Беба заспа, маж си гледа документарка, па јас да шкртнам нешто. Баш си мислев како за 10тина години отварам фемина и си ги читам мислењата, сигурно ќе си се смејам на себеси, ама нека, да остане овој период испишан некаде Конечно се вративме во нормала по цел месец поминат во мк. Бебе беше пресреќно. Постојано со народ, надвор по цел ден. Дури една вечер спиеше кај баба ми, и уште 5-6 вечери со свеќи дома. А и на свадба играше Супер поминавме. Среќа 5ти скок беше при крај па имавме мирен период. Малку не фати изгледа регресија неколку вечери или заби, појма немам, со пискање на цел глас правеше журки дома, ама во глобала добар беше. Е последица е тоа што постојано беше во раце, премногу внимание имаше од сите, и имавме тешки 3 дена на адаптија. Тука сме сами по цел ден, среќа време ни се погоди па надвор сме 3-4 часа обавезно. Јас почнав со предавања. Имам 2 испита во мај, а и именден ќе чекаме на мм. Напорен период ќе биде знам. Здравје летоска имам понуда за пракса, па ако бебе го примат на градинка изгледа ќе прифатам. За почеток ќе одам еднаш неделно, додека да се прилагоди бебе, па ќе видиме понатаму. Ми се плаче од помислата да не го видам цел ден. Како издржувате? Толку се навикнав на него што не можам да замислам некој друг да ми расправа што правел додека ме немало Од друга страна па возбудена сум што менувам струка и ми се пружи ваква шанса за пракса во државна администрација, криво ќе ми е ако не прифатам. Не знам, збунка во мозокот сум. Кога сме кај муабети од баби мојот е за победа. Кога пискаше бебе баба ми одма урочен е, нели нормално, урок е причина за се. И ми вели кога ќе излеваш од дома ќе се фатиш доле и ќе си речеш во себе “Кога ќе ми ги избројат влакната, тогаш да ми го урочат бебе”. Значи умрев. А на моето прашање “Ако немам влакна?” ми одговори да си оставам за да не ми го урочуват Куси не беа и коментарите да му давам да лижнува за да не му се “подува”, зошто нема капа, зошто е без џорапи, и свекор на глава ми се качи да уклучивам греалка во спална. Аха добро, и си терав по мое. Цела среќа што трае еден месец теророт, па си се вратив овде каде што нема кој да ми брбла што е најдобро за мое дете, нели сите знаат повеќе од мене. Мене ми е прво и јас појма немам И на свекрва ми муабетот. Прво го питаше бебе “Те тепа мајка ти, те тепа татко ти?”. Му кажав на мм и тој и проговори. Па почна “Те тепа баба ти? (За неа)”. Умрев Толку ли не знае друго што да му збори Си се изнапишав. Фаќам книга, да читнам нешто, кратко е времето до испит Ајт жени, имајте убав викенд
Фаќам телефон 5 пати да напишам и цело време е некоја фрка, де бебе плаче, па ајде да јаде, па ајде ручек, па да се зачисти и толку е времето… Последниве денови е нешто посебно приврзана за мене, ако не ме гледа почнува одма да плаче, како ќе тераме вака еден господ знае… Се надевам период е и ке помине. Вчера не остави без спиење до 6 саат, се будеше на 20 минути и ја презаспивав по пола саат и се така до сабајле, катастрофа, ама затоа и станав со неа во 12:00, пладне не фати, не знаев кај се наоѓам. Овие неколку дена сум турбо, чистење, перење, сушара па диплење, не можам само да исподиплам алишта и таман мислам нема веќе пак нова машинa На маж братучед се најави ќе дојдат да го видат бебе со жена, деца а таман мислев и овој продужен викенд ке го искористиме да фатиме некаде, ама нејсе… Поднесов пријава и за во градинка, онлајн, не добив никаков повратен одговор, сигурно така треба, се пореално ми станува дека уште малку ке треба да се вратам на работа и ме фаќа паника. Од една страна ми фали да сум старата јас ама па сега некако сум во некоја конфор зона влезена и уживам. На моменти ми фали тој адреналин и се ама па и вака не е лошо. Планирам бебе да го чува жена до одредено време ама па сакам и за секој случај да ми е запишана во градинка… Мајка и она тргнува на работа за скоро, тоа ми беше една од опциите ама па не можам некој да обврзувам и да ставам обврски. Порано си викав без осет луѓево, децава кај баба и дедо и тие луѓе треба да уживаат во пензионерските денови, друго е инцидентно да го причува или ако веќе се живее заедно па ајде тука се ама вака не, уште ми е тој ставот, ама па и вака треба ептен сигурен човек на кој ќе му го девериш детето. Треба и за тоа да се распрашам, и како одат цени за чување и слично… Имам бебе нејадач и најголем цицач! Секој ден готвам, смислувам што да јаде, правам мени и она ќе проба и почнува да брмчи и лета насекаде храна, тоа е. Цицачот цица веќе еден саат не пушта, јас заспивам, ќе мора да смениме тактика. Добра ноќ мајки.
