Плус 1 со "второкласно" дете/бебе. Неколкугодишна врска со сега сопругот, свекрва со прашања, до каде сте со дете, да не има проблем, овој веќе има дете , оној има, да ве носам по доктори??? Ние ни план, ни обид за дете. Почнавме обиди, нормално не кажавме, неуспешна бременост, па успешна. И кажуваме, веднаш прашање до мене, дали знаат моите, како реагирале. Кажуваме пол (женско), таа разочарана, веднаш прашање што мисли синот за тоа да има женско дете. Да не речам тој го направи, нема што да мисли. Излегуваат проблеми во бременоста, совети не е тоа ништо, на Х сопругата ништо не и било, на оваа вака, на друга така. Џабе сме шетале по доктори. Се раѓа бебе, постојано го носи другото внуче тука, па по продавници, па купува подароци за него. За ова ништо, барем кутија млеко нека е. Немам проблем со тоа, нормално внуче си е, ама и ова е внуче, а не видело ништо. Демек кога ќе треба ќе се купи. Е сега кога е тоа требањето, не знам и јас. Битно не секој го бива за баба и дедо. Дали понатаму ќе го галат моево не знам и дали ќе имаат шанса за тоа.
Значи не има повеќеКога ќе размислам убаво мислам дека нивното однесување е резултат на начинот на живот,така биле воспитани ,така живееле и воспитувале деца,само што ние сега со појавата на интернет имаме премногу достапни информации и постојано се надградуваме,менуваме мислења,споредуваме ,истражуваме. Во нивно време освен комшиите што ќе речат ,и бајачи и гатачи тешко кој зел книга во рака па да прочита за психологија и како нивните постапки може да влијаат врз растот на тие деца. Луѓе сме,сите различни,да можеме да си ги чуваме сами дечињата па влијание ќе имаат толку колку што ние ќе им дозволиме
Здраво мајки, Од понеделник на работа. Морам да признаам дека имам измешани чуства. 1 год и 5 месеца бев преокупирана со дете и сега ми е мака. Од друга страна едвај чекам да почнам. Знам дека ќе биде напорно а си ставам уште толку нервоза со тоа што сакам се да ми биде под конец и дете и стан и ручек и работа и се. Јас не знам како ќе успеам се да стигнам. Па дали ќе најдам за не дај Боже кој да ја земе од градинка, па ако се чува со баби дедовци како ќе се снајдат дали ќе биде ко јас што сакам. Аууу психички уште од сега попукав. Можам да кажам дека добро си оди во градинка овој период еве ја замислете дури 3та недела истера (без 2 дена поради лични причини). Многу бев мирна што знаев дека сум тука и поврзана сум колку она за мене очигледно јас повеќе за неа. Ај да не мрачам више. Убаво поминете го викендот
Не ми се чудете ама имам еден проблем. Како ми рече докторката дека се сипаници осипот кај детето, почнав ненормално да се чешам. Еве втори ден, јас не можам да се сопрам, рани си направив под градата и на ногата и упорно чеша. Прележана сум, немам сипаници, свесна сум дека е психички проблем, се туширам дури и лоратадин се напив и не прекинува. Не знам веќе како да си помогнам, под стрес сум ептен и за бебето и маж ми, големиот ги поминува само со висока температура, нема компликации. Значи вака смирена сум, не сум паничарка ама се мрднав веќе од ова потсвесно што го правам. Ви се случило ли некогаш? Б комплекс не помага бтв.
