Јас не знам искрено како ми се погодија двајцата спијачи на мене и мм тотални ноќни птици. Јас и така и така, мм до 9м око немал склопено ако не е во раце, викал се дерел до 9м. Свекрва ми 3 пати го носела на итна и и викале Мајка дете е треба да поплаче. Ама они живееле во заедница, сто души дома, 3 деца од кои 2 бебиња мали, и да сакал мир немало. Малово што сака занимавање, играње нон стоп и да е во раце почесто, иначе и он е бајче вака. Е се дрека дење малку ако вака не му е нешто погодено. Далеку е од мирен како брат му, ама не е страшно. Денес спиеше на пладне 3 саата, стана во 5 свеж и до 15 за 9 не се предаде, во 15 за 9 се плеснавме на спална да цица, заспа и еве го нема мрднато, како е легнат така, дури и ногата му е подигната. Ќе го префрлам во креветче сега. Едино овој за разлика од бато поише сака да спие со нас, обавезно кога станува за цице во 4 продолжува кај нас, ама искрено и мене ми е убаво па си се гушкаме. Што да правам, погодени ми се децата Мада сеуште мислам дека има нешто и до нас, не сакам да верувам дека до толку е само среќа, погодено.
Ние ете од 4:00 сме разбудени. Не, не е ни фаза ни ништо. Еден ден во 8, 8:30 наредниот ден во 4. Каков ритам е ова стварно не знам. Во исто време заспива, истите дремки ги има. Ништо не менуваме ама не знам стварно како да постапам. На почеток пробував да го презаспивам. Нееее нема шанси до 06:00 очите отворени. Сега ќе си поиграме да дојди 6 и не го мачам повеќе ни него ни себе. Се надевам ќе смени. Кај големиот не беше вака. Тој беше во 6:00 буден секое утро. Еве го и сега рано си легнува, рано станува. Со оглед на тоа колку ми се различни децава, никогаш не би знаела да дадам совет околу спиење и дремки. Секое дете своја приказна
Далеку од тоа дека имам дете неспијач, си спие он ама детето си е ранобудно а мајка спанка Кога го легнував околу 20:30ч се будеше 5:45ч Сега го поместив заспивањето околу 21:30ч и додека заспие убаво 22ч не фаќа, ама многу ми е касно бидеќи немам време за себе. Вака се буди околу 7 наутро. Не е нешто сјајно ама подобро ми е кога ќе видам 7ка напред на часовникот. Плус деновиве изгледа ми крати дремка, нормално е на 10 месеци да е со две дремки? Ох се зарекнав самата. На 4-5 месеци имаше период кога на секои 45 минути спиеше пола саат, капнав од заспивање по цели денови. Викав само да стигнам на 1 до 2 дремки во денот, лудило ми беше заспивањето Постов го пишувам 10 саати, таман да се искажам дека со мм се враќаме од име вечерва и свекрва ми исплашена не чека. Дете во сон пиштело 20 мин без воздух да си земи И нас со такво плачење ни се буди сред ноќ ама мм му пали ламба веднаш да се види кај е што е и прекинува. Ќе препишам на заби, не знам што е, среќа не е баш ноќна птица веднаш презаспива. Заклучок: Нашиов е повеќе утринска птица
Малово исто како повеќето од погоре ранобуден е. Уште од раѓање. 8 саат за него е касно да стане. За разлика од него другото со топови не може да го разбудиш. И во 8 вечерта да легне утрото пак ќе му е тешко да стане. Никогаш пред 10 не станал. Затоа и школото му е мака, требало во 7 да стане. Единствен е во класот што ја сака втора смена најмногу. А јас последниве 5 години никогаш не легнав и не станав наспана. Ептееен ретко, дали 10 пати во тие 5 години. Туку да ве прашам, до која возраст преспиваат денски вашите деца? Првото до 2ипол ми пррспиваше после таа возраст намерно не го преспивав бидејќи како што кажав касно наутро стануваше ама па ако преспиеше доцна си легнуваше. Плус и после дневната дремка стануваше нервозен нерасположен додека да се расони плачки и риканици беше. Малово сосема друга приказна.
Мојот е 2г и 9 месеци уште спие денски, обично накај 4 год ги скратуваат дремките, ама пак секое е индивидуално детенце. Ако приметиш да не му влијае добро денската ќе ја скратите, ако си функционира нормално со дремка нема зошто да ја кратите.