Добар ден мајкички, гледам темава бајаги активна е. Како дете расте така се помалку време има за форум. 16месеци сме, трча низ дома, отвора врати, се живо го интересира, сегде брца раце, едноставно си бара надзор 24 часа. Неможе да го остаиш ни минутка сам. Ама ако, среќна сум кога го гледам, колку е пораснат, веќе е прав дечко! Едвај чекам да прозбори, сега кинески збориме нели ама мама успева да разбере што бебе бара од неа хаха. Го фаќаат и тантруми, знае главата од зид да си ја мава кога вришти и кога нешто му се забранува. Со јадењето сме ок, мора да има анимација за да јаде и тачка! Дали играчка, дали ние сме кловнови, не е битно, само дете да јаде. Е кога не јаде, пљука, се мачка цел, плаче, абе ми иде да го исплескам ама незнаете како! Па ајде дете во една рака, во друга јадењето и во кујна да палиме,гасиме бојлерче,микровална, аспиратор, што не...само да се најаде....ахххх колку ни е битно на нас мајките ова, ко улава уште гледам грамажа, па колку изел,па колку да дадам....ваљда пола од вас ме разбираат хахах...И аче сам се одби од цицање деновиве, уште ми е криво, ама ај, ваљда доста е 16месеци што цицал...душа мамина. за свекрва глеам уште се збори....уххх,ухххххх,уххххх, уште бројам до 100000 и назад секој ден. Не пипка ништо по дома, чистење незнае што е, хигиена па ич! Да не сум јас мувла ќе ја изеде по дома. Ко блесава само чистам и средувам пошо виљушка не фаќа да измие. Ептен ја толерирам ради детево иначе до сеа....Ќе тргнеме наскоро цо градинка па ваљда сеедно ќе ми биде што ќе праи она пошо Се надевам наскоро на посебно живеење, мислам дека и јас нема да бидам толку нервозна за да му се истурам на сопругот а еве гледате некогаш и на детето ако не ми јаде....многу се нервирам,многу голтам и се тоа на купче си се собира...нејсе, се надевам на подобри денови и на сите сами што си живеете да знаете дека ви е најарно! Заеби помош ако стално се нервираш и идеш по неа како она да е мало дете! Сам прљаш, сам чистиш и не се нервираш! Имајте убав продолжен викееенд!
Добро утро, убав празничен ден. Не се осмеливме со бебе да се организираме и заминеме на подолг пат, така да блиска викендица ќе е за денес. Бебе како да знае дека ќе шетаме од 7 наутро е будна. Вчера свекрва и свекор на излет, ние дома, бебе со грчеви, плачки еден тон. Се враќаат тие и за прв пат го добивме познато, баба кој тебе те тепа, мама или тато? Издржавме 3+ месеци без таа констатација. Бебе на големо "си разговара" со повеќето од нас, гугање на најјако.
Мене ова мајка ми ми го правеше... Беше овде 2м кога се породив и ако не е моментално тука и се врати имаш Кој бе баба, кој ми те сеќира, кој? Оти баба плачеш? И јас одговарам, Бабо видовме не си тука и рековме удри мавај на бебе сеа, да искористиме... А мајка ќе речеш, ама Сите се исти! Мене тешко ми паѓаше ептен овој муабет, пошто у раце ми беше 24/7 на почетокот и уште кога ќе речеше мајка ми со еден просорен глас Оти бе баба, кој бе баба!
Добро бе, завршува овој проклет 7ми скок некогаш? Или завршил и ова е само оформен карактер и да си се помирам дека ваков ќе ми биде животот од сега?
Дојдов да и кажам на @Alexandrite сеа те разбирам што мислеше со оставањето бебе во креветче откако ќе го успиеш. Темпирана бомба полесно се става од бебе кое се буди на дишење на мравките надвор. Утрово го успав, го оставив и во тој момент ми закркореа цревата, од тоа младиот господин се разбуди. Едина среќа имам што сеуште спие навечер. Додека беше со многу секрет не спиеше убаво и се будеше често, градите се напунија деновиве додека станува пак во нормала како порано, од 9 до сабајле. Преку ден сеуште си цица по желба на саат до саатипол. Баба ми бог да ја прости викаше мака ми е што ќе се разболат ама повеќе ми е мака што ќе се разгалат. Од друга страна имам батко во предпубертетско доба, ништо не кажува, лета со паметот, само во игра му е мислата и така. Забавно ни е по дома. Убав ден момстерс!
