1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    119.228
    Пол:
    Женски
    Задолжителни се, и јас не очекував, мн малку ни беше закаснета дтп и ми стигна казна, а има деца од 2017 без примени мрп, стигаат казни периодов. Каснат, но ќе стигнат, така ми кажаа од вакцинации.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  2. WhiteAngell

    WhiteAngell Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2012
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.315
    Пол:
    Женски
    А таа дтп кога се прима ?
     
  3. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    119.228
    Пол:
    Женски
    Дифтерија, тетанус и пертусис таа е ДТП
    received_565107192415843.jpeg
     
    На Dancewere му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.933
    Допаѓања:
    110.270
    Пол:
    Женски
    Мајка денес у инат бабарогама и есен во пролет зема извади летна гардероба и моја и од деца, наштима мајндсет дека е лето и сега што сака нека праи. Бебе одвреме навреме оставам по кратки и секој нареден пат облакање долги е војна. Имам точно 3 планини алишта за пеглање, па да дочистам утре и ќе пеглам. Направив 2 тури џем од јагоди, решивме годинава да праиме зимница јер скапотија е времето.

    Не знам зошто ама како стареам мојата фобија од инсекти, особено пајаци, се влошува. И така прееска еден голем колку пола рака на ѕид над креветчето на бебе, абе срце ми застана. Собрав храброст и го смачкав. Еден помал у купатило, тој го оставив да живее. Многу се плашам и се осеќам ко да ме лази нешто цело време. А куќава врие од пајаци.

    Бебе го имаше првото чување од баба, топ прошле, дали е првичен шок само ќе видиме. Пиел смрзнато млекце што имам, заспал малку подоцна ама заспал. Стана во ниедно време и ме тероризираше зошто решив да идам на свадба де, али добро. А свадбата беше една од најдобрите во животот мој. Рок енд рол цела вечер. Предобро пројдовме што не можам да кажам за старите, уши затнуваа.

    Генералка започната со мењање на гардероба. Полека ќе чистам пошто сакам сега да го префрлам одма бате во собата, да му одвојам простор за алиштата и да почнеме со плакарот, па здравје на есен со креветите. Со бебе колку може ќе се чисти, ама се чисти со поместување на буквално се. Ќе пратам и теписи на перење пошто бебе се очекува да почне да лази па да не напраиме беља некоја. За бато тргнав се, ама сега планот е да оставиме теписите. Утре ќе довршам спалната со усисување и бришење врати, па ќе се префрлам во дневна. Купатило сега ќе чистам ама тоа не е нешто спорно пошто го чистам на 3 дена. Страшно ми фали една рака екстра или пак сервис за бебе чување да можам а средам.

    Доста беше, да одам да мавнам туш и да легнам, ќе менувам тек и постела. Добра ноќ!
     
    На hello-kitty.90, Oneo, Bubish26 и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.145
    Допаѓања:
    40.509
    Пол:
    Женски
    Добро утро,

    Убав ден на повидок иако временскава прогноза официјална не е сјајна.
    Бебе тера прва дремка па да се фрлиме на шетање порано, зошто после пекол станува.
    Батко пратен во градинка после цела недела. Чистевме бактерија, не поздрави пиогенис по втор пат за еден месец. За среќа овој пат само со болка во грло два дена помина. Нормално тура антибиотик се испи. Имаат последни подготовки за завршна во среда и во четврток го фаќаме патот кон морето да отвориме сезона.
    Викендов нормално во спремање ни пројде зошто јас сама со дете нема шанси да се спакувам, па фатив со време. Особено што со временскиве прилики морам да спакувам за три годишни времиња гардероба :drunk:. Торбата на батко е спакувана, јас и мм во една спакувани ми остана уште бебе да досредам и нормално аптеката и хемијата. Искрено едвај чекам да смениме малку. Бато исто така е превозбуден за морето иако незнам колку ќе може да се бања. Бебе таман нека подише морски воздух. Само да не послужи времето. Јас пакував, а мм мини генералка ми направи по дома. Купатило средено, усисано, прашина избришано. Ама после одмор планирам пак да почнам да си викам жена. Не се стига. Ене балконите пак останаа несредени, а што убаво е сега за седење надвор.

    За паника мажите и јас се приклучувам. Бебе ни два месеци немаше (особено што он е на граница на прематурче со оглед на тоа дека е роден 36+4), паника зошто не му се смеел:drunk:. После тоа уште еднаш стрес ми направи и од тогаш му реков пред да отвори уста да прочута малку литература, па да крева аларм ако има потреба.

    @AngelOfArh ти прашувапе за кратки и летна гардероба, ама ние ве претркавме. Јас веќе извадив и преправ, а бебе сефтоса шетање на кратки покрај нормалното шетање со боси нозе.
    А за инсекти не ми кажувај. Секое лето живеам во хорор филм со бубашваби. Јас незнам кога ќе се реши проблемот со нив во населбава. Луѓе до 7 спрат од надвор по фасада се качуваат:worried::swear:.
    Лани како поарно да беше, ама еве сега како затопли излегоа пак. Спење со отворен прозор без мрежа кај нас е научна фантастика, освен ако немаме желба да се гушкаме со нив на спиење. А па со мрежа воздух не влага.

