Сонот ствара сон, бебиња што спијат спијат, тие што не спијат нема шанси да спојат сон од 12 саата. Не спие 12 бебево мое 12 саата да се разбереме. 10-11 да навечер, плус 4-5 дремки кога од 10мин, кога пола саат, кога саатипол, ама спијач е и кога спие убаво спие повеќе, кога има нешто и ќе му се наруши сонот ни навечер не спие убаво. Иначе грешка е да оставиш бебе да игра навечер, нека стане, ќе се врти и ќе презаспие, имаше и големиот таков период, темница оставав и си гугаше, си збореше нешто, ама не го зимав да го носам да игра во дневна. Сигналите до мозокот што се испраќаат се битни. Ми се погодиле децата изгледа спијачи, така ми викаат, ми викаа ќе видиш првото спиеше второво нема да спие, ама ги зезна и второво. Сметам дека и ние може да влијаеме, рутина да се воспостави и да се постават приоритети, додека се доведе ред, е после и некоја ноќ да ја преспие на столчиња или во количка не е страшно, важно се знае сонот за што е. Кај нас секој ден завршува исто, со бебе во 8ипол макс 9 се повлекуваме, мењање пелена, ако се бањаме навечер бањање, ако не само преслакање во чисти алишта, цицање, галење, шушкало и толку макс 9ипол е кома, бато најчесто со нас ама се случува кај него и 10 да го фати, и со него кога беше бебе исто го правевме, и кога сме спиеле во дневна сите и кога сме спиеле во спална, прекршена точка мора да има кога се гасат светла, се намалува звук и се стишува атмосфера.
Ах бе Ангел, колку пати сум ги добивала истите коментари - грешка е ова, грешка е она. Сами знаеме дека сме направиле милион грешки, ко и сите други родители. Во теорија супер, ехеее моето ќе беше најумно и најмирно бебе со рутината и правилата што си ги имав замислено. Ќе јадеше се', ќе играше самостојно од 6 месеци, ќе седеше мирен во количка, седиште и креветче, и ќе спиеше супер. Остави темница, нека си гуга кога ќе се разбуди и ќе заспие. Бухахаххах. Секако. Изборот ми се сведе на - остави го да вреска со цела сила 2 сати (зашто ова дете не кенка, не потплакува, не плаче, туку се корне со цело битие буквално ) или земи го остај го да поигра 1-2 сати. Според мене беше грешка да го оставам да плаче толку, а знам дека многу родители тоа го бираат ама секој бира за своето дете. Ги бираме битките, поставувам граници за други работи, нешто што не смее не смее и готово, ама тоа веќе откако почна да разбира и се разбираме. Не може за се' да бидам диктатор. Ја надмина и мојот таа фаза, можда подолго траеше ама ја надрасна, сега бар не станува скроз, презаспива сам. Истото ќе беше и со другиот избор. Имаме и ние правила и рутини, ама има и бебиња/деца што не прифаќаат рутини. Некогаш изборот е да прифатиш дека си има свој карактер и да се прилагодиш на него додека и него го прилагодуваш на семејната рутина.
Здраво мајки. Да се пријавам и јас од тимот мајки со деца кои заспиваат во 9 а се будат во 9. Си спие 12 часа без мака, може да се разбуди за вода само. Од бебе денски спиеше помалку според возраста, дремка исфрли рано, ама затоа ноќите си ги преспива. Уште малку и дојде времето за одмор. Јас не ослабнав според планирано, ама тоа е што е. Средував плакар на синко и 90% од алиштата му се мали. Тренерки кои во есен му беа добри сега му се куси. За лето исто така нема ништо, една тура од пепко купив, ама треба уште една, нема 10 маици се на се. И сандалките изгледа му се смалија, ке треба нови да земам. Битно кофа со лопатка за одмор купивме. Пресреќен е зошто ке оди со друштво, дете со кое обожава да се игра, и ние родителите сме биле пред да имаме деца, многу убаво се согласуваме со овој пар. На професионален план, морам да се пофалам дека добив две работи. Фелксибилни се и работам по 40-50 часа неделно ама комбинирам и не губам од времето со синко. Неверојатно ми е за колку краток период напредував и од аплицирање на 10 работи на ден, сега самите ми праќаат понуди. Од личност која ја финансираат, сега земам многу висока плата, дури и повисока од некои кои работат 20 години, и сум горда на себе. Кога гледам слики од бебе, си пуштам по некоја солзичка. Зошто растат толку брзо? Како минува време, се поубедена сум дека не сакам второ. Убав ден мајки. Гушкајте ги, пребрзо растат.
