Само што го имавме првото ве каниме со бебето на роденден во игротека следен викенд. Не е проблем поканата, се работи за пар со кој често се дружиме. Туку фактот што 6 родендени претходно не сме биле поканети и баш испаѓа она, немате дете не ве викаме на роденден, па сега имате дете, дојдете на роденден.
Исто исто исто. Многу ме иритираше ова. Од кога имам дете дознав кој кога има роденден, претходно муабетот “ќе си слави само со другарчиња од градинка” редовно си го слушав
Види ќе славите и вие роденден, ќе видиш, во игротека е стварно безвезе да викаш без деца, што ќе прават тие таму, да славиш во кафана ајде де, ама во игротека? Башка игротрките се со ограничен простор за возрасни, си викаш бар да викнам деца да се изиграат... Јас сум ги разбирала секогаш и дури и не сум одела во игротека, сум кажувала, ќе дојдеме дома да донесеме поклонот викни си дечиња во игротека.
Не сме биле и дома поканети досега кај овие пријатели на роденден за детето. Во секој случај сум одела и сама кај што ќе ме поканеле. Или со сопругот сме оделе дома доколку двајцата сме поканети за дома. На тема роденден баш размислував пред некој ден како би славеле и со кого. Нашите блиски се со веќе големи деца т.е поголеми 10 години и нагоре. Не дека не би ги поканила ама не знам колку игротека им е интересна на таа возраст. Од другарите имаме само 3 дечиња под 10 години. Имаме уште многу време до тогаш па ќе смислиме нешто.
Добра вечер Мигрена на најјако, кузнее кој вирус го имам закачено . Се ме боли, легнав и не можам да мрднам. Од утре, понеделнички, назад во барабанот, белким ќе ме држат нозе да вршам обврските. Бебуш станува само еднаш( некогаш ниту еднаш) за млеко, но денот почнува од околу 06.30. Првен бебуш млеко и менување пелена, после 3 кутии за децава со храна, првачето само со појадок двете појадок и ужина. Додека ги спремам, стокмам, развозам…како една нива да сум изорала. Додека трепнам дошло 12.30, иде големата од школо и мора ручекот да стои на маса. Јадеме, одмара малку додека бебуш го стокмам, па домашно, учење, логопед, па другите две од градинка и назад дома. Тогаш е веселото со сите четири. При крај сме со средување на градината па едвај чекам таму да трошат енергија додека седам на терасата и буквално ништо не морам да правам. Наредниот месец најголемата ќе полни 8г, кога ли летна времево. Ќе треба да почнам да мислам за тема за забава.
Исто и нам ни се случи на два родендени прв пат не викаат а не е прв роденден. @AngelOfArh до некаде е така што имаш пишано, ама па реално бебе под 1 година во игротека е исто како и да немаш дете нит си игра ни ништо, што значи пак иде муабетот имате дете ве каниме, немате не ве каниме
Леле Дани порасна ѕверка Инаку и јас денес сум со мигрена, ама мене ми е од времево грдо. Како е бато? Качи пак тт? Гушка за сите! Ај да пишам дур сум тука... Бебе почна да се лаже веќе, цика, вика, се смее, се закачка, крева газот да лази кога е на меше, кога лежи на подлога се мрда мислиш оди, цели кругови прави... Забавно е. Бато е дебело на пат кон пубертет, почна да се забележува какви промени му се јавуваат, па си прашува, зошто ми се случува ова, зошто она... прашања за содржината на гаќите де, да сум подетална. Чуден ми е дека не се срами, и јас и мм сме се срамеле многу, он гајле нема, си кажува се. Е проблем е што не кажува само дома, кажува и надвор од дома. Деца... Се спрема големата детска соба, малата е сепак мала, ама со на маж брзината за мала матура ќе биде спремна, многу е влечко, со денови ќе мери пред да исече, и откако ќе исече пак ќе мери и ќе мазни со месеци. Од една страна е топ што сам ќе ја прави нема да даваме пари по мајстори, од друга страна тоа ќе биде жив напор, ќе се караме многу... Толку беше, бебе ми спие во раце, цицаше, да го сместам и да го сликам бато, се занесе во читање и цртање, да спиеме веќе. Добра ноќ!
