Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.510
    Допаѓања:
    32.972
    Пол:
    Женски
    Пукај. Што се деси?
    И гушкај тоа беблето, не се многу стресирај :inlove:

    Да ја пријавам јас малата голема девојка, ѓаволче и анѓелче во едно е. Како можеше да се погоди вакво алал да и е. Ќе ме излуди, па доаѓа ме гушка, ме гали. И по 5 минути исто :drunk:
    Секој ден се повеќе разбира, слабо зборува ама има време. На кинески уста не затвара, ко ќе почне македонски не знам кај ќе ни биде крајот. Се кара на година и пол ]:)
    Инат е невиден. Не знае за опасност, не знае за "не". По цел ден ваква сум :talk: Устата ми се суши од зборење ама ова да е жива и здрава, мм вика цела на мајка и била :tmi: Еве не знам

    Времево крш, а она е дома. Фатиле коксаки пола градинка, а јас прва пријавив. После мене се јавија сите, кој од четврток со симптоми, кој од петок а ќерка од вчера (facepalm) Еден да кажеше од четвртокот да очекуваме :?: Чудни луѓе.

    Јас уште со работно време од цел ден, со ветувања за прва смена ама до петок или најкасно наредната недела. Е сега кој петок, која недела.... :!:

    На маж му е роденден, ама нешто јас накурчена :wasntme: Му купив книга и среќен роденден со цунка. Доста е. Оти многу брзо ми мине лутината затоа сме вака :D

    Гушкајте дечиња и одмарајте по дома очигледно Мај малку не е со сите. :fubar:
     
    На Coco31, Oneo, IRBBB и 11 други им се допаѓа ова.
  2. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.835
    Здраво мајки, стално ве читам, па и јас се чувствувам како да ги познавам некои од мајките кои редовно пишуваат на темата. :$
    Па еве реков и јас да напишам нешто.:hai:
    @firequeenn честитки, лесна бременост да си имаш. За селидбата немој да се секираш. Ќе се средите.
    Ние месец дена пред термин се селевме. Август, 40 степени, јас огромна прежешко ми беше, се препотував од арно стоење а не па да работам нешто.
    Ама помина се во најдобар ред.
    Иако тука имаме мал број на блиски луѓе и покрај што сите си имаат обврски, сите ни се понудија да ни помогнат што ме изненади, многу ми значеше и им сум многу благодарна.

    Инаку би сакала уште едно бебе, уствари сакав уште после пораѓај, уште кога бев на болница. :rofl:
    Ама е многу рано, има време.
    Да знаев дека до толку ќе ми годи улогата на мајка ќе имав порано бебе.
    Не дека многу чекав, имав 26 години, сега 27 само што сум била порано спремна ама не сум била свесна.
    Мислев ако имаш дете готово, завршува животот. Нема да можеш да се школоваш, немаш опција за да сменеш работа, место на живеење, немаш слободно време за себе, за патување или хоби.
    Ама обратно било. Барем кај мене.
    Како до сега да сум го преспала животот и сега се разбудив. Мислам дека се можам да направам. Сега гледам дека имам многу опции за се, само треба желба да имаш.

    Најново, синко почна да вика мама и баба, знам дека е без значење,ама небитно. :D
    Излегоа првите 2 забчиња пред 1 недела, еуфоријата уште трае. Ги купив сите реквизити за декорација на торти и колачи што постојат па вечерва треба да ги дозавршам колачињата забчиња. Многу убави испаднаа. Повелете.

    Во врска со работата и платата на негувателка на деца сметам дека е многу одговорна работа и не секој треба да ја работи. А одговорноста и тешкотијата на работата треба да бидат добро платени. Во врска со сумата незнам дали е океј да биде 20 или 40 илјади зошто одамна сме заминати од Мк и незнам како се движат платите.
     
    На Coco31, Oneo, IRBBB и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.222
    Допаѓања:
    26.244
    Пол:
    Женски
    Хахах се погоди баш да имаме најблиска личност од фамилија на гости кога ми почнаа болките и таман реков да не се сами со малава, ќе имаат пак некоја занимација. Мајка ми била да им честита кога зе породив, почнала да вика по нив, жената со болки 9ти месец секој ден цел стан го превртуваше за вие да немате ни едно миено лажиче и да пржите палачинки со постелнината во дневна и отворено врата од купатило кај што се сушат алишта, а пази не здиплени, а исушени. Мрак на очи ми падна, маж ни пола збор да речит пошо знајт дека е ван секоја памет бар малу да имаш осет. Се јавив на камера оти нели сакала малава Снежана да биде и да ја убедам некако, гледам дома хааоос во позадина, каснеа 2 саати пред да не земат оти мораа да светнат дома.
    Толку мува да не те лази, а да си женско 30ка, треба да си цар. Па и овај мојов како изгубен германец.
    Не се хормони во прашање, со право драмам.
     
