И јас вака се чувствувам понекогаш. На големиот му сум најголема љубов, ама малиов е по татко му. Пред некој ден му го оставив на свекор ми на 1 саат, да го причува. Кога си дојдов се израдував кога ми кажа дека малку плачел по мене. Себично знам. Ама кога нив ќе ги види јас не постојам. Љубоморна сум. Сега сфаќам како се чувствувал маж ми со поголемиот.
Кога ве читам некако многу ми изгледа дека во последно се почесто луѓето идат на 3то. Браво мајки! Јас секогаш сум си замислувала 2, едно имам засега па ќе видиме здравје како ќе биде во иднина. На темата приврзаност, малиот кога сум дома јас го бара татко му, кога е тој ме бара мене. Е сега навечер за заспивање многу често го бара татко му а наутро ако не сум до него плаче ме бара. Кога сме заедно сите скоро секогаш е мамо сакам тоа, иако татко му до него седи... нема некоја ептен изразена преференца мама или тато мешано е и мислам најдобро
Блазе си ти Јас мислев машки имам ќе бидам раат, не бре нема шанси. Двајцата кај мене на колена, едно обавезно во скут кога јадам, во кола ако сум напред е драма, лепенки. Бебето до душа се уште е мало и не бара никој ама пак се смирува само кај мене. Маж ми си е раат, јас на пример прашувам дали може да се истуширам.
Времево сончево, ја ко гом*о се осеќам. Се ме боли, ништо не ми се прави. Подочњаци никад потемни и поголеми не сум имала. Катастрофа сме и јас и маж ми, он со болки во кичма, едвај се движи, а и ја исто. Малово никад поактивно, се движи цело време ама и стресови ми набива. Вчера за секунда сакаше на глава да се џитне у фикус. У фикус бе! И како да се инати, ти му викаш не, он онака подмукло се смее и го прави тоа што наумил. Ама најубавите моменти ко се сабајле и навечер гушкање, бацување, галење за мерак. Ептен сакам приказни да му читам ама не ме остава. Максимумот е една минута и толку. Ах, мислењево како и мислите ми е, хаотично.
Некогаш сѐ би дала да сум на ваше место барем на еден ден За заспивање се менуваме со мм, ама кога треба со него да заспива, пак мене ме бара и не му заспива. Па кога ќе легнам јас до нејзе, за секунда заспива. За сѐ мене ме бара, плаче по мене, по татко ѝ не. Обврските околу неа со мм ни се поделени, ама да треба или да сака нешто, сѐ мене ме бара, дури и на пример да сум во вц, а она со татко ѝ во дневна, доаѓа мене да ми бара. Баш си помислив пред некој ден, сега да имам уште едно бебе ако цица, како ќе постигнам со две
Може да се менуваме малку, јас и ти, сакам јас вака да ме бара, наутро пред врата на вц, стои го чека татко и, јас се спремам и ја облекувам, таа се врти гледа тати дали излегол од вц. Денес се пеглам и доаѓа и ми вика каде е тати?, па у вц е бре, питај еднаш каде е мами Тешко тоа
Хахаха и мм се нервира исто како тебе, ќе ѝ рече абе дете ти татко имаш? Остај ја мама, ај малку мене барај ми (пример да ѝ даде вода). Абе ми иде да одам на одмор сама и да ги оставам да се поврзат, да не може мм да мрдне никаде после без неа
Потпишувам со лева и десна рака. Мојава е година и пол ама мм е кловнот у фамилија. Мене ми се понаша, не сака да јаде, не сака да спие ама маж ко ќе се појави ко 7мица на лото да добила. Јас да ја облечам, нема теорија. Се бркаме низ станот. Маж ја спрема за 6 минути за во градинка, јас за 26. А во последно време не ми дава да застанам до него, она доаѓа и стои меѓу нас и се гледаме сите тројца Ама за воља на вистината, и двете сме дифтарки. Јас сум малку поладна особа, ретко искажувам нежности. Пробувам да го сменам тоа со неа еве, ја гушкам ја бацувам цело време ама маж вика да баталам. Иста била ко мене, џабе сум се трудела Неа од раѓање 5 пати ја имам гушнато по нејзина желба, толку дозволила Љубоморна не сум, ќефче ми е. Ама ме нервира чат пат кога нејќе да прави ништо со мене
