На што да се навикнува, на изреметен сон? Па од малку работи ли им се изреметува сонот (заби, температури, скокови, регресии, онака...) па сега да треба и од луѓе? За мене сонот и редот за спиење на бебето и во иднина на детето се свети, и за ништо не би ги изреметила...ма биле гости, свадби, абе господ да ми дојде на гости ќе му речам пријателе бебе треба да спие, си имаме рутина, можеше порано да дојдеш Како што би рекле охриѓани, ак не ви чинит не идајте
Будна од 5:30 Фала за кафенцето. Второ ми е. Бебе ниту будам, ниту држам будно за никого. Ако дојдат гости, ако спие ќе почекаат да стане. Ако имаме гости и му се спие го носам во спална и го заспивам. Слична дешавка со гости имавме. Мојот рано заспива, кај 7, 7:30. Гостите прашаа кога заспива, им кажав. Се најавија 17:30, дојдоа 18:45. Во 19ч веќе почна да кенка за спиење. Ама да не сум го запивала, да сум им го оставела да си играат. Им кажав дека на бебе што му се спие, не сака да игра, сака да спие. Си го однесов во спална и го заспав. Бебе да е нервозно и да плаче за спиење затоа што некој мисли дека тоа е играчка, мало сутра. Не е тоа презаштитнички. Тоа е бебе и има свои потреби. Нема што тоа да се прилагодува на другите, туку можат другите да се прилагодат према него. Нив одморот да не им се наруши, ама затоа бебе од неколку месеци да будиме или да држиме будно за да играле. Нема шанси.
Ајде добро утро и од менее, накострежена сум од сабајлењ, ваљда ќе помине. Јас не знам шо е тешко да се дојде на време.. дали било за дома или за кафе, дали имаме деца или не, не знам оти некој си зема за право времето да ти го троши во чекање. Безобразлук, јас не ама мм се јавива и вика ние си одиме или не ни идајте и не му е гајле дали ќе се наљути некој или не. После 7 саат кај нас нема гости, ако сакаат и од на марс да идат. Јас и на мајка и имам кажано, не па на некој друг, ред ни се пореметува пошо големава сака да си игра кога има дома луѓе и не е на време заспана, така не е ни бебе заспано на време сега. Аа со првото ми се десило да дојдат и да немаат осет дека бебе не сака кај друг да седи, оно вришти тие упорни, до степен да се искараш, а и ми е десено да морат да цицат и да спиет и ме немало 2 саати, тоа е. да се освестам сега оти во 7 заспав.. па ќе пишам што точно се дешава деновиве кај нас и што осеќам..
Мене ми е јасно дека они си користат ама не можам со маж да се докажам. Сигурно сите деца што биле болни не почнуваат пак по два саати, нема ни логика ама пошто ни се флексибилни работните времиња и на двајцата па и маж се разгалува, да не плачело дете во градинка, да не го форсираме Фала на кафенце мама Сите со мали деца мислам дека и пред пензионерите сме будни Што знае дете што е викенд
И јас сум дете на мајка, и ѕвонев во 8 саат за рецепт да ја прашам. Мислам дека уште ме пцува Не сум и јас крива што си останала она онлајн на фб а уствари спиела Па и ми вика "за 20 години тебе ќерка ти вака од памет да те вади посабајле" ... Касниш мајка, ќерка ми од 1 месец ме вади од памет посабајле
некогаш кога те читам ко сама себе да се читам тотално се согласувам сонот на бебе е светиња памтам за девојчето се ми беше темпирано и затоа и има ред од секогаш со спиење како било за возраст со прозор нс будност секогаш сум почитувала и сметам дека поради тоа и има ред а не е мирно дете ниту беше мирно бебе ....и за јадење сметам дека јаде се зстоа што од мала и давам да јаде работи кои што јас можеби и не ги ни јадам ама неа и ги нудам знам колку мајками мака има видено со мене само попара какао јадев и слични глупости ( мислам и јас пораснав не ме сфаќајте лошо) ама инает страшен сум била до момент дека и за тоа дс го јадам требаше да се возам на точаче а моето девојче јадеше од мала просо овес авокада секакви чудесии и блутковини што сум и готвела и ја чекав да е гладна нема нешто поткаснување памтам како помала се шетавме со кесе сецкани јаболки и краставици за да тос не се смоки .....дур сите ме гледаа попреку затоа што сум толку строга и моето дете јаде палачинка со сирење или само со пасирана банана а не крем ......таа и ден денес не сака со крем и сакам да мислам дека сите овие победи се резултат на мојата упорност и непопустливост како родител ........јас си ги сакам децата ама баш поради тас љубов и пробувам да создадам граници ....кои керками сега везден ги тестира откако доби братче ...се жалев и погоре не во однос на јадење ама инает тера со сите сем со мене .....ама пак ке кажам Еве пр со бабаи не сака да јаде манџа таа ке стави плазма на масата си идат од градинка и малава ја гледа плазмата и мора да и даде и наравно неѓа да сака после манџа со мене нема трте мрте ке јаде манџа па после ке касне нешто ....ако не е готово јадењето после градинка јаде овошје па манџа ..... а во однос на градинка сите мажи се исти секакви дрдорења имаше кога ја пуштав мислиш јас детето не си го сакам па мала е па да не спие јас истраав и сум мн среќна ради тоа од 3ти ден ја оставив да спие таму по совет на негователките дека ако не почнеш од старт да спие и нема никогаш ни да спие таму Него за бебињава кои капки за грчеви се најефикасни ??? и тоа и јас реферат испишав
