еве имам и цица и дур цица она од другата страна е потпрена на мене кога го бањаме она ни помага он ако плаче она обавезно бара нешто и да исто ко што пиша поврзана со мене до максимум
Ех да имав опција да пуштам аудио снимка од мојава зоолошка градина вечерва. Втора вечер по ред мали не заспива на цицање туку се расположува уште толку, цика, се радува, гуга, прди со устето ... Вчера удри на плачки зошто инсистирав да заспие, овој пат го оставив сам да се успие, не го враќав на цице, не го малтретирав, го оставив да се умори на кревет и имаше шоу. Му вика на брат му а тој успан, гуга, цика, се радува, се смее, па прди со муцето лом не прави, па ќе викне по мене, јас намерно во дневна отидов, ќе се појавам јас он се кикоти... Се умори и заспа, сам без никој, брат му сам заспа на 18м прв пат, овој еве неколку пати досега му се дешава си заспива сам без напорно нишање, молење... Белки има за мене раат, со бато окапував до скоро 6г да го успивам, отров, овој планот е многу порано да оди на спиење сам и веќе на 3г да е преселен во кревет за големи. Па ќе видиме. Мајка одбројува до Ракета до лета планот. Од понеделник почнувам со програма. Јас веќе некое време доручекот го сменив, така да нема да ми дојде шок ненадејно, само апетитот за благо да го намалам. Ќе треба да направам готови ужинки за кризи, бар првата недела ќе имам сигурно, очекувам и главоболки и се, па ќе видиме. Засега ја скратив втората ужинка, внесов задолжителна вечер и се преусмерив на здрав појадок, па до понеделник да не ми дојде шок скроз. Кај мене проблемот е што јадам од досада, така да нека се оправа времето да си фатам патот секој ден со количка, да не ми е досадно и да можам да набивам километража. До враќање на работа имам само уште 4м, немам време за губење. Инаку ова време лани бевме во еуфорија за Бејби, точно на роденденот на мајка ми, пред 2 дена, дознавме дека сум бремена, 1г од веста што ни ги направи животите комплетни. Ама само на нас, од околината немаме никаков фидбек за него, едноставно на прсти се бројат луѓе што ми дошле на повојница, што ми дошле да го запознаат, да го видат, е ако де, така ќе враќаме и ние. Сто пати сум рекла, од вируси и бактерии не можеме да се заштитиме нажалост, и бато оди во школо и ние се движиме надвор во круг на луѓе, не сме под стаклено ѕвоно, ама џабе. Не барам поклони, нека дојдат да не видат доволно е. Едни другари 2 пати откажуваат, 2 пати спремам, 3ти нема да има па мајка јана. На крај дознавме дека едниот уствари лажел, измислувал болести за да не дојдат. Нека му е на чест.
Кај сите исто значи И кај мене големата додека не се роди малово со мене за рака заспиваше и преку ноќ ми порасна во голема девојка Со слабеење почнав јас, е сега тешко дека ќе бидам ракета до лета ама ќе биде подобро од пред да останам бремена сигурно. А со времево и јас се збудалев и мислам дека ме враќа назад во процесот на слабеење. Едно што дремам дома и не шетам, а друго е што се нешто грицкам. Што е до гости и повојница кренав раце јас. Мојава е 9++ на една рака да избројам колку дошле и тоа од блиска фамилија. Од друштво никој. Кај што требало сум била и по фамилија и по друштво, сега кој сака врата отворена кој не до тука било. Неможам со сила јас да терам некој, а што викаш повеќе ми е за мезе, друштво и муабет него подароци. Фала богу има се малово што треба, а за облека па до прво одд е покриена
А далеку од ракета до лета, ама да се упристојам. Али фино звучи де, да се надеваме. Кај мене баш се познава тоа што сум го качила во бременоста буквално ко пластелин налепен ми е, на бутките и стомакот и рацете. За гости, да ти кажам најмногу ми е за муабет со млади на наша возраст, за повозрасни имам странки тетки комшика тука ми се за секој ден, ама ми се прави муабет со некој на моја возраст и ми се пие пиво (безалкохолни за мене де) со мезе.