Јас на психичка база праам така... Туш, некој лосион за тело (ја од на ќерка ми биодермите и еуцерин ите мачкам) пушти филмче и мозок на пасање
Помислив и јас ама страв ми е да не се успијам, тројцата ги проверувам со топломер нонстоп @Noranora Јас стално дијареа имам кога се болни, се цедам минимум 2кг ама ова прв пат. Мајка ми 100 пати ја прашав дали сум прележана Еве пуштам серија
Тоа да, може да те опушти и да се успиеш, за жал Истуширај се, измачкај се со убав смирувачки лосион, чашка винце и серија = добитна комбинација
А јас што немам прележано, со синко до мене спиев кога имаше сипаници и не префатив. Пред да се омажам уште колешка донесе дете кое следниот ден изби, јас после тоа се чекав ко неарна, а со синко ништо. Сега имам некој осет дека со малово ќе прележам. Со лесно нека им минува и ти да се олабавиш веќе.
Читам и се прашувам уште колку векови се потребни да се искорени тој став кај луѓево дека само машко бебе е бебе, а другово фрли го на буниште. Од такт се вадам зашто и јас имам женско, но фала богу ништо немам чуено до сега зашто очи би му ископала на тој што нешто такво би искоментирал. Нека и' стои на совест на свекрвата ако воопшто и ја има што не му се радува на детето твое како што се радува на другото.
Тоа обично го прават ограничени и да не речам прости луѓе. Баба ми викаше да ми се сите 3 ќерки, ќе бев најсреќна. Јас па сум пресреќна што ми се исполни желбата и имам ќерка, јас и мм и се радуваме најмногу а кој што мисли воопшто не ме засега. Порано машко/син радост жива, ќе ги дочува нели, на денешницава нит некој чува нит дочувува, а реално господ на сите да ни дава здравје неќам никој да ме чува и дочувува, тие деца било машки/женски сме ги создале од љубов не за заем да ни враќаат на стари години. Прочитав пред некој ден и се согласувам со тоа дека децата не избрале да се родат, ние сме одлучиле така, така да треба да им подариме среќно и безгрижно детство. Убав ден мајки и игнор на вакви ограничени умови .
Никогаш неможе да се погоди на жив човек... Особено снаа на свекрва неможе да погоди, а и не треба по правило нели секој за себе. Ако сака некој мама да најде ќе најде, ако нема што ќе рече криво седиш! Еве во мојот случај свеќи многу се изнервира што близнациве и двете се машки, требало едното девојче... Уште пред да се породам ајде па следното девојче штом сега невидена. Уаоо да да ќе раѓам по желба на фамилијата макар и до десет само да им се оствари целта, на немој! Така да, секогаш ќе има зошто вака не така, башка едното бебе што повеќе личи на мм се фаворизира од нивна страна, срамота, браќа близнаци уште од пелени да ги двоат. Ама ако ќе пораснат и сами ќе се свесни кој ги сака кој не колку пари толку музика работава.
Сигурно на 929394094 страници на форумов имам напишано ‘никогаш второ’ ама секој ден сум се посреќна со две деца. Неописливо е колку многу се сакаат, не знам кој кого сака повеќе, па кога ќе се здружат против мене најслатки ми се. Пишувам ова, а мораше да им викам во моментов. Цело време седат мирни и дека седнав со кафе и телефон и крај е, штом ми го видат филџанот лудница е дома. А убаво им реков 15 минути да го испијам кафето на раат и ќе излеземе во парк. Сега и кафето во тил, паркот без нас и цел ден хаос. Не бе не знам штом им е проблемот со моето кафе… Ваква љубов како тие што се сакаат немам видено до сега. Да ти е мерак да ги гледаш. Секако дека и се караат и по ново почна и малово да удира, инаку мирен си беше ептен се додека не пишав на фемина дека е мирен . И така упорно пробувам да напишам добро за нив додека ми висат на глава и плачат, упорно ме тераат да се премислам и да го избришам ова. Не знам дали сите деца имаат проблем со кафето и мирот на мајката или само моиве. Само што ќе го испијам пак ќе продолжат да играат ко ништо да не било.
