Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.720
    Допаѓања:
    38.261
    Пол:
    Женски
    И јас немам оставено деца на друг, и првото и второво заспиваат со цицка и никако поинаку. Првото ај ќе се нацицаше и спиеше топ неколку часа, ама ова малово, само се превртува само се врти, плаче и никој освен мене не може да го презаспие. И преку ден е лепенка, кај никој не оди освен кај мене и татко му.
    И ние сме следен викенд на свадба опција да го носам нема шанси, со друг да седи нема да издржи ни еден час, најверојатно ќе откажеме. Од друга страна пак, си викам, не сме само ние со мали деца, не се само нашите такви, и ние мора еднаш да излеземе без нив ама тоа ќе биде изгледа по неколку години.
     
    На Mom's_life, Maca Macka, *malenavolena*87 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.166
    Допаѓања:
    10.587
    Пол:
    Женски
    Ние бевме на свадба, моите ја чуваа кај нас. Нема поглупа одлука од тоа место да им ја однесам кај нив.
    Се прибравме во 2 пивнати, ете ти ја госпожа во 7 мамаааааа татоооо станииии. До дремката нејзина во 12 не можевме да се склопиме...после се плеснавме со нејзе, па се држевме вечерта до 9 едвај.
     
    На Mom's_life, Speechless, *malenavolena*87 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.147
    Допаѓања:
    6.750
    Пол:
    Женски
    Гледам има дебата за свадби, па да си кажам јас. Бевме со бебе 5 месеци кога беше преку денот малку кај невестата дома го зедов и малку у ресторанот докај 9, најмногу за сликата. Да малтретирам бебе да ми спие во количка на гласна музика до ниедно време не би. Кај баба ми спиеше таа вечер, стана во 11 вриштејќи, среќа блиско беше па веднаш отидов, се смири, заспа и не се разбуди воопшто до сабајле до 7, дома не е сврзал толку саати :lol: Од тогаш некако страв ми беше да го оставам па на спиење на друго место, а дома други да го чуват го оставав. Некни испит имав сабајле рано па спиеше кај мајка ми, супер поминале. Сметам дека треба да сме малку поопуштени на оваа тема. За спиење само кога мора, ама така за чување се трудам почесто да го оставам веќе, и они му се радуват и сакат да минат време со него. Среќа и имам такво бебе што во секој оди и не е лепенка за мене, па не ми е ни толку стресно оставањето. На повеќе дена уште не сум се осудила да го оставам, и мислам нема во скоро време. Не за друго, мислам дека воопшто нема да ми се убави тие денови, ма и на месечината би била, ќе си мислам зашто го лишуваме бебе од шетање та ние сами одиме (facepalm)
     
    На Coco31, Mom's_life, Ano и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.173
    Допаѓања:
    26.083
    Пол:
    Женски
    Добра ви вечер мамички!


    Од петокот, па се до сабајле сме со свекор и свекрва гости дома да ги видат децава. Договор падна да дојдат на кратко, иако сами се поканаа на 2 месеци, јас скратив на 2 недели, маж пресече на 5 дена и фалаа му.


    Големава веќе пишано имам надвор од контрола ни е од кога е бебе дома, со бебе е супер ама нас не не слуша за ништо, тоа не е ново нели.

    Стариве лигавеење уште толку, ми се чини да остаам сами да ја чуваат 3 дена, да не прам муабет за недела дена, тоа ќе ни вратат распрдено дете до немај каде што не е способно ни шишето за вода да си го држи. Тоа е толку одење по газ, толку помош околу се и се пружи, паа тинтрење цело дневно со игри, а јас ја оставам сама да се заигра, да си има свој свет, а не да зависи само од мене.. ок, малу дена се, се изолирав во спална оти со цицките само надвор сум и гледам во 4 ѕида.


    Вчера и завчера беа цел ден излезени, па наместо слободното време додека спие бебе јас праев ручеци и чистев нели, за кога ќе се вратат да ми речат не сакаме ние, ќе јадеме негде на гости, маж само ме испоштова, ок, стајв во фриждер, денес си јадеа, си топлеа.


