Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. GIGI69

    GIGI69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2021
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    413
    Пол:
    Женски
    Ах со тоа чајче и сокче глава ме боли, знаеш дека секој ден го слушам. Зошто братучетка ми му давала на нејзиното а јас не и затоа нејзиното било понапредно во килажа од моето. Да многу добар совет сок на толку мало дете.. па сега препораките за сок се после година ама кому да му кажеш, одма идат муабетите ајде многу паметни вие младите сега толку знаат и докторите, па што ви фали на вас? И веќе не одговарам само заминувам затоа што немам сила веќе да се објаснувам.
     
    На Oneo, Skyler, Mandela и 5 други им се допаѓа ова.
  2. GoldLeo

    GoldLeo Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    8.281
    Пол:
    Женски
    На почетокот бев толку изгубена и сите муабети од моите и од неговите бев цела во прашалници дали постапувам добро. Затоа , од оваа гледна точка , подобро ќе беше само да бевме од сам почеток.
    Иако ми е прво дете, требаше повеќе да си верувам на инстинктот.
    Знам дека ни давале вода, но јас сметам дека не им треба на бебињата и како што гледам моево живо е и здраво без вода.
     
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.873
    Допаѓања:
    110.002
    Пол:
    Женски
    Поминало веќе, чим нема реакција сте имале среќа, ама многу бебиња не проаѓаат така лесно. И на мм му давале мед, моите братучетки се пораснати на мед, тетка ми држела тегла мед до кревет, цуцлата од медот во уста, цела ноќ спиеле, кога ќе станеле цело лице во мед, ама тоа не значи дека сите така ќе пројдат. Исто ко што сите деца нема да појават алергии на состојките кои ги има во торта, кравјо млеко, глутен, ама свесно да се ставиш во тој мал процент, не е ок од страна на бабиве и дедовците.
     
    На 1209, hello-kitty.90, GoldLeo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.346
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Ќе пишев добро утро ама гледам веќе ручек дошло.. Ќе кажам добар ден мајки:D

    Од по сабајле со мм сме нервозни, можно ли е секое утро детево да се буди во 05:45? :yawn: Живи ненаспани сме, тој се буди спремен за игра а нас очи ни капат. Легнува во 20:30 и сметам дека е малку спиење за едно бебе од 9 месеци. Барем до 07ч да спие сакам, утрово разговаравме со мм да пробаме да го поместиме заспивањето барем 1 час покасно. Таман ќе дојде лето тоа време со количката да може го прошетаме. Знам дека ќе биде невозможно ама ајде ќе се пробаме.

    На темата за стаари работи не ми смета мајка ми и свекра ми што имаат наши работи извадено, барем да не влечкам кебиња и све остало кога го оставам за поводи да спие кај мајка ми.
    Кога кажав поводи бебе спиеше 2 пати оваа недела прв пат без мене кај мајка ми и поминале екстра:rofl: Мајка ми е ранобуден човек па и одговара времето на будење:drunk:


    Е сега да кажам на темата јадење, не сум човек што дава се на бебе да проба од маса, и почнувам да се чуствувам неубаво за тоа.
    Цел Велигден го поминав во страв да не му пикне некој во уста нешто што бе треба, и чуствувам таков страв за тоа до силно срцебиење. Ај што не можеш да му објасниш на постарите, ама на млади мајки? Зошто да не му дадеш стоби флипс:sweat: А што има викам убаво во стоби флипс? И почнува цело друштво да ме гледа наопачки, среќа има еден сопруг на другарка вика оставете мајката да одлучи што да се дава на бебето.
    Леле пак една се фали како биле на викенд во Охрид и на 7 месечно бебе му направила смоки со јогурт и што убаво си се најадила:sweat:
    Па ставање мед на цуцла, еве мајка ми ме пораснала па што ми фалело:@ Боже ме опрости ама некогаш си мислам дека мене ме гледаат како чудна а не јас нив.

    Само што го напишав овој реферат бебе се испули во камера:rofl:
    Поздрав мајки(highfive):l:
     