Еднаш качи 38.5тт и толку беше. А овие два дена баш е раздразлив, се мислам забите да не му се, нема сеуште. Во скоро 5м буквално немаше заплачено детево, а деновиве гледам дека не му е погодено. Не кажувај за влечко, имам и јас еден таков дома. Недела унапред “закажувам” што треба нареден викенд да прави низ двор Оти инаку нема да му текне. Кај нас собата на Конте нема мебел, само ламби и тапети, ама ваљда рано е, нека си остане уште малку кај нас во соба.
Дани 9м немам рерна, и на крај ќе земам сама ќе сменам греач, што да правам... клупа за на гробишта кај татко му годинаипол прави и уште не е направена, сака да е џиџана и свекрва ми сирота срам и е да вика ајде ајде, јас и викам да сум на твое место ќе си нарачам нека се срами он. Маса исто, мораме да ја спакуваме стаклената, он абер нема да ја нацрта а камоли да ја направи. Па и курназ, не работел он со иверица, само со масив, ќе ја чекам 3г осеќам. Занесен е да прави кревети ко на Вики, тие тек колку време ќе биде да ги направи, леле мајко... За воља на вистината па што ќе направи ќе заледи, какво огледало ми има направено, бомбона...
@danichap Ама дворот ви е сон. Ќе се изнауживате. Прекраснотии. И јас да го пријавам мојов во ,,незаинтересираните,, за куќна работа. Ламба да не можев да менувам, он мајстор ќе викаше. И ние чекаме да се приберат стариве од странција, па да почнеме со реновирање. Кај нас замислата е детските да бидат тавански, но имаме голем ходник, па чекаме и архитект да ни изведе плус нешто зашто многу неискористен простор има. Дете големо сака своја соба ама за друштво, не верувам дека за скоро ќе спие сам. Пубертет на најјако, почнавме да купуваме дезодоранси, парфеми, бара и восоци за коса, така другарите правеле фризури кога оделе по родендени. Почна да си бира сам и облека, да пребарува. Бебко цел ден е на нозе. Преактивно бебе. Пред само две недели настина со тт, растечен нос, па излезе запче. Еве го сега хрчи. Пак затнато носе Се изнамачи со сите заби. Закаснети сме и со вакцини. Кажува по некој збор, ама секоја команда ја извршува перфектно Битно ни е забавно по дома,само нека се здрави и живи.
Јас не се согласувам. Сега незнам за колку блиски станува збор, ама мене најблиските да не ме поканеле (секогаш ме канеле), ќе сум била навредена. Особено што ние имавме проблем и касневме многу со првото, кога на најблиските веќе им наполнија првите по две години. И сум купувала подароци и сум одела со мерак за децата. Ај добро утро. Јадам плазма бисквити за да не тропам, додека бебе спие. Викендов и покрај лошото време некако искористен беше. По гости, ама битно големиот се изнаигра, а малиов се изнашета по куќи колку што не бил откако е роден. Е тоа што дома ќе ни прооди нема врска, секогаш има нареден викенд . Битно усисани е дете да може да вежба по земја. Плакарите со чевли ќе почекаат Друго ново и нема нешто посебно. Секој ден ја гледам прогнозава, да знам дали да откажуваме одење на море. Ова времево абер бема да се поправи , а временскава прогноза секој ден се менува. Се надевам бар да бема дожд, за бањање одамна е јасно дека нема да има. Туку незнам кај вас, ама кај мене опаѓањето на коса се стабилизира, ама втор пат ми се активира како себореичен дерматит и незнам како да ја средам главата. Бебе стана, се одјавувам за сега. Имајте убав ден