    На Brpbrp, IRBBB, Nala37 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.211
    Допаѓања:
    111.415
    Пол:
    Женски
    Моите каснеа зошто во последен момент баба се реши да доаѓа. Така јас госпоџа со фустан, ламе хулахопки, тоа е златни светкави хулахопки и патики за трчање вечерта што цапнав со нив во кал и случајно останале во кола, иначе боса ќе си одев. Едино чизмите не беа до торбите, се друго беше, ама голема била филозофијата да се стави се во кола. Многу голема. И се налути баба зошто јас се налутив зошто каснеа, а јас гола и бебе голо, смрзнато, чекавме на 1 јануар во еден ходник во Чаир. Забавно, не?
     
    На Brpbrp и mal.ecka им се допаѓа ова.
  5. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.211
    Допаѓања:
    124.922
    И ние одиме од 10 јуни јас се надевам за бањање за мали:)
    Сега бевме за 1 мај едвај се задржа да не се избања. До пола влезе уствари :)
    А народ се бањаше (facepalm)
     
    На Nala37, Ano и mal.ecka им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.275
    Допаѓања:
    67.881
    Пол:
    Женски
    Ова со родендениве додека немав дете се молев да не нè канат. :D Подосадно нешто од тоа да дремеш во игротека, а немаш дете, мислам нема. За мене барем.
    И за моево, за прв роденден беа роднини и пријатели зашто не беше ни во игротека, после кога веќе почнавме во игротека само нејзини другарчиња каниме. Не е мој роденден, нејзин е, па логично ми е нејзини другарчиња да си има, јас за мојот си собирам мои пријатели.

    Некако со поголемо дете нема што да се пише, обично со бебе се жалев само. :D
    Сега се враќа веќе слободата колку толку и друго е. Конечно се наспав бар, ми се врати нормалниот сон, имав мака додека се среди после 5 години ноќно будење и неспиење.
     
    На Coco31, Oneo, Ava.84 и 15 други им се допаѓа ова.
  7. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    Ќе помине , ќе пораснат.
    Јас сум со три да те утешам.
    4 и пол,2 и пол години и бебе месец и пол.
    Ги оставам да помагаат.
    Подаваат памперси, даваат креми/капсули, бираат облека за бебе, ако не цица во моментот туку сум дала шише асистираат т.е они го хранат, јес да цуцлата е во моментот далеку од устата на бебе ама битен е моментот дека нешто гооооолемо направиле :)
    Ги заспивам така што бебе ми е во раце на цице, тодлерче на перница во скут нишкам а големата за раче ја држам.
    И колкупати си плачам дур ги заспивам дека ми е претешко, ехееее, ама секој ден успевам да се справам со тешкотиите и предизвиците и тоа е тоа што ме мотивира дека можам и сум добра мајка за нив.
    Бањам едно во кадичка и дур е заиграна со бебињата големата ја туширам, бебе во релаксатор/количка чека 5-10мин.
    Битно сме си на купче, не се осеќаат запоставени мислам ..
    Од сабајле се во градинка, поручек или кај свеки пола саат, па маж ми ќе ги прошета саат време или кај мајка ми сакаат, или по двор си играат.. и така ни минат деновите.
    Тогаш гледам да раскренам алишта,испразнам машини,џогирам..
    Ред плачки што од нив што од мене, ред насмевки и се учиме сите како да функционираме во новите секојдневија. Баш е предизвик!
    Има моменти и на љубомора ама среќа се прееееретки, ќе потпораснат ќе си бидат најдобри дугарчиња.

    Пред две години кога си ги читам постовите ми идат истите чувства и знам како се осеќав безвезе, ама еве ги буквално се најдобри другарки сега, ни на мочање не одат една без друга туку се чекаат и муабет си прават :)
     
    На Coco31, Oneo, Ano и 30 други им се допаѓа ова.
  8. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    119.232
    Пол:
    Женски
    Дали децава повеќе ги сакаат татковците?:Dконкретно за женските, со нив имам искуство:sweat:
    Се го бара тати, а јас се правам со неа, не дека и тој не ја бања, не ја рани, не и прави фризури.
    За спиење него го бара, за се го бара;( јас сум малку љубоморна периодов:$ можеби заради стомакот, голем ми е, па и збориме да не ме удре, ама сакам и јас за се да сум присутна до неа.
    И второво е женско, ако и тоа вака ми прави а машките се поповрзани со мајките, ќе одам на трето за машко:Dведнаш, за и јас да си имам другарче:D

    Плус тој ја кара, и знае и тон да и повише, и ја налутува, и не бре, пак потоа него прв го бара. Јас сум втора постава, кога тати не е дома.
    Не спомнав, работам секој ден иако сум 8ипол месеци, и неа нормално и е кога итно ќе ме викнат за да прегледам некој, само вика "чао мами, оди пави диши диши на децата"|-)

    п.с. знам дека ме сака, и дека малку претерувам ама и јас не се откажувам и јас легнувам до нив ако она татко и го бара, барем да ја гледам;)
    Ќе дојде бебето, нејќум да сме оддалечени, баш сакам да сме блиски, во се е вклучена низ домашните работи, само и само да си е до мене.

