Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.683
    Допаѓања:
    175.366
    Пол:
    Женски
    Зашо на некој не му е верно дека има деца кои јадат и спијат ? :)
    Јас и да сакам да излажам,не можам .
    Имам две мајки на темава со кои се дружам и не познаваат солидно.
    Поздрав друшки :hai:
    Моето навистина све јаде ,без молење без натегање.
    Не јаде само ориз и обичен компир,ама не сум се ни трудела нешто кој знае колку да му го давам .
    Си јаде други работи во нивна замена .
    Што се мене тиче ,ориз не мора ни да пројаде.
    Арен и е јачменот, билгурот, наутот :)
    Како бебе , од кога ќе го "надоев ," го оставав во креветчето и излегував од соба , сам засливаше .
    Сега веќе сам си го пие млекото ,лежам на спална дур не го допие пошто ми е страв сам да го оставам . Од кога ќе го испие ,сам си ја зема цуцлата што е до него и одма прави нешто налик чао. Тоа значи излегувај мама :). Бакнеж во чело и одам :)
    Кога ќе речам дека никогаш го немам успиено во раце или со нишање тоа е стварно никогаш .
    Пробав неколку пати , од љубов и желба да видам како е . Не се пронајдивме и двајцата во тоа :)
    Мојот е голем спанко |-)|-)
    Спие по 10-11 часа ноќеска и уште два пати денски по околу еден час .
    Еве веќе почнуваме да тренираме само еднаш да спие ,после ручек .
    Па ќе видиме како ќе успееме .
    Мора веќе да го истренирам да заспива покасно од 19:30.
    Лето иде ,ќе треба да шетаме приквечерта:party:
    Е рано ми станува , нешто измеѓу 05 илол и 6 ипол
    Ама ми одговара , ние со маж посекако тоа време стануваме, зимо лето .

    Ама сето ова е "нормално" затоа што не за џабе рекле дека дете е од стара мајка и стар татко е "посебно" дете :D:D
    Се шалам
    Али нема потреба да лажам ,едноставно сум имала среќа да ми се погоди дете што јаде и спие :inlove:
    Ние малку проблем имаме околу зборењето. Нејќе да збори нешто мн мн.
    Вака све разбира , збори кинески ,ама мајчин јазик тешко .
    Му спомнав на маж ми за логопед ,лом ме направи . Немало потреба , рано му било за зборење
    Аааа разбираш и ти нешто му викам .
    А коа ме нервираше секој ден и ме прашуваше зошто детето нема заби на 5м , мене како ми беше :D


    Постов во 05 :00 го почнав
    Дошло 7ч, одам да правам доручек :angel:
    Гладникот кај и да е ќе ми дојде во кујна и ќе ме влечи за ногавицата правејќи ам ам ам:D

    Коа ме нема Ме нема
    Коа ме има па досадна сум 8):D
     
    На TarantulaA, 24.07, Coco31 и 19 други им се допаѓа ова.
  2. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    9.232
    Пол:
    Женски
    Абе бубче не дека не ви веруваме. Знаеме за вашите деца златни. Ама има дете и дете. И мојава се јаде дури и сама манџа почна да срка. И спие навечер и по два саат секој ден. Ама муабетот е не секогаш ако не сака вака детето пробај ко мене. Има мајки секако што пробале, сигурно и ваши совети пробале ама не бива. Не мора во секој пост да се посочува. Има мајки што можеби ќе се осетат не убаво или ќе си речат јас поима немам.
    Ништо лично стварно :)
     
    На Coco31, Freckles., Осе и 16 други им се допаѓа ова.
  3. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    7.370
    Пол:
    Женски
    Будни од изгрејсонце со една дремка од 10 минути во раце. Овој скок ќе ни биде интересно.

    Поминавме не знам колку чекори низ куќа, дневна, кујна, спална и така во круг оти нели седење и лежење е преценето. Плус цимолење и викање од рано утро, па да не разбудуваме домашни и соседи.

    Се помислив и од рано утро да одиме надвор со количка или кенгур, бар мајкава да има корист од убаво пешачење, што не е низ дома ама може пак и во 6 наутро до бебе надвор, да не ме оценат за непресметлива. :?:

    Второ кафе од утрово. Кај термос за бебе, сега имам и термос чаша за мене, додека се држиме во раце или сме надвор бар без мака да се напијам нешто.
     