Пробај маскирај ја шољата,стави кафе го чаша/флаша/флашичка од сируп што не го сакаат 100% ќе те игнорираат Мала шала - многу ми се допадна твојов пост. И јас се топам кога ги гледам, моите се бајаги разлика,бебето е 4 месеци ама како го бара бато со поглед низ собата и му се смее,тоа е неописливо
Истата ми е дома. Може да седам, да лежам, на глава да стојам не ме рецка. Ако земам кафе титка сензорот и доаѓа одма. И баш тогаш сака во рацееее, па сака нешто од маса, па стои на врата сака да излезе Од 6:50 сме будни денес, дури сега го допив кафето. Го оставивме мм малку да поспие денес оти детево е веќе неподносливо. Па за викенди се менуваме, еден ден јас спијам, еден ден тој. МЕНЕ МИ СЕ ПАДНА ПОТЕШКИОТ ДЕН ( и така секоја недела ) Го искористив твојот пост да си се пожалам Џоќерче. Каков тмурен и никаков ден, мајко мила. Мора викенд еден ден да е сјебан. Аман. Ниту сме излезени од дома раат, ниту сме се виделе раат. Ко ништо да не правиме периодов се осеќам. Цело време нешто ни е кнап, на брзање, обврски... Ми треба малку одмор! Малку повеќе. И се повеќе и се заканувам на мојава дека нема да има ни брат ни сестра. Нејзе ко демек гајле и е де ама ај
Леле сите денес ранобудни... ама мојов заспа во 7ипол, не смеам да се побунам. Заспа во 7ипол, го разбудив во 11 да цица пошто ќе продолжеше до сабајле. Само што заспа снема струја, не дочекав и заспав со него до мене зошто ладно беше не се стопли од панелката пред да снема струја. Се укочив на една страна свртена до 5 сабајле. Една моја роднина ги заспива децата од раѓање во 7ипол, побогу што прави таа жена со толку слободно време Јас Мапетс го решив дур спиеше детево со тате синоќа. Битно за лето се опремивме, нешто од бате, нешто ќе го помине летото по боди само и ајт. Да дремне дете, за тоа време да најадам китки, да не заборавите денес е цветници се садат цвеќиња, и да одиме да бараме игротека за роденден, годинава не ни се погоди за во Сарај. Убав остаток од недела мајки!
Да шкртнам нешто легната во спалната во Мк. Малку бев испаничена како ќе биде, ќе плаче ли бебе во авион, ќе се прилагоди ли. Ама со вакво бебе да ти е кееф да патуваш. На цел авион се смееше, муабет правеше како сите да ги знае, дури да се засрами човек од неговата дружелубивост Само лугето од авио компанијата крајно безобразни. Ме оставија сама со бебе во раце и две торбици да збирам количка надвор пред авион на дожд, а после ми ја вратија пуштена и утоп мокра да не можам бебе да ставам во неа, па си ја буткав со бебе во раце куфер и 2 торбици. Пукнав! Виз аир се полоши а поскапи стануваат Тука е супер, во сите оди, со сите седи, свеќи си го чува често мама малку да прошета сама. Абе убавини И мм ќе дојде за некој ден па уште поубаво ќе биде за празникот. Скокот мислам помина. Вчера од 1ипол до 7 не се разбуди, се збркав сабајле кога видов чисто шише Нека продолжи така. Малку со промената на температура во собите имам буички во глава како да го облечам, зашто во една соба грееме, ама досега е добар, пу пу да не го подречам. Денес го кошкавме, лазаринки беше полна куќата, а тој се смее, обожава дадички Со јадењето сме уште хаос, никако не прифаќа каши. Не форсирам, давам колку сака, а тоа е макс 2 лажици Едино на брокула готова кашичка отвара повеќе уста и покажува желба да ја држи лажичката сам и да јаде, а тоа пак смрдии јас не можам да го поднесам мирисот Е така си кажав се, ве читам барем еднаш дневно, се трудам да не пропуштам ништо. Сега одам на спиење. Добра ноќ мамички
Ахх колку убав почеток на денот. Станавме сабајле со песни на цел глас, играње, спремање појадок. (го остајвме маж ми да поспие, работи за 2та за да поседам уште малку време со бебушот). Кога се разбуди го чекаше кафе и појадок и цел пресреќен. Бебе вика на цел глас - борба за внимание, кој прв да кажи. Колку многу работи да се направат, а колку кратки се деновите кога сме сите на куп. Од секогаш ми беа чудни оние "full time mommy", сега УЖИВАМ во тоа. Не се препознавам. А дека не е лесно, не е. Мислам дека и потешко е од вработена мајка. Социјалниот живот ќе го вратам, ама гушкањето и моментите со децата никогаш нема да можам да си ги вратам...
