Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.558
    Допаѓања:
    7.353
    Пол:
    Женски
    Бебе се успа 4 часа ама веќе денови дремките преку ден и се по пола час 2-3 пати и изгледа веќе беше преморена.

    Кога не спие не знам што да правам со неа, какви активности да смислуваме посебно во врнежливи денови. Кога спие вака долго не знам што да правам со себе :D .
     
    На Oneo, *malenavolena*87, Freckles. и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.950
    Допаѓања:
    12.960
    Пол:
    Женски
    Секоја вечер сум си будна до ниедно време, па сабајле не можам да се освестам и да го издржам денот. Имаше некои заебанции на 7 ипол месеци, скокови, регресии? Не знам што му е на бебево, го заспивам во 20-21h, дремнува пола саат и почнува журка до 1h. Решение?
     
    На mal.ecka и sani99 им се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.897
    Допаѓања:
    110.122
    Пол:
    Женски
    Пролонгирај го заспивањето за покасно, 45мин покасно пример, и така иде лето и ќе се шета надвор до покасно, таман ќе ти дојде. И јас дремам уште доста откако ќе заспијат сите, ама тоа ми е едино време за мене и го користам макс.

    Мајка на два огна. Бате во дневна болен, бебе со мене во спална, па кој што прави бебе ќе цица, па трк во дневна да мерам тт. За 37 до 38 температура е усвитен ко да има најмалку 39.5. Некој вирус е закачен, ама кој. Само и бебе да не го прифати. И у школо се со намален состав, од таму приметив дека е вирус. Ајде бар крај година е веќе нема многу да изгуби, ќе споиме со утре неработен, па ако е добар во четврток ќе го пратам, ако не ќе си поседи дома. Додуша почна утрово да кашла длабоко, ќе да е за седење цела недела. Ќе видиме, нека е он добар, и така се што учеа во прво одделение тек сега совладува нешто што не знае, метрички системи и гледање часовник.

    Бејби не знам како ќе го покриеме, вреќата му омале, за малку сега да купувам нова не ми се купува, само крева нозе и шутира ќебе. Имам едни шпихозни фротирни, па викам да го облакам во нив, некако целосни се и многу топлат, па нека спие во нив додека да се стопли за да спие гол. Живец, да не застане на едно место 3мин, нон стоп да мрда, да прета, да скока, да вика, цело внимание на него да е. Го зимам со мене и во кујна, хранилката е 0+, го ставам до мене, пред мене во релаксатор кога пијам кафе, до мене во количка кога седам надвор некаде и нормално се научи да биде цело внимание на него и сега само се зголемува потребата за внимание.
     
    На danichap, Bubish26, Freckles. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.950
    Допаѓања:
    12.960
    Пол:
    Женски
    Го пробав и тоа и пак дремнува пола саат. Веројатно уште си е навикнат на 3 дремки и сме во таа промена од 3 во 2.
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.389
    Допаѓања:
    31.736
    Пол:
    Женски
    Има цело време нешто срц :D. Да не крати дремка плус?
     
    На Skyler му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.950
    Допаѓања:
    12.960
    Пол:
    Женски
    Па изгледа, така мислам и јас. Изгледа не знае да си ја скрати :D
     
  7. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.159
    Допаѓања:
    26.062
    Пол:
    Женски
    Охх ајде од почеток да почнам.

    Нина беше спремана од старт за бебенце, немаше ден да не ме гушне, да не ја спомне, вклучена во секоја активност што беше поврзана со бебе.

    Првата реакција.. па луѓе не можам да ви опишам, колку емоции може да има едно три годишно дете.. тој поглед, таа насмевка, тоа нежно галење и солзичка на очи додека ја гледаше нема никогаш да ги заборам, фала Богу и ги снимавме, да си се гледаат кога ќе пораснат.

    Првиот ден дома поминавме супер, вториот тук и таму имаше по некоја реакција од типот нараниме мама ти, преслечиме мама ти, а јас со бебе на града. Мулти такскинг ама мора. Од една страна бебе, од друга она и гушкање.