    На Coco31, Ano, firequeenn и 2 други им се допаѓа ова.
  4. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.393
    Допаѓања:
    31.787
    Пол:
    Женски
    Aj да си жива :l:

    Бубче и Ангел, тоа што мене никој не може да ме убеди е затоа што е моето дете такво. Бог да чува да се лажеме за вакви работи мислам, глупости. Мојава ако јаде - не спие, и обратно
    Ама како што кажа Лаза, совети ќе бараме во соодветни теми; некогаш овде сакаме да се испукаме дека децата ни се неподносливи без да добиеме "а проба ли вака" или "моето вака и вака" :)
     
    Последна измена: 26 мај 2023
    На Coco31, Осе, Oneo и 15 други им се допаѓа ова.
  5. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.455
    Допаѓања:
    25.116
    Мојава до 15 месеци јадеше сè што ќе и' дадев и секогаш заспиваше во 9. Ама откако беше болна во јануари една недела, сè се поремети и никогаш не се врати во нормала. Еве од тогаш помината е скоро пола година и сè полошо е: пребира што ќе јаде, скоро ништо не јаде, поготово зеленчук; со тепачки, плачки и брканици во 10 ипол легнува, па дури некогаш и во 11. Абе ги гасиме сите светла, она гајле нема, би седела во темница на Ге, само да не ја легнеме да спие.
    Сеа докористувам стар одмор, по само неколку дена поминати, еве ја збесна. Не ми е срам да си кажам дека ме полудува. Сè става во уста, сè! И сè мора да земе, да пофати, да види што е. Вчера во парк, гомце крена од земја. :sweat: Со брзина на светлината!
    А и луѓето дебили се. На најблиските љуљашки, некој јадел цреши и семките ги исплукал на игралиштето. (facepalm) Мојава секако се обиде да собере што е можно повеќе. Среќа во уста не стави, успевав да ја спречам.
    Ни една играчка не ја интерисира, ни една занимација. Ни лулање, ни лизгање. Ни сликовници, ни цртани. Само гледа некоја беља да направи, да потегне некој полнач ако го заборавиме, или да собере даљинско. И само џитка работи во воздух, кај и да е телевизорот ќе ни отиде. :|
    А најмука од сè ми е што нејќе ни да се гушка, нит бацува, нит дава да ја бациш. Дивјак. :sun:
     
    На Coco31, Осе, Oneo и 13 други им се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.933
    Допаѓања:
    110.267
    Пол:
    Женски
    Абе викаат сит на гладен не верува, во двете ситуации е исто, ние не можеме да веруваме дека некои деца не одговараат на "тренинг" како што ете они не можат да поверуваат дека нашите деца се "истренирале" така. Не е дека нашите се којзнае колку подобри од нивните и обратно, деца се, за мене моите се најубавите и најдобрите, за вас вашите и тоа е тоа. Мене дали ми се погодиле двете такви, дали јас нешто правам, не знам, сакам да верувам дека е поради мојот "тренинг" за јас да се осеќам убаво. Додуша второво за разлика од бато е плачко знае да плаче за во раце, ама греота е да се пожалам од друго.

    Е што се тиче бато исто ко твојот, ама стварно се исто, освен што он храна не одби никаква. Прозборе на 2ипол накај 3г, од нигде никаде, не збореше кинески и бебешки скоро ич и често знаеа со сожалување да ме гледаат. Така да верувај му на маж ти.

    Убав ден, стана вештерот у фамилија, да го намирам и да одам да го свртам еден круг, диетата вика печурки најди кај ќе можеш. Убав ден!
     
    На *malenavolena*87, Anturium, Ano и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.957
    Допаѓања:
    12.981
    Пол:
    Женски
    Кога ќе родиш две скроз различни деца тогаш почнуваш да веруваш и на едните и на другите. Јас со првото се трудев да бидам организирана, добра мајка, да ги покријам успешно сите сфери од раснење на дете, цела енергија ми ја црпеше буквално бев распарчена само за бебето да биде задоволно, бебето и никој друг. И кога ќе се пожалев некаде дека ќе умрам од умор, дека не можам да издржам, повеќето ме гледаа чудно као што правиш толку дома. Тие по социјални мрежи ги гледам нонстоп надвор, бебе насмеано, јас еднаш ако успеев да го прошетам саглам и дома да ми биде се завршено бев пресреќна.
    Е кога дојде второто сфатив што значи мирно бебе кога ќе кажат. Нема што да се организираш, самото бебе си го диригира редот. Само заспива кога треба да заспие, јаде без проблем, се шета мирно во количка глас не му се слуша, скоковите релативно мирни, абе од милина да го чуваш и да го играш. Нема пиштење без врска, плачење за во раце. Порелаксирана, посреќна во животот не сум била. Првото здравјето ми го зема буквално, искачање со друштво, гледање серии мисловна именка беа.
    Најмногу зависи од бебето, после од нас, а и колку помош имаш од страна. Секој со својата мака.
     
