Да, уште да видиме славјето дали ќе ни се удри од глава или не. Деца куп кашлање, кивање, мрсули... ваљда читави ќе бидат.
Добра ви вечер, мајки. Како сте? Јас скапав. Работа, дома, дете. Многу сака да е активен. Сакам да му го посветам сето време и внимание и енергија, ама многу ми е криво затоа што не можам да сум 100 посто психички и физички присутна секој момент. Решив пешки да го земам од градинка оваа недела. Си одиме полека, си грицка нешто, разгледува по пат... Барем тие 20тина минути да му ги посветам целосно. Е после... Јас мртва главна, мртва уморна, он сакал точак да вози, куче да храни, по двор да средува нешто. И мора да направиме компромис, т.е. да лапнам некој залак од нога и да го правиме тоа што решил господинот. Омилена занимација овој период му се вирчињата. Трчка преку нив, шљапка со рачињата, дури знае и да си седне. Од глава до пети може да се направи со кал за 5 минути. Не му замерувам. Го чекам да се изигра. Он битно ужива максимално.
Здраво мајки, Денов со магла и 3 степени ни почна, попладне 18 степена ќе биде и сончево. Не знам како да го облечам малото веќе, од сабајле потопло ама кога излегува од градинка веќе е убаво времето . Еден месец и неколку дена како оди малата во градинка и еве ја магично се навикна, веќе една недела си седи до крај со преспивање. Сака да оди, ја обожава нејзината воспитувачката.Денес кога ја оставав не сакаше да влезе се тегавеше па кога ја виде нејзината воспитувачка потрча да ја гушне и бакне. Ама и таа многу и угодува, ја успива во раце и спие во раце додека не зацврсти, си запиша неколку зборови за да комуницира на Македонски и да разбира. Од друга страна малото веќе почна да ми кажува неколку зборови на германски. Најубав момент ми е кога одиме да ги земаме,ќе ги наредат за раче, спремни за дома и точно во 13:30 се отвора вратата.Таа насмевка и среќа кога ќе ме види Софи се непроценливи, па како ме гушка силно, душичка. Омилен момент од денот ми е дефинитивно. Инаку секојдневие, Софи си остана истата лепенка што си беше како бебе, сака постојан контакт и гушкање.Во се сака да биде инволвирана, па така ми помага да полниме машина, префрла алишта од перална во сушара, ми подава чисти садови од машината за садови, собира играчки… колку бајно вака звучи, на крај ќе направи хаос и ќе ми наплати за целата “помош” . Во мај си одиме две недели на гости во Македонија и од јуни здравје, почнувам со нова работа и тоа е. Ви посакувам убав ден Поздрав
Здраво мајки Одамна не сум ве читала, одамна не сум пишала. Гледам има доста нови мами тука. Јас седам дома настината, дете спие, маж излезен, па ајде реков да куцнам тука некој збор. Викендов ни беше за Охрид планиран, ама многу јака настинка ме фати, со болки во грло, уво… Па рековме да не се малтретираме. Се надевам нема да пренесам на ќерка, она веќе 2 недели кашла, прво настинка со температура беше, сега само кашла влажно, и ми дадоа сируп за алергија да ѝ давам некое време да видиме дали ќе се смири од тоа. Срцка ми е, кога летнаа 2 и пол години. Секој ден ми кажува мама те сакам и ме топи. Па ѝ земавме нов кревет за во собата нејзина, превозбудена е, за кратко ќе спие таму, а јас некако носталгична дека ќе го расклопуваме бебешкото Мене ми се случи можност за напредок во кариера, шанса што не смеев да ја пропуштам. И сега ќе чекам барем уште некое време оваа година да ми биде тоа во главен фокус пред да се одлучам за бебе бр.2. Освен тоа сакам некои здравствени проблеми што си ги имам да си ги средам прво. Многу сакав да се мала разлика, 2 и пол до 3 години, ама си велам сѐ си има свој тајминг, ќе си се наредат коцките. Деновиве празнични ми беа преубави. Се видов со многу драги луѓе што не живеат веќе тука а од пред короната не сме се виделе. Чудни ми се сеќавањата од тие 2 години со короната, како дупка во животот да имам, изолирана од сѐ. Само ќерка ми што ја добив ми е светла точка од тој период. Се разочарав од една блиска (ми беше) другарка која исто не живее веќе тука, дојдена на 2 недели, еднаш не ме побара, дури уште јас крива дека не сум се јавила. А што па јас да се јавувам, јас постојано тука сум. Нема врска, една помалку, тоа е во животот секој си го тера својот пат како што си сака, луѓе сме и се менуваме, интересите и приоритетите ни се менуваат, па доаѓаме до моменти кога веќе не нѐ повезуваат други работи освен дружењата во минатото. Свадба ќе прави, со ќејф моминска организиравме во Белград, ама толку имам лутина што ми доаѓа да не одам. И најверојатно нема да одам. Јас дете да организирам да оставам на 2 дена за моминската нејзина, она доаѓа и не ми се јавува, а со други си искача гледам по инстаграм, епа извини ама ако сакаш да ме видиш ќе се јавиш. Ако имам дете не значи дека не смееш да ме бараш. Она се вади на тоа па не знам како ви е денот организиран, да не си имате планови. Па јави се прашај побогу. Ама тоа е, некој ако сака да те види ќе ти се јави и ќе најде начин да те види. Последниве години научив дека ништо не е поважно од семејството и тоа најблиското-сопруг, дете, родители. Тоа е тоа од мене мајки, еднаш на 100 години ќе се решам да пишам тука и реферат ќе испадне. Добра ноќ имајте си
Се повеќе се фаќам како станувам себична кога се работи за бебе. Ај што не сакам луѓето што од било која причина мене ми наштетиле да имаат контакт многу со неа, туку и одредени постапки на сите останати ме нервираат кога не се како што јас сакам. Утрово дури и на сопругот се налутив затоа што ја зеде да ја шета без притоа да земи со него резерва храна, цуцла и слично. Во моја одбрана тој е човек што редовно знае да зашета сам или со детето, до друга населба, по подалечни улици и на подолго време од потребно. Не ми е проблем да си го шета детето, туку да земи со него се што е потребно. Тоа се трудам да го објаснувам и научам. Така да како што расти наместо опуштена јас, станувам постегната кога се работи за неа.
