Исто, стално ми вади некои алишта пред 35 год, од мм, речиси сите со флеки (што е нормално) ама не убави биле требало од татко им да ги носат работите. Неколку пати реков не, не ми требаат се што треба за бебињата си купуваме ново. Но она упорна како магаре на мост и стално мине, зимам ставам во кеси и дигам, никогаш не ги облакаш, ќе праша па зошто не им ги облечеш викам не се точни, еее како може сите да не се точни, се правам дека не слушам Тргнаа на градинка плачат нормално како и сите, па да не сум ги носела она и маж и ќе ги чувале викам до школо ли ќе ги чувате вика ааа не. Па викам што се мешаш тогаш и мм и јас сме оделе у градинка сме рикале таму па никому ништо. Не нема разбирање, си тераат по свое на сила се прават будали ама така им чини. Уште па и свекор ми на неколку наврати 10-20 пати ми се обраќа со име на снаа му ( од брат му жена) не живеат со нив и ја мрази, воопшто немаме ни слично име а не па исто, фактички ме рамни со неа.... Ама нека кога ми се обраќа така се правам дека не го слушам, го слушна мм и му вика како ја рече жена ми овој па по име вика не како странка ми, аа не грешка си, уште и будала те прават. И да кој нема свекор и свекрва секако ќе посакува да ги има!
Јас користам работи и од мене и од мм за син ни. Не ни дале алишта, но пелени (рачно ткаени и везени од бабите наши), ќебе рачно плетено, секако се е без флеки и идеално бело, чисто и меко, со гордост му ги ставам. Посебна емоција имам кон нив, и најмногу ги пазам да не се исфлекаат. Дури и пробуваме да направиме исти слики (како мене и мм како бебиња) со истите работи. Ете, јас не гледам ништо страшно во тие работи, туку ми се драги. Да имав и алиштенце, и тоа ќе го чував, и не го гледам како навреда или причина за нервоза. Реално, сум добила полоши поклони (нови) од старите работи.
Нема што да ми се наоѓа. Мене ме убедува кога ќе се видиме да сум го ставала детето во дубак за побрзо да прооди. Сакаше да му даде кифла иако реков НЕ зашто уште немав ни жолчка воведено. Верувај ваква свекрва не би сакала да ти чува дете. Јас не би и оставила ни две минути без мој надзор. Ме иритира што сака да изигрува нешто пред синот да се покаже.
Јас имам, живее на две минути и ја нема да дојде ни саат време да ми помогне. Ме нема прашано ни како сум ни дали ми треба нешто. Јас сум таа што треба да се малтретира да и ја носи внуката за да ја види. Бебето го третира како играчка, како да е на копче и на нејзе во секое време забава да треба да и прави. Ја мрцвари ја расплакува и ми ја остава така јас после да се мачам да ја смирувам. По цели денови сум сама дома, се сеќавам еднаш не можев ни вода да се напијам бебето бараше да ја дојам цел ден без прекин, а она си беше на Пониква на шетање и си ставаше слики од кафана. А не ме ни праша дали ќе ми треба нешто. А за стари работи, извадила плишани играчки од пред 30 години полни со бацили да му ги дава на бебето, а тоа па се во уста става. Не и дозволив, и однесов од дома играчки. Едно мече е 50 денари... Редактирам дека заборавив да напоменам дека пред бебето и ние имавме океј однос. И сега се се смени.