    На Coco31, Grungie, Doktor F и 30 други им се допаѓа ова.
  8. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.683
    Допаѓања:
    175.366
    Пол:
    Женски
    Во право си ,апсолутно си во право
    Се ,извинувам ,искрено.
    Воопшто не ми беше намерата да се правам нешто најмајка. Не не и не ,далеку сум јас од тоа:(

    Изгледа стварно претерувам со тоа што моето дете е јадач и спијач, и некако како да немам "осет" за мајките чии дечиња се помалку јадачи или спијачи.
    Мада јас никогаш не сум рекла дека нешто сум се посветила кој знае колку околу тоа да го "научам" да јаде и спие цела ноќ.
    Или па тие работи што ги читам - тренинзи имало , ова имало ,она имало.
    Не не.
    Такво си е детето изгледа и тоа е тоа.
    Не можам да речам не јаде нешто ,коа стварно јаде секаква помија.
    И спие како топ . Ни галама му смета , нит па ако менува кревет .
    Заспива и кај моите и кај комшивката ,и кај дрогарка ми ..

    Се извинувам уште еднаш ако некого го натажив, го замислив ,повредив ...или му направив да се чувствува "помалку" мајка .
    Боже мили
    Има ли поарна мајка од мојата?!
    Нема !
    Има ли поарно дете од моето ?!
    Нема
    Толку :inlove::inlove:
    Јас за поарна мајка од мама Не знам
    За поарно дете од Славенче исто не знам
    Јадел не јадел ,спиел не спиел, зборел не зборел ...мој си е
    Најубав и најпаметен :inlove::inlove:

    Едит
    И во никој пост ,ама буквално ни во никоја тема немам дадено совет / идеја како да постапи мајка чие дете е нејадач/ неспијач.
    И кој и да ме пита како така ми спие секаде и со секого ( поготово за ова ме прашуваат пријателки ) кревам раменици
    Стварно не знам зашо детево мое никогаш не плаче по мене или татко му коа го оставаме на баба, другарка , комшивка
     
    Последна измена: 26 мај 2023
    На 24.07, Coco31, boomsleng и 23 други им се допаѓа ова.
  9. tanjaaa

    tanjaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    2.370
    Пол:
    Женски
    Најубавата тема на форумот ми е ова. Во толем дел од текстовите ви се пронаоѓам, горе-долу сите сме со истите грижи, и сите си ги имаме истите "маки".
    Туку јас си имам дома еден мал drama king. Не ми се верува, вчера цел ден се жалеше, ништо не му се погоди, цицаше ко новороденче, допирам единиците горе излегле - устата затворена и стегната ја држи и ммм ммм.
    Големиот не беше ваков. Варичела имаше на 1,5 година, со смеење бегаше, не ме оставаше да го намачкам. Тој трча јас по него со спрејот прскав.
    Никогаш не рекол дека го боли нешто, ни оф ни леле.
    Ама маловоо... Малку да му се растечи носот, па тоа драми, плачки...
    Јас напната, сите ги спремив за крштевката, а јас последна. Треба да ја скратам косата и уште се мислам шо ќе му прам на антените ( а ги има многу). Залижана не доаѓа во предвид, вака долга сум како искубана, краток боб, долг боб уште не знам што сакам, а времето се ближи.
    Уште ова со забите ми фалеше.
    Маж ми па денес за музиката ми објаснува. Оффф дали до музика ми дошло.
    Големиот сакаше со летна маичка на кимоно, без долна маица да оди на училиште. А надвор 4 годишни времиња во еден ден.
    Не знам дали некогаш му е ладно на детево.
    Еве го принцот на драмите заспа, да си сварам кафе, да средам мисли и да почнам со спремање ручек. Убав ден мајки
     
