Не постои таа опција од старт, според наставничка во одделенска може комотно во 3то, а со малку математика дополнителна и 4то да продолжи.
Не се тоа индивидуални сеанси? Плус нема натпреварувачки дух. Штом сака да се докажува јас сепак би го пратила на спорт и тоа мислам дека ќе му одговара некоја боречка вештина, зошто поттикнува дисциплина, а ќе му го задоволи натпреварувачкиот дух и потребата да се докаже.
Не, групно се тренинзите, и пола саат имаат игри спортски, пола вежби. Здравје од септември ќе го запишеме на кошарка, сака. Карате нејќел тоа тепање било, ма што год ти му кажеш за него не е опција тепање. Другарче од школо го тепа он не враќа ќе го болело.
Срце бе. Напротив каратето е техника, воопшто нема тепање. Тоа понатаму ако сака има борби. Инаку се само вежби. Ама знам на дете не може да му се докаже. Евентуално да оди да види некаде како се одвива еден час. Ова од аспект зошто ми личи дека не е баш тимски играч, дали ќе може да се снајде во групен спорт. Ама додека не пробате нема да знаете. Може па тоа ќе е погодок. Јас сум пишувала мислам за мојов. Многу е нежен на збор и кога кажа сакал карате меслев дека после првиот тренинг ќе се откаже, кога ќе му свикнат таму за ред и дисциплина дека ќе си поплаче и ќе рече веќе не. За чудо со ентузијазам оди веќе 5 месеци. Кога 3, кога 4 пати неделно. Веќе е портокалов појас. Иако по возраст е многу мал и во школово прв пат организираат часови за предшколска возраст зошто сметаат дека се мали за да следат команди, он прилично изненадува. Секако пробувајте додека се најде што ќе му привлече внимание. А за книгите нека си чита. Не може на дете да му забраниш ако сака да впива информации. Всушност сега е на возраст кога и најмногу учи. И ние сме фул со енциклопедии дома. Од човечко тело, до небесни тела, се го интересира. Математика знае повеќе од дете од второ, за среќа букви не го влечеа па нема да му е досадно се надевам во училиште. Ништо што сака детето не е погрешно. Само треба правилно да ги насочиме и нормално да почитуваат авторитет зошто сепак се деца.
@AngelOfArh да пробате со некој курс за она што го интересира? Од ова што го опишуваш твоето дете исто буквално исто беше и на комшиката детето. Дури и го седнуваше на катедра со неа само да не одвлекува внимание на другите деца. Се се знаеше и му беше досадно на час. Почнаа со курсеви за тоа што го интересира. Англиски, курс за компјутери, нешто со истражување некој курс идеше како академија… Ако сега неможе, а имате опција од септември да прескокне одделение напрај го тоа. Жално за вакви деца да нема начин да се поттикнат и подржат ( глуп систем на образование). На друга комшика малата две одделениа рипна, на 4 ри години пишуваше и читаше, дури на тогашниот Мирц што беше под лажни никови се допишуваше хахаха Прашај го дали сака некој курс за нешто што го интересира. Може во нашава државичка ќе се најде нешто.
Зошто не постои? Имам слушнато за деца кои прерипнале баш наместо второ трето, само незнам да не е поодамна по стара програма...?
Ама со рипање одд нема да постигне многу. Гледајте ја и другата страна на парата што викаат. Да, со знаење може ќе биде и подобар од тие што се 2 години постари од него ама со зрелоста тешко. Секогаш ќе бидат тие 2 год постари а он малиот. Незнаете тоа како ќе де одрази на него. Да имаше нашиов образовен систем програма за така напредни деца па да рипне одделение, па да оди во некои напредни паралелки во средно, факс да разберам, ама вака може само други проблеми да си отвори. Многу многу треба да се размисли убаво за тоа. Имало деца на кои наставниците им советувале на родителите да рипнат одд ама тие несакале баш од овие причини
Па една година, не две... па и иста генерација има деца во јануари и во декември,тоа е скоро година разлика Инаку ако е напреден, не верувам дека заостанува и во зрелоста, а ако скокне одделение едноставно мислам дека поинтересно би му било или макар поголем предизвик. Секако доколку е можно, верувам дека постојат стручни лица за таква проценка
Абе и моево чита и пишува од мал, од пред да наполни 4г, корона фати и му беше досадно и од гледање Бушава азбука научи. Курсеви гледав денес, нека фала, немам толку пари да одвојам. Морам сега на пливање да го запишам зошто има ортопедски проблем, плус гимнастикава, англиски ќе морам пошто заостанува ете тоа дека нема гледано цртани он и Малац Генијалац е 100е од старт после 2500 месечно, за 2 пати неделно, ту мач. Нека ми простат. Роботика 4500 беше најефтиното. Стварно ја претеруваат веќе. Имало само во горните одделенија, а сепак не може да запише средно под 12г и факултет под 16, така ми кажаа. Закони. Реално не е типично дете, не се тепа, не сака фудбал многу многу, насилно му било, ти му викаш ако те тепаат врати удри, он вика не е убаво така ќе ти боли... он е баш дете. И да генијалецов од постовите наназад утре полни 7г, каде летна времево... Емоции до плафон!
Нека ти е жив и здрав и само убавини да си гледате од него. Не се напињај многу ќе си го најде он своето место. На тие години мислам на 10 минути менуваат интерес за работите. Сега го интересира едно, па после на друго и така. Еве ја ќерка ми од спорт на спорт, не застана до 9 год. Мислам дека нема што не пројде и сега еве 2 год тера со пливање.
Пред 7г ова време во Санте го запознав за прв пат мојот најголем сон, мојот живот, мојата прва љубов. Пред 7г точно се стекнав со највредната титула за мене, мама. 7г подоцна тој е моето утро, мојот ден и мојата ноќ, тој е причината за постоењето мое. Колку ме љути толку и ме смее, колку ме растажува толку и ме весели, мојот првенец. Да ми е жив и здрав уште сто години
Нема температура, не се жали веќе на болка (не ќенка и не ја вети главата лево десно), му остана само навиката за држење во раце по цели денови. Ама па он секако си беше маза, ова само му дојде плус. Од раце у раце, кај тетки, стринки, помина. На крај само се изнервира му се цицаше. Требаше да му дадам да цица ама ај сега ај после, да платам, да собереме и се изнервира.