Само моите ли не преспиваат денски? 2 ипол и 5 ипол год се? Иначе моите касно ќе легнат касно ќе станат.. еве 10часот е уште спијат И од бебиња двете цели вечери ги преспивале, на цице секако јас знеев како ми е ама! Фамилија спанковци сме, сите. Не знам веќе како да ја научам малата да седи, значи детето само е на нозе само скока синоќа како лошо падна 10минути крв и течеше од раната. Ќе го умре мм еден ден, тој е мн паничар. Татко ми на инфузии, мене се нешто ме боли сумнњам на бубрег, ако нагло се наведнам знае да ме укочи, и мн често болно ме боцка на левата страна. Како и секогаш, ќе трпам нема да идам на лекар оти таква мрза сум станала.. Еден тон работи имам да завшрам а јас само планирам каде да шетам и купувам глупости.. не знам ни што се случува со мене, па ни мм наместо да ме стопира он како и секогаш за се ме подржува.. Дури и циг И времево катастрофа, кога планира да се опраи не знам, Јуни дојде па Депресивен пост како и времево..
Mom's Абе може на сите бебињата да ви спијат, да ви ручкаат се, да ви се баш погодени ама тоа зависи колку сте искрени Јас дојдов тука еден пресек да си пишам пошто мајкината душа година и пол ми стана. Морам да си ја испофалам колку е послушна и прави работи секој ден што се чудиме само. Завчера со мм креваме маса после ручек ја гледаме позади нас и она носи тањир накај кујна. Маж се расплакаНи носи јадење, па демек ни прави во кујна, па ги рани сите играчки и цвеќиња дома. Пее кап,кап на цел глас дома, се радува на авиони, ги собира сите каменчиња низ двор, па ги става во вода па пак ги враќа. Да ти е милина да ја гледаш секој ден како се занимава. Дефинитивно најубав период мене ми е со неа. Ни бебешкиот не ми фали. Во градинка оди до 13, уште заебава со јадење таму, ден јаде, ден не а на нив им е супер изговор за да не пробаат и со спиење. Ама многу веројатно е дека може следен месец да почнам со работа па ќе треба да ја навикнуваат. Си доаѓа, почнува да ме гриза по пат за јадење, ручка и кома до 15:30. А часовник е, секој ден у исто време станува. Едино добро од негувателките што ми ја одвикнаа од цуцла. Како беше тргната мислев ќе ја џвака до матура ама за два ден аш цуцла. Се спремаме за одмор, гледам сака вода па мислам ќе немаме проблем. Си бара цице уште навечер знае да се подразбуди еднаш за тоа па продолжува. Си викав месецов ќе ја откачам и тоа ама си реков да не и дојде многу заедно со цуцлата. Си ја гледам како расте и уживам. Не би и сменила ништо на неа. Не би сакала ништо подобро. Има некои епизодички некогаш не можеме да се разбереме што сака па се нервира. Ама се учиме и на нив. И така. Има уште многу да се фалам ама ај да не испадне па баш и моево нај нај ми се погодило
До 6г преспивање на пладне, 6 и некој месец, лани летото пред да тргне у школо прекративме на пладне сон. Не знам за вас ама за мене сонот на децава е најважен, затоа толку инсистирам. Децата до 6г во сон растат. Ако не спие боже мој, нема да спие, ама да знам дека можам да направам нешто правам. Менувам мои навики, тертипи, распореди, се само да спијат. Не дека вие не го правите тоа, да се разбереме, само кажувам јас што мислам и правам. Абе немам попаметна работа ќе измишљам на форум, еве сеа. Споделам мислење, кој сака прифати, кој не, негово право. И јас прифатив многу мислења од овде за малово, не е дека се знам.
Не постои човек што ќе ме убеди дека постојат деца кои со ќеф спијат и со ќеф јадат. Едното не оди со другото Се зезам, да не ми се навредите некој од тука Инаку периодов стварно е интересен. Мали големи човечиња се Ова па моево во "јас се можам сама" период е, некогаш и ми брка у нерви. Не дава ништо да и помогнеш, да и покажеш и ќе се изнервира оти не може сама и драми.
Еве моево бебе не спие кога сме дома. Знам мало е за ред има 2.5 месеци ама па толку да издржува без сон некои денови се чудам. Спие додека цица, штом го спуштам на кревет за 5 мин е буден и весел. Има денови и кога го преспива пола ден ама тоа е се поретко. Надвор знае и по 2-3 саати да спие. Но, сакам дома да научи да спие, да можам да завршам некоја работа или да одморам едноставно. Ќе биде валда за некој месец Навечер како расте врзува помалку саати, 3-3.5 час ако врзе среќна сум. Иначе бара да цица исто како преку ден на 1.5 саат. Не знам кај грешам, дали грешам или бебево е такво. И сестра му беше иста, плус она беше на АД така да не верувам дека од глад се буди бебе. Мајќи на 2-3 месечни бебиња, колку и како ви спијат бебињата?
Моите спијат ама за јадење.. А радо би сменила, они само нека јадат па ич немора да спијат. Не умре тоа нивно нејадење и све терање со сила.. Дали ние грешиме нешто не знам но до толку да се, посебно поголемиот да го пуштиме само на јаболки ќе живее..