    Трет ден бевме со мајка ми сами дома, цел ден имаше некои кризи љубоморни, не знаеше како да изреагира, како да се носи со целата ситуација.

    Јас луѓе немав душа, распукана на 1000 парчиња од тага по неа, на помислата колку и е тешко, до вчера мама била достапна за неа 3 години 24/7, сите околу неа, наеднаш мама е зафатена. Едно 20 пати се расплакав од жал, згора на се што ме изнервира премногу и се дерев на неа, она сирота плачеше неутешно ама за малце ќе скокнеше врз бебе, немам 100 раце, ептен беше лоша.

    После тоа следеше смирен разговор и гушкање, сега за сега прво заспивам бебе, па одма после неа, не прифаќа со татко и ама во ред е, само нека не се осеќа одфрлено, а една од поголемите победи бар сега за сега е што заспиваат и двете на време во 8-8:30 саатот, бебе уште не знае нели ден и ноќ ама овој ритам ни одговара на сите иако како расте ќе треба тој саат да се намали и во 7-7:30 да е заспано.


    После следеше милина дома, тата ни беше слободен, секој си ги знаеме обрврските дома и знаеме како си функционираме, он е околу големава и јадење, јас околу бебе и мир за мене. Обожавам кога е он слободен и посветен на нас, се е многу полесно и сите сме некако психички по јаки амаа мора и да се работиии.. еве вчера се погоди со состаноци, јас преглед со бебе имав, зедов голема од градинка со бебе заедно, од таму сами по доктори, па назад.. колку е стресно по јавни превозиии аууу па имаше пред влез еден лош тантрум оти одиме дома, а не во парк, среќа па бебе за сега да не подречам глас не му се слуша и се радправам само со големава, иначе кога ќе почнат заедно да врискаат маа тоа ќе е лудница.


    Големава ја гушка ептееен,кажува дека е наше бебе и ние си го чуваме амаа иако она од бебе беше темпераментна и пргава, ситуацијава ја напеави да не престанува на наши предупредувања. Надвор од контрола сме со граници, не знам како ќе се вратиме, знам дека тееба да и дадеме време и ние сме уште во шок ( иначе маж исто може да е во постпородилна депресија?) амаа тера бате по нејзино само очелувам да се расцепи со нешто. То е вода на сите страни, трева дома носи од на тераса, само што ќе исмукам избришам она намерно гази секаде со папучите од надвор напраени со креди, ѕидот е рашлакан со некоја си каша онаа шо си ја правела во нејзината кујна. Ако и свикаш полоша е, ако не и свикаш ти се качува на глава секако. Не сум паметна, размислуваме за консултации со психолог, сите да си олесниме.


    А јас, јас се осеќам добро, психички постабилно од со првото и покрај поголемиот хаос, тело ми се враќа во нормала, се потам ненормално многу, посебно во спиење, плачамм дааа ама поминува брзо, користиме убаво време надбор со бебе и полнам батерии.
     
