Исти случај потполно, детето мое не седи без нас двајца а и немам тука ни мајка/свекрва, минатиот викенд бев на свадба, маж си остана со малото дома јас со пријателката (и таа има дома мало дете, сопругот нејзин не беше во можност да присуствува) заедно двете си отидовме на свадба немавме друга опција. Чест им направивме на младите и баш се израдуваа со оглед на тоа што ни ја знаат ситуацијата дома
Мајки дали секој ден ви се борат во глава две личности дали сум доволно добра зс децата ? дали за сметка на бебето ја запоставувам малечката ? дали сум себична и треба да ја оставам и неа дома со нас а не во градинка? дали треба да ги оставам со бабаим повеќе( свеки) ? се дали дсли дали и нема крај дали наместо да правам ручек треба да си фо гушкам бебето? дали медто да рскревам низ дома треба да си играм со дада ? секој ден се повеќе дали а реслен одговор нема зошто ако сум 100 посто посветрна мајка куќата ке прооди а во обрстниот длучај децата трпат дс се рсстргнам и пак нема да е доволно добро утро де ај сега ке оставам бебе ке прсвсм кафе иначе видела некоја аир од слинг марама ? и до кога сте ги држеле се мислам дс си купам
Добро утро мајки Се мислам од каде да почнам Детево ми расти со брзината на светлината. Кога ќе се сетам ми фали времето кога беше нивороденче (а викав дека нема да ми фали) Единствено што би сакала да сменам во тој период е бебево магично да ми се одвитка од папочната врвка, да се породев природно и да немав такви болки од царскиот Невозможно е знам, ама чувството дека добив бебе здраво и живо (и мирно) ми е незаменливо, и најбитното чувство е тоа што ми поминаа сите црни мисли дека “никогаш” нема да се остварам како родител ми фали ептен. Сега веќе влегов во шема и се чувствувам како целиот живот да сум мајка. Од друга страна кога ќе прооди не знам како ќе се помирам со тоа дека ќе е се расфелено на сите страни. Јас сум тип на човек што сакам се да ми е под конец. Секоја вечер пред да си легнувам правам цакум-пакум, утрото кога ќе станам е се отпревртено за 1 час додека мм го почувува да доспијам. Правам кафе, правам со кафето и се мислам од кај да почнам. Се прави појадок за малиот, го ранам, го ставам во игрална и почнувам како луда да трчам на сите страни да скоцкам се (тоа додека е непроодено детево) Стигнува време за прва дремка и така на се скоцкано ми иди да седам во некој ќош и да не си растурам (мавната сум знам) Имаше еден филм на тв со тие лудите што чистеа и рибаа се, мм ми вели дека иста сум била како нив. Па кога ќе дојди и второ (па можеби и трето) ќе се сменам да не забележувам хаос околу мене? Ај сега друга тема. Закажавме венчавка и крштевка во Септември. И тоа не мала Детево можда ќе ни прооди до тогаш а ние допрва ќе си одиме по невеста Не можам да се убедам со мм да го прескокниме тој дел, него тоа му било свадба и подобро било да го одбегни ресторанот него одење по невеста Беше пандемија кога се земавме, после се зафативме со спратот да го креваме и на крај бремена, оп летнаа 3 години и ајде сега ќе се земаме на ново Лудости ама ајде, ќе биде исполнета таа желба. Плус тоа, момински/ергенски се има на списокот И најбитното прашање како ќе ослабам до тогаш? Ај доста е со смешки
Не да се борат, вчера се истепаа. Ќерка вади заби, вриштеше, се маваше, плачеше 4.5 саати без ништо да помогне. Не ми даваше да ја гушнам, да ја утешам. Па ме фати нерва, па почнав да плачам, па после тоа се осеќав ужасно зашо јас плачам наместо да најдам начин да и помогнам. И не знам како да се откачам од чувството на вина дека не му посветувам доволно внимание на детето а буквално цело време сум со нејзе, освен во градинка. Дури и работам во иста соба со нејзе и си играме меѓувреме, се храниме, си праиме муабет. Маж ми ме кара дека не е здраво така да се осеќам, и знам дека не е ама ај тргни го mom-guilt од време на време. Не знам како. Не сум опседната, ама ме маваат грижи на совест од време на време. Ај едно кафе од мене. Повелете.