За кој период од прилика гледаш? Ние сме втора недела јуни, покажува 24 степени, и јас се мислам што да правам и дали ќе може да се брцнеме или ладна ќе биде водата. Од друга страна викам и да не се бањаме, ќе дишеме морски воздух, ќе прошетаме малку, ќе смениме. Се тешам
Dobro utro majki! Nikoj ne se nadevase na Noemvri vo Maj,ama se pretera so vremevo. 3 vacuum kesi mi stojat vo hodnik I kako peram I susam taka stavam soodvetno vo sekoja ama nikako barem Edna da napolnam I da ja trgnam. Obavezno nesto oblekuvam nazad, I taka vo nedogled. Edinstveno uspeav da gi trgnam cizmite ama pa nisto drugo nemam izvadeno I se setam vo edni patiki na sekakva kombinacija Za mazite majstori, odgovorno tvrdam deka mojov gi drzi prvite tri mesta na top lista za nerabotnik po doma, malku od sto e trup a poveke od sto nikoj ne go naucil ( odgledan e od minister za tugi gajlinja, pa grev e po doma da fatis) Za rodendeni ke se soglasam so @Ano , I nie mnogu cekavme za prvo dete pa koj ke me viknese na rodenden odev so zadovolstvo iako nemav deca. A tie sto ne me vikaa bev navredena I se povlekuvav od toa drustvo. Odam da dopijam kafe zasto zverka moja koga ke pocne da se kara za spienje cel komsiluk ja slusa,pa morav da ostavam I da se zaspieme. Ubav ponedelnik da imate
Прва недела од Јуни имаме ние резервирано. Јас само дожд се секирам да не е да треба да окапеме во соба. Инаку на бањање не се надевам секако, повеќе за дишење воздух ми е. Сега покажува дека мали се шансите за дожд, ама има време, уште кој знае колку пати ќе се смени прогнозата до тогаш
Ај добро утро и од мене Маж првпат беше на службен пат од четвртокот до вчера па мајка беше дојдена да ми прави друштво. Си се видовме и изназборевме квалитетно Бебе во 5 скок нервозно и кенкаво, а во саботата и со малце температура (не знам дал се заби во прашање ама никако да се вакцинираме заради тоа што на неколку пати крева температура). На тема маж, мојот е од тие што ништо не одлага, тоа што треба да се направи одма го прави (јас сум таа што знае да ги одложи работите), дома ми помага со сè, чистење, перење, пеглање, само не знае да готви ама не ни треба, повеќе од доволно ми помага. Ноќеска, го зема малиот во друга соба за јас да се наспијам без прекини. На тема јас, веќе три недели почнав да вежбам во сала и многу ми е убаво, се преродив Донесов и една голема одлука, да менувам кариера па почнав да учам ИТ ептен интензивно и периодов сум турбо. Отсекогаш ме бивало за работа со компјутери и сум имала љубов кон тоа и многу ми е криво што порано не почнав ама како велат боље икад, него никад Времево крш, само за спиење е Се надевам дека за брзо ќе нè огрее па да можеме прописно да се шетаме со бебуш и маж Убав почеток на неделава да имате
Не помина ни пола ден од коменатрот што го напишав. Денес не пуштаат о дома, дека со толку не способни луѓе си имам работа не верував. Членката што прашуваше и смееше дали сум исмукала и пуштила машина додека имав контракции, ќе ме разбере оти тоа го праев. Лудам уште не стасана дома. Од друга страна, малава се запнала Снежана фустан за маскембал да носела сега кога ќе ја зема сестра и. Циркуз невиден, не знаат да се опраат да ја средат без драми. Малава пожолте, на тест не покажува дека има жолтица, три пати и праат од вчера и ќе не пуштат дефинитивно дома. Иначе си цица супер. Крај краева тоа малото прдле ако сака и со памперс на глава нека дојде по нас.