    Не знам оти еднаш свекрва не ме праша дали нешто треба, свири машинана се слуша до в комшии дека е завршена, оти одма да не се спружи за да не се алиштата гужвани? Што е толку тешко? Јас од утре че сум пак сама де, тоа знајме, ќе се снаоѓам ама дур си тука подфати нешо.


    Тука денес неработен ден пошо празник, му се јавуваат на маж пријатели едни што се и со свекор ми, ќе дојдат на кафе, овај не да рече одма не, не сме спремни за гости, он од околу. А преска ви спомнав за тоа дека бил директен за поштување на договорот времето за гости, шо го пофалив и јас..

    Пепел напрајв дома, значи мене ми е срам да пречекам дома гости кои мене ме чекале со цели софри дома, а сме се јавиле само за кафе, они мене ми идат на малечко,а јас едно кафе да им дадам и толку, можеби албум со слики да вртат. Нема од кај да се купи, се е затворено, дојдоја со поклони повеќе од роднини што носат, в земји пропаднав, ги викнав на ручек со закажано, така се прави, а не само идам ја и ајде дојди. А знаете што е најстрашно, што се напрај само оптичка варка дома, оптегна креветот и спастрија играчките, тоа што ни умивалник не и текнува да исчисти нити една смукалка, е тоа е друго.

    Таман се наканав да избришам, врисна бебе.

    Бебе сме имале дома и дете, нормално било, нее жено, покрај 4ца здрави и прави луѓе дома не е нормално да се чека вака гости што ти праат чест. Завршив со оговарање за нив.


    Туку, шо прајме со големава? Јас искрено се надевам дека ќе и го фатам редот пак, ќе ја скротам помалу, барем мене да ме слуша како што ме слушаше.


    Иначе мајки, тоа што големава овие дена не беше до мене многу ме погоди, ммогу ми фалеше, се осеќав оттргнато, ме уби тоа што посветив внимание само на бебе, иако неа врмеето и беше исполнето максимално, сепак не би можела да издржам психички да функционираме вака пример подолго време, колку сака нека ми се качува на глава и ми е тешко со бебе в раце и на цицка да ка оправам и неа,нејзината близина, нејзиното мама мама по 1000 пати во минута, за мене лек. Многу ми стана притисок тоа дали некогаш некое од нив ќе осеќа дека не доволно има внимание од мене за разлика од другото, тоа ќе е за мене огромен пораз.

    за свадби.. не сум оставала никогаш до сега на спиење кај нив ( ок и друг град се во Мк) спиеле они кај нас ама во 11 сме идале дома и тоа лани лето на 2,5г, па ме чекаше за спиење,предходно никок не се ни осуди да ја остави или да прифати да ја чува.

    Сум се изнапишала ама ако не ви се пожалам вас, ам на кој?


    Лека ви ноќ мајки
     
    На Coco31, hello-kitty.90, Mother of 2boys и 21 други им се допаѓа ова.
  5. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.880
    Допаѓања:
    18.757
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки. :sun:

    Уште еден месец и идеме на море. (poolparty) Едвај чекам. Синко сака уште еден викенд во Охрид ама се сомневам маж да се согласи за толку краток период пак. :?:

    Јас сум од оние што не сакаат да се одделат. Син ми е преблизок со баби и дедовци, најверојатно ке спие без мака, еднаш дури и сакаше да спие кај тетка ми, сам кажа да сум однела пижами. Ама јас не сум спремна да не ми е до мене да го душкам и гушкам пред спиење.
    Кога одиме на свадби тој си шета со баби и дедовци, па доаѓаат кај нас во стан, заспива а тие си одат кога ке се вратиме. Преку зима ако е го носиме на гости потоа си доаѓаат кај нас. Не пиеме, никогаш ни до крај не седиме, до 1 сме веќе дома.
    Така единствено ми одговара. Инаку не одам и крај.
    Знам дека можеби сум швркната што вака правам, а имам луѓе од доверба, ама нема шанси. Мое дете, мои правила.