    На Coco31, hello-kitty.90, MumToBe и 25 други им се допаѓа ова.
  8. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.159
    Допаѓања:
    26.062
    Пол:
    Женски
    Исто како што опишуваш, кај мене беше/е првото. Од активност, до внимание, па и живчана. Не спие покриена од бебе, уштњ ништо на неа, не трпи да е покриена, ако се покрие е за 5 мин жива вода, па ја тормозам и ја будам да се преслечи, ако не е будењето од моја страна, тогаш станува сама и шутира нервозно прекривката ( и чаршавче да е). Едното изгледа мора да се погоди да е понемирно и позахтевно.
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    119.227
    Пол:
    Женски
    Аххх, те читам и си плачам, мн емотивно те доживеав.;(
    Ќерка ми би била 2г и 9м кога ќе дојде бејби број 2.
    Деновиве по дома спремаме нели за бебето, во се учествува со нас. Цело време ја збори, а јас кога ми се качува на глава знам да ја искарам па потоа таа заборава а мене срце ме боли за кога ќе дојде периодот како вие сега што сте.
    Ќе можам ли да ја поделам љубовта на две?;( мн прашања имам во главата. Иако она е татина маза, сепак сакам да учествувам и јас во се, барем да ја слушам и гледам:inlove: синоќа кога виде дека креветчето го спремивме за бебето, децидна беше, бебето со нас ќе спиело, таа во креветче оти била дада. Луѓе заспа во секунда, првпат цела вечер, јас и маж ми разделени на краевите на спална (исто како она кога спие со нас) и се ѕвериме кон креветчето. Таа си спие, јас си плачам, хормониве ме убиваат.
    Болно ја сакам, болно:l:
    Колку што проплакав за да ја добијам толку сега ми е мака дека ќе ја делам, дури и неубаво од моја страна вака да размислувам, греота и за бебево што си го носам. Ја сакам и неа, знам. Но ете болката и љубовта кон првата радост неможам да ги оттргнам.
    Само паметот да ми е сочуван....

    Ми олесна малку одкога се искажав овде:$
     
    На Coco31, hello-kitty.90, MumToBe и 18 други им се допаѓа ова.
  10. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    2.109
    Пол:
    Женски
    Леле мајки фала за просветлувањето. 2+ недели станува точно по 45 мин од заспивање. Пробав и порано и покасно да го заспијам, иста приказна. Се чудев што му е, ама еве што била работата.
    Имаше 4 дремки, скрати на 3. Е ама вчера стана во 5 сабајле и имаше простор за 4та дремка. "Финално" заспа во 20:30 и спиеше без будење до 3 сабајле.
    Останатите денови стануваше 45 мин по заспивање и после се будеше на секој саат до 3 сабајле. Секое будење со вриштење.
    Уште да кажете до кога ќе трае ова :D Некогаш џабе легнувам. Таман ќе заспијам, ќе стане. :drunk:
     
    Последна измена: 23 мај 2023
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.159
    Допаѓања:
    26.062
    Пол:
    Женски
    Охх љубовта нема да ја делиш, туки ќе си се зголеми дупло и ќе имаш за двете дечиња под еднакво. Јас сум една на мајка, не знам оти ама верубам дека сите деца исто се сакаат ама со некои си поприврзан и позаштитнички настроен, од тоа се плашам.. првото е мамина, мама и е буквално цел свет. Многу е снаодлива, самостална, пргава и цврста, не бара помош за ништо. Ова ако е кротко, нежно.. тоа ме плаши. Само плачам за големава ама верувам дека ќе се прилагодиме сите и ќе фатиме некој ритам.
     
    На Coco31, MumToBe, Sofi.ja и 7 други им се допаѓа ова.
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    289.017
    Добар ден
    Напишавме домашно со големата, поучивме, вежбаше читањето, сега на заслужен одмор до крајот на денот. Јас да здивнам па да одам двете да ги земам од градинка. Бебуш го прошетав сабајле до лидл, доста му е, не е убаво времето за да го мкнам непотребно натаму наваму.
    Вчера беше преубав ден, од омарнина синоќа истури, па денес одма посвежо. Понеделник има големата логопед, потоа ги земам двете од градинка и со сите три одиме на сладолед.
    Посакувам уште многу вакви спокојни и сончеви денови. Во меѓу време имаме сладолед во фрижидер.

    Од другата недела две недели распуст. Утре ќе стаса куќучката со лизгалка и лулашки за во двор, па со надеж викендов да ја монтираат и да имаат деца занимација во двор. Ќе биде и тоа цел ден работа, плус ќе мора мм да најде уште еден да му помага, се надевам ќе успее.

    Со три мали деца бевме постојано активни во природа, комбинацијава плус бебе ми е невозможна, па мора да бараме други алтернативи. Уствари преку улица имаме мала шумичка, ама ни таа не е асално проодна за со количка.


