Проблем во лето е од градинка до дома, во најжешкото ги зимаме. Бар мене ми било тоа проблем. Плус се собираат од различни групи кој стигне ги чува и така настанува хаос.
Леле јас најмногу од тоа се паничам. Здравје кога ќе се роди бебе октомври ќе е и за скоро ич нема да е време за шетање, особено не за долго прошетки. Не можам да замислам шо би правела ако не оди големиот тогаш во градинка, затоа јас се брзам и притискам да се адаптира што поскоро. А зошто не во јули и август во градинка? Не ми се смеете, ме замисли многу. Баш ради рутина и адаптација јас неќам да престани ич да оди, освен за на одмор и не дај Боже ако ми настине.
Нема зошто да не оди, можно е само да мешаат групи или слично ради одморите на вработените. Јас планирам да го пуштам да си иде цело лето освен за време на одмор. Не е толку страшно и зимањето во жешко има коли клими...
И јас сум во план цело лето да оди. Таман се адаптирашр. Па сега ќе паузира малку со спојување викенди, летување и слично. Уште сум на мисла дали да менувам клон бидејќи имам еден до газ што ми е. А таман се навикна ваму. Ма да сега ќе биде прва мала група и ќе и се сменат и учителките. Ама незнам шо да правам. Да не и створам одбивност. Давајте совет. Кога сме кај неспиењето и нејадењето да си се пријавам и јас.
Кај нас кога идат од јасли во поголемата група останува една од негователките и доаѓа една нова. Зависи и како прошла адаптацијата, сама ќе процениш дали да менуваш или не. Еве моево на пр тешко прифати и не би ризикувала да менувам сега.
Јас здравје планирам да сменам од септември. Многу се лоши условите во сегашната градинка. Далечината ич не ми значи да беше другото погодено.
ете баш тоа си прават групирање си кажуваат ако има кој да ти го чува не го носи до кај 20ти август и згорс на тоа живеам во мало место каде од градинка се земаст децата 2 и 30 до 3 најдоцна ..... Државна градинка ама им се може и тоа време баш е жешко ама ке гледам колку можам помалку да ја повлекувам за доброто на сите
јас мислам ако одите јас мислам ако одите од јасли во прва мала префрли ја пошто секако влегува учителка во прва мала таа ке е нова плус не сите деца од јасли одат во прва мала така да најлесен начин на промена ке ти е сега ако веќе мислиш да префрлаш поблиску
Оди и ќерка ми цело лето во градинка, и ќе оди и годинава. Нормално во 15ч си ја зимаме после работа. Од врата до кола и е 1мин па нема ништо да и биде од жешкото. Редот за во градинка не го нарушуваме, и таа и ние имаме потреба да оди редовно. Плус со мало бебе ќе сме а и јас и сопругот на работа. Одмор не користиме, така да, и да ги групираат не е страшно, таа со сите се прилагодува и нови деца и нови тетки.
Градинки неисцрпна тема. Мене ми е во најубаво сеќавање од детството. Сум одела од 9 месеци немало кој да ме чува. И затоа сега инсистирам да си оди и детето. Нема поубаво и подобро место и за социјализација и за учење нови работи. За редот да не зборам такво нешто дома е речиси непостоечка работа. Последно со маж се закачивме сабајле за спиењето. Оди од 1 март и се уште се влечкаме до 12 да го земеме. Тогаш им е ручек и за спиење е дома. Таман ќе се адаптира до 12 ете ти вирус, бактерија, коксаки и пак две недели дома. Сега од понеделник иста песна пак од 8 до 10 па ќе накачуваат учителките по 15 мин, а на маж толку му треба како кажат они тоа е закон. Да не плачел да не му било чудно да спие таму, па како до 15ч. ќе седел како мислиш само ние сме родители на овој свет и само ние ги сакаме децата. Другиве врска немаат. Здравје за една година ќе останувал на спиење Му викам не се будали има да си оди колку што ќе дозволува здравје и да си биде како сите деца. А не ќе го влечкам сто години ко на рекреација да е. Прво одделение ќе запише он уште до 12 во градинка Ама маж е за ќотек учителките си користат, помалку деца за чување да имаат сосема нормално Во врска со бактерии, вируси отрпнав и после 3-4 ден по ред во градинка чекам веќе температура кога ќе крене. Ама дел од процесот е мора да помине. Ве поздравам
@Mom's_life ве научиле така дека попуштате, и нив им одговара помалку едно дете да имаат. Пробаа и кај маж ми, тој им рекол важи. Јас се јавив и им кажав доста е до 12, дома во исто време ја заспиваме и тука продолжете така. Па си продолжија така. Инаку до ден денес ќе ни ја праќаа така до 12, малце треба и да се спротивставите.