Денеска син ми е мкпгу раздразлив, зошто гости, гужви ова она и се нервира. Едвај го успавме и доаѓа некој братучед на мм и ми вика снао, буди го, меракот да ми го праиш да го видам. 20 минути откако го заспав! Втф? Еве сеа, трчам. Мм ко на мало дете мораше да му објаснува зошто не се буди туку така мало дете.
Хаааахаахахаха. Меракот побитен од спиењето на детето. Луѓево скренати се. Мене братучетка ми ме праша дали можело да не ја носам ќерка во градинка оти таа пола саат ќе била слободна и во Скопје, и да ја видела на пола саат. Исто ко тебе, еве трчам детево да го реметам за твоите пола саат
Срц, сопругот остај го. Ќе зашета некаде, ќе врисне дете па нареден пат 2 цуцли ќе земе. И мм ја шеташе со клучевите и новчаникот само, па еден пат плачела, па друг пат вода заборавил, па после тоа влажни. Е сега ранчето си го стокмува 2 саати пред да излезат А дека никој нема да ги гледа децава како ние што имаме замислено, нема. Не за џабе, една е мајка.
@LiquidLuna , ај си викам сега мало е само млеко јади. За од година ако му плачи и ќебапи нека и купи не се бунам, да не е гладна битно @Emotional123 , еднаш таа грешка ја направи маж и никогаш повеќе. Имено, ќе одеше трета смена на работа, а се зафативме нешто цел ден и бебе заспа без бањање. Е сопругот со фикс идеја, да не спие така детето, нели кој знае бебе од месец и пол што правеше дента, ја разбуди и избања веднаш. После тоа плачки цела ноќ. Реков ова еднаш и никогаш повеќе.
Ми тежи, морам да се олеснам Денес свекрва ми ми ги спои жичките. На гости сме им, нели затоа што живееме во различен град и денес малиот го спремав нешто за излегување и му викам на мм облечи му ја јакничката и симни го, јас доаѓам за 5 минути. Таа вели не, не му ставајте јакна, јас имам јакна ќе му ја ставиме таа (одма претпоставив дека се работи за јакна од мм, од пред 31 год), викам не, нека си ја носи неговата, таа пак запнува не па не, викам слушај нека ја облече неговата сега друг пат ќе ја видиме таа јакна што ја имаш. Значи, таман тргнав да ја земам јакната во другата соба, истрча и го облече и му вели ај сега да те види мајка ти Значи ми се споија жичките и збеснав, викам не, не му одговара јакната на ништо и ми вика епа добро де, смени му ја, па викам не требаше ни да му ја облекуваш ама важно да е по твое така? Се изнасмеа, не бе вика, ете смени си го и си замина. Цел ден ми го поремети и цел ден сум нервозна. Не ми е за јакната, туку дека сака да е по нејзино. Некни, исто се скаравме за градинка, да пораснел па ќе одел, вака многу ќе се разболувал па не требало да оди, требало таа да го чува, па ми кажува на роднини и на пријатели децата како им ги чувале бабите децата дома до 3 години. Викам и до прваче да го чуваме дома, ко ќе го пуштиме во школо ќе се разболува ама не, не можам да и докажам....
This too shall passssss! Батали ја. На гости сте, ќе си отидете. Ќе си тераш по твое, шо има да докажуваш
Во право си ама некогаш не се издржува. Цело време ми вади некои работи од пред 100 години, многу биле квалитетни Ко да сме заглавени во прошлиот век, а многу добро знае дека не сакам такви работи и пак ко намерно да ме провоцира.