Секакви мисли ме маваат во поглед на мајчинството. Генерално имам од кого да побарам помош ама знаејќи ги луѓето не сакам да си имам коментари од типот, ние ти го изгледавме детето, без нас не може итн. Во поглед на килажа, немам којзнае колку плус, а слушајќи другарки и колешки демек немаш време за јадење, сам со бебе веднаш се слабее. Е кај мене тоа е проблемот, баш немањето време, затоа што периодов јадам само сува храна, пред се јаглехидрати кои ми влијаат негативно, макар што не исклучувам ни проблем со хормони ама ќе видам за некоја недела. Запишан и курс што дополнително ме преморува. Демек не одзема многу време во денот, а ќе ми донесе повисока работна позиција и плата, после враќањето од породилно. Е сега не губи многу време бебето поминато со мене ради курсот, бидејќи е онлајн и учам кога спие. Ама губи домот, што немам постојано време за средување, немам време за ручеци многу готвење, па и немам време јас на раат да седнам и изгледам нешто или прочитам или било што. Да се надевам само дека ќе се исплати, па што е до мене ќе издржам некој месец.
Утро мајкички Маж направи прво кафе со убав кајмак, кој е за, нека повели. Ветувам, убаво е. Оставивме дете во градинка, се натупавме со печива од ниедно време, завршивме обврски во банка, уплативме за на одмор, испазаривме и ете не сега, лежиме со четирите у вис и чекаме да дојди време да си го земеме меденко. Ова е трета недела како го носиме во градинка, сѐ уште седи по ~3-3.5ч, ама луѓе јас се преродив. Ако ништо друго барем сите обврски ги имаме завршено додека го земеме од градинка. Ритуалот е да го земеме со чоколадна крофна од кам, да го однесиме в парк да се изнатрча, па дома на спиење. Многу се нервирам со негователките, прават отпор и поттуркаат да не го оставаме со спиење, ама толку е, немаме повеќе одмори за дома седење. Пробуваат да туркаат вака по 3ч, па ќе фатат одмори, ќе мешаат групи и тогаш ич пак нема да се адаптира. Па од септември нова група, можеби и во нова градинка, па на ново адаптација 3 месеци не планирам. Шо мајка сум била шо сум сакала да оставам дете на спиење од трета недела? Со раце и нозе, I guess. Ај да не си расипувам расположение, не вреди. Уплативме за на одмор. Ќе одиме после 20ти јули. Победи маж ми за терминот, гинекологот некако пресече. Ни рече демек е можно да ме фатат болки во 8ми и да треба одма да се вратиме назад, па на мојов толку му требаше, одма му фуфна Јас како ќе се носам со жештините кој знае. Сега ми иди да си излезам од кожа, а тек тогаш.. Стигнаа елементите за собата на синче. Вака-така ја средивме речиси цела. Остана уште кревет да купиме, ама некако одложувам оти знам дека нема да спие сега таму. Јас и маж ми сме посреќни од него. Со каков мерак седам по цели ноќи и му правам декорации не можам да ви кажам. Плус, конечно имаме дневна соба, без играчки, книги, масичка, боички.. Сѐ е супер, уште синко да сака да си игра сам во неговата соба. Бебе во меше ко бајаги се покажа шо е. Во петокот еден гинеколог го виде женско, вчера друг машко. Ваљда ќе видиме кога ќе се роди. @Inamya најсреќен роденден на батковците, големи и безгрижни да растат! @tanjaaa среќен роденден и честита крштевка. Вечно да му е именцето, на далеку за убаво да се слуша. @*malenavolena*87 ти си најдобрата мајка шо можат да ја имаат твоите деца. И ти си човек од крв и месо, со чувства и емоции и во ред е некогаш да експлодираш и да ти е тешко и да ти е мака од сѐ. Посвети си се на дечињата, дели домашни обврски со маж, ако имаш од кого, барај помош за средување дома. Тежок период е, ама наеднаш ќе пораснат и ќе го имаме целото време на светот за средување дома. Доста филозофирав, ќе си се испратам сама. Гушкајте љубови најголеми. ❤️ Имајте најубав ден, се надевам сончев.