Само да дојде тој ден ама не ми се верува.. еве 3 и 4 месеци е, јас се помирив со тоа дека не јаде, туку стариве што се поболени хаххс цел ден на банана може да е, 3-4 работи вртиме, повраќа кога ќе виде храна, бега, се крие, вриштии.
За градинка од колегите се повеќе слушам дека и во мојот град им викаат да ги земаа околу 15:00,а нас работно време ни е до 16:00. Значи додека да се средиме, да излеземе од работа, да стасаме до градинка сигурно ќе е 16:30 во најмала рака. Ќе видиме за ова за неколку месеци какво искуство би имале. Пак да искажам незадоволство. Цела недела пријатели се најавуваат дека ќе дојдат денес, само да им кажеме кога е бебе будно да си поиграат. Ок, утрово станува бебе, спрема дремките и прозорците на будност, пишувам кога ќе е отприлика бебе будно, за да дојдат. Ок, договараме за попладнево. Станува бебе од попладневна дремка, одново праќам порака дека е будно, може да дојдат (живееат на 10тина мин), околу два часа ќе е бебе будно. Добивам одговор сега си одмараме, после ќе дојдеме, ако треба ќе разбудиш бебе. Времето во кое се разбуди бебето, се разликуваше со пола час спрема распоредот што утрово го пишав. Па, и нема да може, бебе за никој не разбудувам, затоа што после ние ќе треба сите плачки да ги трпиме од прекинат сон.
мојава 6г е ама изборот на јадења што ги сака на прсти се брое И јас кренав раце веќе , битно ми е да е здрава , да не и влијае на крвна слика и општо стање , па што сака нека јаде , нема разбирачка и џабе е проблемот кај неа е што не сака да проба , а никогаш не го јадела тоа , и дури проба некоа работи поминале месеци убедување Маж ми уште се оболува и постарите тука ама кај и дае и они ќе олабават , веќе сватија каква е ситуациата , а се ова почна кај неа некаде од кај 2г па до 3-4год имаше ограничен ептен број на работи што ги јаде , па постепено почна со месо и др некои ситници пак да јаде , а риба сеуште неќе да смисле во никаква форма и вид , веќе 4 години За разлика од син ми ( 2г 4м ) кај него е скрос друга работа он си сака да јаде , ама ако а слушне/виде неа дека кажува неќе да јаде и е неубаво ( или по нејзино кажано бљак ) па со него се убедуваме да проба , ама среќа уште можиме да му делуваме и ќе се трудам така да остане , оти мислам дека овој пресек , оваа возраст 2-3год е нај зезната кај маливе со исхранава , веќе разбираат и си ги пробуваат границите до каде можат да одат. Друго незнам мајки што да кажам , ретко сум во темава , ама знам да ве читам често и само едно би кажала секое дете си е своја единствена приказна , исто како секоја бременост што си е различна. Има деца како кукли баш , кај ќе ги оставиш таму ќе ги најдиш , и јадачи и спијачи , ама има деца и душа што ќе ти извадат Јас лично имам од двете верзии по малку кај моиве ќерка ми е од тие неумните а син ми до година ипол/скоро две беше мирен на ниво , се сешто сакаш исполнето , ама сега ... како мења секоја мирна ден на глава ни ја качува
Тебе како да те читав дека бараше некое советување зошто се гади од текстури. Син ми магично пројаде. Давав еден период б комплекс и тој малку помогна ама сега конкретно си јаде. Да не помислиш дека се е како под конец, пак го молам, пак ке велам ајде џвакај, ке има уцена дека ако не ја изеде мусаката нема ни лубеница и слично. Некогаш за тост го молам и бркам. Има и денови кога без мака си јаде. Генерално земено од нејадач премина во солиден јадач. Сон на бебето е нешто свето. Нема мрдање од рутина за никого. Јас сум си станувала порано од гости за да спие, се темпирам според сонот на син ми. Тотално разбирам. Пишав и погоре, не дека сам сега седнува и јаде цела чинија. Пак има молење некогаш.
Некогаш си викам да не делувам јас презаштитнички, дете тоа на се треба да се навикнува ама пак од друга страна е премало, за на другите да им правиме ќеф, а после ние по дома да имаме маки. Генерално гледам некој ред да се задржува.
Јас пред некој месец имав дешавка да дојдат гостите 2 саати после договореното, и да ме молат да не го носам детето на спиење за да седеле со нејзе, таа вришти се корни за спиење Кој е буден нека повели на кафе Луѓенца, што е со времево бе? Умирам. 2 недели константно ме боли глава. Аман