Да можам да бирам, да. Би одбрала да не спие ама да јаде. Колку храна сум фрлила за година дена, пола маало можев да нахранам. Отров е за храна. Некои работи ги нема пробано, ама ја затвара устата ко зашиена за да не ги ни проба.
До 3г со ќеф спиеше, со ќеф јадеше, како фати варичела, дома се размази, стана и потежок за јадење и спиење. Тој период заспиваше покасно, ама брзо се опраи. Сега сам си легнува во 9ипол макс, а денското спиење да можеше да спие 4 саата ќе ги спиеше, многу сака дење да спие, сега ретко кога легнува ама легнува и спие 3 саата некогаш. Ама се уморува, нон стоп нешто игра или чита или црта, мозокот му е 300 на саат. Периодот Јас можам сам кај нас почна покасно, со малово планирам порано да му дозволувам да праи сам некои работи.
Д ден мајки Да се пријавам ,ме нема долго време И сега проблем Незнам од кај да почнам Како падната од Марс сум Некако ептен го запоставив форумов , не оти немам време или не знам ти што .. Ама се си викам ај утре ќе пишам ,ај задутре ќе седнам да прочитам што има ново ...и баталувам. И сеа решив да се пробам да напишам нешто ,па ќе видиме колкав пост ќе излезе Прво Среќен празник На помош Св,Спас Ние сме арни ,растеме со брзината на светлината Кога и што поминаа 17 мес Не ми се верува дека веќе имам дечко со цврст карактер , упорен , паметен И најважното ,мирен А уште понајважното , јадач. И тоа голем јадач Љуби га мајка ,цел е на мама Ќе го запишував божем во градинка ,ама ЦК Оставив за од септември. Себична сум малку , си сакам уште малку да биде само мој , и само јас да си бидам со него по цели денови . Веќе разбира , почнува да се лути ако ме нема во опсег , сака додека си игра со татко му и јас да се врткам околу него . Сака и да се гушка многу И да се бакнува И сеуште многу сака да се бања Па затоа секој месец се акаме по Бањи во Србија . Прво ми беше страв да не го разболиме нешто од тие капења во базени ама пупу супер си е . Да не го урочам ,Али нити еднаш ми нема настинато , не па нешто друго . Ама готово ,банскиот туризам веќе го ставаме у мирување ,сега иде на ред морето . Па здравје од средина на јуни почнуваме со одење на море . Годинава решивме да одиме 3-4 пати по 5-6 дена . Поубаво ми е така ,појќе пати а помалку денови . Не ми се оди 10-15 дена све на исто место . Ми здосадува . А и маж со работата не може да тера одмор подолг од една недела . Мора некој и да работи за ние да шетаме . Деновиве сум ставена во некој муд , нон стоп читам ,слушам ,учам....како да се воспитува детето . И најчесто читам дека најважно е на детето да му се даде многу љубов ,внимание и нега Па се прашувам дали давам доволно од сето тоа . Колку е тоа внимание што треба да ми се посвети на едно дете ? Колкава е таа љубов ?! Многу си го сакам синко ,тоа е нормално , како и секој што си го сака детето нели . Но ,не го сакам "најмногу". Не знам како да се изразам а да не бидам осудена и погрешно сфатена . Но ,јас исто го сакам и детето и маж ми. Велат ,љубовта према детето била посебна. Мене Не ми е . Иста ми е ,према двајцата . У ред ли сум јас ,или нешто ми фали ? Море , Таман сум си Друго не знам што да пишам Некако постот ми е каша попара . Долго време ме немаше и сеа не знам што да кажам . Го средуваме дворот деновиве ,насадив трева во еден дел ,ќе правам мини игротека па сега со тоа сум окупирана . Сакав да ставам поголем базен,ама се прдомислив . Кој ќе се кара цело лето,мојот звер ќе нема шанса да излезе од вода , нон стоп ќе сака да се шлапа. Вака,годинава ќе ставам некое малечко , да може од коа ќе се избања еднаш ,два пати и да го празнам право,пошто друго чаре нема . Ми здосади веќе два пати дневно да одиме по паркови ,па затоа ќе му направам дома мини паркче , па нека се лула ,нека се лизга ,нека игра со песок ... Да може и мама малку раат да си полежи на лејзи бегО Го чекам да стане од спиење ,па да ручкаме . Коа ќе види дека има месо и боранија за ручек ќе аздиса од среќа . Едно од омилените јадења му е Па после следи гушкање Знае дека ми "смета" коа јаде лук, па се научил намерно баш тогаш да ми се обесува околу врат и да ми хухнува. Јас се мрштам и правам фаци,а он се смее на цел глас . Љубов мајкина Ќе го спомнам и љубовниот живот малку Некако периодов сум сведок на многу разводи околу мене , и тоа на парови со мн мали дечиња . Па и тоа ми ствара немир . Т.