    Туку да не урочам ама бебево последниве десетина дена секој втор ден врзува до 3-4 од 8 од кога легнува:x. Другите денови најрано 1. Се надевам ќе потрае ова. Само со градиве незнам што ќе правам. Морав да станувам да одмолзувам среде ноќ :drunk:
    Е ама ранобудноста си остана 6-6:30. Вчера дури и во 5:30 си стана па се дружеа со татко му.

    Излгеда се распишав, а бебе ми се успа. Да одам да го покријам со една тетра за да се разбуди:devil:. Да исклучиво откриен спие и со боси нозе. Ако осети нешто да се спушти почнува клоцањето.

    Имав повеќе мултицитати сакав уште да пишувам, ама и ова е доволно и незнам дал некој ќе ме дочита.
    Ако имам време ќе се навратам со друг пост.

    Имајте убав ден:sun::sun::sun:
     
    На Coco31, Oneo, Mom's_life и 18 други им се допаѓа ова.
  6. Inamya

    Inamya Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    4.284
    Пол:
    Женски
    Еххх....
    Си помина една година, бебенцата ми пораснаа, ми летна времето како вчера да ги родив ❤️❤️
    До душа понекогаш се понашаат како еден месец да се а не една полна години, ама ако секој дел од расположението од моментот мене ме исполнува и ме прави најсреќна. Секој ден се се по интересни, по мили и чат пат умни :) секој ден ме изненадуваат со нешто ново.
    Се прашувам што правев пред нив, ма ова било комплетен среќен живот, кога по цел ден две мали устиња ќе те викаат мама мама мама.... Се топам на секое нивно викање, на секое нивно ново зборче, на секое чекорче, на рачињата што веќе ми ги пружаат и знаат да ме гушкате.
    Аххх срцето ми е полно љубов, среќа, радост.
    Одиме и во градинка, од десет месеци почнавме, на почетокот беше со плачки Али сега се умни синчиња на мама. Јас уште два ипол месеци сум дома на породилно и после по речиси две години се враќам на работа. Ми се оди на работа, вака па и у градинка што се досадно ми е без нив, а и ми треба веќе цивилизација :)
    Од друга страна па ќе ми фалат ама многу деновите по цел ден да сум си со моите сонциња, Али тоа е секој со своите обврски, работа градинка тоа е.
    Епа драги мои повелете на торта на две прачиња нели близнаци па по две ќе ве частам
    Гушкајте бебиња, дечиња, бидејќи многу брзо лета времето, уживајте во секој момент со нив ❤️❤️
     
    На Coco31, Oneo, Damjana5 и 26 други им се допаѓа ова.
  7. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.574
    Допаѓања:
    7.374
    Пол:
    Женски
    @Inamya ,среќни родендени.

    Бебе си фати некој ред со дремки и ноќно спиење, па ќе видиме до кога ќе трае. Не верувам долго бидејќи ми личи дека спие многу и кај и да е, ќе скратува некоја дремка.

    За инсектите немам страв јас за мене ама за бебе ми е, да не се расправаме со каснато, полазено, па алергии и такви чуда и затоа место голем одмор за летово ќе испадне продолжен викенд само и комарници на цела куќа, на сите тераси.
    Сеуште не сум почнала и нејзините алишта баш од таа причина надвор да ги сушам, а немаме машина за сушење.

    Бебе обожава да слуша детски песнички и да гледа тв. Е сега овде второво го ограничуваме на 10-15 мин. Се трудам да е што подалеку од Тв.

    Друго на свадба сме во друг град во јули. Прв план ни беше за вечерта да земеме соба и некоја од бабите да дојди со нас, да чува бебе. Па да си се врати дома, а ние со се бебе да истераме мини одмор.
    Другари не убедуваат да го оставиме бебето дома со бабите, на 3-4 дена, секако не цица, да си одмараме раат. Некако премало ми е за само оставање. Засега по 3-4 часа ја имаат чувано, ноќе не. Веројатно нема ни да ја оставиме, ама баш се замислив кога би било оптимално односно која возраст.
     
    На Coco31, Mom's_life, IRBBB и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.116
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    Не се жалам овој пат ништо хех.
    Сакав само да напишам дека ваква љубов е привилегија да се има. Мајка и дете.
    Не ја земам здраво за готово, едноставно, го обожавам.
    Секој ден, се повеќе и повеќе и повеќе, а не мислев дека е човечки возможно.
    Го обожавам оние мали моменти.
    Како на пример кога си игра или со други деца или со некои играчки и одеднаш ќе дотрча до мене, ќе ме бакне па ќе си продолжи.
    Оној момент кога ќе ме гушне, без разлика дали од љубов или да го смирам и утешам, тој момент на полни раце ми е благослов.
    Или оние заеднички core memory моженти со мм, мислам он уште е мал ама ние ќе ги памтиме додека сме живи.
    Ах, полно срце, полна душа.
     