Добро утро мајки Не дека е баш утро, мене веќе ноќ ми се смета ова бидеќи сум будна од 4:30 Претеравме некако ноќва со темпратура, носе затнато и хрчење бетер од татко му Носе чистам секако, со физиолошки и шприц, со капки, со инхалации ама бебе не може да дише упорно и тоа страшно ме иритира бидеќи не може да пие течности и жвака од јадењето. Јас немам проблем кога дете е болно со температура, јас луѓе имам проблем од мм Радо би му уплатила одмор на некоја друга планета само да не се нервирам оти он е нервозен. Станува од кревет шета по спалната како “нетокму” и си ја чука главата со раце Зошто на син му да му било тешко. Ај што да правам, да идам да го заменам за друго дете што не е болежливо како нашево. На тема будење на бебе/дете за гости Кај нас во друштво сите деца се будни до касно, нашево е единствено што легнува рано, и тоа едно рано што е во 21:30 Блиски пријатели беа тука и децата трчаа, викаа, скокаа како во игротека а од родителите никој да реагира Многу се навредив од муабетот на една од пријателите “деца се што да му правиме, една вечер ќе си поседат ако стани бебето” А истата таа кажа случка кога нејзиното било бебе и имале гости што викале многу и од тогаш не ги поканила Од тогаш со мм кажавме дека не примаме никој кога бебе спие. Ако сака и светец нека е мирот не го рушам и точка. И така би, не сум викнала гости да се стресирам јас 4 часа и да правам влези излези од спална. Се беси дете во игралната, време е да станам да го кренам Убав сончев и ветровит ден мајки
Маж ми вчера: леле у пичку матер, нос почна да и тече. И го напнав да ја носи на детска оти носе течење е животозагрозувачка ситуација, ама не прифати За градинката со него имам проблем со тоа што ако стане детето од сабајле и е поспано/нерасположено/ненаспано одма сака да не ја носиме. Му викам па она секој трети ден не е доспана, ај да ја отпишеме ако не. Значи си ја познаваме кога е пред разболување а кога не е наспана ама... Ако ја оставам на него за некоја година ќе стане ќе го прелаже дека не е добро, ќе си седи дома цела година
@LiquidLuna , маж денес кај мене, ете пак е бебе гребнато на лице. Ако почнат лузни да и остануваат А, и сечам нокти, не дека не сечам редовно. Ама бебе ко бебе ќе се гребни. Баба - сега зошто плачи бебе, паники, како никогаш бебе да не видела. А одиме 1 во месец на 15 минути. Ако кивни бебе веднаш трча со ќебе да не е ладно. И така сите со ред. Кога се роди, паники дека мало ептен. Како ќе сме го гледале. Еве сега порасна
Значи сите мажи се исти. Сношти му велам толкав маж од 130кг како пичкица се тресеш. Што ќе правиме кога ќе тргне во градинка не знам, ќе треба да си останам на век дома Како што тргнало вака да се разболува без никаков контакт со болни, налет тоа и бактерии фаќа. И секое разболување - “забчиња се” Ела убеди го дека има наслаги на крајниците и вирус на крвната слика За да биде јагода на шлагот вакцината на 6м што се прима сеуште ја касниме До година ипол се надевам ќе ја прими
Г Гледај да не ви стигне казна. ДТП ја касневме еден месец заради близок роденден и настинка, па ми стигна писмо со 300 евра глоба. Внимавајте со каснењево на вакцини. Среќа ни е примена па имаме и доказ, оти каснело писмото. Па нема да се плати
Извини, надвор од тема ама зошто казна ? Нели не се задолжителни вакцините освен МРП што ја бараат за во градинка и школо ?
Ве читам за мажите и се смеам, значи сите се исти Син ми ко се роди, цел беше испогребан уште вториот ден ко ми го дадоа. Се роди со големи и остри ноктиња и цело лице си го имаше изгребано. Маж го гледа на Вибер и ми вика: Те молам посериозно малце чувај го, на што личи види како е изгребан, внимавај малку. Јас реков, е таман за некој ден си доаѓаме дома па ти како совесен татко ќе го чуваш да не се гребе
Јас колку што знам сите се задолжителни, освен Рота. За сите останати ќе платиш казна или ќе се тужиш со државата.
Колку трагично мојов го доживеа моментот кога на првото му сечеше нокти и му мрдна па малу сецна мевце, оно си спиеше уште и нит заплака, он крокодилски солзи. Еве јас сега на бебево исто ми напрајв, кога ќе види мислам дек инфаркт ќе го стрефи од траума што има. Иначе ја сум поголем паничар, пошо во моментот ми се врти ако видам крв,он е тој што е смирен ама изгледа за големава ни стана нормално да се удира секој ден, само викаме да ја чува Господ без конци да поминиме.
Другарка има прваче со примени само тие во болница и мрп па никому ништо и има второ година ипол и тоа ги има примено само тие во болница Моето ги има примено сите до мрп, само ротата ја испуштувме поради ковид. Во градинка тргна на 10 месеци и ја немаме ставено мрп ама за од септември ќе мора да ја прими и не знам после неа дали има други...
Јас повеќе сакам да го вакцинирам. Од март е болен секоја 2ра недела, крвната слика никако да се подобри а болно дете не би да вакцинирам. Три пати викам понеделник го носам и викендот крева температура
Ве читам за мажите, како сите по исти рецепт направени да се. Ете сега во пола саат 20 пати го врати од плочки на подлога, ладно било, а надвор е 20 степени. Едвај чекам да го видам кога ќе почне да лазе што ќе прави, мислам отказ на работа ќе даде за да биде дома да го мести