е се прашувам што недостасува таму ,каде почнуваат првите проблеми.. Си размислувам што "треба" да ни се Деси на мене и маж ми ,па да се разделиме . Дали оваа љубов може до толку да ја снема и да си речиме ...чао ! Дали па дека ние сме навистина веќе во ептен зрели ,да не речам стари години ,па друг чие размислуваме ..незнам. Слушнав од еден пар дека сексуалниот живот не им бил добар . Не осудувам никого , не велам дека тоа е ненормално ... Ама малку ми е несфатливо Али стара сум веќе јас Ние многу години имавме "проблем" со водењето љубов Се некако беше "на сила " . Де сега мора ,сега се плодни денови, ај сега не смееме , се спремаме за некоја постапка , ај сега лечиме бактерија,ај ова ај она . И стално си велевме ..да родам едно дете и на раат ќе водиме љубов . Родив ! Сега па време немаме де детето ќе го разбудиме ,де уморни сме , де нешто друго рачка си наоѓаме Ама па љубовта не е само во буквалното водење љубов . Лично јас можам да живеам и без секс Мене ми е доволно што секоја вечер пред спиење ќе ме погали по левиот образ ,ќе ме бакне во челото и ќе ми рече добра ноќ љубовче. А потоа ќе го бакне синко на истиот начин и јас се топам . Доволно ми е Некој ќе се праша што и е на оваа што се распипувала вакви глупости Ама така ми дојде Досадно ми е Детево уште спие ,ручекот ми е готов , чекам маж да се врати од работа и да пијнеме по едно ракивче. После он ќе спие а јас и синко ќе садиме ќитки и ќе ги храниме маалските мачки . Детево е збеснато по мачиња . А мама со очи не сакаше да види маче ,ама сега мора да ги тинтраме и нив Доста е мајки ,а ? Бидете добри Гушнете ги дечињата И Мажите ! ОдоХ Кај и да е ,ќе дојде шефот
Исто и јас,со син ми кога сум по цел ден него најмногу си го сакам,кога иде мм од работа и кога сме сами гушкање,секс него најмногу го сакам. Значи може подеднаква да е љубовта
Нормално дека може, ако не бил тој човек немало ни децата да бидат. Да не збориме дека децата ќе си го фатат патот, на нас останува да сме заедно во добро и во лошо. Не сеа да ги оставиме децата, да не ги рецкаме, ама сосема е во ред да ја поистоветуваме љубовта
Ќерка ми, е од тие што со мерак јаде ама затоа за спиење....не се решавам уште за второ ради фобиите што не бев спиена врзано 3 саати една година. Мислам поарно е така, зашто мене нема да ми јаде 3 дена кога е болна, па нервни напади имам. Па после ќе ми текне што пишувале @LiquidLuna и @brm_brm и си викам ај смири се ќе оздрави, ќе собира пак се ко усисивач. Април и пола мај да не ни се повторат сите болести ги пројдовме и ние и она, се надевам во понеделни пак ќе си затера убаво градинка, доста беше дома седење, ем се збесна ем ќе не испобркаат од работа кај и да е . Девојчето стигна 1г и 9 месеци, има другарки, искача на тобогани, и меле како празна воденица. Ако не збори, пее, ако не пее, се дере и така, весело ни е. Многу е самостална и малку ме плаши тоа. За се ми вика самаааа и се трга. Ќе летнеше на глава од тобоган ради тоа. И се се удружува со поголеми деца, тие се пентарат, оваа по нив, и не дава да и помагаш. Цел живот едвај сум чекала на работа да одам, во задње време ич не ми се оди. Кога бев на породилно едвај чекав да се вратам, сега само со девојчево би си седела. Почнав да гледам ремоте работни места ама не сум одлучна. 7 години сум во фирмава, пораснав тука. Можда ми е фаза, ќе видиме. Добра ноќ мајки, идам јас пилинг да правам, утре сме на свадба, па жена ко жена, мора се да стокми, ко мене да ќе ме гледаат, а не невестата
Најзлатно ми е детето. 16 часа во деноноќие спие, секој оброк си го јаде,сега засега млеко, за каши, овошја зеленчуци ќе видиме за брзо. Е арно ама овој скок , плус вакцини се претвори во ѓаволче. Јаде и спие ама од дете што кај и да го оставиш ќе лежи и ќе е мирно, сега имаме дете што ако е во раце плачи, ако е легнато плачи, ако е надвор малку помалку плачи итн. Мислам веќе в мозок ми се плачките нејзини, всушност повеќе цимолење од вистинско плачење ама деновиве сме како во ЗОО од сите звуци. Така да нов извештај за некоја недела, сега ова да се преживее.