го испив кафето и си се расплакав од зборовите Хормони лудило мали спие врз мене а ке правев ручек затоа барам спас во слинг мом гилт ми е на најјако уклучен деновиве ама добро е да се знае да не сум едина наздравје кафенце
фала на убавите зборови разведруваат на ова тмурно време ма каде живеете со ова 3 недели по 3 саати нам златна негователка 3ти ден ми рече или ја оставаш од утре и на спиење или нема да се навикне ми се чини тој нејзин муабет ме охрабри и среќа ја послушав кога ке помислам дека ич не јасакав на почеток а девојчето тогсш упте цицаше пред дремка така и од цицање се одвикнавме на 18 месеци а еве ова е село где живим единамаана на оваа градинка е што користат па децата до 15 најдоцна треба да се земени или е добра градинката или нам ни се погодија негователките во однос на адаптација ова беше 21ва сега оди веќе релиси 2 год.нормално со прекини кога е болна
@*malenavolena*87 дур не пробаш со слингот нема да знаеш. Син ми ич не сакаше, во раце ми порасна ама ете марама не сакаше. Тој ништо не сакаше додуша, само да виси во раце кај мене. Сите се различни, некои уживаат така. Ако имаш да позајмиш од некого да пробаш, добро би било пред да купуваш.
Еее ова Битолска шема е, тука легендата вели дека мајките и татковците имале по 6 месеци одмор за адаптација, оти тоа е оптимално време за да се привикни детето во градинка. И секако дека ќе е потешко, денес 5 минути покасно појдовме, веќе ги ставиле во креветчиња, нашиот се слушаше надвор кај шо вришти. Кога не виде беше пресреќен, ете ги мама и тато. Каде сте вие, децата нанаат? Свесен е дека го земаме пред да спијаат другите дечиња. Као демек се договоривме од понеделник да останува, ама знам дека ќе ѕвонат. Јас унапред ги откачив, ама маж ми тешко дека ќе остане рамнодушен и нема да појди со трчање.
ние сме во мало место до Гевгелија а мажите де такви сите според ова што читам на форумот ејјјј што се изнаслушав од свеки ша под нејзино влијание и од него за малата ....ете така фрли ја во градинка Мора ли да спие таму Лошо ги ранат Не ја бришат убаво и слично ..... пошто нели само ние дете имаме и треба како дома таму да го чуваат сега за малиот сме со муабетот ке тргнеш на работа баба ке го почува дур да ставиме мрп и ке си пди градинка смени мислење ама коњски живци треба да имаш за под притисок да истераш по свое
Баш пишував во другата тема, слингот мене не ми заврши ич работа подарок ми беше од мајка ми и многу ми е криво, ама бебе не сакаше да седи во неа за жива глава, се оддеруваше од плачење плус па додека ја наместеш живци да искинеш, денес стигна кенгур и во него заспа одма, седнав сега и дури кафе пијам седејќи. Земи кенгур, остај марама, ќе го користиш и поголемо кога ќе е. Ај добар ден, ќе ви се придружам на темава кога ќе иам време. Мм од денес на работа, сабајле со плачки го испративме ама фала му на Безос за Амазон, одма по него стигна кенгурот па не беше страшен почетокот на бидење сами дома. Со маж ми избравме првите месеци да бидеме сами во странство без помош и иако е голем плус, на моменти и тоа како посакувам мајка ми да беше тука, маж ми многу беше околу нас и стварно се што можеше да прави правеше, уште да дадеше да цица, ама пак има денови кога толку сум нервозна и осеќам грижа на совест дека му ја пренесувам енергијата на бебето, мислам дека ќе се осети како да го мразам оти сум нервозна од него. Филмови знам. Едвај чекам да одиме дома на некој месец, мислам дека ќе се препородам. Некогаш си помислувам… и пак осеќам вина што го мислам тоа, ама да не ми беше мм маж мислам дека со никој друг не би посакала деца, уствари да речеше тој не сакам и јас ќе прифатев. Го сакам највеќе на свет ова бебе ама сеуште сум убедена дека родителството не е за мене. Ќе бидам најдобра мајка знам ама очајно ми недостига животот пред него. Не знам како да ги тргнам овие мисли, стварно се осеќам како лоша мајка ради нив.
