Да ве "утешам" мајка ми купи за големиот тренерки на 3 години кои сега ги носи (8 години) Убав тој на баба
Добра ви вечер. Како сте? Јас депресивно. Од една страна, не можам да одгатнам што го мачи детево. Ми иде со него да плачам. Не спие, постојано се буди со плачење, дење плаче, дали го боли нешто, дали нешто друго го мачи, еве не знам. Се измачи, раат не виде овие неколку дена. Од друга страна... Веќе не цица. Сам се одби. Не побара веќе. Дури и јас му нудев неколку пати, со цел да го смирам кога плаче, не прифати. После една година и 8 месеци дојде крај и на нашата доенечка приказна. Камо барем уште некој ден да поцицаше. Да можев да го гушкам, да го галам, да ми заспие знаејќи дека е сигурен, дека мама е тука до него. Лигла невидена сум, знам. Не очекував дека толку ќе ми е тешко и дека ќе ми фали доењето.
А да не збориме колку е небезбедно тоа облакање во големи алишта. Пример во поголемо нешто може да ти се лизне од рака зошто од многу ткаенини натунтано место да фатиш бебе ќе ти се лизне од раце. Не прашувај од кај знам. Првото беше прематурно, минијатура, 50ки му беа големи и се беше во огромни алишта, еднаш мислев го држам а тоа уствари му се измкнал ракавот, ќе ми плеснеше на земја.
Многу рано ти заспива и затоа рано се буди. Мојава бебка порано околу 8 заспиваше и стануваше во 5. Сега заспива околу 10-11ч станува околу 8 наутро и немам мака со спиење, се осеќам наспана
Вечерва издржа до 21:30 ќе видам сабајле дали е до тоа И ова сметам дека е доцна за мало дете ама ајде. Да напоменам дека за 2 дена излегуваме од 6ти скок можеби ќе си дојде при себе
Види па пиши. Првите 2-3 месеци заспиваше рано сега 10 или 11 заспива мене ми одговара така сабајле сме наспиени.
А другиве на почеток не тераа преку рамења да го покриваме. Милина за СИДС. Не знам како не мислат на потенцијални опасности.
Со ова преку рамена покривање неколку пати пред некоја недела се преплашив. Гости кај нас и бидејќи сопругот прва смена да не им смета кога се спрема за на работа решивме ние да спиеме во дневна, гостите во спалните. Е сега спалните во нормално време "се забранети" за влегување на свекрва без наша дозвола ама дневната како дневна си влегува кога сака. Заминува тие денови маж на работа. По некое време станувам јас нели да се средам во Вц, некои 10-15 минути наутро. Пред да одам, проверувам бебе си спие во креветче, покриено со ќебенце малку над половина, плус ќебенцето заглавено од страните да не може да го повлечи нагоре. После средување се враќам во дневна бебе покриено преку рамена, рацете под ќебе, ќебенцето на уста. Веднаш го тргам и така неколку дена додека гостите се тука. Јас во потрага по пролетна и летна вреќа за спиење, сметам дека бебево толку пораснало, па во 10-15 минути успева да се заврти и покрие. Тоа во периодот додека јас сум во Вц, свекрва влегувала во дневната, демек да не е бебе само и го виткала во ќебето да не му студи. Од утрински муабети 1/3 од породилното ми помина, не знам дали пребрзо досега ама сега некако брзо овој месец ми врви. Само со календар сме и термини, педијатар, ортопед, крвни слики, вакцини и така некако деновите и неделите ни врват од еден до друг термин.
Мила објасни им дека медот не е толку опасен заради алергии колку што е опасен заради бактерија која предизвикува ботулизам. Бактеријата кај возрасен не е воопшто опасна ама кај бебе под 1 година може да биде фатална бидејќи бебешкиот имунитет не може да се справи со нејзе. Драго ми е што сте немале никаква реакција
Добро утро, Пишав пред некој ден дека мали ме остави да поспијам до 7:30 и дека ќе ми се удри од глава. Епа вчера во 6:15, денес од пред 6 почна да се врти превртува за станување. Да не кажувам дека ноќеска после подолго спиев со двајцата на спална по желба на големиот. Едниот клоца од една страна, другиот од друга страна. Мислиш фудбалери родив . Таман сум погалила и гушнала еден да се смири, почнал другиот и се така во круг цела ноќ. Ќе размислам друг пат за вакво спиење. Малиот во креветче од вечер го враќам, големиот ако инсистира ќе морам на спална со мене и да поспијам и јас како човек. Ако е како моиве ништо нема да ти смени, само ненаспано дете ќе имаш. Големиот врвот му било 10:30 да легне и пак меѓу 7-8 станувал. Бебе да не е покусо порано од тоа за сега. Како не се метнаа на мене туку на татко им И така станата рано, големиот пратен во градинка, малиов тера прва дремка, а јас од страв да не се разбуди, седам и не мрдам. Прегладнета сум, ама јадам плазма да не се разбуди ако се размрдам зошто ми заспа во релаксатор. Од рубриката работи што ме нервираат нема да се пожалам од мајка, таа ептен внимава на храна, а кога беше бебе следеше исклучиво мои препораки. Мене ме нервира она што сите пред зграда играат, едно ќе отиде во продавница да купи нешто и нормално после тоа имаш лавина од деца што висат кај родителите на врат дека сакаат и они. Не е проблем купувањето, туку тоа јадење надвор мене страшно ме нервира. Особено ако е пред оброк што не чека дома. Најчесто некако ќе се договориме да не се купи или ако се купи да се чува за дома после ручек. Ама ми се смачи од изигрување лош полицаец. А уште полошо е што може не секој може да си дозволи да му дава секој ден на детето 10-20-50денари за