Две женски лепенки имам јас . Ајде едната е 1.5г ама ме загрижува тоа што не смеам 1 метар да се оддалечам од неа. Ова буквално. Пишти на цел глас. Мора да е или во раце, или во скут, а ако се движам ми ја гушка ногата и се влечи за мене, да не случајно и заминам некаде. Залепена додека спие, залепена преку ден. Некој имаше напишано дека до 2 месеци бебињата мислат дека се иста една личност со мајката. Е оваа мојата сеуште мисли така . Големата и како помала беше лепенка, ама не како помалата, не знам што ќе се прави со помалата. Си се тешам 1.5г помина, ајде уште два пати по толку и полесно ќе биде. Јас пак му љубоморам на мм. Јас сум таков тип што мора да имам моменти сама со себе во тишина, барем 15-20мин. на ден. Низ дома нон стоп ме следат, одам на тераса да пијам рает кафе, ете ја поголемата "Сакам и јас да пијам кафе со тебе". Ако одам во вц и неа и се оди и иди со мене, ако се бањам сака со мене, ако правам јадење и таа со мене, па да излезам надвор од дома нема шанси без неа. Како се движам низ дома по мене две придружнички се влечат . Ова па малото плус мама, мама, мама без престан. Ич не е забавно, ама ич. @Lovebug01 Со одморот ме потсети на моите муабети што му ги кажувам на мм дека кога ќе престане да цица малата ќе си уплатам одмор сама и никој да не ме знае каде сум, телефон исклучвам и уживам. Се надевам дека ќе ми се оствари
Пак јас. Не знам дали сум јас неразбрана ама многу ме нервира кога во муабет со други жени ќе фатиме тема замор, дека има тешки денови и на пример дента ако не се осеќаш добро, а дечињата се обично тогаш најзахтевни, а жениве ти одговараат со "НЕ СЕ ЖАЛИ ЌЕ ГИ БАРАШ ОВИЕ ДЕНОВИ, БРЗО РАСТАТ"... Бич, реков дека деновиве ми е напорно, не дека сакам детево да го џитнам. И тоа не се жали, ме ежи...значи сме се ослободиле доволно ете основна работа да си муабетиме или ебаго искрено ти одговарам на прашањето еј како си?
Ама не се жали еј Како смееш да се пожалиш Секакви луѓе постојат. После муабетов шо ми го направија и мене, јас сум добро. Не спијам доволно, ама се е во ред. Ако веќе немаат сочувство, и прашуваат ради реда или за да изедат трици откако ќе одговориш, не ни кажувам како сум.
Големиот е татин син, ама кога ќе згусне мама ја бара. Малиов е мајкин, лепенка, плачко на векот ама се смирува само кај мене. Љуби га мајка. Кога ќе ме види се тресе од радост. Јас пред некој ден ги императив мајка ми и сестра ми, ти си то научи па ти си го научи на раце, ајт у кујац, да дојдете викам коа е тешко да помогнете, сите доаѓате само на ѕал и толку. Свекрва ми не можам, ама нив можам. Свекрва ми има кој да ја оправа, пораката е пренесена. Жени убави, мене во кујна не ми се влага, само суво би јадела, кајгани, тортиљи и тестенини, а домашните бараат манџи. Што ќе се прави не знам. Со тешка мака сега ќе ставам една леќа да се вари, од што таа сама се праи, нема мешање, само шибаш да се вари и толку. Туга моја. А јас за у кујна бев пукната, дај ми само да готвам, сега не ми се чепка. Убав ден, јас го искористив веќе ама мислам уште еднаш ќе излезам, да соберам шишиња за сос, планот е годинава да се става зимница.
Здраво мајки Уште една плус во тимот на мајки со деца лепенка за тато. Толку многу е лепенка за татко му што некад жал ми паѓа за мм. Секогаш неговиот дел од ручекот е изладен пошто имаат да играат и изведуваат по дома. Он раат не може да се избања, го чекаме пред туш кабина зошто во спротивно плачење пред врата, цела зграда да чуе. Сам не смее да мрдне низ врата, сегде со него оди, дрим тим за пазарење се. Само кога не е дома тогаш доаѓам на место број еден. Лепенка за мене станува и јас уживам Ме гушка, ме гали во друго дете се претвора. Инаку јас сум лошиот полицаец и се знае што може што не, затоа кај мм НЕ е исчезнат збор од речникот и ако малиот има смислено некоја глупост тука е татко му да му ја унапреди појако и да се смеат двајцата, а јас ваква Да се живи и здрави и второто нека е лепенка за татко му ич криво нема да ми биде. И на тема трето дете, се почесто на лизгалки среќаваме трети деца во семејство. Значи вредни луѓе комшиите, браво! Ве поздравам
Моетое е машко и како само мајка да има , јас да го успијам , јас да го облечам и наранам се јас и релно и 90 % сум јас со него , маж ради работа и некогаш и по 2-3 дена не го виде .. Сега чекаме бебе бр 2 и како ми расте стомак тој уште толку е по приврзан за мене ке биде весело за 2 месеца дома . Како и да е мислам дека сепак машките се по побрзани со мајките барем додека се мали е за потоа ... , кај мене и бебе бр 2 е машко ..