    Преку ден знае да збесне, да претера, да е непослушен за глупави работи, и зборам со повисок тон. Ми е криво потоа ама мора да му објаснам каде му е местото.

    Убава вечер мајки. Гушкајте ги, пребрзо растат. :l:
     
    Последна измена: 30 мај 2023
    На Coco31, hello-kitty.90, Mother of 2boys и 12 други им се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.933
    Допаѓања:
    110.270
    Пол:
    Женски
    Сезона на свадби а? Ние бевме саботата, извадив млеко од фриз, 4 чашки, божем ќе не нема до сабајле. Дрмнал 2 и заспал во 11 дури, барал цице вика свекрва ми креветот го прекопа да најде, заспа од умор. Си дојдовме, стана да цица во 4 и до 7 не се тргна од цицка. Ти мене ќе ми идеш на свадба, госпожа една :D Бате дека на шише поише го оставав, овој цицо мој, како ќе го двојам не знам. 5м полни има, мал е уште. Баба рече дека бил лесен за чување, ама да видам кога ќе биде следно. Непара ми го шљиват второво, првото им е на пиедестал, второво нит купиле нешто, нит прашале, нит ништо, ама ако, да е он жив и здрав.

    Добра ноќ, одам да спијам оти ќе стане цицо кај и да е.
     
    На hello-kitty.90, Mother of 2boys, Mom's_life и 9 други им се допаѓа ова.
  7. TinnaMinna

    TinnaMinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2022
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Женски
    И ние на 13 сме на свадба малце подалеку па ќе го оставам на мајка ми и немам гајле раат на свадба:D
     
  8. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.957
    Допаѓања:
    12.984
    Пол:
    Женски
    Јас ич не сакам свадби, не знам зошто ама имам некоја одбивност кон тоа организирање, спремање со месеци, трема…ама сега скоро бевме и предобро ми дојде. Подалечен другар на мм правеше, не се замарав како за близок што значи ја немаше таа трема, предобро друштво на маса, фала му на маж ми што ме убеди да одам, стварно презадоволна се вратив дома.
    Бебето со мајка ми гајле немаше, големиот се утепа од плачење дека останал без мајка и татко ама заспал на крај. Ноќта кога ме осети дека сум до него не ме пушти до сабајле :inlove:
    Имав огромна грижа на совест ама човек сум и јас да се опуштам. Пак би идела :lol:

    Туку, ве молам кажете ми што да правам со ова разболување на поголемиот. Цела година беше супер, здрав, ни носето не му течеше како што знае и од февруари навака како не зареди, не можам да си дојдам при себе.
    Значи прво беше некој вирус со 10 дена температура, па варичела, па пак вирус, па грлото партали со температура, жлезди огромни, шарлах и само што го заврши антибиотикот забележав осип прво на препонот, на десниот глужд и еве сега на левиот почнува. Температура качува до кај 38 и сам ја спушта, грлото лесно зацрвенето, носе затнато, хрчи во спиење и кога збори грлото му е како фатено, како да се гуши. На каков доктор веќе да го носам да видиме до што е, дали варичелата вака го бутна да фаќа сешто, што да преземам веќе? Пие ц и д витамин секој ден, јаде убаво, пие цедени сокови, секој ден е на воздух. Не знам веќе како да му помогнам. Се мислам да ја паузирам градинката зашто 3 дена оди, па цел месец дома.

    Имајте добра ноќ :*:
     
    На Coco31, hello-kitty.90, Mom's_life и 11 други им се допаѓа ова.
  9. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    813
    Допаѓања:
    3.195
    @Skyler другарка ми дава масло од диво оригано, вика ефикасно е.
     
    На Skyler му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.923
    Допаѓања:
    203.178
    Пол:
    Женски
    Кога големиот син имаше варичела, од октомври, после тоа до април глава не кренавме од разболување. Само со цинк и витамин Ц го оправив. Не направив прекин со градинка, одеше, ама повеќе беше дома. После тоа фала му на Бога многу ретко се разболуваше.
     