    На Coco31, Oneo, Maca Macka и 9 други им се допаѓа ова.
  10. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    1.126
    Пол:
    Женски
    На темата лошо/добро бебе, моето знае да биде малку кенкаво, не е спијач, сака во раце итн итн.. секогаш кога мајка ми го чува бебуш ме теши дека ние сме биле такви (и бетер) па еве не двете здрави, среќни, успешни.. и се тешам дека сѐ е нормално, дека не сум лоша мајка, му ја давам целата љубов и внимание, учам секој ден како да бидам подобра мајка..
    Од друга страна свекрвата постојано ми дава некои коментари што ме тераат да се преиспитувам како на пример: пред некој ден се слушнавме со видео повик и бебево се смее гука, прави балончиња, а нејзиниот коментар беше како е внукот, уште ли е лошко?:|
    Нема лошо/добро бебе, секое си има свој карактер и некое е потешко за чување а некое е полесно, најбитно е да знае дека е најсакано, безусловно :inlove: а нема посакано од моето мало луто терминаторче
     
    На Coco31, Осе, Oneo и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    7.370
    Пол:
    Женски
    И на моето кога плачи му викаат лошо бебе.

    Туку разговорите односно коментарите за второ дете денес достигнаа врв.

    Сме имале досега
    - Ајде в година второ
    - Ајде догодина машко
    - Ајде да си купите братче или сестриче
    - Како мислите детето да го оставите само итн

    Денес добив коментар, како можи мажот да го оставам без син, без наследник. Многу било подруго мажот кога ќе си има син.

    Значи и 10 ќерки да родам џабе е, по муабетот.
     
    На Coco31, Осе, Oneo и 8 други им се допаѓа ова.
  12. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.393
    Допаѓања:
    31.787
    Пол:
    Женски
    Абе да беше мажот крал, па да раѓаме принцови може подруго ќе било :D
    И на нас машко ни посакуваат на секое видување ама маж отсечно кажува дека само ќерки знае да прави 8)
     
    На Coco31, Doktor F, Sunrise!!! и 11 други им се допаѓа ова.
  13. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.361
    Пол:
    Женски
    Сакам да верувам дека кога првото е женско сите околу ти посакуваат второто да е машко не од причини од турското закоравено демек МАШКОО, туку ради промена сестриче да си добие братче, затоа што еве пример моето е машко па коментираат, даваат благослови второто да е девојче, никој не ми рекол машко да си родиш по втор пат… не дека се на место овие муабети мешање во фамилијарни работи ама гледам дека секаде е буквално исто, напињаат​
     
    На boomsleng, Осе и Skyler им се допаѓа ова.
  14. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.393
    Допаѓања:
    31.787
    Пол:
    Женски
    Мене едни "Југославија генерација" што ги викам јас ми кажаа дека семејството МОРА да има машко дете за да биде комплетно!
    Истиот тој има само една ќерка. Толку имам да кажам.
     
    На Doktor F, Осе, Mom's_life и 4 други им се допаѓа ова.
  15. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.737
    Допаѓања:
    6.708
    Пол:
    Женски
    Тоа му е карма (facepalm):lol:
     
    На Lavica2602, Kolache na mama и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.933
    Допаѓања:
    110.267
    Пол:
    Женски
    Значи јас со 2 машки и другите што сте со 2 машки, ние не комплетни, абе туто комплетни. А јас изгорена за една ќерка. Божееее... @danichap ете зошто Тозо идел на 4то машко, да сте комплетни, а тоа дека 3 деца претходно ич не бевте комплетни. Да му речеш дека ја комплетирал работата сега. Страшно!

    Иначе има и кај мене муабет сестричка, ехеее... Јас им викам дека 10 да ги родам осеќам машки ќе бидат, ама фала ви на благословот. И додавам дека може и сестричка ама од швалерката.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    2.940
    Пол:
    Женски
    Добри поенти дадоа некои членки. Дај и тука да не си ги вадиме очите. Оваа тема мене ми се свиѓа, најмногу зошто само се искажуваме, без да има препирања и читање на несоодветни совети.

