. Сега транспортери, деца, потребни работи за децата за цел ден. Едно одење надвор од градот ни се рамни на големата преселба на народите.

    Само се надевам барем првите година, две се такви. После ќе е полесно.
     
    На snegulkata, Ano, Freckles. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.929
    Допаѓања:
    12.260
    Пол:
    Женски
    Ова е преточно, ќе се убиеш од перење, пеглање, паковање и за неколку дена кога ќе се вратиш пак истото:worried:
     
    На Ano и Leonessa Moon им се допаѓа ова.
  12. Zumbulche

    Zumbulche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2021
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    1.788
    Пол:
    Женски
    Вечер мајки,одамна не сум пишала а секој ден со првото кафе си листам по форумот,мн корисни работи научив и сега кога имам јас колку толку искуство со бебе сакам и јас да помогнам ако можам со совет.Ќерка ми расте ,некако тежок ми е овој период со тодлер 2 год а и бремена 9ти месец,секој ден е некој нов период на инаетење ,па се убедуваме по цел ден за се нешто,па плачки ,гушкање и се така во круг ,секој ден до спиење.Пробуваме со градинка но тешко оди адаптацијата.Си велам постојано,се во свое време!!Дали се тешам или е така ќе видиме:)
    Да си олеснам на душа да си кажам овде,нашите родители( моите и на сопругот),еве веќе 9 месеци никој не спомнува ништо за бебе,како и да не постои,никој не ме ни прашува дали одам на прегледи ни како е бебе ниту дали расте..мрда..разочарана сум и од мајка ми,ако ме праша како сум,за бременост единствено ја интересира колку килограми сум:^):^)(facepalm)не живееме МК,но 1-2пати неделно се слушаме со сите,но некако со цела незаинтересираност и не ми е по ќејф да ги слушнам:(.Не ми текнува за ќерка ми,но мислам тогаш бев толку возбудена за бременоста дека прва и сама постојано се објаснував,но искрено мака ми е,зошто имаат такви размислувања, дали за нив бебе не е бебе додека не се роди( а најмногу од се нервира дека кога ќе се роди сите знаат се ,и личи на сите а најмалку на мајка си:?:),за мене е срце кое чука во мене ,сеуште родено или не, постои,мрда...ме радува.Како да осетиш близина со такви луѓе:mm:.Решив кога ќе се роди синко дека нема многу објаснувања и слушање колку сите се радосни,па на кој личи,па кога ќе го видат(за сите да се прават дека знаат се или дека помагаат,а искрено одмагаат и тие 10 дена што ќе ги посетиме).Тешко ми е да си објаснам кои ли се причините,но ете секакви карактери ,затоа и си терам секогаш, ние тројца пред се .Блазе ви вам кои уживате во бременоста заедно со најблиските,кога споделувате се и едвај чекаат да ве ислушаат,мене ми останува да си уживаме со мм и ќерка ни.
    Да одам да легнам,дека до утро има уште 5-6 пати да станам ,ова одење во тоалет на крај едвај се издржува8)
     
    На Leonessa Moon, hello-kitty.90, Oneo и 10 други им се допаѓа ова.
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.266
    Допаѓања:
    107.616
    Пол:
    Женски
    Јас се породив на 29ти декември, ако ти се верува многу ми беше мака на синко сите пакетчиња, на бебе никој абе едни влажни марамици не рече еве под елка. И се изнервирав и си купив сама и пакетче новогодишно и играчка и се. Е мајка ми кога ме виде разочарана купи пелени и влажни место пакетче и никој никаква еуфорија а баш во највеселиот период се породив. За купување па, секој втор муабет беше Што купуваш се имаш... Кога кажав дека сум спрежила се, абе тоа беа коментари, што да ти кажувам, па пелени па, ауууу... Јас се сеќавам за синко, повозбудени беа, за ова ни муабет не им се правеше. И дека добив болки 3 недели пред да се породам ме нервираше кога ме убедуваа дека не се тоа болки, не знам како изгледаат, рано е, дури свекрва ми кога одевме последно кога ме задржаа ми викаше дека ќе ме вратат. Мене ми се и двете деца и за двете душа давам ама ме иритира тоа ставање на големото на пиедестал а малово под патос, така се создава и лажна самодоверба кај големото, а богами и во иднина кога ќе порасне малово мислам дека ќе имаме мака. А од тоа кревање во облаци на големото си направивме страшен проблем и за во школо, премногу е самобендисан и не може никој до збор од него да дојде. Јас сакам што има самодоверба и е свесен за своите квалитети, ама се сеќирам што децата може да го избегавам така, не сакам детето да ми страда.
     
    На Lizi, Freckles. и mal.ecka им се допаѓа ова.
  14. Zumbulche

    Zumbulche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2021
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    1.788
    Пол:
    Женски
    Значи не сум единствена,искрено не е фер,а верувам и знам по мене (дека сум второ дете) кога ќе подпораснат секогаш повеќе ги галат помалите ,а и тоа не е исправно.Моите а и неговите родители и не се многу стари за да имаат такви ограничени размислувања,но тоа е што е ,за мене и мм е најбитно да ни се живи и здрави,се друго може да не засегне а може и да се избегне.Искрено ако продолжат со исто темпо(да ги делат двете) ќе имаат се поограничен пристап до нив,растев во таква средина со такви баба и дедо и нема ништо позитивно ,само поголема љубомора меѓу децата.
    Исто и ти веќе имаш реални ситуации,постави им граници па нека се прашуваат зошто.Нашата родителска љубов неможе да се замени,и ќе надополни се друго.:hug:
     
    На Lizi, AngelOfArh и mal.ecka им се допаѓа ова.
  15. Proletno

    Proletno Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    571
    Пол:
    Женски
    Скроз е така..личи детето на некој од пошироката фамилија, а доиш?? Имаш доволно млеко??.. Ладно му е сигурно...Не знам што да кажам... И уште многу слични прашања и мудрувања..
     