Добра вечер мајкии ….утре прв ден во градинка додека го спремав сега ранчето за сабајле душава ме болеше со плачење си го спремав синко не знаев дека вака трагично ќе го преживувам овај период , 10 месеци постојано заедно а сега работа , градинка веќе никогаш нема да е исто Мислам ќе се адаптира тоа човече мало брзо сака да се дружи со луѓе , деца им се радува , јас по тешко ќе се навикнам така ми изгледа работава ама мора да се оди ќе му биде убаво Имајте мирна ноќ и гушкајте малишани
Роднина сум ти ? Д утро Моето заспива најдоцна до 19:30 и станува рамно у 06:10 Пие млеко 150че и почнува денот . Ние уште тераме две дремки Едната во 8ипол, другата после ручек,накај 14ч. 16ти месец тера детево а уште се понаша ко новороденче . Заби нови,еден куп. 15 имаме Каса како куче ,кај стигне таму ме каса. До кога трае ова касање ?! Значи не бира каде ќе ме апне,а боли упм,стварно боли Пробав да го каснам и јас ,ама он се смее,мисли си играме и уште појќе збеснува Истеравме еден пролетен одмор ,ако може да се нарече пролетен , оти само што стигнавме Врњачка бања завеа снег Ама тоа не не спречи да се бањаме у базените . Детево ми е водна жаба значи . Он би по цел ден да се бања и да плива. На секое вадење од вода има урлање ко да го колат Што ќе правиме летото на море ,еден Господ знае Овој пат бевме чисто сами на одмор ,без мама без другарки . Понапорно малку ни дојде ,ама па супер пројдовме. Не шетавме многу ,дека баш беше ладно и врнежливо,Али битно детето виде и снег Не беше фасциниран од него, он си е по топло и по вода Ммр ептен успешно пројде . Џабе толку се секирав , никаква реакција не покажа , никаква Сега уште стрептококата да ја проми и спремни сме за градинка . Мај и јуни ќе оди по 3-4 саати , од септември почнува со целосно одење. Бар таков ми е планот ,иако мислам дека ќе се откажам . Не можам да се замислам без него дома 8ч. Што ќе правам ? Ај ќе направам ручек, ќе зачистам ,ќе погледам Задруга ,ама јас ова го правам и он коа е дома . Не ми пречи, си игра детето само , битно е на 3-4 дена само да се купуваат нови коли . И да има празни шишиња на земја ,да може да ги реди Со зборување сме скарани . Нејќе и нејќе . Мама па ич . Баба ми вика и на мене Важно по татко му се корне драјќи со татИИИ. Он па ќе се подмоча Неделава Велигден ,а Ние на свадба сме поканети баш во сабота , на маж најдобриот другар ќе ја мажи ќерката . Уште тој остана да жени/мажи дете . И НИЕ!! Али Богами ,ние ќе си почекаме . Кој знае ќе дочекаме ли и ние тоа чудо да го видиме. Ај да престанам со вакви мисли ,оти минатиот месец бев баш лошо. Све некој црни мисли ми идеа. Не знам што да кажам друго мајки . Слабо седам на форумот , некако како да го изгустирав , отворив вчера да видам што има , имав неколку пораки , се загрижиле некои членки , па реков ај да пишам и да пријавам оти сите сме суперишка Гушкајте дечињата , имајте убави празници Се слушаме