Мојот е 4 ипол месеци, Наташа од 3то 3 одма го смирува кога му ја пеам (ми здосади и си измислувам други зборови).. исто 2 рачиња, во светот на бајките, тапши танана, Никола Никола, Боби баш ми е гајле.. ама Наташа незаменлива му е
моето е 10 г. И јас мислам дека не ќе е љубомора. Учителката нас ни рече дека 9-10-11 г се отскочни години од дете во период на пубертет и дека најмногу внимание и психолошки совети треба во тој период. Се надевам дека што поскоро ќе го решите проблемот.
Дој да се погушкаме! Од страв што го гњават почна да трепка, а не враќа, греота било. Ти му викаш ако они почнат враќај па ако те скара наставничката ќе ми кажеш, он не и не, не било убаво тепањето... И секој ден расплакан си доаѓа а на багабонтиве им е интересен и си го закачаат дека плаче и се така во недоглед. Некни во сон ми рипаше. Ако ова не се среди неделава има да ја направам голема. И не, не е љубомора, зошто и пред да се породам ова исто беше. Што се научиле љубомора та љубомора, зошто мора да се љубоморни постарите братчиња. Знам дека не е љубоморен зошто прво со нетрпение го очекуваше, друго неговите бунтови се од друга причина, да се покаже дека е сеуште тука, не од љубомора.
Ми иде се да фрлам од детска буквално По стоти пат ја средувам и пак влага в детска и вика не и чинело и знам следно е се става на тепих буквално демек да реди од ново и така си останува Ако направи и сега така буквално се фрлам само кревет има да остане
Изгубивме многу мило плишано кутре (бело сиво), во Зара - Ситимол. Ако некој случајно го нашол, да си ја пробаме среќата...
Немаше, една другарка што работи во Ситимол одма отиде да праша и види ама го немаше. И пробував дуксер и држев куп работи и ги оставив на купче алишта, а после си ги земав работите.. но кутрето не А кутрето е старо ептен, вчера само што си го зема од кај мајка ми... ништо нека му се радува сега друго детенце
Можеш слика да постираш и да ти кажат кај се продава исто, или некој може има исто па да ти го прати. Јас така во бутик изгубив и никој ништо не знаеше и секој ден одев по бутикот и по два дена беше на каса и кажав и си го зедов.
еее така... И после тоа закачање ко ќе видат дека детето им ќути нив им се крева егото и почнува булингот. А тоа љубомора врска си нема туку најлесно на учителките за да ги откачат и да не се замараат им е тој изговор. И кај моето се задираат ама никогаш не преминало во нешто поголемо, и исто и јас викам, прво ако можеш избегнувај не се задевај ако те маваат слободни мавај и нека ми се јават мене. Ама јас сум одела и кај педагог, учителката исто беше повикана од педагогот со совет како да се однесува кон детето. Децава на учење се пратени а не на натпревар кој појак на глупости.
Добро вечер. Четвртиот скок не закачи. Првите неколку дена човек дури и да се порадува, бебе сврзуваше по 5,6 саати и оп од ноќеска почнаа журките. Ноќеска од полноќ па до сабајле толку многу клоцаше и спиеше немирно, што морав да го приберам во раце за да се смири. Се обидов неколку пати да го спуштам, ама кутриот како да се мачеше, па ми беше жал и за него и за батко му да не го разбуди, па на крај си отспа во раце. Инаку моево бебе несака стомак а стомак , изгледа мисли дека е тами тајм и инстантно почнува да буни. Фактички он спие или во поза за доење или со грбот легнат над мене. Ај што ноќта славно помина денес ако верувате до 5 саат беше дремнат два пати по 15 минути, а станат од 6. Е во 5 му текна да ја затера, ама тогаш не го оставив зошто ќе дежуравме ноќва па го пуштив батко му да погалами, да се разбуди. Е сега легнавме стандард околу 8, заспа дури после 9. И тоа не на цице како обично, туку морав да го нишкам. Што ќе ме чека ноќва ќе видиме , се надевам да поспиеме и двајцата, а не тој кај мене во раце, а јас да дежурам. Се надевам ова ќе е врвот и нема да прогресира, ама читајќи ве некако не сум оптимист. Мислам ќе се разбуди ѕверчето во него. Со големиот ништо од ова немаше. Ни скокови, ниту заби знаевме кога вади. Пред некој ден со мм баш си зборевме колку работи сме заборавиле со него, од што стварно беше мирно бебе. Освен ноќните будења за цицање, што мене не ми беа трагични зошто одма продолжуваше, а јас сум лесна на заспивање, друга мака не се сеќавам да сме имале. Пред да го одбијам само ептен почна да зачестува, да се буди на пола саат/саат и мене тоа ми беше сигнал дека е време за одбивање. Како го одбив така почна да ја преспива цела ноќ. Инаку бебе прими втора тура вакцини минатата недела. За среќа добро поминавме ниту тт од петовалентната/превенар, ниту гасови од рота. За сега добро се држиме . Уште една тура во Јули ни закажаа па до после годинка ќе одмориме. Големиов батко го запишавме во училиште. Прваче маче на мајка. Превозбуден беше дента кога бевме на упис, а таму им барал уште тестови. Е сега му рекле на мм дека може да му е досадно со неговото предзнање. Се надевам ќе најдат начин да го држат во кондиција. Ако не ќе вежбаме краснопис Во градинка интензивно се спремаат за завршната. Добивме и официјални покани за 31.05. Браво за учителката рачно ги изработила. Малку ми е криво што ќе се разделат, многу убаво работеше со нив и се трудеше. Само уште не сум решила што летово. Дали и до кога да го пуштам да оди. @gjoker4e ела да те гушнам. Стварно челични живци имаш, јас на твое место до сега кој знае што ќе направев . Се надевам откако ќе тргне во училиште друго ќе биде. Туку ај да одам да си легнам, не знам што ќе ме чека ноќеска. Нека чека мм машината да заврши и да префрли во сушара . Имајте убава и морна ноќ.