Види децава учат многу брзо, за час, сфатил дека ќе го играш навечер и толку. Нормално дека нема да го оставиш да се дере, ќе го смириш како знаеш, ама прекинат сон е прекинат сон и тоа е тоа. Спиењето се тренира, се учи, многу повеќе од што мислиме може да делуваме. Ама секој си знае за своето и тоа е најправилно, мор е да дадам совет ако сакаш, ако не твое е да тераш како ти одговара.
И јадењето наводно се учи и тренира, јас моето не успеав да го истренирам. До 3 - 3 и пол години имаше војна за јадење. Пробав се од методи и техники, не успеа. Не, не се сите деца лесни за тренирање, ги има и темпераментни и со јак карактер. Наместо да менуваш рутина целосна, полесно и помалку трауматично за сите е да се прилагодиш според детето. Сите тренинзи за да успеат, во крајна линија го имаат плачењето, да плаче плаче и да преплаче. Нешто кое јас никогаш нема да го применам.
Многу е лесно за тие со лесни деца да осудуваат и да кажуваат како е правилно само затоа што нивното дете ете така се погодило. Ама еден месец само да осетат како е со дете што се буди и вреска и дете што не јаде или пребира како и да е, па да видиме тогаш како ќе зборат....
Да ние не знаеме дека треба рутина, во исто време легнување, прозорци на будност, гасење светло и бели звуци итн, сакаме да ни се будат по 5 пати бебињата Моето исто се буди некогаш и гука, сака да си игра, ама не би го извадила да си игра во дневна.. кога ќе види дека не го играме во 2 ноќе почнува со плачки па се заспиваме пак.
Ова се повлекуваме ти е од @danichap прифатено Стално ја памтам по тоа дека се повлекува во спална, уште од првото дете, баш ми е симпатично. Фаза е само, не му се нервирај, два саати ќе си ги преседи, дали седело во темница, дали плачело, дали сте го играле... Моето исто си беше, период ја фати, ќе стане, на глава стој ако сакаш, ќе си поминат два саати и ќе си заспие. И помина и тоа после. И ние станувавме, дремевме повеќе, додека она си дрндаше нешто, ау, ау, па ќе си заспие. Не дека ќе се навикне да станува, некоја развојна фаза им е.
Да. Јас можам до утре да ви попувам за спиење ноќе, ама моево е такво. Преку ден е турбо, не застанува, седи само кога јаде. И бебе спиеше ноќе, имаше по неколку циц паузи ама не се будеше воопшто. Од болница си спиеше во креветче. Ке се размрда, ке го надојам и ке го вратам назад. Затоа околу година и пол, после прва циц пауза се будеше ако го вратам во креветче. Наместо да го плачам додека не разбере дека нема да го земам, јас си го ставав на средина на спална. Сега ако ме прашуваш, тоа е најдобрата одлука која сум на донела. Си спиеме сите на спална, со гушки и бацки пред спиење, приказни и уживаме.