@Bebetoo ќе пишев и ова па заборавив, а мина време да едитирам И ние сме од тие што ги фати пандемија, свадба закажана за 25/04/2020, неколку дена пред тоа се затвори се, а ние со владин лет заглавивме во карантин во Скопје, секако дека ја откажавме свадбата, се беше спремно, фустанот уште дома седи, не го ни сакам веќе се мислам како да се решам од него. Ние сме земени уште 2018та и никако да дојдеме до свадба Јас сакам искрено, не мора да е голема прослава ама нешто колку да обележиме, кога се регистриравме немаше прослава, само ручек со нашите. Сега се надевам дека наесен ќе може да направиме крштевка и венчавка во едно, ама сакам да носам краток едноставен фустан, ако успеам овој да го продадам… Маж ми не сака венчавка ама си се зареков дека ќе си ја исполнам таа желба и нема да си погазам ветување па ако сака после 10год нека е.
Не е проблем венчавката, ние секако во план бевме да направиме но да биде со ручек во кругот на блиските. Така и се регистриравме, само домашните, нели пандемијата беше на најјако па морав да се водам на иста адреса со мм бидеќи пишуваа казни ако се возиш во кола без маски од друга адреса (иако веќе добивме казна недела дена пред регистрацијата) Мм во последен момент се реши да биде “поголема” свадба и закажавме се во една недела. Во голема сала со околу 250 гости, па не бива да сум во “пообичен”фустан, ексик тогаш ќе блештам во широк и голем Ќе направиме се со ред, нема бегање Да одберам уште торта да закажам и ќе чекаме да не фати еуфорија, бидеќи немам чувство дека наскоро и јас конечно ќе сум невеста
Запишете ме во "лудите", кај маж ми имаат цреша на работа, преубава, непрскана, баш охридска. А јас обожавам цреши и јадам доста периодов. И што ми требаше му спомнав да набери и да направиме џемтој па да не е покусо, не ме одби и вчера донеси дома цреши. И ајде сечевме, чистевме и ставивме да отстојат преку ноќ. Денес го правевме и сега малку да пододлади и ќе го собериме во тегли. Првпат правиме, се погоди убав, но зошто во 35та недела си правам ваков "бајрам" на мозокот. Ќере успат се измоча во гаќи, па де се смееме, де се караме низ дома и многу е весело, од се по нешто има мн се нервирам што се' знае да каже и направи, а за мочкање и какање не кажува И така денов: работа, мочки, џем, мочки, перални, машини вртат, јас уморна, поарно да си легнам порано. Убава ноќ имајте Едит: за мајчинството и јас нонстоп се преиспитувам, зошто да чистам а наместо тоа време да го поминам со неа. Се' како што пишавте. А времето лета, па преиспитување нонстоп ќе има. Здрави и живи, се ќе си дочекаме
Кој најмалку еднаш не си го посакал животот пред бебе ќе те излаже. Таа безгрижност да си го организираш денот само според своите потреби и желби е потценета се додека не дојде бебе. Ама тоа не можеш да го разбереш додека на своја кожа не го осетиш. Сите муабети, уживај сега, животот целосно се менува со деца, породувањето е најлесниот дел од родителството итн добиваат логика. И нема причина да се осеќаш како лоша мајка ради нив. Веруј на сите ни дошло некад преку глава да си излезеш од дома и да се вратиш за две недели, наспан, најаден, истуширан раат, прошетан И нормално никој тоа не го направил, зошто знаеш дека ќе ти фали и ќе го мислиш бебе цело време Најтешката и најубавата улога во исто време е. Само мантрата дека никоја фаза не трае вечно, ни добрите ни лошите и ќе преживееш Здраво мајки