Зашто знае дека ќе те изнервира. Следен пат ,, паѓај во несвест” кога ќе извади нешто и облечи го тоа. Ќе сфати декс веќе не се нервираш и ќе се откаже.
И јас имам за кажување на темава И тоа од прабабата се сите ситуации: 1. Бебе две недели старо, со грчеви, уште се мачиме уште да фатиме ред. Се јавува да кажи дека ќе дојди НА вечера. (Со поклон за бебе, сето ок, ама не се јавува да праша кога можи, дали можи, туку изјави само кога да ја пречекаме со маси поставени). Викаме ние не примаме уште гости, се налути ја немаше некое време. 2. Го носиме бебе на гости таму, и заспа в кола. Истиот муабет: “Ај разбуди го, сакам да го видам разбуден”. 3. Се гледаме пак, одма и напоменав дека не сакам бакнување. И наредна секунда имаш: “ајде јас малку на рачето” и лиги му остави. Дури се свртев јас да земам влажно да го избришам, бебе раката во уста ја стави. 4. Најјакото, бебе помалку од година, одиме таму на гости и на маса имаше кикирики. Ме прашува дали да му даде, и одговарам апсолутно НЕ. Наредна секунда вика: “Ама сака види како ги гледа” и му пикна кикиритка во уста Јас со отворена уста останав, си собрав детето и заминавме. Непочитување и себичност, битно кеф да си направи, а кои се последиците не се замара. Искрено не знам како да се справам со неа без кавги, и онака два-три пати годишно само се гледаме, ама секое гледање некое цуцуле има.
Mom's Да не ме сфатите погрешно за ова со свекрвите ама не знаете колку ви завидувам што ги имате .Би сакала да ја имам па макар би трпела досетки, брецкања, паметување. Кога читам дека некоја ви ги чувала, шетала децата а имате замерки секогаш си викам во себе прати ми ја малце кај мене. Мојата е почината. Си имавме ок однос до пред смртта. Последните месеци малце забега али беше ради болеста и и е простено. Ама не знаете дека не поминува ден а да не ја замислам како ми тропа на врата и да ми рече дај ми ја малце пиј кафе или ќе одиме да шетаме или деца излезете јас сум тука. Дечарка беше, цел живот чуваше деца, знам дека ќе беше одлична баба ама знам дека ќе беше и баш свекрва Така да ценете си ги, колку толку ќе се најдат. И најважно баба е а бабите се сакаат најмногу на свет.
@Iris-1234 , мојава за првото внуче (не моето) беше иста. Ќе го чува. Кога почнаа со воведување на храна, намерно ќе го остави да се измачка и да ги извалка сите алишта само за во нешто старо да го облечи, демек нема други чисти. За моево не се ни обиде досега ама има спремни и испрани. Проба да ми даде стари бањарки и ќебиња од мажот ми. Ќебето додуша го ставаме над тепих за tummy time. Колку да се речи дека ни се нашло за нешто. За чување два дена со ред е стара и не можи. За следните два дена да ми кажува како снаата на нејзината пријателка после 3-4 месеци од првиот пораѓај останала бремена со второ и се договориле свекрвата да го чува првото, а снаата второто дете кога ќе се роди. Е сега дали очекува јас да раѓам второ од одма не знам ама неколку пати ја повторува истата ситуација.
Цццц немам коментар. Не сфаќам која е потребата од форсирање стари работи. Океј, нешто ќе чуваш што ти е спомен и што ти е драго ама не можеш да очекуваш дека бебе ќе носи облека од пред 31-32 години. Пред некој ден ќе го носев бебе на гости и ми вика еве ти свилена пелена за да му постелиш таму за да го легнеш, викам не ми треба си носам (а јас нови преубави памучни пелени од Некст нарачав уште пред да се роди), абе земи ми вика, чувај си ги твоите чисти да стојат
Јас не реков дека не ја ценам ама многу ми смета кога се ставаат во улога на мајка, а не на баба. Инаку, ние многу ретко се враќаме, на 2-3 месеци, тие не доаѓаат. Нит ми го чува, нит ништо, потполно сме сами со мм во Скопје и си се грижиме и за домот и за бебето сами. Да, помош е голема некој да ти го причува бебето ама не и да ти го извади низ нос тоа со непотребни коментари или провокации. Плус, не заборавам дека цела бременост телефон не ми крена да праша како сум. Единствено се јави кога останав бремена и дента пред да се породам, толку.
Верувам дека те извадила од кожа денес ама батали, не придавај на значење. Не вреди. Кажи и дека е 2023та и дека тоа сигурно било најмодерно кога се родил мт
@LazaLaza ц, така викаш дека ја немаш. Мислам, don't get me wrong ама твоево е шта би било кад би било. Најубаво е сами, најголем раат и мир.