Да се јави мајка на дете наспијач,од прв ден ќерка ми никако не заспа на креветче,или во раце или до мене на спална ,ноќи и ноќи поминавме будни,имаше период од 2 до 5 не сакаше да спие,што не пробавме, до никој да не и збори ,до темница... и со денови вака,таа не застануваше да плаче,еве и до ден денес на скоро 2 ипол години уште нема преспиено ноќ,ако се разбуди а е мн лесна на сон,седи будна и по 4 часа,и да во темница,ќе најде било каква игра ,сама ќе скока на спална но нема да спие,тоа е карактер .Од друга страна синко е месец дена ,спие на секаква бучава,спие во кревет од прв ден,и двајцата се на доење,тој што не осетил на своја кожа никогаш нема да знае како е.Сите деца се различни,тренинг со плачење додека не се изморат и да заспијат не би применувала.
И моите две деца се сосем различни, небо и земја. Големиот сите го паметат за најмирното бебе бубалче, забораваш каде си го оставил. Малово наплаќа и за брат му, не е немирен да речам, ама е претемпераментен, активен, радознал, захтевен. Си сака целото наше внимание да биде околи него. Е за спиење спијаат и двајцата, ноќе. Со големиот дури многу рано скрстив ноќни подои и немав проблем. Никогаш не се будел, па да седиме, да гледаме тв, да скокаме низ спална. Малово спие, но има денови кога пречесто бара да цица(читај да го земам вп раце) и секое преткање му е со врескање. Среќа што не се расонува, и што бргу се смирува. Тоа што јас сум зомби, не се важи Не знам дали ние треба да му ,,наметнеме,, рутина или сами, ама дури после 9-10 месеци почна асално да преспива преку ден. Ранобудни се многу, а малово обавезно 21ч заспива.
Има периоди кога ќе станат ноќеска за млеко и после млеко не се поспани и се спремни за игра. На почетокот форсирав да ги презаспијам, моиве дури не плачеа ни ништо само сакаа будни. И земи едниот нишкај нишкај пеј ќе затвори очи другиов писнал ќе го разбуди па обратно. И ништо повеќе не ме нервирало од тоа, таман да заспие после пола саат нишање да го остаам да се ококори или другиов да го разбуди, а бе сум пцуела и плачела од склет, а уморна претепана. И И сфатив дека нема поента на сила да ги заспивам. Сега гледам ако не се поспани, абер немаат за спиење, ги оставам, ќе се поиграме ќе си напраиме муабет, ќе им се преспие и сами ќе си заспијат. Ем кичма спасувам ем живци. Е сега ќе седам будна пола саат, саат, два ама другата опција ми е полоша 10 пати.
Јас едно имам па нерви искинав тој релативно краток период во споредба со други бебиња. Од нејзините година и пол живот, само месец и пол стануваше во сред ноќ среќна расположена а јас умирав. Капа ви симнувам на сите што го живеете тоа. А кај ќерка ништо не палеше. Ко да треба да отвори пекара се понашаше. Маж ја форсираше да заспие па уште толку се нервираше. Јас ја оставав. Ме нервираше ама не знаев што да и правам. Гладна не беше никогаш, еднаш или два пати пиеше млеко а секогаш и правев Еден куп млеко фрлив мислејќи си "не може да не е гладна чим се буди" И си правевме муабет, го мразевме татко и оти спие ко труп и заспивавме
Е баш пекара, очи отворени а тоа 3, 4, 5 зависи кога како. Татко им ќе напраи млеко, ќе застане 5 мин демек да заспијат ќе се изнервира што абер немаат и ќе отиде да си легне. Па место да им се лутам на нив го пцуев него и така полесно поминува Еден убав сончев ден ќе почнат да спијат цела ноќ
Уште два пекари ви пријавувам Толку се свежи понекогаш во сред ноќ ко мислиш 12 на пладне е.... Не ги нишкам, пијат млеко, едно гушкам јас едно маж, ама он за 2 минути кома па легнувам меѓу двете бебиња да ме ми бегаат ќе видат невидат за пола саат саат ќе се предадат и нема шанси у креветчиња да ги ставам е тек тогаш е журка...