    Искуства ваши?^_^
     
    Последна измена: 17 мај 2023
    На 24.07, Coco31, Oneo и 21 други им се допаѓа ова.
  9. CareTee

    CareTee Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    3.782
    Пол:
    Женски
    Буквално исто како што пишуваш беше и кај нас до пред некој месец. Ама баш како што опишуваш, и кај нас он знае и да ја скара и да ја налути и пак тато беше пред мама за се.:^)

    Ама откако почна и стомаков да ми расте а и кај нас сопругот после работа знае да работи приватно дома за плус некој денар нормално, се повеќе време поминува со мене. Од тогаш последниве два месеци е сменета, сега повеќе мене ме бара. Не дека не плаче и по него ама ако сме двајцата дома ме бара мене за се, а ако не сум не ме гледа нема гајле. Се мислам дека почнува да разбира дека ќе има нов член ново бебе и уште сега покажува љубомора и се приврзува за мене. Претходно се со таткои заспиваше, сега нема шанси само со мене. Ќе биде забавно кога ќе дојде бебе бр.2.:(

    Инаку и јас си викам трето машко за мајка да си раѓам.:rofl: Ама сигурна сум и да имаме трето и тоа ќе биде девојка незнам зошто, ама секако одлуката за трето дете не ни зависи од полот, само да ми се живи и здрави друго не ми е важно. Вака гласно си размислуваме за некои 4 5 години би родила уште едно, млади сме имаме време, ама барем да пркнат првиве 2.
     
    На Oneo, Ano, arontt и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.028
    Допаѓања:
    13.251
    Пол:
    Женски
    И јас вака размислував, сега не ми паѓа на памет :D:D:D
     
    На Oneo, Doktor F, Kolache na mama и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    И ја така си викав и оооооп после нецели 2 год | | видов :rofl:
    Ќе се подречеш :rofl:(fingers)
     
    На Oneo, Speechless, Mom's_life и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Zumbulche

    Zumbulche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2021
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    1.810
    Пол:
    Женски
    Еве сум и јас тука,по цел ден е со мене,не оди на градинка и пак повеќе се гали со татко и ,и како што велиш ќе ја скара и пак по него,мене ме бара само за цица :) скоро се породив со второ па сега малку повеќе ми покажува внимание ,искрено јас некогаш и си поплакував додека бев бремена дали од хормони ама така ми идеше,не дека не ми е мило да се блиски но и јас сакам такво гушкање:)и не ми е чудно и така и да продолжи,јас исто бев и денес сум поблиска со татко ми.
     
    На Oneo, Ano, Mom's_life и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Само татко му постои, за спиење, јадење, шетање, пазарење буквално за се. Некогаш си викам каде грешам јас до мене ли е, надвор кога ќе излеземе сите деца околу мене само моево околу татко му. Да напоменам јас машко имам :D значи не е до полот:D. Само кога сака да го гали стомаков тогаш доаѓа до мене и вика тука е сестричката, а ние појма немаме ни што е наредна недела ќе дознаеме :inlove:
     
    На Ano, Mom's_life, mal.ecka и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.028
    Допаѓања:
    13.251
    Пол:
    Женски
    Знааам :D И затоа секој ден си мантрам нејкам трето дете, нејќам трето дете :D
    И на мм му реков ако некогаш посакам трето дете потсети ме на овој период :D
    Тешко е бе, се надевам ќе ме држи овој памет.
     
    На Brpbrp, Mom's_life, mal.ecka и 5 други им се допаѓа ова.
  15. CareTee

    CareTee Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    3.782
    Пол:
    Женски
    @Skyler Имам време да се предомислам:D. Ќе пишам за некој месец на кој став сум за ова прашање. Ама фасцинантно ми е како до пред некоја година молев за едно бебче со целата ситуација нередовни циклуси и ПЦОС а сеге еве ме дури размислувам и за бебе бр.3.:$

    Инаку @Chanell* секоја чест мама, се надевам и јас ако некогаш имам 3 деца ќе бидам како тебе позитивна.:hug:
     
    На Oneo, Mom's_life, mal.ecka и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.904
    Допаѓања:
    34.127
    Пол:
    Женски
    Алишен ќе те разочарам кога ќе ти кажам дека мојте и двете се лепенка за мене.Ако една гушнам одма доаѓа и другата.Ако татко им ги земе не сакаат.Големата пак си игра и гали со татко и ама малата само мама.
    На мене татко ми ми беше омилен како мала повеќе од мајка ми го сакав ама како растев мајка ми ми е сега прва за се.Гални меше од тетка Ава:hug:.