За гости, добар дел се поминати меѓутоа сеуште има баш и блиски што воопшто не се стапнати. На секое среќавање или слушање по телефон добиваме само ајде за брзо доаѓаме и толку. Прекинав да се замарам што ќе спремам, сум спремала и цели ручеци/вечери. Сега ако се јават навреме може и нешто домашно и повеќе. За такви кои се во фаза, вечер ќе поминеме или се канат 100 пати и откажуваат што имам дома во моментот следува. За килажа мора да се ставам на режим. Во бременост ставав по 1-2 кг месечно, на породилно исто. Јадам што ќе најдам, брзински од нога или кога шетаме нешто од пекара, тоа мора да го намалам и ако не до лето, до враќање на работа барем да сум во форма. Не знам за другите ама ужасно ми смета кога моето дете цело време се споредува со внучето од страна на свекрва. Па имаме, што се купиле аспиратор за нос, Х (внучето) воопшто не го сака бега од него. Исто за топломерот, Х плачи од ваков што сте купувале. Купил сопругот неколку кашички готови за кога ќе почнеме со вкусови, веднаш коментар Х овие не ги сакаше итн. Битно не знам кој ги исплаши свекор и свекрва од Рота вакцината меѓутоа само што спомнуваме дека е на ред да се стави на бебе, тие веднаш како радиоактивно го гледаат. Минатиот пат "случајно" се погоди терминот за на бањи да се поклопи со времето за вакцина. Сега повторно "случајно" роднини од друг град имале потреба од помош, па мора да се оди. Не се жалам што не се тука, само ми е интересна постапката.
Убави теми сте начнале. Колку сакам(в) 3то дете, ама немам живци веќе. Да беше второво како првото ќе раѓав, ама ова наплатува за двете. Искрено не ни знам од каде ги вадам резервите, секој момент мислам дека ќе колабирам. Башка сами со сопругот, кој што сака нека каже ама помош е да се има баба сервис (ама разбран сервис). Тоа ние не сме го доживеале. Бебе е 10м., до сега по три пати го имаат видено на 2ч. од двете страни. До година може едно раче ќе фати. Ама па колку е хаос, толку и е мир, нема кој да ни соли памет. До сега поделени се децава, цицољуб со мене, а колаче со татко му. Они се неразделни од прв ден, се надевам и второво како расте ќе се приврзе за него, ја сакам да одморам. Последниве 2 години сум само бремена, раѓам, думкам, каши спремам, дојам...епа доста е. Ослабнав од мамафит многу, буквално се стопив. Сега уплатив на летен не ни знам зошто, битно сум задоволна од себе. Сега не сум стегната, оти не вежбам, ама тоа здравје за наредно лето кога (белким) ќе имам сила. Не е реклама да не мисли некој, чисто си се фалам. Па и на работа комплименти, епа значат, поготово од жена. Ова е единственото нешто што го направив за себе последниве години и ќе фрцкам сега. На одмор закажавме, паника ме фака со бебе во кола, не сака да се вози ич, ама нели ќе смени коментарите, тој до сега не смени ништо, ама ај ќе се тешам дур да дојде денот за тргање. Убав ден. Гледам сонце, зарем сонце конечно ќе не грее.
Мало е моево, 4м, цице му е се, а како што гледам се ќе му остане. Пијам по пола чашка ракија или узо, чашка вино, е пивце оти сакам многу пијам по 2-3 безалкохолни.