    На IRBBB, Skyler и see.emily.play им се допаѓа ова.
  11. *malenavolena*87

    *malenavolena*87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2019
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    3.500
    Пол:
    Женски
    да прашаш док. нам на флорадикс киндервитал ни помогна зс имунитет ....секако во консултација со доктор нели
    @Bubish26 и как нас девпјчето е ван контрола викендот дури и реков Аман бе мама треба ли да чекам да пројде викенд за да одиш во градинка :( ѓн ми е криво ама и јас сум човек ме вади од контрола свесна сум дека трстира границо тодлер е и плус сега бебе мало ама стварно на моменти е неподнослива :( напорна он цица она тогаш ке се пикне и го бакнува и се би било супер ама немпже да цица саглам од неа
    па дерење на цел глас дур он спие па на сите инает аман
    со мене беше супер од кога бев во болница и се вратив со сите е страшен инает ништо не слуша се како неа и одговара фрлс рсбпти од тераса прави свињац низ дома со храна ....и оди издржи да не изгубиш контрола
     
    На Mother of 2boys, LiquidLuna, IRBBB и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.173
    Допаѓања:
    26.083
    Пол:
    Женски
    Како за исто дете да прајме муабет. Ми кажува на која страна треба да цица, ако заспие и види дека ја ставам да спие, оди и ја чепка за да стане, па после кенка што немам 100 раце и неа да ја оправам. Зела коцка и на свекрва ми арно носот не и го пукна како ја мавна, такви глупости немало,почна и да каса сега наеднаш и да мава почна, само мене и бебе не има поштедено за сега, дај Боже читаво да порасне, очи на сите страни.
     
    На Mother of 2boys, LiquidLuna, *malenavolena*87 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Panovic

    Panovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2020
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    573
    Ќе се самоповикам зш скроз исто е и дома,мене и бебето не не чепка ама затоа на сите останати лом,се кара се инетеи,тантруми...
     
    На *malenavolena*87 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    2.940
    Пол:
    Женски
    @Skyler те читав по темите, се изнамачивте.:hug:
    Со мм веќе извесен период се обидуваме комплетно да го смениме начинот на живот во поглед на здрави навики. Почнавме со исхрана, па видовме еден профил на инстаграм (не знам дали смеам да пишам име, да не испадне рекламирам, кој го интересира нека ми пише лп), ја купивме програмата и дома сменивме сѐ, од средства за хигиена до каква четка и паста за заби користиме. Во програмата има и дел за витамини за деца и возрасни. Железото ми беше 4-ка веќе година ипол се додека не купив Флорадикс по препорака од програмата. Од едно шише ми се качи на 12ка. Буквално сите што беа дозволени во бременост и доење ги пиев во комбинација со мед, коприва и лимон. Се препородив после година ипол мачење, а нема што не пробав од суплименти. За деца го препорачува за имунитет Флорадикс - киндер лове и Бимунал. Искрено јас сум секогаш само за природно билдање на имунитет и во случај на разболување плус витамин ц, евентуално понекогаш Виранто за спречување. Но, вие се изнамачивте. Пробај со ова, види со педијатар, очигледно е дека му е паднат имунитетот од варичелата. Ако имаш опција да не оди летово во градинка искористи ја, но не само ради болестите туку летото е хаос, знаеш како е со групите, да не должам. Мене срце ми се кине моето што ќе иде цело лето и тоа од 07 до 16:30. Ама немаме избор.

    Инаку и двајцата ми се болни сега. Имало некој вирус со висока температура, изгореа цело време се 39.7, падни/стани, осип по цело тело, црвено грло и болки во телото. Еве ги, бебе спие на мене, колаче пикнат до мене.