    Последна измена: 24 април 2023
    На hello-kitty.90, Oneo, Mom's_life и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.527
    Допаѓања:
    8.134
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки :sun:
    Кога ви ги читам мислењата си викам фала богу што од на маж страната нема никој тука у близина па да ми соли памет, моите веќе знаат како треба а и не ми е срам да им кажам.
    Ама така на некој што го гледам неколку пати годишно некако не можам, мислам можам де ама луѓево се многу навредливи и одма се лутат…
    Бацување бебе не на друго место туку во раче тоа најмногу ме иритира..
    Ние продолжениве викенди баш ги искористивме, решивме оваа година да се посветиме на нас и нашето семејство а не оди на ручек кај на м неговите, воедно треба и сами да спремиме, исчистиме, средиме, па тука идат скоро сите да не видат на “кратко”, следен ден кај моите, тука не треба да спремаме зошто мајка си ги завршува тие работи, и по цели денови лежи и јади :lol:
    Убаво ни дојде баш, се договоривме од сега празниците ќе ги поминуваме вака.
    Бебе се изнашета и изнаспа во количка.
    По пат беше многу мирна, дури се изненадивме.
    Маж беше на еден ден да помогне нешто до кај неговите, золва пратила алишта за бебе, овој пат за чудо добра величина, башка и со цена :lol:
    Инаку купува за 2-3 години :D
    И така мајки, бебе еве ми заспа, да допијам кафе и да ставам некој ручек.
    Убав ден да имате :inlove::coffee:
     
    На hello-kitty.90, Oneo, Mom's_life и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Pocahontas.93

    Pocahontas.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    626
    Ова со купувањето алишта ми е најјако. Никој не ми купува точна големина, ај шо повеќето се за 2-3 години, ќе ми пожолтат од стоење, добивам летни комплетчиња за 12-18 месеци, 12 месеци ќе имаме на сред зима и тоа загрижени се дека ќе му биле мали летово. Да, мали ќе му се, наредното лето.
    Ко беше бебе доби тренерки, дебели, зимски. На сред лето ќе му се точни.
     
    На hello-kitty.90, Oneo, Mandela и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.527
    Допаѓања:
    8.134
    Пол:
    Женски
    Same here.
    И после муабети зошто не ги облекуваме тие :D
    Имам една огромна кеса со такви алишта со кои се разминуваме со сезони.
     
    На Mandela, Freckles. и Pocahontas.93 им се допаѓа ова.
  8. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.715
    Допаѓања:
    38.163
    Пол:
    Женски
    А што е најтрагично, заборавам дека воопшто сме имале таква кеса и кога ќе ми текне ги одрастиле :)
     
    На Mandela, Pocahontas.93, Doktor F и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.145
    Допаѓања:
    40.509
    Пол:
    Женски
    Среќа второво па може ќе се облече нешто од тоа. Цел куп алишта со етикети најдов(facepalm).
     
    На Freckles., Pocahontas.93, Doktor F и 2 други им се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.873
    Допаѓања:
    110.002
    Пол:
    Женски
    Е тоа најмногу ме нервира и мене. Добив куп гардероба за 2,3 и 4г а за сега ништо. Добив од роднина со 2 мали деца зимски алишта за кога ќе биде лето и летни за сега, ко да нема деца или не знае кога сум родила ( децата ни се родени исти ден 2г разлика ) и за големиот добив блузи куп за 10г а сега полнеше 7.
     
    На tanjaaa, Freckles., Pocahontas.93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.550
    Допаѓања:
    7.341
    Пол:
    Женски
    Исто и кај нас. Само мерам, премерувам кое чини кое е големо. Кое промаршило сезона. Па демек ако се долги и дебели за летово, мало дете не се слекува во куси.

    Барем за носење перам само тоа што и чини во моментот и одговара на сезона. Се останато стои со етикета, барем и да го дадам на други да знаат дека е ново.
     
    На hello-kitty.90, Doktor F и Pocahontas.93 им се допаѓа ова.
  12. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.715
    Допаѓања:
    38.163
    Пол:
    Женски
    Кај нас свекрва ми за бебево купува облека за прво одделение кога ќе биде, ај ова бебе е, ама за синко ем знае дека е голем, ем и кажувам броеви и пак зема малечки. Не знаете колку детево се разочарува кога ќе види мала облека.
     
    На mal.ecka, Miss_S, tanjaaa и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Pocahontas.93

    Pocahontas.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    626
    До сега будала сите ги перев, пеглав, па и на закачалки ги закачив. За да ги соберам пак во ќеси.

    Ај за бебе може ќе заборават со месециве, ама за дете знаат сигурно колку години прави. Не ја разбирам поентава со поголемо е, да го износи. Секогаш кога одам негде на гости ако носам облека прерачунувам колку би имало бебето ако земам поголема (за да ги погодам сезоните) и тоа е максимум за 3-6 месеци поголема. За внука од маж ми зедовме поклон и свекрва ми 100 пати ни кажа да ја смениме мала била, облека се купувала поголема. Кога отидовме на гости мајката ни кажа дека нема да мени ништо, точно ќе и било. За син ми ме натера да одиме да купиме облека пред да се роди, изнакупи бодиња 68 на долги ракави, и викам некое на кратки да купиме не сакаше :D. Сега му се океј за носење тие бодиња, а веќе почнавме со кратки.
     
