Ти си со едно, оваа е со две. Абе твоето мало е, овие се 4 и 5, цел ден у спиење им е. Шузнам, ама па на кој како му одговара. Мене само ми дојде еве веќе втора вечер по ред чудно, што да правам со времето.
Ве читкам со едно око најчесто. Како растат децава и обврските со нив. Едвај стигам да отворам форум, само ќе прашам нешто и толку. Тек на работа кога ќе тргнам ќе ми е сè малку, ама па едвај чекам. Ме уби рутинава. Ви ги фатив муабетите со пеглањето. За двете пеглав 6,5м. Да имав сушара, ни толку немаше да се мачам. Туку по цел ден сум во кујна. За бебе 2 оброка, за мене посебно на мамафит сум, за маж трето зш пости и за дете четврто. Најчесто со бебе во рака готвам, зш тој е кенкало на мама најголемо на свет. Константно сум болна 8м. веќе. Уморот си го прави своето. Ама сега последно кога фатив гнојна ангина мислев ќе ја задавам докторката. Ми вика ти треба јак антибиотик, бебе ти е големо, веднаш одбиј го од доење. Зоврев. Се испокарав, па и во извештајот напишала "не сака да го одбие од доење". Какви доктори има значи, абе врска немаат за основни работи. Толку од ладното, доаѓаат убави денови, ќе се шета максимално додека не почнеме да се топиме од жешкото. Маж ми викаше да резервирам за одмор уште пред нова година, ја се денес, утре и кога пишав нема место. Пукнав од мака. Сега барам, а ништо не ми фака око. Гушки до мајките со болни дечиња. Колку е мачно за сите, само да поминува со лесно. До следно.
Добра вечер мајки Јас сеуште будна, дури сега да јадам па да го затворам постот. Децата и они го пореметија редот, не гледаат нас и они седат.. Битно сите не мачи грло и сите кашламе. А малата сакам мрп да ја вакцинирам ама никако скроз да оздрави... Пуштена музика, нет и цеден портокал.. барем час два одвоен за мене и мм.. Кај нас се ближи Бајрам па од сега чистам спремам, па и теписи да перам.. Алишта одамна не пеглам, само по потреба. Од перална во машина за сушење и диплам Треба и на шопинг да се иде, за се подновиме за празникот Па следи период на одмори.. Конечно во Мај со маж сами да отидеме неколку дена да шетнеме за Италија, многу ми фали тоа. После со деца на летен одмор. Дека од дома работам пукнав од досада. Затоа само барам некаде за шетање.. Оти ако и тогаш не искочам од дома ќе полудам И најглавно завршивме со реновирање Ама си имам најубав двор сега, со летниковец многу многу украсни дрва и цел детски лунапарк
Комшивка vs немајка vol 2 Зошто моето дете е во април надвор извадено? На Тв кажале дека и април и мај ќе се ладни месеци годинава Покрај тој муабет стварно некогаш си мислам дека сум лоша мајка затоа што сакам да почни бебе да преспива цела ноќ и конечно да се наспијам. Рекорд неа и е 5 часа без прекин,меѓутоа во тие часови јас сигурно барем 3 пати се разбудив да ја проверам. Се спремаме за Велигден. Годинава нема многу шетање со бебе. Веројатно ќе останеме дома или само до кај бабите. Во мојот град е пракса и по 30-40 куќи да се посетуваат меѓутоа немам ни желба, ни сила годинава за толку, а и бебе во време на вируси, сипаници и слично ризично ми е да го шетам.
Добра комшивка vs преморена мајка. Ќерка ми се корне од вриштење деновиве, ниту знам како ниту можам да ја смирам. Значи не плаче, туку се дере на цел глас. Комшика ми сабајле ме сретна во ходник и ме праша замислете дали ми треба помош. Знаете колку време никој ме нема прашано, па дури ни мајка ми дали ми треба помош? Премногу. Солзи ми дојдоа на очи оти некој ме прашал како сум. Откако станав мајка, сите магично еден по еден се изгубија. Тие што се колнеа дека ќе помагаат, сега им е тешко телефон да кренат да прашат како сме. Имате такви ситуации или кај мене нешто фали?
@LiquidLuna Добро е што не ти велат, ти си бираше, тоа е твој живот, нема што да се жалиш. Кај нас и тоа го велат, најблиските. И јас сакав до град да тркнам да купам раат бои за јајца, украси, ама едно дете во школо втора смена другово време за спиење му доаѓа, и ништо останав дома, пола кујна пребришав
Еднаш една другарка ми кажа "еее ти си ја праеше". Викам добро, не кажав дека сакам да го убијам детево, кажав дека сакам да одморам бог да чува И тоа што викаш, подобро ич да не зборат
@LiquidLuna Вчера тргнав да пишувам реферат на оваа тема, напишав до пола и избришав зашто сфатив дека не е вредна ни толку значење да и дадам. Прв пат побарав помош од свекрва ми зашто сама требаше да чувам болни деца две недели, помош во смисла да спреми нешто ручек или да придржи едно дете ако другото има висока температура, значи да ми се најде. Јас буквално секоја вечер легнував со плачење, преуморна сум, двете во раце ги држам, маж ми трча на работа и назад по 5-6 пати, хаос ми направи. После ова не можам да ја поднесам, а друг пат ќе напишам и колку добра глумица е, какво одвратно и подмукло суштество. Јас цело време мислев дека е многу проста, а таа уствари така се правела. Немам сила ни да се пожалам ама нека, нека го вози овој филм од сега знам како. Ова ми е прв и последен пат да побарам помош од некој што не ми е сестра или мајка.