    Никој не е раат после ковидов. Со помин на сите дечиња мечиња.:hug: Мачно е за сите кога се они болни.:doh:
     
    На Oneo, Mom's_life, *malenavolena*87 и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.957
    Допаѓања:
    12.984
    Пол:
    Женски
    @Kolache na mama Пиши го профилот, не прават проблем за да не те бомбардираме со пораки :D Ние секако менуваме навики постепено, многу сме сменети во тој поглед за разлика од претходно додека немавме деца ама секој совет плус е добредојден.
    Јас планирав цело лето да оди, плус и бебево да го пратам август. Себично или не, морам да си го вратам барем делумно животот назад зашто подолго време не сум задоволна вака домаќинка и мајка, ништо друго. Многу сум попосветена и поведра дома откако ќе направам нешто за себе. Ама здравје, да се оправиме сите и ќе се реорганизираме.

    Многу сум расеана денеска, не знам ни како се осеќам ама имам некој бес во себе. Ми се иде да се искарам со некои луѓе и да знам дека ги немам, да не ми е криво кога стварно ги нема.
    Дете стандард болно, маж во болница, едни блиски изгубија бебе, друга моментално на бокс. Кај ми е тешко цел ден и голтам да не се изнаплачам пред децата, мораше и да добијам мензис да биде поинтересно. Толку ми треба помош или барем еден ручек, не знам, било што… и на никој да му текне телефон да крене да ме праша како преживувам.
    Мајка ми, таа жена од каде ја наоѓа силата да работи од сабајле до вечер, да ми остави за јадење и да биде циркузант за малиот значи не знам. Ме однесе вода да не е она, не знам дали некогаш ќе можам да и се раздолжам барем приближно.

    Мајка бе :l: Едвај чекам да си легнат и да се истурам. Ај да се испратам, доста е жалопојки.
     
    На Coco31, hello-kitty.90, Mother of 2boys и 16 други им се допаѓа ова.
  16. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.396
    Допаѓања:
    31.797
    Пол:
    Женски
    Дај тоа профилот наваму :D

    @Skyler гушкам :hug:
     
    На IRBBB, Kolache na mama, Tiny Love и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.576
    Допаѓања:
    7.382
    Пол:
    Женски
    Во поглед на промени сменета фризура и боја на коса. Плакар прочистен. Што е во добра состојба спремно за подарување на блиски. Што веќе е застарено и оштетено во канта.

    И од бебка еден куп работи спремни за бебето на другарка.

    Вагата воопшто не ме израдува денес. Ненавремено и нередовно јадење, плус јадење од нога си имаат последици. Решив да почнам со режим на храна, повеќе течности и зголемена активност, па ако за 2-3 недели воопшто нема подобрување ќе испитувам и хормони.
     
    На Coco31, tanjaaa, IRBBB и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    2.940
    Пол:
    Женски
    @Skyler @LiquidLuna Мислев дека не смее. Дури и првиот пасус се мислев во спојлер да го ставам.:bandit: Профилот е 'живот без токсини'.

    Не можам ни да почнам да пишувам колку ми е тешко што немам поддршка од најблиските од двете страни. Секогаш ја нафрлам само оваа реченица и ако се отворам мислам ќе се срушам. Голтам, ќутам и со маж некогаш ќе прозбориме, ама така низ заби...што да кажеме за нашите. Како рекле кога немаш нешто убаво да кажеш ќути. Мада ќе пукне еден ден, само се надевам не скоро, зш немам сила сега и за тоа. Доволни ми се планините секој ден што ги носам.

    Себично не е ич да сакаме да си посветиме време на себеси. Ама ич. И тоа секоја нека го запамти. Јас за слабеењето и за менување на цела гардероба сум цела пуфки.(hollest) Не па за плус. Кога се вратив на работа сите со денови ме прашуваа околу живот со бебе и веќе кажав доста со тие прашања...ко божем па живот со бебе е нешто wow, рутина.

    Ај чао. Спијте таму и стискајте палци викендов барем еден ден да ни е убав.
     