За гостите сакале дошле сакале не сеуште е малечок нема 40 дена ама како дошле така и јас ке одам ,керкичката ми е родено во Ковид и тоа на почеток кога од дома ни бранеа да излеземе па се навикнав како е никој да не иде А во однос на споредби мене второ дете ми е ама свекрвами обавезно прашува золвата како правела за нејзиното :/ а помал е од девојчето мое Па за јадење ги споредува керката со внукот од золвата па све Мн е советодавна ама овој пат доста ограничена во влијанието за разлика од со керками ,тогаш бев млада барав помош сега и кога се нуди гледам да ја одбијам колку можам да се снајдам сама нека орави ручек и тоа е од голема помош Пошто секој коментар и е малициозен и џабе ми помош кога имам психички булинг при тоа "Ладно му е " " Гладен е " " тоа алиште не е убав материјал" "Зошто си ја облекла малата во хеланки за градинка ја стегаат " ( дома е 25 ,бебе нацицано ,а на малата алиштата и се за број поголеми ) ама не престанува луѓе секогаш наога нешто да ми коментира и ме труе после неа се чуствувам напнато и негативно полна е со неубава енергија и фрустрации Затоа и комуникацијата со неа јас сведов на минимум Морам смамо да спомнам момент од вчера Се враќаме од лулашки со малата и во кола имаше 2 кесички смоки од завчера купени неотворени ....Малата вика мамо јас ке го јадам овие а овие другиве да и ги дадам на баба ,вика ок ајде истрча кај неа да и ги даде и пазете коментар од бабаи " Де бре зар тие смоки што седеа од колата и ги даде " Викам да тие се вчера купени неотворени и на тоа коментар " Да ама стоеа во колата на топло " ајме боже сачувај пошто смоките ги сотавуваат во фрижидер ако не сте знаеле до продавница луда работа Среќа што не сме во иста куќа развод до сега
На моменти кога те читам, како себе да се читам. Незнам од која страна се пренасочуваш во ИТ. Мене работата ми е многу поврзана со тоа и долго се мислев и одлагав свесно да земам официјално со папирче да се пренасочам. Се намачивме за децава и некако многу години ми отидоа низ вода и ме прегазија. Не дека сега ми е касно особено што имам прилично добра подлога зошто работата ми е многу врзана со ова, повеќе отколку со економија, ама сега треба добро да осмислам во кој правец би го правела развојот. Особено што сега има и позиција, а богами и плата што незнам како би ја достигнала без искуство (ова официјално де). Ама да се вратам и од ова породилно па ќе ковам план за понатаму. Ако сака нека се бања, ама мојов е зимурлив нема да сака да влезе. За среќа надежно е дека ќе се оправи времево. Ај добар ден, Дојдов да си се пожалам. Утрово мм ме рабуди да ми каже дека замрзнувачот ни останал подотворен ноќеска. Си го преплакав молзеното млеко . Имав сигурно 2л складирано. Толку многу се изнервирав што заборавив на мм да му честитам роденден. Неколку кесенца денес ќе доодмрзнам и ќе му ги дадам, таман за тоа време да подизмолзам бар нешто за во замрзнувач, другото за жал толку ќе оди фира . А за мм ќе мора да се искупам некако. Кај нас гомеиот генерално е лепенка за двајцата. Малку повеќе за мене откако бев во болница, ама генерално може и без мене и без татко му дури и без двајцата ама се додека дојде време за спиење. За спиење, кај и да е дома да е. А таман требаше да вежбаме спиење со баба му и дедо му за да може и на одмор да го носат со нив, преспа успешно неколку пати, ама се пресече кога завршив во болница пред нг, па после и со пораѓајот. Го враќаа еднаш во 11 навечер со плачки и од тогаш не го форсираме. Договорот е кога сам ќе одлучи да каже дека сака да преспие. А убаво ќе беше сега на крај на Јуни со нив да го пуштам на море. Вториов ќе видиме. За сега е исто со двајцата, само заради цице малку повеќе со мене, а инаку најмногу муабет и му се смее на брат му. Туку јас пак ќе прашам, уствари ќе испратам апел - мајки немојте на ден како денешниов да покривате деца со зимско ќебе и/или зимска прекривка. Жално е. колку и да е мало, надвор особено денес беше претопло. На неколку пати и денес и пред два дена ќе подзастанев да искарам некоја мајка што се соблекла по кратки, ама битно дете изнаоблечено и препокриено. Ама брзо се повлекувам. Битно мене бабите низ маало не пропуштија да ми искоментираат за босите нозе. Ама што да правам кога имам склетчија дете кое не се смирува додека не соблечам чорапи. Бебе во моментов игра на земја, големиот гледа free Willy. Имајте убав викенд.