Моето прво машко е многу емотивно чоече, срамежливо и мирно, 4 и пол год е, за многу приврзан не е со никој посебно, на периоди можи да се приврзи за еден па за друг, сега е повеќе со татко му оти тој си игра со него од ко сум бремена со второ (пак машко) оти јас понеможам физички веќе, па сега тато ај ова тато ај она, ама за капење, спиење со мама тука нема друг гали меше кај мене и прашува дали е уште тука бебето, што прави, ама мислам ќе биди мн љубоморен сепак времето ќе покажи, да не си правам пред време филмови.
Бебе ми е ко некоја стара баба. Научимда прекрстува дланки, да ги става една над друга и сега само така лежи, заспива. Друга работа е маж. Не знам дали некој друг е толку невнимателен ама очекувам некој ден од парк со друго дете да се врати. Среќа ретко излегува сам со бебе оти до сега и без алишта и без играчки, без ништо ќе останевме. Ставам во количка две глодалки за бебе се враќаат со една. Пред некој ден демек жешко и било, и го извадил елечето и го заборавиле на клупа. Тетри, влажни и лигувчиња се подразбира дека постојано се загинати.
Потполно ист случај сме. Ова мое дете... мамино, мамино. 24/7 е залепен за мене, може да седи со други само ако сум му во видик. Заспива навечер, па јас само тогаш можам да сработам нешто. Е има денови кога и тоа не може. Ко синоќа. Поспа еден сат и мамииии дојдииии. Па ме држи за рака, за лице, се пика цел во мене и е на штрек цело време. Ако мрднам, се буди одма. Заостана и работа и се', се помирив дека ноќва ќе останам дупло време и тоа е. Ако татко му оди да легне до него во таков случај, си седнува на кревет и му вели - викни ја мама, и си чека така, нема шанси да презаспие. Досега на 3 часа најмногу е оставен без мене, среќа не помина лошо. Уште сега се мислам како ли ќе остане некои 5 дена без мене кога здравје ќе се пораѓам со второто. Тоа ќе биде хаос. Со татко му се другарчиња ама... не знам што ќе биде кога ќе почне да ме бара И кај нас бебе 2 е машко, па Господ напомош
Не знаев дека си чекаш второ, со лесно. И мојата си е лепенка, еве ја седум има, ама мама си е мама. Си имаме посебна врска некако, многу сме слични. Со татко и шета, прави све, ама ако нешто боли мама, за заспивање мама, за било што е мама. Татко и малкуцка си е љубоморен, ама си наоѓа негови начини да си ја одржуваат врската, си има посебни игри со него. Он е тој што не знае за не, на глава му се качува, ама на крај пак мама, ќе си пукне. Јас и ќе ја искарам, ама не се смирува додека не се изгушка со мене и не си помуабетиме. За ручек леќа денес, најлесна работа ми е, прочитав негде по форумов, не се сеќавам каде дека исто беше и за некој друг. Ем лесно ем здраво, затоа два пати неделно може јадеме. Имајте си убав ден, пишување домашно, па малку шеткање и поминал денот.
Конечно МАМА слушнав. Како страмежливо и ни сам не си веруваше дека го кажа. Па си повторува цел насмеан и горд. Наеднаш како да ми порасна бебево. Сега како да имам детенце. Со мимики веќе кажува што сака, со прсте покажува, па дури и се расправа Ми го разведри тмурниов ден. Не ми се верува дека за 2 недели годинка полни. Летна времето. Колку брзо ми пораснаа и двајцата. А за губење ствари и маж ми и големиот мислам дека водат рекорд. Од наочари, капи, јакни, патиките за физичко, па дури и униформата за на училиште. Нешто ќе се најде, нешто не и веќе не се нервирам - навикнав.
Јас сум, и вкусна ми беше ептен ама ништо, Бејби има грчеви уште од зрната. Ќе си јадат момциве уште некое време.