Значи имало многу свекрви исти... Мојава значи цела бременост ми викаше дека нема да оди на работа ќе седи дома дур ми треба за помош,јас кога се породив зела само една недела од раб. а ние со бебе цела недела в болница останавме со жолтица и кога дојдовме таа си почна да работи. И на почетокот се качуваше да види дали треба нешто,сега ја немаа кога ќе им слеземе ние гледа цело време јадење да прави,садови да мие и едно 10тина пати ќе ни се пожали дека нешто ја болиеве ја
Значи нешто дефинитивно не е во ред со нашево општество и средината во која живееме, значи не може жената од кога ќе стане мајка да биде третирана како партал. Значи буквално, не само свекрви, туку и еден куп други луѓе не запоставуваат до тој степен што не е хумано. Постпартумот е уште табу тема, недај боже ќе испаднеме "лоши мајки" ако не ни е се розево и не ни цвета, и не го прикажуваме само убавото... А што е најтрагично, таков однос имаме најчесто од други жени, мајки, како да не поминале и тие низ истото...
Еххх Мојава нема ниеден ден работен стаж. Пред да се породам се вработи После работа доаѓаше кај мене на ручек и кафе пошо немаше сила за готвење, ќе си дремне со едно око пред тв и вечерта си идеше. Збор не сум и рекла, ниту очекував помош ама човече, да не сум работела цел живот и да се вработам пред да ми се роди првото внуче И најинтересното, се преселивме подалеку од неа (инаку бевме на 15-20мин пешки), таа си даде отказ и сега ужива дома. Остана јатрва ми бремена, таа еве ја работа бара И реков денеска, викам кај бараш сега работа, па внуче ќе добиеш за 2 месеци толку ли не можеш да издржиш уште малку дома… Глумица ипол, си седи загледана во турските серии, ни деца прати, ни да праша дали ми треба нешто. Јас ја игнорирам, си работам низ дома, ги играм двете деца во детска, влага маж ми и ете ја слушам туп туп туп трча во кујна почнува да лупа со тањири Доаѓа татко ми одма скока Свате ќе пиеме кафе? Мене со денови за кафе не ме прашала, секое сабајле и правам. Еве моментално бебето ја лупа главата од комода и чекам да видам кога ќе и се тргне вниманието од серијата А седи инаку до него да го пази Секој ден и викам не ми требаш, оди си дома не мораш да спиеш тука, ми вика Ејјј дете како можам да те оставам така со децата Урлам од мака.
Уште кога ни закажаа вакцини за бебе за рота, спомнуваме дека ќе ни треба таа недела помош, било за ручек било што, во случај да е бебе со температура или омалаксано било како. И нормално тука се за нас што треба. Е кога споменавме на можноста за зараза со рота вирус кај возрасните, автоматски и сосема случајно се поклопи датумот на свекрва за одење на бањи, со датумот на вакцина на бебе. Тоа е од помошта што треба да се знае.
Добро утро. Ве читам за свекрвите, па вие што имате машки деца, кога ќе дојде време нема да се однесувате така. Затоа јас имам душа од свекрва, зашто нејзината била ко вашите. Туку дали има некоја упатена за земање материјално при напуштање работа. Немам кај да прашам. Синко вади два заба, во скок влезе па баш е весело дома.
Мајки добро утро! Станав денес порано, бебе спие, јас да се напијам едно кафе на раат и уз пат еден педикир да си направам… Вчера тргнавме по летна количка, се вративме со сѐ, само со количка не. Ми фалеше еден ваков шопинг ама не довршив и за денес оставив нешто. Мм вчера ми вика абе жената за чистење ја закажа пак, си мислев да му кажам “вуала, јас сум таа жена”, ама морам да и се јавам, ми треба помош. Сигурно и он забележал дека не стигнувам се сама, па да си праша човекот. Викендиве што поминаа не се свртевме дома, затоа и ми заостана чистењето и средувањето. Претходно он ќе чуваше бебе, јас ќе средев и така… За празников решивме да прошетаме малку и така цело време сме во некое брзање, обврски, работа, и сега решивме 4 дена пауза од се, само за нас. Баш се радувам. Бебево ми е златно, некогаш едвај чекам да стане и да ја гњавам и бацувам, ми се смее на глас дури зајдува, а некогаш си викам те молам поспиј уште малку да испијам едно кафе… Сакам веќе да се стопли времево, си имавме фатено ред, секој ден шетање по 2 саати надвор, некогаш и по два пати излегувавме, а сега кога ке видам какво е не ми се излегуваа ич. И така мајки, наздравје кафе и убав ден!