    На Lizi, Freckles., Leanne и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Zumbulche

    Zumbulche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2021
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    1.788
    Пол:
    Женски
    Само се надевам никогаш да не бидеме како нив,и да растеме генерации со поинакви размислувања, да бидат свесни за емоционалната страна на процесот создавање и раѓање ЖИВОТ,на ниту еден родител не му е дојдено до мудрување, едноставно е , нека уживаат во моментите баба-дедо-внуци.
     
    На Lizi, Proletno и Leanne им се допаѓа ова.
  17. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    12.619
    Пол:
    Женски
    Бебе болно на инхалации, тодлер збеснат со сипаници, маж растргнат од работа, свеки на помош со спиење. Толку.
    Ако преживеам ќе пишам пак.
     
    На Viveki, CareTee, Sunrise!!! и 30 други им се допаѓа ова.
  18. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.945
    Допаѓања:
    10.006
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно како што расте детето, помалце се пишува во темава.
    Од мојава генерација фемина мајки тек тук ќе пише некоја. Кога бев на породилно, фермани цели ми се чини се пишуваа.
    Гледам за пеглање муабет се правело, јас не пеглам значи никогаш. И ги испеглав сите алишта на ќерка ми пред да се роди, зашто нели "така требало", пеглано да е за бебе и од тогаш дали 5 пути пегла сум уклучила, а тоа беше јуни 2021 :D. Не можам да трошам саати на пеглање. И е гајле нејзе дали е пеглана или не. Сушам во сушара, диплам и поздрав. Јас во принцип имам облека што не се пегла, маж ако има потреба кошула да носи, сам си ја пегла. Има побитни работи од пеглање, на пример серија, вино и одмарање :D.
    На тема дете, нема промени, немирноќа до даска, дрнадање по цел ден, што на кинески, што разбирливо, и така. Многу мерак има да црта. Кога ќе земе пенкалото, тетратка, раце, нозе, се црта. Сакам да ја одвикнувам од пелени сега кога ќе сме дома за Велигден ама ме убедуваат мала била на 20 мес. Што знам, вака знае да каже кака, мочка...откако ќе заврши. Ќе видиме, не ни се брза.
    Пред некој ден доживеав откровение дека луѓето што немаат деца, немаат осет што ги чека кога ќе имаат. Другарка ми откажа ручек зашто добила, тешко и било. Јас добив денес, бев на работа 8 саати, земав сама дете од градинка, и дадов да руча, ја пресоблеков 2 пати во рок од 3 саати, рипавме по цел стан на песни, се бркавме, шутиравме топка, и направив вечера, млеко, ја успав, се истуширав и сега правам ручек, пијам вино и куцам на форум. Ама ако и јас немав осет пред да имам дете, така треба ваљда да се шокираш колку ти се менува животот.
    Добра ноќ мајки, гушкајте бебиња, јас до вчера имав бебе, сега си имам женска, лета време :hug:
     
    На unearthlysarah, Sunrise!!!, hello-kitty.90 и 25 други им се допаѓа ова.
  19. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.604
    Допаѓања:
    52.953
    Пол:
    Женски
    Не пеглам , само по потреба пеглам за излегување ако се згужвани:D

    @mal.ecka да ми кажеш како тоа успеваше да ги успиваш двете сама преку ден.

    Значи лудница не ми бега.

    На големата и се спие, на малото му се спие ,двете плачат , големава сака да ја нишам инаку не спие, малото исто.
    За цел ден обврски дома и со децава не се уморувам колку тоа со заспивањево што ме исцрпува.

    Друго што да кажам, се чувствувам како во рудник да работам. Стани рано сабајле и работи до вечер додека не легнам и така секој ден во круг.
    Настрана тоа чувство, тој умор, преубаво ми е со двете, ги обожавам, освен кога двете се пренапорни па ми доаѓа да почнам да плачам и јас со нив.

    Женски кога почнуваат да лазат бебушкиве?
    Поголемкава не лазеше, помалото само на под е, освен кога има периоди да вришти и да не сака па кај мене е во раце , ама 7ипол кг нејзини и 45кг мои :sweat: нека почне да лази што поскоро:D

    Имајте убава ноќ:f:, јас дојдов само да се пожалам:D
     
    На hello-kitty.90, Coco31, Mom's_life и 9 други им се допаѓа ова.
  20. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.417
    Допаѓања:
    126.991
    Ден денес сеуште сама ги успивам двете.
    И поголемава сеуште преспива.
    Во градинка до 12,да се видиме гушкање,се редиме трите на кревет,едната легнува на гради,другата на нозе и заспиваат.Малава побрзо а на големава мн.време и треба да се успие.Од бебе е така.
    Среќа поголемава се одвикна од нишање пред заспивање,а беба не сакаше нишање,па беба заспиваше со цицање,другава легната на мене од другата страна и така заспиваа на почеток.
    Фала му на Господ за тоа,инаку тешко ќе ми беше.
    Поголемава лазеше од 6-7месеци,ако добро се сеќавам,а малава прооде на 16 а пролазе на 20месеци:rofl:
    Не лазеше не ни сакаше ни да оди а камо ли да лази,мрзла.
    Ми фалиш:hug:

    Поздрав мајки,преубава тема ама ептем ми е мрза да пишувам.
    Имајте мирна ноќ:hug:
     
    На hello-kitty.90, Coco31, Mom's_life и 10 други им се допаѓа ова.