    На Coco31, Mom's_life, Maca Macka и 22 други им се допаѓа ова.
  9. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.393
    Допаѓања:
    31.788
    Пол:
    Женски
    Ќерка прв пат на викенд отиде на 5 месеци, во друг град. Да ти кажам подобра одлука немам донесено, тоа и градинката :D
    Татко и потешко го поднесе првото нејзино одење кај баба и деде од неа. И сега откако разбира, ми се полни душата со ќефови кога доаѓаат да ја земат и она одма зема патики, ги фаќа за рака и ги носи :D
     
    На Mom's_life, Giovanna, januari19 и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.145
    Допаѓања:
    40.509
    Пол:
    Женски
    Само мојов на 5,5 години уште не спие никаде без мама и тато ;(. Таман се опушти да спие кај моите му дојдоа два шока прво што ме хоспитализираа пред нг, па после 5дена и пораѓајот и сега пак како со папочна врзан. Не се решава уште никаде да преспие.
    Второво од мало ќе го тренирам. Штом го одбијам од цицање одма го праќам.

    Туку дојдов друго да кажам. Може некој ќе се пронајде и ќе се свести. Еден апел до мајките кои шетаат по кратки, а бебињата во колички со зимски кебиња и прекривки - раскомотете ги децата. Не е хумано на овие температури така да ги шетате и со капа.

    @Miss_S опушти се и носи дете на одмор да дише чист воздух, макар и на планина.

    Ќе се испратам сама себе сега :hai:
     
    На Coco31, Oneo, Iris-1234 и 21 други им се допаѓа ова.
  11. TinnaMinna

    TinnaMinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2022
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Женски
    Мамички може не е прашањево за во оваа тема ама ми треба помош каде да најдам фустан бр.44 некој убав,предложете страници
     
  12. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.574
    Допаѓања:
    7.374
    Пол:
    Женски
    @Ano , за утеха јас не се делев до 12-13 години. Зошто и јас не знам. :D

    Којзнае како им било на моите со лепенка цело време.
     
    На IRBBB и mal.ecka им се допаѓа ова.
  13. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    813
    Допаѓања:
    3.195
    Исто... (facepalm)
     
  14. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.145
    Допаѓања:
    40.509
    Пол:
    Женски
    :o богами ги жалам :rofl:. Се надевам нема и мојов да е така и ќе се среди скоро. Јас сум оставана од многу рано. И тоа со недели и имесеци во село кај баба и дедо. Без телефон и никаква комуникација со останат свет :rofl:.

    Знам дека нешто заборавив прееска.
    @Inamya среќен роденден на беуши, сега веќе тодлери. Живи, здрави, среќни и гордост на мама и тато:party::party::party:.
     
    На IRBBB и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  15. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.393
    Допаѓања:
    31.788
    Пол:
    Женски
    Имаш брат/сестра? Брат ми исти бил, залепен. Затоа сум 5 години помала :rofl:
    Не можеле да ме направат од него :D

    @Inamya честитки другарке за преживување цела година со близнаци! Сите што имате близнаци, капа ви симнувам. Ама онака, најискрено.
    Среќен нека им е роденденот, да се живи и здрави, мирни и умни :inlove:
     
    На Mom's_life, Doktor F, IRBBB и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.145
    Допаѓања:
    40.509
    Пол:
    Женски
    И јас помислив да ја прашам истото :rofl:
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.574
    Допаѓања:
    7.374
    Пол:
    Женски
    :nod: мнооогу години разлика сме. Кој знае колкав страв имале моите за второ дете.

    Мислам по дома си спиев во посебна соба ама по роднини, свадби, крштевки, одмори, лепенка секаде :D.

    Заклучок на муабетов ако сака детево брат/сестра со време да се научи на други места да останува.
     
    На Mom's_life, Srcka28, IRBBB и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.145
    Допаѓања:
    40.509
    Пол:
    Женски
    Ете. Среќа нашиве од епрувета се :rofl:
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  19. *malenavolena*87

    *malenavolena*87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2019
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    3.500
    Пол:
    Женски
    кас вчера бев скроз со
    јас сум исто на свадба крај на јули
    ама кај мене јас сама сум на свадба и бебе ке е здравје ни 3 месеца и сме ан ексклузивно
    си мислев или да го земам мм да изнајмиме апп во хотелот и да идам само за цицање во апп
    мм вика да го оставам дома со него со молзено млекце или ад ама па ако рикне да плаче и не сака од цуцла 60 км ке бидам
    ама ај има време до тогаш дс го прпбаме и за ад и за молзено
     
    Последна измена: 29 мај 2023
  20. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.957
    Допаѓања:
    12.984
    Пол:
    Женски
    Јас сум можела и под мост сама да спијам, до толку не сум правела проблем. Градинка, баби, тетки, батковци кој стигал, ме чувал. На година ипол се имам изгубено пошо сум си искочила низ врата навечер додека сме биле на гости. Сите ме чувале пошо сум била прво внуче, а јас не памтам да сум имала посебна конекција со некој.
    Затоа мојов ми седи до нозе додека мочам.
     
    На Coco31, Oneo, Mom's_life и 11 други им се допаѓа ова.