Ме изнасема. На моменти баш вака се чувствувам кога станува збор за децата . Мене вакви коментари ме нервираат од луѓе што сигурно ни 5 минути не би го почувале. Да можев дома да го чувам сигурно ќе бирав кога ќе го пуштам. Јас дури и со мајка ќе се скарав за ова. За првото ми направи таква фрка со чувањето да морав ургентно да барам жена (од здравствени причини не сакав да го пуштам многу рано). За второво кога спомнав градинка, се нафати она ќе го чувала. Испреговаравме за до Март да го причува да наполни годинка, да завршиме со вакцини па да оди. На збор се сили и повеќе дека ќе го чува, ама веќе на неколку пати и се испушта уз муабет здравје да ја чува. Се надевам бар по план до Март да издржи, ако не да е жив и здрав, нема да е ни прв ни последен, ќе си оди од 9 месеци во градинка. Ај добар ден. Замислете бебе денес ме остави да поспијам до 7:30. Ова се нема случено откако е роден. Мислам он си се размрдуваше за цице, ама одма продолживаше. Ама знам дека толку ќе, е денес и кој знае кога пак, ама убаво ми дојде. Плус кога ми се насмеа како и секое утро . Ама затоа ми наплати. До сега дремна само 3 пати по 15-30минути. Затоа сега морам на балкон во количка да го успијам . Мојов уличар само така спие. Вчера попладнето 2 саати спиеше на балкон. Туку ми текна на бебешките патики за мода и го натерав мм да донесе од подрум. Прво дел му омалеле , а внатре во кутиите едно чудо чорапи од 14-26. Да не претерам едно 70 пара чорапи имаше. Кој знае што сум мислела кога сум купувала за поголемиот. Ама па вакви какви што сум купувала нема сега во ваикики. Дефинитивно не се тоа што беа ни со цени ни со избор. Боди какви најдов без ракави што сум купувала пред 5 години, сега само бели имаше последно кога влегов. Еве дете заспа во количка да си пуштам серија да си погледам додека ме станал и поголемиот. Имајте убаво неделно попладне
Јас искрено се чудам зошто некои работи мора да им се напоменуваат за тоа како треба да се однесува со бебе, значи толку се ставам во незгодно кога ќе треба да напоменам не го бакнувај, не го буди, зарем е потребно некој да напомене? Па тоа е општа култура, бебе е мало е, нежно е што му се пикаш да го бакнуваш. Страшно!
Мене во последно ми се случува во раце да ми го бакнуваат! Дете што става раце во уста. На најблиските им кажавме, а на другите ни е незгодно. Јас не знам која е потребата да го бакнеш детето во раце. Стојат до него, го гледаат дека ги пика рацете во уста и го шлапаат упорно по рачињата. Само рачиња миеме во последно. Изгледа јас многу им ќутам на луѓево. Почнав да не сакам да се гледам со луѓево, од шо се без осет. Некоја погоре имаше спомнато дека се себични луѓето и тоа го приметив сега од ко имам дете. Сите сакаат да е будно да го видат, па зборуваат гласно за да стане, сите сакаат само тие да го држат, при тоа заборавајќи дека е бебе или цица или спие, па моментите на будност и родителот сака да ги фати, сите се лутат ако имаш поразличен став од нивниот и сакаш твојот да го почитуваат затоа што нели детето е ТВОЕ, сите се лутат ако не ги прашуваш за мислење или не дај боже се дрзнеш да не го испочитуваш нивното мислење. И ужасно ме фрустрира баби и дедовци ко ќе глумат мајки и татковци и го уриваат авторитетот на родителите!
За држење во раце од страна на други реално и не ми смета. Во главно земено, дури и се радувам кога некој ќе ме одмени 5-10 минути, па и да му даде шише да јади. Свесна сум дека за некој месец ќе мора по роднини да ја оставам на чување или во градинка така да колку повеќе се навикнува на други луѓе толку подобро за мене. За темата за стари алишта, тука ќе ставам и користени работи пред се зависи како е претставено, а и од тоа што е и колку е зачувано. И јас летово ќе правам фотосесија на ќерката во мои алишта. Меѓутоа реков бар за мене има разлика. Пред бебе да се роди, разговараме со мајка ми и вика имам останато тоа и тоа од тебе, ДАЛИ СМЕАМ да ги исперам и кога сте тука да ги користите,да не носиш многу работи. Ми одговара и мене,а и седиме неколку часа, или ден два, па да не носам и ќебиња и чаршафи за бебе и било што. Исто и играчки имавме куп меѓутоа од стоење се замирисале, оштетиле, своеволно ги фрлиле тие и купиле 2-3 нови. Од друга страна свекрвата по секоја цена сака да подвали нешто старо. За играчки синтетички вади цел картон за едномесечно бебе со изговор дека ги испрала пред да ги складира. Не ми пречи детето да игра со нив, меѓутоа соодветно да се исчистат. И нормално кога ќе е на возраст со синтетички играчки да игра. Во врска со опрема, прашуваме роднина ептен блиска дали би ни позајмила релаксатор бидејќи нејзините деца се големи, а не планира друго. Добивме одговор дека се што таа купувала за децата е марка и скапо и не го дава на секој. Да не пишувам како се почувствувавме во моментот. Од друга страна друга роднина и сама се јави, да понуди работи меѓу кои и релаксатор со коментар не се најнови и со многу опции ама пробајте дали бебе сака да користи, да не купувате за џабе.