Дете во градинка, дневната бомба ама прво кафе да испијам раат па после се друго. И онака кога ќе си дојде пак истата слика бомбастична ќе биде Врзавме цели 4 дена по ред. Значи следната недела ќе чекаме вирус некој да се покаже. Бебе во меше умно. Не ме тера да јадам и на три залаци изедени вика доста е во спротивно ќе вратиме се назад. Што скрос ми одговара да не качам од старт килажа. На тема борба со сама себе и преиспитување после долги маратонски разговори одлуката е дека мора пристојно да живееме и да шетаме надвор сите заедно. Акцент е сепак на заедничкото време. Користам саати додека е во градинка да упристојам се низ дома, а после си играме заедно. Како ќе биде во зима со бебе и тодлер затворени дома е тоа сценарио ме плаши повеќе На одмор резервиравме, ќе се оди крај на јуни, па како биде време така. Не очекувам дека ќе биде скрос топло, оставам да ме изненади времето Се изнапишував, кој стигна до крај еве едно кафе да не ја трошиме само @LiquidLuna со кафиња Ве поздравувам
мајкички што да ви расправам вчера кратка хорор приказна Бебе рика со највисоки децибели ,од 21 до 23 се смирува само на цицка неверојатно на крсј го однесов на спална и така спиеше до мене со цице во 3 се разбуди цицајки се искака преоблакајки го ме измоча ајде пак да цица пак се искака и избљува ко да не е 3 него 10 се понаша и прошло саат ипол така Сабајле во 7 се разбуди го боли курето што ние 3ца сме ненаспани Дада па дур он рика е мн мирна и пробува да го смири Ди има своја соба и таму заспива и отспива поголем дел од вечерите љсем по некогаш како ноќеска кога ке се префрли кај нас Не пробувам да ја враќам пошто секако не ни пречи спалната е огромна а бебе си е во креветче сем исклучоци а и не сакам да се осети отфрлена и така ноќеска јас преоблакам мм помага мали рика а она го гали сонлива и птобува да го смири дал да се топам од нежности или да побудалам што не сум спиена и сега една од мене за сите што сте исто расположени ЛУИС - Једте њена коса црна јесте њрно око плаво али нече ми је душа само ти си оно право кој ме осеќа нек си ја пушти на максимум кој не нека пушти по свој избор
Кога сме кај живот пред и после деца - тоа се два различни поими. Точно дека понекогаш носталгично се навраќаме на слободата пред нив, ама после нив па се некако добива смисла. Кога го родив првото дете, дури и си помислив што сум чекала до сега. Не не прави лоши мајки тоа што сме некогаш исцрпени, сакаме да сме сами и сл. Тоа не прави луѓе, а не роботи. Со маж ми чекаме малово уште малку да потпорасне, да врзува цела ноќ, па еден викенд двајцата сами (мислам дека заслужуваме). Можда ќе останеме на телефони и 100 пати ќе си кажеме ех да беа сега тука, ама добро ќе ни дојде. Инаку мислам дека постепено ете и малото го достигнува редот на батко во спиење. Почна да станува во 6 и еве сега ќе ја има долгата дремка. Да го темпирав времето за во градинка немаше да го погодам. Секогаш сум за тоа спонтано да се одвиваат работите, никогаш не сум ги хранела по саат, или да имаат дремки во точно определено време. Тие работи мислам дека би ми створиле само додатен притисок и нервози. Самите деца си покажуваат кога што им треба. Тоа е мојот пристап, иако не секој мисли дека е правилен, кај мене се покажал ефикасен. Туку да искористам време додека спие, да си ги завршам обврските. Имајте убав ден
