тоа дека ни се 5дена разлика малите. Да е уште полошо стрес ми е дека го буди и големиот тоа време . Да лежи некој до големиот тој период ќе поспива, ама нема како да сум на двете места и кај едниот и кај другиот, а маж тој период веќе се спрема за на работа.
За многу години празникот, мамаситас! Станата од 04:50, а и синко со мене (кај спие тој без мама до него, нема шанси...). Јајца исфарбани, кафе испиено, доручек изеден, бебе средено тера веќе втора дремка Долг ќе е денот денеска ама ако, за убаво нека е. Денес припреми, пакување и од утре синко во посета на бабите и дедовците неколку дена, па од таму продолжуваме за Охрид или Стругана неколку дена, но никако да одлучиме дали да резервираме во Лаки во Охрид или па во Изгрев во Струга?!? Перење, пеглање, паковање, ручек и мал шопинг на мени денеска, а дали ќе се стигне сето тоа хмммм се сомневам Како и да е, убави празници се пред нас, само времето да нè послужи па да поуживаме
Здраво. Да се пожалам. Од денес се одвикнува од доење. Доста беше временски, а стана многу зависен и почна да ме става во непријатни ситуации, на пример да ми повлече маица и малку прслук и цицки на мегдан на полна маса мажи и жени на роденден. А и ме гризе. Како и да е, го доживувам некако тешко. Си поплакав денес, мм ме гледа, ми се чуди, сфаќам, он не ме сфаќа. Сега ене, го успива он, ја го слушам како плаче, бара. Некако и слабо јадеше денес од што ми е лут. А ми е лут, па и тоа ми е криво. Се осеќам како да го отфрлам. Викаат не е ок ако да се премислуваш, а ми доаѓа на моменти да продолжам, само да се смири. Доењето генерално не ми беше омилено, но сепак ми е тешко
Во ред е мила да се предомислиш, ако не се осеќаш спремна , нема ништо лошо во тоа. Најбитно е да сте двајцата среќни т.е. ти да се осеќаш спремна и сигурна во твојата одлука.
Здраво Коначно си легнав до бебе да одморам малку, денес хаос од 7 сабајле, бојадисавме јајца, направивме колачиња, бато сака да помага ама многу прави бељи, бебе плаче по мама, маж ми неможе да ги смири и само вика,абе ме полудеа.Многу ми се тешки овие денови, во Април ми се роди и го изгубив второто синче еве ова е втора година, цело време тежина ми стои, си мислам како ке беше да беше и тоа тука со нас, и ако си имам бебенце најмило уште ме боли душата и за тоа, и не можам да бидам среќна, некако ми недостасува тоа делче од целокупната слика.Правевме колачиња со имиња за сите деца(и внуците од сестра ми од золвата)и пак си мислев како само тоа име фали, сега ке имаше 2 годинки, ке плеткаше рачиња и он со бато, ке го задеваат бебето, цело време такви мисли ме гушат.Мислам дека колку и години да поминат таа тежина нема да исчезне, посебно боли на вакви големи празници кога цела фамилија се собира а само тоа го нема.
Јас ги користам Велигденските празници за одмор. Испратив ќерка кај моите, земав слободни денови од работа и чилам. Се осетив на раб на нервен слом со дете во 10ти скок пуштено на најјако, работа пуштена на 2ка и така.. Со маж вака не сме гледале серии и филмови и да јадеме раат не памтам од кога. Убаво било Имајте убави празници мами
Си дремам со бебе у раце, успан е ама страв ми е да го оставам, ако стане немам сила да го нишкам. Да се пожалам и овде, тортата велигденска ќе ја јадат мравките у контејнер Ми падна на земја цела како што беше тип топ средена, дотерана, украсена... Среќа јајцињата не ги ставив. Една среќаваа... Големото цел ден ми скока по нерви, ма циганчица ми игра, пред спиење го достигна врвот. Си заспа опеан ко славски колач, го потегнав за увце. Деновиве паѓам во искушенија да го наплескам, а знам дека мака ќе ми биде после. Од зборење грлото ме боли веќе, и џабе, од глупост во глупост влага. Од паметно та препаметно дете стана немирко, дрдорко, не слуша нит во школо нит дома, се он мора последен да каже, ко некоја свекрва ми е. Јасно ми е дека му е досадно, се што учат му е совладано, ама што да правам кога немам избор, тоа е. Му викам барај ново наставно ливче, и викав на