Мајки гледам сте отвориле дебата околу стари (користени) алишта. Јас не планирам да чувам а имам премногу и сакам да ги дадам. Ако знаете некоја која чека бебче, а има потреба, би подарила. Мојот е сега 10+++ што значи имам се од новороденче па до сега (за машко). Премногу брзо ги одраснуваат и не трошете пари (кои можете макар да ги заштедите и да им ги ставите на сметка). Контактирајте ме во пвт не мора да е тука. Имајте убава вечер
Ехееее колку алишта сум добила од мм, да е едно само. Нешто облакам, нешто фрлив старо и искинато, нешто како добив така спакував. Има преубави работи ама ги користеле еден куп бебиња и тоа веќе не се ни крпи ни носи, не можам да ги искористам. Јас добив и количка на користење зошто нашата беше со излижани тркала ама искрено пишман сум нашата што не ја задржав некако. Поарно да ја возевме таква, ама бидна, ја дадов веќе. Се трудам да не се врзувам за работите, порано би чувала би туткала од едно на друго место, сега само најдрагите работи ми се сочувани, друго се давам. Не сакам да се гушам во прашина. Се поизвесно е дека трето нема да раѓам и некако од одма се отарасувам, нешто продавам, нешто давам. Е мака ми е за некои алишта од синко што се уништени, буквално усрани и исфлекани да не се чистат, и тоа работи кои да речам немам поим како се исфлекани, пример пижами со манџа исфлекани, како? Зар некој рани дете со манџа во пижами... што знам... Е најмногу мака ми е за пумпата, што ми ја расипале и не ми кажале на време, дур работеше продавницата од кај што ја купив, ќе ја носев на сервис. Сега и јас немам пумпа. Вие што имате втори деца, не ви е малку криво што вторите не добиваат ништо? Еве сеа беа блиски од фамилија, имал та имал од брат му, ти викаш нема, се разминуваат со сезони, они има та има. И нема, стварно нема, 68ца нема ништо зошто се е летно, бато тој период беше во кратки. И они си знаат, кажуваат, ништо му немаме на бебе купено и као па ќе порасне ќе купуваме... нема потреба, сами ќе си купиме, ама глупо ми е. У моментот кога идеш и на големото му носиш подарок од 200е за роденден од странство купен, на малово едно чорапче не ти текнало, што знам... а приметувам и мајка ми истото го праи, ги двои, внука ми на 13г е мала да помага дома а син ми на 7г треба сам да средува соба. Малце не ми е убаво така. Нека ми се живи и здрави, ние да може да ги извадиме на прав пат, па за другите дали ќе им донесат, купат нешто, ич не се замарам. Само ете малце ми е кривичко, особено за малово сирото никој 2 посто не го есапи.