Не знам што направи со млекото ама има едно правило, ако не е одмрзнато повеќе од 50% не се фрла. Нас ни снема струја 2 дена со големото и многу се плашев, прашав во една америчка група кај што има консултант за лантација за молзење баш и од неа совет ми е, дури и да го извадам да се одмрзне, ако се предомислам или не треба а не е доодмрзнато, да не го фрлам, да го вратам. Таму се надоврзам дека и со помалку мраз враќале назад. И стварно, се замрзна пак и бато испи се после тоа. Мајкава денес се спреми во 12, фати патот и се прибра во 4, што убаво ни беше. Цицавме кај ќе не фати, спиевме колку за атер, боси шетавме, ма да носеше боди по кратки и на кратко ќе го соблечев. И да имав крема да го намачкам нели. Ептен ми е бел ќе се напраи рак ненамачкан. Лепота. Преубав ден со бебе. Бевме кај мене на работа, бевме на пазар, бевме во паркче, бевме да пазариме, се одморивме, каснавме сладолед и по бато.
Мила, мојата професија не е воопшто поврзана со ИТ ама како што реков, отсекогаш ме интересирало и сум си чепкала сама. И онака сакав да сменам работа и сега мислам дека е вистинското време, бидејќи ако се вратам на работа ќе немам време и да работам и дете да гледам и да учам. Единствено жалам што порано не се одлучив на ваков чекор иако работата си ја сакав, средината беше токсична и веќе не можев да издржам, знаев дека морам да направам промена и тоа драстична. Во однос на платата, секако дека се почнува со помала плата ама па за разлика од други сектори брзо се напредува и се достигнува баш солидна плата, плус ти си во предност со твоето искуство. Не се двоуми штом имаш искуство и само напред гази си!
Бидна. Како не ми текна да ти пишам порано. Ги имав префрлено уште утрово во обичен и денес испи две, три кесенца. Другиве до кога смејам да ги давам. Само 24часа или можам и утре на пример цел ден, таман да ги заменам со ново молзено во длабоко?
Ако не го испие до утре или стај го во бањање во кадичка или фрли го, не го чувај. Ееее во странство го носат млекото на драј фризинг и им го прават во прав, како формула, се меша исто ко формула и си пијат деца, 1г трае така, овде кај нас за 2 века ќе стигне тоа гарант. Јас ќе морам да го пробам еднаш два пати од смрзнатото, на свадба сме во сабота, да не го фати инат да не сака да пие па да ме врати маж назад.
Има специјални зип кеси за замрзнување млеко во бебешкиве. Како најприфатлива цена се на бејби џем (370) или кикабу (околу 400) по 25 кесенца во лококроко. Обавезно пробај да не заборавил од шише да пие . Добро утро, за кого како. Регресија на спиење на најјако. Ноќеска првото спиење беше 3 саати, после на максимум 1 саат се будеше. Во моментов пивнувам кафе и вака се чувствувам. Имајте убав ден
Па божем даваме одвреме навреме, ама џабе даваме тој пусти си сака цице не му е ќеиф шишето. Не знам големото твое дали би го пиел, мојот пие, знае да рече де малку млекце дај ми од на Маре (го завикавме дома сите малово Маре) кога молзев редовно знаев да складирам една чашка, една за него обавезно или па ако нема за цела чашка тој си го пиеше. Иначе и ние имаме регресија на сон, ама само на денски, ноќе си спиеме уште. 2 вечери правеше маки да остане до 10, ама толку беше, си спие сега пак по старо и пак си почна со 1 будење преку ноќ и после сабајле дури. Само што се научи да станува порано за да спие повеќе до мене, како се пика, раката ќе ми ја бутне во врат и нема мрдање. Јутар! Спиеме со звуци на океан од телефон, заспа најнеодоливо на свет, ко оние куклите бебиња, таков е, да го земеш да то штипкаш. Облековме маица по кратки и дуксер, ја гледам маицата за 6-9 месеци, а и се чудев на некоја мајка овде кога ќе пишеше бебето има 4м носи алишта за 9м, ама ете, напредно цицалче. Не е дебел, повеќе е долг, али напреден е секако. Следнава контрола рекоа лапачка ќе ни даваат, со 5ипол месеци почна и бато, може нешто покасно. Засега заинтересиран е за јадење, кога давам капки се џапа за лажичката, си шматка слатко, ние ако јадеме он до нас подголтнува, џвака со нас, па ќе видиме. Иде мајка да измие коса пред да ми капне зејтин од неа, тоа е кратка коса, почесто се фаќа и повеќе се мрси, јбг. А мислев ја скратив се спасив, ама се зезнав. Бате е денес на шишање со тате, мама здравје кога ќе го крстиме бебули, во јули. Убав ден!