наставничката да му даде нему однапред 2-3 колку мисли дека треба, нека го занимава со нешто, ама не смеат, програмата е таа... Како да го сопрам да учи, еве научи букви и бројки што научи предвреме, ок, ама што да правам со читањето, лектирите дома што ги имаме до старо 4то што ги читавме ние, сите ги има прочитано, што да правам, да земам да кријам книги? Ај ќе скријам книги, ама ќе најде он, ќе земе куварот ќе го чита, е до таму е. Пробавме да го пуштаме да игра игрици, да гледа јутјуб, џабе, место игрици нашол на интернет некоја за цртање програма и за компонирање песнички, со прости ноти, место Супер Марио тоа праи сеа, му досадија игрици. На јутјуб бара за светски чуда видеа, не гледа цртани... за 2 дена полни 7г, срце ми плаче што мора да расте во општество кое не може да му го поддржи талентот и можностите, ама тоа е. Да се надеваме дека додека стигне до погорните одделенија и шансите за натпревари и докажувања ќе му остане овој ентузијазам па да може да искористи малку од овој негов елан за учење. Малово па ѕверче, денес реши дека нема потреба да спие, па така од кај 11 до 8ипол спиеше строго по 15мин и тоа со едно око отворено. Се надевам вечер нема да му дојде премногу стимулацијата од денот и ќе спие бар до кај 3 да одморам и јас. Јас сум поборник за ноќно спиење, зошто сонот раѓа сон и за напредок од клучно значење е и сонот. Се надевам дека оваа екскурзија денес се сведува на мојата нервоза и напнатост и дека кога јас ќе се смирам ќе се среди и он. Иначе денов да го преживувам пак и пак и пак во недоглед, о-о, не би можела. Јака ви душа на вас што не ви спијат децата, капа ви симнувам, ова било хорор Добра ноќ и слатки сни!
Среќен празник, за многу години да е. Кога се буди бебе на два, три часа ноќе, јас ненаспана, нервозна и слично. Кога ќе сврзи по 5-6 часа сон, јас наспана ама со паники пак да не е таа гладна, зошто не станува и слично. И така во круг. Овие денови сме на гости и спиеме во малку поладна соба отколку дома, со 2-3 степени поладна. Бебе наспано повеќе. Поодморено и тоа и ние. Не дека дома спиеме на 25+ степени, меѓутоа знае да дојди и околу 22. Овде се движи на околу 19-20 степени. Цела анализа на однесувањето на бебе направив. Можеби дека прво
Честит Велигден. Наспани, одморени, доручек завршен, спремни да почне денот. Какво беше утрово, во моментов времево ветува дека ќе е убав ден. Годинава прв пат после многу години не отидовме за оразникот во Охрид, ама прогнозава не беше верувачка и не ми се ризикуваше да треба со бебе и дете да се одвлечкаме за да седиме во стан. Особено што големиов дома не се додржува со милион играчки, а можам да замислам таму ќе се искаравме празнично сите. Затоа си останавме дома и убаво ми е. Прв велигден, ние четворица . На вака убав ден ќе се спремиме и ќе одиме на прошетка пред да одиме на ручек кај моите. @AngelOfArh гледам мака имаш со големиот. Си пробала ли да ги запишеш на некој спорт за да му се одвлече вниманието од книги. Мојот откако оди на карате насочено му е вниманието на друга страна бар делумно. А убав спорт е за вежбање дисциплина и послушност. Мојот оди три пати неделно, некогаш и 4 и за чудо многу убаво прифати. Он пак со бројки е преокупиран, ама не му е цело внимание таму. @Miss_S лади бар во просторијата каде што спиете. Јас обавезно луфтирам пред спиење, аовие денови дека и потопло беше знам и сред ноќ да отворам прозор да се луфтира. Кај и да е сигурно и со отворен прозор ќе спиеме. Многу помирно и поубаво ќе спие. Јас знам и по себе, а и поголемиот син исто. Он на пример ноќните терори му се појавуваа кога е прегреан, а многу ретко кога спие во поладна просторија. Да не одолговлекувам, дојдов да честитам и да ви посакам да имате убав ден.
Зошто би криела книги? Разговарате ли за тоа што чита, што добива он книгите, што разбира? Давај му ти дома активности, запиши го на некоја програма, стимулирај го. И нека чита ако сака и разбира, јас имав до четврто прочитано све до осмо што требаше и нагоре.