    На tanjaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. GoldLeo

    GoldLeo Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    8.281
    Пол:
    Женски
    Мене исто ме нервира што кога ќе ми купат нешто што не ни треба или не ми се допаѓа или не е добро и кажам тоа нас не ни одговара, испаѓам лоша.
    И мајка ми а и неговите . Мајки, колку козметика на Бекутан добив, не сме во Македонија па ми носеа.
    Упорно пред да се роди кажав што сум земала. И знаете она, најдобра козметика е, со тоа ве бањавме ние вас. Дури ми се лутеа што не прифаќам совети разно разни.
    Како што кажа @AngelOfArh стварно не е во ред од нивна страна.
     
  15. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.550
    Допаѓања:
    7.341
    Пол:
    Женски
    Правилно или не, јас и кога и пробувам алишта било јас сум ги купила или некој донесол, не ги перам пред проба. Во случај да е мало враќам во продавница и земам друго. Ако е точно перам за носење, ако е големо складирам, па кога е точно го периме.

    Немала досега никаков проблем со кожа.

    Имам алишта 56ки кои се огромни и бебе уште ги носи, имам 3-6 димензија кои и се мали. Имам од Зара 68ки кои ќе ги носи по 2 месеци, а бебе сега е 3+. Не можам да се водам по бројките на етикета така да мораме со проба.
     
    На hello-kitty.90 и tanjaaa им се допаѓа ова.
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.873
    Допаѓања:
    110.002
    Пол:
    Женски
    На гола кожа не облакам ништо небрано па до таму да е. Тоа по конфекции и магацини се ваља по земја, фаќаат опфаќаат, не фала. Јас најчесто со некое помало што го носи мерам. Ама има ама, еве доби бебе сега едни шпихозни за 3 до 6 и мислев топ, ќе ги изнаноси, ги исправ, се собраа во должина а во ширина и ракавите не. Имам тетка работи во конфекција и се јавувам викам како е можно, вика различно ткаење или во различен правец на ткаење се шиени. И сега ќе ги носи сега и можеби уште еднаш, толку. Џабе сум ги испрала. А на Брезе, демек квалитет, демек којзнае што. А тоа па дека од ист бренд различни се големината на исти бројки, лелее, од Мапетс, се што нарачав 3 до 6, се е различно.
     
    На hello-kitty.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Pocahontas.93

    Pocahontas.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    626
    @Miss_S да, има разлика од бројчиња до бројчиња. И јас имам 56ки до скоро шо ги носеше, а имам и тренерки за 9 месеци сега шо ги носи. Имам едни тренерки за 9 месеци и долниот дел и дуксот се поголеми а блузата сега ја носи :D. Ама пак, за 2-3 години да ми носат облека или летни кои би ги носел на зима многу е. :D
     
  18. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.550
    Допаѓања:
    7.341
    Пол:
    Женски
    @AngelOfArh , не на гола кожа. На тенко боди, па по потреба и хулахопки само за пробите, после тоа слекуваме. И ако е таман перам се одново.

    @Pocahontas.93 , кај мене дека прематурно повеќе од месец, носеше 50ки, до скоро 56, па се вртка и уште по некоја.

    Веќе прибираме голем дел од алиштата посебно боди и шпихозни. Ги пробувам мали, складираме или ако се кнап последно носење перам и складирам. Се нервирам кога ме убедуваат за мали алишта дека има носење барем уште 2-3 недели. Тоа престегнати на бебе. Тоа се нервира, јас се нервирам, а имаме еден куп точни, па и големи.
     
  19. Pocahontas.93

    Pocahontas.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    626
    @Miss_S мене мајка ми ме убедува големи да му облекувам. Братучетка една така правела, поубаво и било во големи да и е облечен. Само така ќе ги износел, да сум му ги подвиткала ракавчињата. :D
    Да си го барам детето во облеката кај ми е. :D
     
    На hello-kitty.90, LiquidLuna и tanjaaa им се допаѓа ова.
  20. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.550
    Допаѓања:
    7.341
    Пол:
    Женски
    Моето неколку недели го баравме кај е :D

    Немав опција од каде да порачам или купам во мојот град облека помала од 50ка, па носеше и подвиткани алишта и секако.

    Сега на пример за боди имам коментар што ако е на едно копче закопчано? Може да се носи уште некој пат, а тоа веќе премало и тоа едно копче со маки да го закопчуваме.
     
    На LiquidLuna и tanjaaa им се допаѓа ова.