Здраво мајки Дете конечно заздравено, закрепнато. Се боревме со бактерии во нос и грло, откажување од цицање, учење другачие да заспива и учење да се јаде. Се се преклопи во еден период ама мораше еднаш. За среќа брзо се прилагоди. Многу полесно од сите мои црни сценарија дека вечно ќе цица и нема никогаш некој друг да го заспие. Почна конечно ноќ да преспива. Ама што дека он спие кога јас пак се будам 3-4 пати од навика. Сепак не смеам да се пожалам поубаво било вака. Ете конечно дојде денот како што викаат сите "ќе смени" ќе си спие. Значи првите месеци дефинитивно се најтешките. Ем изгубен ем додека се навикнеш за што кенка што сака што нејќе бебе, само паники. Од утре се враќаме во градинка. Од сега ми се планирани планините алишта да ги средам додека е таму. Не може да се допереме не и не. Од каде извираат толку алишта стварно не знам. До крајов на годинава ќе имаме уште едно мало поклонче под елка Многу се радувам и малку ми е страв како ќе се снајдеме. Ама периодов сфатив дека неизмерно му верувам на маж и најсигурна сум кога он го чува детето. Сите баби и дедовци се супер. Прво внуче едвај чекаат ред да го чуваат. Ама мене ми е мирна душата само кога се заедно татко и син. Видов за свекрви се зборело ама немам што лошо да кажам, дај боже утре и јас таква свекрва да бидам. Ненаметлива, секогаш тука да помогне, ручек прашува ако сакаме ќе пушти ако не, нема драма. За дете никогаш за ништо не ми се замешала. Ни облечи/соблечи, ни во периодот со доење. Ако треба да го чува што ќе оставам за јадење тоа дава, нема потпикнување "забрането" јадење. Може игра улога и тоа што е релативно млада па има и многу посовремени сфаќања не е останата како на времето што не чувале така да ми трие над глава. Обострано се почитуваме и ете јавно ја фалам. Од времево нема многу надеж за сончева пролет па еве ви едно виртуелно сонце за убав ден.
Лепе колку убава вест, ме израдува и ти дека додека бевме трудни со првото тука си бевме за советии дај боже да сум следна и јас со лесно да си ја износиш до крај
Честитки . Како почнавте, прво @IRBBB, сега ти, сите генерациски мајки брзо за второ се одлучивте. Браво
Ептен се радувам Честитам од срце, лесна и школска бременост да си имаш. ❤️ Ќе си се дружиме пак и со мешињата и со бебињата и ќе влечиме уште нови и стари мами со нас @Tea SK не сме само ние, ѕирни во труднички, барем 10тина старо-нови генерациски бебиња ќе има. Ќе не дружиш?
Ви благодарам на сите за честитките од срце. Пуштам baby dust таму каде што се посакува. За денес реков дете во градинка и куќата во ред дека ќе ја донесам. Е па Марфи се насмеа и рече ајде само еден саат сабајле нека има дете температура 37,7 па после нека допреврти тоа малку на место што останало Во меѓувреме стигнаа резултатите од контролни брисеви да видиме што сме уништиле од бактерии, да направиме место за нови од понеделник. Ве поздравам
може да прашам колкаво е големото? Тешко било со школски е деца, јас па си мислев ќе пораснат после полесно е ама не. И моево е исто поосетливо, лошо се чуствува ако некој толку искрено му каже како на твоето. Му викам сине подобро е некој да ти каже што мисли што чуствува одколку да ти прави лице а зад тебе на сите да збори лошо. Ако ти пречи тогаш гледај да немаш контакт со такви лица кои за тебе имаат негативни мисли. Инаку моето посетува училишен психолог, на состаноците присуствуваме и јас и учителката секако секој влегува поединечно. Најпрво психологот ќе го сослуша ученикот потоа ќе повика некој од нас и поединечно ќе ни каже на што треба да обрнеме внимание и како да се однесуваме со детето. Додека сум тука да ве поздравам. Едвај чекав да ојде викенд. Многу сум уморна кога во текот на неделата сум 1ва смена. Никогаш не можам да легнам навреме, секогаш околу 12 сум во во кревет порано нема шанси а станувам во 5 саат. (смената во 6 ми почнува) предноста е што во 14 часот сме завршени ама што дека кога во текот на денот едвај функционирам. Сабота е свет ден за мене. Можам да легнам а притоа да е наспијам и да станам свежа з
@marchi-cool 9год ќе полни летово, ама ситуацијата не е сменеѕа, дури и на полошо оди. Учителката е убедена дека е само љубомора, матичната вика мора да се работи малку. Чекам термин за психолог, мора.
Нани Нани бебенце, во шарено ќебенце, надвор пее петленце, пее кукурка .... Го вика Во светот на бајките