Доаѓај. Маж после 3 дена вишок ми е, ќе го испратам некаде @AngelOfArh неколку пати препрочитав и не сфатив, зашо да ги криеш книгите? Плус и не се само лектири, дај му на дете нека чита ако му е нешто интересно. Светски чуда, светски чуда. Мажов мој на 30+ години фати да чита за светски чуда.
Иде на корективна гимнастика Зошто тоа што треба да го учат од учебниците се му е прочитано, се освен математика, пошто нема некои информации туку се задачи, мада у таму знае да ги чита текстуалните. Им преви на наставничките проблеми, они пред да кажат он се уфрла во муабетот и ако недајбоже згрешат, ко некоја странка ааа не е така, вака е. Многу памти, приредбите за Нова година и 8ми март ги знаеше на сите деца репликите и на приредбата за Нова година он беше тој што кажуваше кој е на ред, згреши наставничката на почетокот и одма рипна, Не, не е Марија... И да, знае да прераскаже после што прочитал, пример некоја лектира или приказна, ќе го прашуваме и знае што се случувало и тоа многу убаво раскажува. Нажалост нема програма за понапредни дечиња, има неколку во класот негов, нема како да го истакне знаењето освен да му даде нему пример да чита подолг текст некој, да реши задачи поголеми, не е во ред па и другите деца да не добијат шанса да се истакнат зошто секако он прв ги решава наставните ливчиња и некогаш не ни го става во "конкуренција". А сироти наставничките што не измислија да ги поттикнат и послабите да се потрудат, значки, беџови, ѕвезди, пластични петки како награда, круни, што не... Ми останува само да смогнеме сили да го запишеме на некое од овие Малац Генијалац и слични. Ко што и пишав и на Реин, тоа што го чита го разбира, го памти, и после им улетува на наставничките.
Па некако да разделите, тоа што е за школо да се учи во школо и на часови. Дома нека чита нешто за поголеми одд или некои детски книги. Не знам, може јас трескам глупости ама гревче ми е да му ги сокриеш книгите.
Ама он тоа во школо го чита на голем одмор и слободно пладне, тоа е работата, а дома чита енциклопедии, лектири од наше време. Не кријам, таман работа, ама мора да му најдам некоја занимација. Купував работни листови математика, им запнува за 2 дена да ти реши. Таков е ко мене е на тоа, не остава додека не го заврши. Се одадовме пари за Лего по дома да му биде занимација, само тоа купуваме. Мене и на фамилијата наша ни е интересен, гледа долгометражни цртани со превод и чита ко нас, не не тера да му читаме, ама на наставничките во школо мора да им се темни од него и неговите апетити. Инаку се пријавува на се што е конкурс, прво полугодие доби 1 награда на општинско ниво за цртеж, сега втора за цртеж исто на републичко. Прво тромесечје беше истакнат ученик. Ако му останат апетитите за учење ќе го праќаме во странство, џабе ќе му се тука, само ќе го исмеваат. Они сега уште во 1во им викаат бубалици на него и другарчето.
Само треба да поработите на тоа дека е не е во ред да се уфрла. Тоа е единствениот проблем. Зборувај му за тоа, нека му зборува и учителката. Нека крева рака и одговара кога ќе го прашаат, се знае редот во школо. Учителката ќе знае дека он го знае одговорот со самото кревање на рака, сигурно сака и да се истакне и да покаже дека знае, што е сосема нормално.
Само тоа збориме верувај, и дома се уфрла во муабетот и само тоа го зборам. Ама он е од оние деца ставен на пиедестал, јас пред него не покажувам дека он е нај нај ниту ги истакнувам неговите можности, оти доста тете и бака го величат, уште јас фалам. Подобар е од што беше, беше баш лош на почеток, не го интересира кој збори, он да си каже и ако не го сослуша некој плаче. Зборев и со него и наставничката заедно, вети ќе се поправи па ќе видиме. Наставничката му рече дека нему му ги чува потешките прашања и задачи зошто знае дека ќе ги одговори, ама он сака на секој час да го прашуваат, и сабајле и попладне.
@AngelOfArh стварно жално што нашиов образовен систем го столчија и помножија со нула. Во образование сум ама во погорните одделенија. Многу ми е мака кога гледам вака како твоето паметни и талентирани деца а ние немаме начин како да ги поддржиме. На часовите тоа е тоа, таа е програмата НИКАКВА, а и за после часови да останеш да работиш со тоа дете ЗА ШТО, ЗА КАДЕ? Пак ќе го спремаш за надвор од оваа мизерија. Нема тука институции каде би можело да се искористи тоа нивно знаење, а и кај нас очигледно никој не сака паметни луѓе