    На Coco31, Oneo, Speechless и 15 други им се допаѓа ова.
  19. Leanne

    Leanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2022
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    Многу ми се допаѓа оваа тема, кога ве читам се осеќам како на кафе со другарка и толку ми е убаво, па ајде и јас да чкртнам нешто. Прво, наполнив 30 години и на сите ви праќам едно парче торта :^:.
    Во неделата бевме на свадба, мое прво излегување после пет месеци. Само на доење сме и прв пат се измолзив, наполнив две шишенца по 90 мл, дојдоа мајка ми и сестра ми кај нас дома да ја почуваат бебуш. И како од инает она баш кога се шминкав почна да плаче, се гледаме со мажот ми и си викаме ние којзнае дали воопшто ќе отидеме. Добро беше што ресторанот ни беше во близина, па си викаме што и да е палиме колата и за 15 мин сме дома. Отидовме, пропуштивме прием но битно стигнавме на прв танц. Моите среќа не паничеле, многу им плачела ама ја занимавале. Свекрва ми стандард на шетанција, добро е моите што се нафатија да дојдат. Јас на свадбата бев на штрек, но конечно живнав малку. Бев загрижена и дали ќе го пие млекцето, бидејќи и немам дадено шишенце претходно, ама мајка ми и го подметнала на сонливо и го испила скоро до крај. Ми беше интересно кога ми кажуваше како била зачудена, демек како може млекото на мама од друго место да дојде :D. Поседовме само до вечерата, се видов со блиски луѓе што ги сакам и толку бев под импресии тешко заспав ноќта.
    Кога сме кај формата, јас сум послаба и од пред да бидам бремена, ама мојот режим се вика премор и глад хаха. Реално ми требаше помош, поготово првите месеци, не можев ни на десет минути да ја оставам да си направам за јадење, а со грчевите само врз мене легната се смируваше јас не можев да мрднам. Сама дома најголем дел од времето. Ама тоа е битно помина.
    Сега ја седнувам во количка во кујна јас средувам, на нејзе и е интересно да ме гледа. Околу хигиената, после шетање надвор количката се пакува во туш кабина тркалата ги мијам, ги дезинфецирам и пребришувам. И јас не бев за количка во стан, ама доста ми се наоѓа. Спиењево што не го решивме, не го решивме, еве веќе четврта недела. Акога ќе ми текне дека до пред еден месец имав бебе што преспива ноќ и малку време за себе навечер ми изгледа тооолку далечно.
    Порано ќе уживав во ова време, сакам пролетни дождови, а сега секој дожд за мене значи куќен притвор. А ми фали времето да си седнам на тараса да се опуштам со чаша винце и да слушам како врне и такво да ми е свежичко. И свадбата само со кисела вода ја поминав.

    И доста е неповрзани мисли.

    Имајте добра ноќ :*:
     
    На Coco31, hello-kitty.90, mjay.yyy и 17 други им се допаѓа ова.
  20. tanjaaa

    tanjaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    2.370
    Пол:
    Женски
    @Inamya среќни родендени. Во ист ден со мојот се родени :)
    Ние во неделата прославивме роденден и крштевка. Толку спремање, стрес како ќе биде што ќе биде и помина дур да трепнеш.
    Морам да се пофалам со свекор ми. Не го пушти од раце цел ден за да сум уживала. Го молев да седне бар за ручек или торта. И тоа набрзина за да го земе пак. Ама и малиот па раце пушта кон него и кај никој друг.
    Имаше плачки в црква, и на пат до кафана ми заспа, па така заспани не сликаа со тортата и декорацијата. А каква замисла имав за фотосесија ^_^ (facepalm):D
    Големиот ама затоа ми е позерче на мајка.
    Инаку за имунитет на големиот му давам ампули од зегин - јуниор протект, со малото уште немам почнато, ама од септември стартуваме в градинка па ќе мора нешто.
    2 дена го пишувам ова, ете конечно да го постирам
    Убава вечер
     
    На Coco31, hello-kitty.90, Oneo и 11 други им се допаѓа ова.