Кај мене не е случај Не сум приметила некој да го двои дека е помало. Нити ние. Алишта добива ко брат и може дека девојче па повеќе мерак има и повеќе. Користиме од бато и количка и хранилка, ама еве сега летна ќе и купам нова. Гледам дека и од моите и од друштво, нема некоја поделба. Што на големо тоа и на мало А тоа има та има, и јас мислев има, бебешки за бато имав неутрални, не купував па кога ги одвакумирав пожолтени ништо не ги испра
Досега не сум приметила некој да ми ги двои децава, патем сите помалава ја сакаат она дека кај сите иде, на сите им се смее и гушка а син ми не, он е доста срамежлив и не праи мн муабет. Моите па дека и се единствени внуци засега на двете страни можете да замислите За Бајрам баш си собраа пари, синко па на сите рака бакнуваше они се топеа и само го китеа Порачав преку 25 парчиња облека за мене и децава на Шеин, сестра ми ќе ме утепа пола багаж за мене треба да носи Ама барем до есен ќе сме обезбедени и најмодерни Се досега што им беше смалено се дадов. Уште хранилка ми остана дека уште ја користиме и таа ја ветив. Зошто да ми седат во подрум , нека ги искористат блиските. Ако имам трето уште поубаво, се ново ќе му купам
Јас па не се плашев дали ќе го двојат малиот, туку големиот да не се осети запоставен. Кутрото кога ќе дојдеше некој да го види бебето и нели носат поклончиња, ако немаше за него нешто, макар чоколадо - како да му паѓаше криво. Еднаш дури и ми рече зошто дедо му го држел малиот само кога е тој дома, кога ќе излезел го пуштал да си игра. Па ајде сега свекор ми прво него ќе го "испочитува" па после се држи со малиот. Кога дојде татко ми па прв пат по раѓањето на малото, и вади пари за бебето, тој седи настрана и само посматра дали ќе добие и тој нешто. Кога и тој доби исто - пресреќен. Не поради парите, туку дека малиот не му го зел местото, уште исто го сакаат. Осетливи се децата на такви работи, бабите и дедовците се за ќотек. Ај на другите не им текнало, ама баба и дедо се. Малиот не јади чоколада, ама па затоа новогодишни пакетчиња имаше полни со кашички, пелени влажни... Мене ме нервираат оние баби кои за домашното внуче викаат нашето, а другото кое е исто нивно како поттурнато (дека не живеело во иста куќа со нив, или од синот е нивното па од ќерката чие е тогаш?! ) Или па за некои само првото е внуче, другите небитни. Не знам, се плашам да не станеме ко нив. Многу пати му велам на маж ми, аман ако залетам до толку предупредувај ме. Инаку ова со свекрвите. И јас немам свекрва, а толку убави приказни сум слушала за неа, не само од маж ми и свекор ми, туку од сите кои ја познавале. И ми фали, можеби и мене ќе ме нервираа некои постапки ама ќе ми беше од помош многу околу децата. Не сум некоја која бара влакно во јајцето и се лути за ситници, а и воспитана сум да ја почитувам фамилијата на сопругот и мислам дека би биле добитна комбинација. Ама тоа е, живот...
Добро утро мајки. Се нервирам и јас што секој подобро знае за мое бебе од мене. Го видов татко ми мед и давал, свекрвата со исто мислење е . А бре вода не и даваш? Па жедна е и таа како тебе. Срам ми е да признаам дека на почетокот дозволив да и брцнат цуцлс во мед ама веќе не . Си викам јас ја носев , јас се мачев цел ден и сега друг да знае. Кој што сака нека прави, јас не наметнувам свое мислење и став, не сакам ни мене истото некој да ми го прави. За облека , ако ми дале а не ми се допаѓа, или ќе кажам прераснала или не и одговара. Можат да кажат , па ние ве израснавме и ништо не ви фали ама не значи дека за се барам совет ниту искрено па ме интересира. Мед не се дава на бебе, вода не се дава. Или пак свекрва ми вика, дај и малку од тортата, да знае дека на татко и роденден му е . Бебе 4 месеца има, значи не.
Колку точно , и кога си трудна со прво дете сите се околу тебе и ти нудат помош и те тафрат , кога си трудна со второ жално ми е дури колку не те фермат абре чаша вода не ти нудат а не па помош , а баш тогаш ти треба дека си со дете мало .. А најјако е кога ке речат сме го минале тоа ,епа баш од што си го минала треба да се понудиш ..
Не живееме во иста држава, спомна кога се јави да ја види на камера. А медот го фатив татко ми да и дава. Се скарав одма. Не разбираат дека во мајчиното млеко и формулата има се што е потребно.
Леле мајко медот е најопасна работа кај бебе, не дозволувај повеќе. Не само што не е потребно, од алергии не се плашат ли, јајца, јатки... На 4м многу знае тоа што е роденден. Стариве за ќотек се. Мене на 2м ми рекоа Да лизне, машко е.
И мене ме замараат кога ќе сум му дала чајче сокче, ама нешто да му дадат така без прашање на толку мало бебе мислам дека ги поминува сите граници