    Долго време се мислев да пишам и да си ја отворам душата за второво, ем да ми олесни мене, ем и на некоја мајка која поминува слична мака. Во овие 10м. толку тага во мене сум имала, толку беспомошно сум се чуствувала, да ако ми беше прво дете ќе мислев дека врска немам од гледање деца. Јас, која ги почитувам сите препораки и со изгледано прво дете по книга. Ама не било до тоа, до детето си било. Десет месеци направи ја не знам што е повеќе од 1,5 час сон. Не знам. Сѐ уште во раце ги спие дремките. Толку кенкаво бебе никој во моја близина не сретнал, кој и да го види само крева раменици и со поглед ме сожалуваат. А, и што ќе ми прават. Тоа мајка си бара. И само мајка. Прв пат во количка седна на 8,5м., строго во кенгур или раце. Сега издржува 30мин. па пак во раце. Точно 8,5м. на ексклузивно доење ми беше, лажичка во уста да не му ставиш. Поим за игра му е кај мене во скут и да се беси. До тогаш беше шетање низ соби, чувај Боже да го спуштам. Значи пак докај 7м. стрикно во раце. Не спиеше воопшто преку ден со месеци, нормално нервозно цело време. Кај никој до ден денес не сака да оди освен кај мене и ако не сум во соба кај татко му. Ама мора да е обесен на некој од нас. Буквално 10м. сум константно болна. Веќе нема што не прележав. Ако дојде лавски грип да знаете јас ќе го донесам, оти сигурно нешто во моментов мутира пак кај мене. Два пати со бебе во раце се онесвестив од умор. И многуу други работи кои го правеа моето секојдневие да ми е хорор.

    Првото и јадач и спијач и мирно и златно. Сега ни тантрум не знам што е. Односно, знам од бебе, цело време е во тантрум, скок и регресија.

    И да, овие две деца се од мене. Среќа личат па немаме простор за сомнеж. И двете ги сакам безрезервно. Љубовта ако се дели, ќе е еднаква, и тоа на три дела кај мене. Не функционирам без мм. Дали не зближи тоа што немаме помош, дали уште повеќе се сакаме со децава не знам, битно они тројца ми се живот. И тоа не го менува фактот што многу ми е тешко со бебе, и што целата желба за трето дете ни замина. Уште едно вакво и доброволно се пријавувам да лежам некаде да одморам.

    И не, не замараат само каде има женски деца. Две машки имам, и... ајде сега на трето женско... ејјј бар второво да беше женско...(lalala)
    Ама па како животот ќе ни биде интересен.:hai:
     
    На Coco31, Yowannty, Poppins и 21 други им се допаѓа ова.
  18. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.957
    Допаѓања:
    12.981
    Пол:
    Женски
    @Kolache na mama Ела да те гушнам :hug::hug::hug:
    Твоето второ е моето прво, тотално те разбирам. Кога кажав дека сум трудна со второто сите благо се насмевнаа и се збунија, им прочитав во фаците ‘дали сте нормални?’. Знаев дека таква ќе биде реакцијата зашто знаат сите низ што поминував со него, на почеток со маж ми, а после сама.
    Сега на шала ќе спомнеме за трето, мајка ми ќе се стресе и само низ заби ми збори ‘Да не си помислила!’ :D Пресмешна ми е ама да, ни на крај памет не ми е, можеби за 5-6 години ако остане некоја сила во мене.
    И мене инаку желбата за ќерка ми остана ама што вика @AngelOfArh 10 да ги родам знам дека ќе бидат машки :lol:
     
    На Coco31, Yowannty, mal.ecka и 10 други им се допаѓа ова.
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.933
    Допаѓања:
    110.267
    Пол:
    Женски
    Ма јас сакам да пробам со трето, ама и тоа машко ќе биде и после цацко ќе не оправа со толку машки. Маж вика стари сме биле, ја па баш се осеќам подмладено со децава. Искрено сега со стабилна и сигурна работа би родила уште едно, пред тоа не се нафаќав. И мислам дека ќе пробам за уште едно, и тоа побрзо од со бато.
     
    На mal.ecka, Осе, Lavica2602 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. *malenavolena*87

    *malenavolena*87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2019
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    3.500
    Пол:
    Женски
    накриви капа и викај ура :)

    леле со тодлер и новороденче што сте ссми по цел ден јака ви душа тоа е живци што требаат да се постигне
    Малатс оди во градинка па така се тера ама да морам ке треба страшна организација зс да постасам сама со двсјцата поготову на неубави денови кога не се може надвор
    Мм сега најави вика е што зар мислиш јулк и август во градинкс на најжешкото :( никаква мајка ли сум ако така мислев :/ едностсвно мислев да паузира кога ке сум Ск со нив и на одмор кога ке одиме ....ама изгледа ке треба моѕорот да го укл
     
    На mal.ecka, Alishan30, Panovic и 3 други им се допаѓа ова.