глупости. Искрено многу ми е жал што се расправате со неразбрани. Јас само се нервирам со мајка со она старското дека мора да се изеде се во чинија, среќата да не се оставала, едвај ја одвикнав да не му тутка. Еден залак, еден, нека остане ако рече дека неможе и сметам дека изел доволно. А да и се нервирам кога ќе ми се пикне во кујна да ми го чисти шпоретот или да замие на рака зошто биле неколку работи да не чекало на машина. Го научив и големиот одма да интервенира, да влезе и да и каже да ја напушти кујната под итно Ќе застанам тука со жалби. Денес бебе го сликаме за пасош, краток одмор во Јуни е резервиран . Големиот едвај чека на море да оди. Туку што правиме со стомаков мој. Уште ми виси еден дел остаток извлечена кожа. Сакам да почнам да вежбам, ама па никако да фатам некој ред. Гледам вежби wall pilates, сакам да пробам тоа да повежбам, ама незнам на кој ѕид дома тоа да го правам Доста е за денес. Имајте убав сончев ден. Се надевам нема како вчера да се смени за 180° до пладне
И на тоа добиваш одговор - еее ние вас како сме ви давале и не ви било ништо, сега се нешто ново измислувате Значи збеснувам кога ќе ми ја кажат реченицава, мислам притисокот 200 ми се качува. Дополнително: зашто не му даваш вода, зашто не му даваш чајче, дај му сокче. Им објаснуваш и пак добиваш ние вас ви дававме, па што ви фали. И веќе не објаснувам. Кога ќе ме прашаат зашто не давам, викам за инает. Врвот го достигна свекрва ми. Малиот имаше 3 ипол месеци. Бевме на гости, во друг град живее и ајде ќе и го оставам пола саат да го причува (прв пат и го оставив), да се видам со една другарка. Излегувам и ми текнува дека го заборавив поклонот за малата на другарка ми и се вратив за неполни 5 мин. Влегувам и го гледам малиот седнат на фотелја со кифла со сусам во раце. Се здрви свекрва кога ме виде. Само му ја тргнав кифлата, си го земав и излегов. Џабе е да се карам и објаснувам. Толку беше од оставање бебе без надзор.
Не знам дали темава е баш за тоа што ми лежи на душа, сепак ќе пишам. Деновиве блиска другарка се породи, радости и убавини. Но, од некоја причина ми trigger-на ужасна анкциозност и грди чувства поттикнати од мојот тежок пораѓај. Еве веќе неколку денови не можам да престанам да мислам, како вчера да ми се десило, а поминаа речиси 20 месеци. Навечер дури не можам да заспијам, едноставно заглавувам во flashback-ови, се потресувам од спомените. Велат се заборава, ама не можам. Како го надминавте искуството? Во меѓувреме, конечно се вратив на себе, почнувам да бидам таа што бев пред бременоста, дури и подобра верзија, што секогаш е цел. Дури ми проаѓаат мисли дека можеби и не би било толку страшно и со второ, језда при секој следен тантрум одма се враќам назад во реалноста.
Знам, верувај ми дека знам и дека сè ми е јасно. Некни бебето го имав облечено во комплетче блузичка и памучни пантолончиња што личат на фармерки (ама не се фармерки, значи памучни пантолончиња). И свекрва ми го виде ништо не рече ама следниот ден го гледа на Вибер и го гледа во шпихозни и вели: Ете така треба во шпихозни, малце комоција бабе, фармееки не чини за тебе, те стегаат, не е убаво за здравјето, машко си. Не бе не, збеснаввввв!!! Јас не си го сакам детето и ќе го стегам во нешто тесно за да му наштетам, па таа треба да ми каже И после се лутат и се вреѓааг кога ќе им вратиш, а секој ден те влечат за јазик
Како што кажа @Ano се метнало бебево на татко му, точно го цепи времето за будење и во истата секунда се размрдува, со враќање на цуцлата успеа да подреме до 07ч ама што фајде кога јас правам легни стани, и тогаш станува официјално прокиснат и искакан Од кога е роден имаме мака со прокиснување, сменив неколку памперси и пак останав на pampers active baby. Денес ќе земам бејбилов да ги пробам. Можеби и тоа го рассонува што кака и плус прокиснува во исто време
Мала утеха, не си сама. Пред 05 часот сум будна деновиве. Од тогаш го презаспивам по 2-3 пати за да предреме до околу 06 и нешто.
Добро утро мајки од нас и уште една брилијантна идеа на свекрва ми. Провлечи и твој прамен коса низ усните, можеби нема да лигави толку Се откажав од објаснувања, као на пример дека сега ни е таа орална фаза и дека не е ништо страшно што лигави
Абе јас презаспивам до 09ч, мм го зема тоа време кога официјално се буди а јас цела ноќ сум на дугме па така компензираме И мм е ранобуден ама не колку бебево, тоа го шие
Баш ми забавно кога ве читам со бебиња. Вчера со маж ми, додека она беше во школо, собиравме ѓубре, овај, не ѓубре де, скапоцени играчки и цртежи, и фрлавме што е за фрлање. Инаку кога е дома све треба да се зачува и све е пребитно и најважно и ништо не смее да се фрли, колку и да се убедуваме. И вака ќе исфрлиме кога не е тука и не ни приметува. Од што е пребитно нели. Е сега, може во редок случај да и текне на нешто, па одиме заедно го бараме, иако знам дека е фрлено, ама ете, за жал не се наоѓа нигде. Па, добро. Испив кафето, сега малку вежбање и така.
Мене ме тераат да го проверам јазичето да не случајно му било залепено долу, многу се лигави и моево, и кога е сериозен и кога се смее јазикот му е надвор и не може да го прибере Сум се замислила и јас ама сериозно прашањево не знам како да го поставам на педијатар да не ми се изнасмеат