Дојдов да се истушам на темава, и го видов твојов пост. Верувај дека од сам нема подобро, налет и помош, сега сум со помош и едвај чекам сите да си одат и да си останам сама со бебе. Верувај дека иако многу, премногу значи да имаш спремен ручек, некој да ти пушти/собере машина, или да почува бебе ти дур сврзеш сат-два сон, нишо не го заменува духовниот мир. Реков и пак ќе речам, фала им и на мајка ми и на свекрва ми за помошта, ама некаде во комуникацијата не се разбираме. Јас сум константно нервозна, и мислам дека и бебето веќе тоа го чувствува. Јас искрено не знам дали претерувам, дали се хормони во прашање, или реакциите ми се скроз нормални, ве молам некој нека каже. Најсериозно се преиспитувам пошо добив неколку коментари дека сум била многу комплицирана и тешка особа. Не знам што е тешко да се разбере дека сакам некои граници, и да се знае која е мајка во куќата а која баба. Кога се согласив да ми дојдат на помош, мислев помош со домашни обврски. Помош со бебе не ми треба, ако плаче сакам јас да си го смирам, ако е кенкав сакам јас да си го гушнам, едноставно не сакам друг да ми ја превзема улогата. Сфаќам дека е внуче и нив меркот им е голем, ама не знам како да се разберам поинаку без да бидам груба. Испаѓа уствари дека морам да бидам груба, нема друг начин. Ко прво бебе е будно 30-40 мин, 40 мин цица и саат и пол спие. И што попрво во тие будни моменти. Верувајте дека освен во ноќните подои, не сум поминала сама момент со бебето откако се тука. Па карање кој да го заспие, свекрва ми го држи в раце, малиот веќе ептен му се спие, таа упорна дека го боли стомакот. Не можев веќе да го слушам кај што плаче и станав викам дај ми го да си го заспијам. Не, остави јас. Викам дај ми го се нервира. И морам да се обратам со груб и повишен тон. Таман ќе заспие, се разбудил после 10 мин. Таа од кујна се затрчала, остави јас ќе го земам. Седи викам, ќе си го земам јас. Јас покриј го до стомаче, таа помини после мене и покриј го до гуша. Ладно му било. Мајка ми па, не ме оставаше да пробам да го смирам дури плаче, и таа затрчана со рацете од другата соба, да ти помогнам. Викам остави ме да пробам сама. И сеа не и текнува да излезе да ми даде простор, ми виси тука до мене и ми прави уште поголема нервоза, и нормално после не можам да го смирам. И се развикав после тоа, и тешко ми падна и мене бидејќи така изреагирав, и нејзе и падна тешко, знам дека секоја помош е добронамерна, ама не знам како да објаснам дека ми треба простор. И тешко ми паѓа кога некој друг го смирува, а не јас. Верувајте дека се чувствувам како да си ја губам врската со бебето. Од една страна сакам и нив да им овозможам да се видат со него додека се тука, знам дека и нив им е тешко бидејќи не живееме во МК, од друга страна па се чувствувам како да губам скапоцени моменти со бебето за да му удоволам на друг. И маж ми знае за ова и скроз ме поддржува, и тој се осеќа така, и зборувано е со двете страни, едноставно нема разбирачка, сите си тераат по исто. Воглавном сум особа на која не и смета да биде перцепирана како арогантна или комплицирана, се додека тоа ми овозможува мир. Ама ете, знам дека и нив им е голем меракот и не сакам да се карам, ама и истовремено не знам како да поставам граници. Тешко ми е да признаам, ама едвај чекам да останам сама. И не знам искрено како би се наканала да одам МК со дете, јас не можам да се справам со две релативно блиски особи, што ќе правам таму со цела војска луѓе.