Ако мислиш од завод за вработување тој надомест, важи само за тие кои што добиле отказ или им е завршен договорот а не им е продолжен. Ако не мислиш на тоа не знам
Имаш 2 опции. Едната технолошки да одиш со надоместок од завод, другата отказ со отприемнина од фирма. Сопругот вторава ја искористи. Од завод зависи колку си работел години така зимаш надомест.
Кога ќе ми текне првите неколку пати кога тргавме на пат со бебе (големиот од 2,5месеци беше по патишта) и што треба и што не треба пакував, баш тогаш да не ми притреба. Со тек на време се поднаучив иако секогаш носам повеќе од што треба. Е сега со бебе бр.2 ќе е забавно пакувањето. Мислам ни кровниот куфер нема да не збере . Баш ќе видиме во Јуни кога ќе тераме прва прошетка до море што сум научила. Добро е ако ви е еден ден. Големиот и беше ранобуден, ама со него бар меѓу 7-8 беше најчесто станувањето. Сега малово да покаже заби дека е појако меѓу 6-7 е секој ден станувањето. Он може и да презаспие штом се преселиме во дневна, ама додека не се преселиме е квичење, па че почне да се закашлува, се грчи. Таква среќа имам јас со ранобудни деца. За среќа па и рано легнуваат. Големиот ако не е преспан дента во 8 може да заспие ќ. Малово исто меѓу 7-8 кога ќе заспие, тера по 4-5саати ноќно спиење без будење. Комшивка vs. Немајка Оставив дете татко, отиождов да пазарам. Вклучило дете сирена да го чуе цела зграда. Нормално комшиката тресе чергиче, за да види мајката каде била За свекрва не коментирам, кај нас е далеку од очи, далеку од срце. Знае да се расплаче за децава кога ќе се чуеме, ама пак си седи таму подалеку. Ок разбирам стари се и немоќни, само ми е криво што многу ретко ги гледаат децава. Ама они си знаат. Бебе ден 4 денски цица со карање со цице и строго на 1 саат. Дремнување, се повеќе од пола саат е премија. Големиот исто дома е. Само понеделникот за сликање го однесов и пред празников решив да го оставам дома. Инаку и јас го имам истиот впечаток особено сега откако се породив со второво. Некако сите гледаат дека имаш сила и како да им е страв макар да прашаат како си. Да имам сила, ама имам и потреба за нешто поразлично од активности околу децата. Мислам мм е тука вклучен во се, ама она себичното прво он да е намирен па после другите. Не памтам кога сум дремнала повеќе од 6:30. Или да отидам до продавница, а да не сум под стрес да не им врисне бебе. Кафе со друграките, само да помислам и сигурно ќе се случи хаварија. Ова од утрово. Во меѓувреме изграв измислени игри со парички со големиот, бебе цицаше сигурно 3-4 пати. Сега еве дремнува, мали гледа Биби и Боби таман јас да се спремам и наредно цицање на бебе да сум спремна да фатиме патот надвор, да не фати сонцево. Имајте убав ден
Понекогаш проверувам јас да не сум пишала случајно, ама па ќе видам синко голем дома и ми текнува. Исто вака планираме шетање со цицање комбинирано. Јагнешко купено, ќе пробам да замесам козињак, пола доза, вечер ќе се купуваат јајца, нешто за Велигден а во сабота свежи работи пошто дома сите, а понеделнички за роденден. Велигден ми е омилен празник. Тортуле ќе правам лајт со овошје и шлагови, свекрва ќе динста месо и ќе праи прилози, јас крем салата. Ќе се мести аларм за утре за фарбање, планирам сите да ги офарбам во четврток, да не оставам за сабота, во сабота ќе му дадам на дете да шљака со бои, сода и оцет. Туку многу ми е паднат имунитетот, на месец дена настинка ме фаќа, се мислам што да пијам, што да земам да ме опраи. Точно пред 1м бев со гнојна ангина, сега сум настината, вака бев пред неколку години кога живеев сама. Имате некој препарат ко за доење?
Многу ми се интересни муабетиве за свекрви. Мојава ми е статус кво и ставрно неам муабет за нејзе. Ниту се нудела дека ќе помага, ниту помагала, ниту пак сакам нејзина помош. Себична си е жената ама па мене искрено ми е гајле. Топ ми е вака. Ќе отидеме на ручек еднаш на две три недели. Ќе дојде она еднаш на две три недели и супер си фунционираме. Еднаш проба да ми улета дома ненајавена кога бев на породилно, врата не и отворив, ми спиеше малата на мене и од тогаш не и текнало такво нешто. Топ сме си.