    И така.
    Да фаќам патот и да тргам по децата.
     
    На Coco31, hello-kitty.90, mal.ecka и 9 други им се допаѓа ова.
  13. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    813
    Допаѓања:
    3.195
    Јас зедов од нанам од 6 до 18 месеци ама голема беше доста, па свекрва ми ги стесна отворите за ракави и малку ја стесна (таа има и ракави што се додаваат, но не ги користев воопшто), ама не го исече вишокот материјал туку го среди некако да не смета за да може само да го отпараме шиеното кога веќе ќе и е тесна.

    Колку време поминува од последната дремка до легнувањето навечер? Види да не е многу касно третата дремка.
    Инаку кога се отфрла една дремка во тој преоден период можеш последната дремка да ја направиш „мини дремка“, т.е. да го будиш за 15 минути.
    upload_2023-5-23_14-41-40.png
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.897
    Допаѓања:
    110.122
    Пол:
    Женски
    Љубовта со две деца не се дели, се дуплира ма триплира, мислам дека повеќе не сум имала љубов во мене за сите деца на светов, а за моите па мислам дека сфатив што значи љубов со второво. Па и дека е милозливо, се гали, се мази, ауууу.... Мислам дека се топам со двајцата сега. Ми недостига почесто бате да го гушкам, ама тоа е сега.
     
    На Brpbrp, sani99, *malenavolena*87 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    Добар ден и од мене.

    Деца спијат,штама е дома.
    Бејби ми лежи на гради и спие, ја оставам на кревет и кенка, а алиштата чекаат да се распоредат по шкафови, плус сушара некој да наполни и пушти,садови да се измијат и уште една машина испрана и исушена чека да биде здиплена. А невозможно е моментално (facepalm)
    Дури вечер кога ќе заспијат..
    Од прв ден ги заспивам сите заедно и досега е успешно.
    Како ќе расте бебе може нема да е возможно, ама засега е супер.
    Навечер заспиваат рано, во 9 се во кревет па имам време за да сработам по дома што треба, да се истуширам и легнам. А се осеќам и одморена иако сум свесна дека повеќе од 5 не ми се собира да спијам, ама се научив да животаркам:D
    Големата кога беше бебе бев ептен исфрустрирана дека не спијам, не можев да се помирам мислам, а сега ми е некако сеедно, не сум осетила нервоза зошто бебе не ме остава да спијам:lol:
    Малото спие со мене на спална, дадите во детска а маж во дневна. Средното бејби мое секоја ноќ е до мене на спална, си спие до кај 4 во соба и после е обавезно до мене :inlove:
    Јас ја оставам, мм ако стане ја враќа назад во кревет за да не се тесниме., а и пред некој ден на бебе перницата му ја имаше ставено преку целото лице,ќе ја угушеше, а јас во тоалет бев, 3часот наутро беше..да ме немаше уште една минутка знам што ќе беше, и не можам да се помирам со тоа.. само малку да закаснев фалеше .. а тешка и голема перница е ..;(
    Денес бебешкото креветче ќе го монтирам, и бебе таму ќе спие. Раат да сум, може ќе негодува отпочеток ама сега е време да се научи.