Хај мамаситас! Конечно украдов време да пишам на темава. Често си велам да пишам нешто, ама сѐ нешто излегува и заборавам. Не сум пишала од 1ви март, а се сеќавам кога се породив на 2 дена реферати пишував, да му се смачи на човек. Се чувствувам како да е забрзано времето, ми летаат деновите ко на турбо да се пуштени. Не ми се верува дека стигнав до 18та недела, скоро на средина сум на бременоста, а ко вчера тест да правев. Многу малку спијам, а пукам од енергија, којзнае од каде. Јас, таа што без 10ч сон не можев да функционирам, моментално спијам по 5ч и сум спремна за поход. Станата пред аларм, пред маж, пред дете. Да се чуди човек. Се надевам дека до крај ќе ме држи ваква енергија и ентузијазам, оти во првата бременост како пингвин бев на крај, не можев да одам. Последниве денови со либе активно бараме понуди за на одмор. Ама двајцата за на различно место и за во различно време. Некогаш не можам да си верувам колку сме различни. Маж запнал за одмор на почеток на август, му било страв со бремена жена во 8ми месец да оди на одмор. Оти Грција е преку океан, па не можиме одма да си дојдиме ако почни процесот порано. А ни болници таму нема исто така. Од самата помисла колку е жешко во август, од сега ми се прислошува, ама ела докажи се. Големиот батко тргна во градинка. Љубов ми е, колку е само нежен и мирен. Со плачки оди, ама оди, не се молкниме, пушта раце кон негователката и плачи. Одиме по пат и се жали 'јас не сакам во градинка, сакам со мама и тато. Видете колку сум голем и силен и умен, не сакам да одам во градинка. Не сакам кај децата во градинка, сакам кај децата во паркот' низ солзи. Викаат дури да заминиме бил таков, после бил добар. Кога го земаме е насмеан дури не види и пак почнува да плачи, тажно со липање. Срце мајкино, душа ме боли, ама за негово добро е. После 10 секунди почнува манипулаторски 'ми купи крофна? Ќе одиме во паркот да возам плав џип?' И прав кодош е, сѐ кажува кој шо праел во градинка. Кој јадел, кој плачел, кој го карала учителката.. 'А ти мама шо праеше?' 'Чекав да ме земат мама и тато.' Прцул број 2 е многу мистериозен. Стега нозе на секој преглед, не дава да видиме пол. А толку ми е мерак да поткупам нешто, ама не. Почнавме да ја правиме детската за бато, ама тој таму ќе си играл само, а навечер ќе спиел во големата спална со мама и тато, а бебето да спиело во малата спална. Тек колку ќе биди тешка таа адаптација на ново бебе дома, од сега паника ме фаќа. Се разбуди љубовта, мама оди да ја спреми масата за ручек. Имајте убав ден мајки, гушкајте љубови најголеми. ПС: на темава многу ми фалат постовите на @Ava.84 @Bubce38 и @Chanell*.