Дожд нема за сега во јуни. Да се надеваме дека ќе смени и ќе огрее сонце па да поуживаме во прошетки покрај море
Добро утро мамс Едно сонце за инат на денов. Гледам многу активни од сабајлево, се изначитав со кафе, имам чувство дека веќе некои ве познавам и си се дружиме виртуелно . Бебе уште спие, какво малтретирање беше тоа синоќа, аууу страшно. 2 ипол саати се успивавме, се пробав од нишкање, до лежење, цицање, галење, пеење, оставање сама на себе и ништо не помогна, на крај се измори и заспа. Да се пофалам, имаме и прво запче, точно на 7 месеци и излезе, јас пресреќна, два дена бирав колачиња какви да нарачаме, каква тема да биде, маж се изнасмеа, ама си знае он колку сум фрик за некои работи… Вчера може и од што ја измалтретирав не спиеше, бевме на гости и од што и беше интересно неќеше да спие, како и да е , се наспа сега. Постов почнав сабајле да го пишувам, сега продужеток… На темата родендени без дете и со дете, и нас не не викале додека бевме сами освен блиски, реално и што ќе правам во игротека, сите растрчани навака натака по деца ние ќе седиме, што знам, јас не би ако не морам. Маж е на пат, ние со беба кај мајка… Сакам да почнеме со BLW, гледам покажува интерес а и несака јас кога и давам, па се едуцирам на темава. На тема селење, каков поборник бев за да се остане тука, абе да ме прашал некој пред 5 години ќе му речам нема шанси, сега нешто се размислувам… Овој брод тоне оддамна, фаќам врски да извадам пасош, да одам на преглед, за компјутер/ магнет не дај боже да му затреба на некој… Маж уште вика мене Америка и Германија тука ми се ама ќе смени и он мислење кај и да е. Во темата за чување деца читам плата за жена да чува дете е 42 000 месечно, се чудам дали јас сум грешка или не знам кај живеам или пазарот на труд е тотално пореметен, еве не знам… Се утепавме од години и години учење, сега специјализации, магистратури и слично и зимам малтене иста плата како што ќе треба да дадам на некој да ми го чува детето… Страшно… И не потценувам ниедна професија, само одредени не се доволно одн. воопшто ценети ниту платени. Бебе уште не пие АД млеко, дали не сум упорна не знам, ниедно не и се погоди. Јас уште не почнав да вежбам, битно ослабена 3 кила 64, уште 4-5 то гоу. Имајте убав ден, да направам еден ручек и да одморам додека мајка чува бебе.
Еве да чкртнам и јас нешто додека спие детево. Така си размислувам колку брзо поминува времето. Додека се свестив кај сум со детево поминаа две и пол години и дојде ред пак одново низ се да поминувам и едвај чекам да ви кажам. Бремена со второ сум Се и сешто ми минува низ главава ама најмногу се молам се да е во ред и Господ сила да ми дава со лесно да ја поминам бременоста исто како за првото. Со првото освен некој килограм плус и болење на кичма последниот месец други маки немав. Се надевам и сега така ќе поминам. Му реков на мм оваа временост не сакам никакви нервози, попуштај, прај се на Тошо за некои работи, заобиколувај само не се расправај со мене. Ќе си се пазам повеќе, и ќе шетам повеќе.Желбата за второ повеќе негова отколку моја.И јас го посакувам детево ама не знам дали е прав момент знаејќи дека треба да се селиме во друга куќа, треба од ново да се турка да се реновира..Само заради тоа сакав да почекаме ама бидна сега готово е Се двоумиме како да им соопштиме на домашните. Јас имам идеја едно мало цуцле што го купив специјално за ова да го ставиме во кутија и да ја врзам со пуфка па тие да ја отвараат. Мм вика малиов да им кажел. Едно од двете ќе е Зедов одмор од работа, некои денови што ми се останати.Сакам малиов полека да го одучувам од пелени ама тешко оди.Тој се знае што треба да направи, знае дека во нокшир треба,сам се соблекува, ама досега ни какал ни мочкал таму.Ќе си поседи и станува вика готовоо Ве поздравувам мами и убав ден