Ние лагано искачаме од скокот. Ни пројде и громчето. Сега ќе го чекаме петти. Не беше страшно ко што очекував. Едино што сега станува 2 пати за цице и сака да спие до мене навечер, ама цицнува и продолжува, не ме гњави, цица кратко, и спие. Денските ги скрати ама денес некако поспа, дали времево го утепа, од 10 до 2 врза сон со едно станување за цице. Уште еден сон врза после тоа саат време, измеѓу ситни дремки по 15мин и во 9 куфер. За бато да ти кажам нема да му е досадно, и моево тргна со знаење големо, читаше, пишуваше, собираше, одземање, форми, бои, годишни времиња, месеци, се му беше познато, ама поинаку учат во школо и интересно ќе му биде. Кај нас стана проблем кога го достигнаа другарчињата, цело прво полугодие он беше најдобар, сега веќе го достигнаа и му се ствара една негативна страна, не е главен, па малку стана немирен, ама ќе пројде со многу зборење. Не знам за вас мајки, ама мене од 4 кога одиме дома до легнување устата пена ми фаќа, нон стоп се збори, нон стоп се објаснува, мора да сум му досадна многу, ама не можам на случајност да го оставам. Имавме гости сега, едно детенце помало 2г оф моево, кога ги гледав родителите како се мачат, колку не ги слуша, ми се плачеше, јас така ќе си пукнам од нервоза. Го гледам таткото се препотува, мајката со арно со убаво, сирота жена... ама тоа е дете растено со баба, дедо и тетка што му угодува, тоа е. Нека имаат само трпение неговите, ќе се среди, само си сака време. А вака игриво детенце, интересно, ама моево не е научено на таква игра, нападна, со закачки, он миротворец е.
Луѓе јас стварно не знам каде да пишам па си реков ајде овде мајка на мајка може ќе се најде некоја низ исто што минала.. Породена сум пред скоро 6 месеци со царски рез (не знам дали е битна информацијата ама да си ја кажам). Пред недела дена со мм имавме незаштитен однос по завршување на циклус, се напив Норлево веднаш следниот ден, е сега, следниот циклус треба да ми почне на 02.06 а мене сега страшно ме боли стомак и ми тече темна крв, како вино боја и дури и мирисот и е таков ко на црно скиснето вино. Не знам дали е од таблетата или од нешто друго ама ме фаќа паника
Таблетата е хормонска и може да направи многу пореметувања, така да можно е да е од неа. Појди на гинеколог да ти направи едно ехо.
И дојдов конечно да кажам дека прв ден со бебе и тодлер на раб на безизлезна ситуација сум, знам дека таму некаде има решение ама сега не го гледам. Бебе е 4 ден, цица ама нема сила за долго цицање се уморува, па ќе заспие па после 10 мон рика затоа што не е нахрането доволно. Регато повечете влезете не се соблекувајте и за вас има овде место хахаха. Тодлер кој толку го сака бебе не го остава на мира, тој пелени тој ќе ги капел ама баш се тој и плус мама. Плачев и ќе плачам, не знам како се постапува со две деца ама сакам да научам. Психата го јаде човекот. Не знам од кај да почнам, што да променам.
Ме чека и мене тоа.. таква убава реакција од страна на големава дада доживеав, да ми го стопи срцево не можам да опишам како. Толку радост, емоции дури и солзичка, а е тек 3 години. Еее сега, одма возеше креветчето она да го наместела, она да ја чувала да не заплаче, а и вика над уше она да ја држела, она да и ставела венче.. тек дома што ќе биде со пелени, со бањање да ми е знати. За сега пу пу да не урочам бебе е мирно, само оно не се слуша во соба ама кога ќе почнат грчеви, плачки ,кога малу ќе пркне верувам дека ќе биде лудница.
Јас најчесто за бањање ги праќам големиот и татко му на шетање за да можам да го избањам бебето на раат. Се случува маж ми со денови да не го видам, е тогаш е страшно. Он да го бања, он да го облече, он да ја истури водата од коритото Многу ми е стресно бањањето така, вода на сите страни, го удира со лончето, не знам кого попрво да пазам. Многу се напорни големите кога доаѓа бебе ама пак е подобро отколку да се љубоморни.