    Дечки инаку растат со брзина на светлината.Големата за 2 месеци ќе прави 7год.Прво завршува веќе.Си велам бебето /детето од кое се жалев знае да чита веќе и смета до 20 колку само брзу учат:inlove:. Пак е напорна и со неа секоја работа ми е предизвик.Битно ми е дека обожава да шета и после школо оди надво и си играат со другарка сама во двор:angel:.
    Дека дека е полесно со поголемо што вика Реин се враќа слободата.
    Сега моево мало уште од бебе ми беше самостално си се заигрува само, со дада и, ама најубави ми се кога се тешат една со друга.Големата ако ја скарам малата ќе и повтори со понежен тон и ќе ја гушне:inlove:.
    Добро има и контрирање, малата е опасна тепа без страв,а дада и само плаче.
    Инаку малото ми е веќе 2год и 3месеци.Кога си игра само збори и вака многу збори се мислм повеќе мели од дада и.Многу е полесна за чување и одење со неа по термини е едноставно.Не плаче на доктор и има полесни форми на тантруми за разлика од сестра и што и ден денес е страшна.
    На моменти ми е криво колку многу работев со големата цртав,лепев ,учев, а со малата се немам време.Денес сме сами дома па ќе цртаме нешто.
    За спиење уште се буди нон стоп]:).

    Се шири непријатен мирис низ собава да станам и да сменам пелена.Колку ли време немав пишано овде ,ама докториста ме испровоцира:lol:.Поздрав мајки и гушкајте дечиња брзу ќе пораснат и нема да сакаат да ги гушкате:).
     
    Последна измена: 17 мај 2023
    На 24.07, Coco31, Oneo и 16 други им се допаѓа ова.
  17. NNK19

    NNK19 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    2.334
    Пол:
    Женски
    Ве читам за трето дете.. и јас викав никогаш доста ми се две таман потпораснаа сега бебе не ми паѓа на памет.. на маж му викав трето ќе си најдеш швалерка и она да ти роди… :rofl:и така мајчево сега додека големата (6г)јаде, малото (3г)си игра, држи бебе 3м во раце и цица :D никогаш не викајте никогаш зошто тоа никогаш брзо ќе ве стигне:rofl:

    И да многу брзо растат..:( баш на муж вчера му викам овие 3г со синко како ми летнаа не ни ги псетив.. ќере како пред некоја година да ми беше бебче а сега прваче колаче на мајка:inlove:
    Гушкајте и бацувајте додека се мали :l:
     
    На 24.07, Coco31, Oneo и 16 други им се допаѓа ова.
  18. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    119.232
    Пол:
    Женски
    Еј ептен ме разнежнивте со искуствата;( ;( фала ви.
    Се ќе правам јас, упорна сум си.
    Да се здрави и живи само, јас и по природа дали професионално, малку сум поладен тип.
    На работа се со деца работам и добар однос имам, сите ги сакам и ме сакаат, дома само е некако попритресена по татко и:D
     
    На 24.07, Oneo, Mom's_life и 6 други им се допаѓа ова.
  19. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.710
    Допаѓања:
    6.002
    @Alishan30 и останатите што ќе одите на машко за да си имате другарче. Моиве се машки па татко им кога ќе дојде од работа икаат од радост и одма идат кај него. Исто и кај тетка им...Мене така никад не ми се израдувале жими се. И ја сум троа љубоморна ;(
    Тоа е, ќе се измачиш да ги направиш, да ги износиш да ги родиш. Ќе дежураш по цели ноќи, ќе шеташ неизбањата, нечупана, нејадена и на крај малите гомца ќе летат по татко им што 15 мин у денот ги игра :D
     
    На Coco31, Oneo, Brpbrp и 15 други им се допаѓа ова.
  20. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.672
    Допаѓања:
    1.470
    За разлика од син ми , штом ме види мора да е кај мене цело време а не го речка татко му .. исто така кога е со баба и дедо исто не сака кај таткому , се разочарува маж ми што не сака да оди кај него
    значи буквално неможе да се оддалечи од мене штом сум јас тука
     
    На IRBBB, le.soleil, Alishan30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.