    Љубомора и кај моите има, нерви слабо имам, те се дерам те ќе ја шлапнам по газе средната дада, ми се испушти раката и шамар о шлапнав некни :worried: јес да полека, ама ја шлапнав.
    Многу бељи ми прави … гола ми бега надвор, вода истура врз перална, сок истура на тепих или кафето ќе ми го земе ми го носи во спална и ми го истура на ламинат и тоа е се намерно, пепељари мава крши, ножиците на бебе ги зема косата ќе си ја сечела.. не се разбира од НЕ и НЕ МОЖЕ, само и само внимание да ми привлече.
    Деновиве успевам да се контролирам и да не им викам, ама се тепаат и ме нервираат :D
    Се ставам на нивно место и знам како е да е некој стално нервозен пред тебе, да бараш да си слушнат и гушнат а да нема од кого, па си бројам до 10 и на плачот и врисокот реагирам позитивно.
    Ви се верува ли дека една прошетка и една прегратка не памтам од моето детсво од мајка ми? Со денови ова си го мислам,некои флешови ми се враќаат, имам супер однос со неа еве, ама никогаш не не гушкаше, или да не погали или бакне, или легне во кревет, или прикаска да ни каже .. се нервози, се напнатост, нон стоп дерења, нон стоп тепање, ете тоа го памтам.
    И за јазик се гризам кога ќе се развикам, знам каква сакам да ме памтат кога ќе потпораснат..
    Знам дека не сум идеална мајка, ама знам и дека за нив сум најдобра. Знам и дека после караница ме сакаат зошто идат да се гушнеме, значи ми простиле.
    И секој слободен момент го користам на overthinking и си наоѓам 1001 маана за моето мајчинство .. ама сакам сум подобра.
    Знам дека мојата љубов кон сите три е иста, и само од ден на ден расте. И ќе порасне и бебето и ќе имаме време пак за шетање,играње и забава. Можеби изгледа дека вечно ќе биде вака напнато и со недостиг на време, но ќе помине и ова. Колку што сакам да помине, толку сакам и да потрае и да се малечки уште малку ..
    Засега бебе ми е најголемо гушкалче, ама и другите две ми се мази размазени. :l:

    Ќе пишував уште, ама да одам да будам деца, касно ги фати денес дремката, а не би да дремат вечер д о 12.
    Убав ден имајте:hug:
     
    На Coco31, hello-kitty.90, Freckles. и 25 други им се допаѓа ова.
  16. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.950
    Допаѓања:
    12.960
    Пол:
    Женски
    До 17-18h ја спие втората дремка и во 20-21h го легнувам да спие. Некако се уште е навикнат на 3 дремки и фактички таа му е третата, се буди и после заспива во 00h. Не знам како да презаспие одма кога ќе се разбуди и да продолжи до сабајле, се буди насмеан, расположен.
     
  17. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.346
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Бебе ми е 10м ако го легнам во 19ч мислам ќе ми стане во 3 часот спремен за игра. Ако некој ја знае тајната на 12 часа сон навечер нека ја сподели:rofl:
     
  18. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.950
    Допаѓања:
    12.960
    Пол:
    Женски
    12 не ама 10 саати ги спие без проблем :D Бебето треба да се погоди, нема тајна(fingers)
    Ама затоа големиот на 3 години се буди како новороденче, мир нема од него.
     
    На Bebetoo и Zumbulche им се допаѓа ова.
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.130
    Пол:
    Женски
    Yep, имам и јас такво дете и подобро е до негде сега на 2 години... се буди пак нон-стоп навечер ама бар не игра. Инаку сум го оставала да игра сред ноќ по сат-два, едноставно немаше шанси да заспие никако. И додека беше новороденче па до некои 7-8 месеци од 4.30 меревме празни улици со количката. Свеж, наспан, дотогаш веќе и облечен, а ние кафето испиено. Во 4 стануваше спремен да го почне денот, ама бар рано му почнуваше вечерното спиење, кон 6-7.
    Сега нема шанси да заспие пред 9, 9.30, а пак си станува во 6. (facepalm)

    11-12 часа сон? Не се случило и постепено си сфатив дека не е таков спијач по природа. Муабетов ми е, не ја знам таа тајната. :D
     
    На hello-kitty.90, Bebetoo, Ava.84 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. TinnaMinna

    TinnaMinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2022
    Пораки:
    547
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Женски
    Блазе си ви колку рано ви заспиваат
    Мојов ако заспие во 7-8 и спие пола саат и после више во 12-1-2 зависи,ама сабајле спиеме до 11 неможам ред да фатам доручек,ручек,вечера многу касно ми е:worried:
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.