Постариве се многу напорни кога станува збор за внуци, и од мое искуство и од искуства тука што читам. Ама јас за себе сфатив дека за сите кавги што ги имав со мајка ми, сите нервози, плачења и замерки криви беа моите хормони. Не дека била она у право за све што ми рекла или направила, секако дека не била, ама моите реакции тогаш беа многу драматични и сосема преувеличени. Со сегашен памет ич немало да се замарам и нервирам. Во едно уво влегува во друго излегува. Капчиња, чорапи, покривања, ладно им е, гладни се, дај му чај, дај му вода бла бла све тоа на игнор и терај си како знаеш ама пробај да не си ставаш на срце. Знам колку е тешко, мене тогаш ми се чинеше како кој знае што да ми рекла или да ми направила. Нон стоп бев нервозна и нон стоп се каравме. Ја донесовме до плачки и никогаш нема да си простам за тоа. Поготово што ми беше огромна помош да ги израснам а сега е тешко болна и се кајам за секој лош збор што сум и го упатила зашто од оваа перспектива не заслужила толку да драмам. И не, не секогаш сум била во право кога сме се карале. Користи помош колку можеш, да седнеш кафе да испиеш, да се избањаш, да просурфаш на нет. Никогаш нема да ја изгубиш врската со детето, тоа е нерационално размислување поттикнато од хормони и ппд. Стави граници што смее што не, тоа секако, ама сфати дека треба да ја делите радоста за тоа бебе. Тоа нема да те направи помалку мајка, ама ќе те направи посмирена и за бебуш тоа ќе биде огромен бенефит.
Мене свекрва ми и свекор вееше надвор бевме на отворена прослава и застанале околу мене да не му дува,бебе плаче јас се гушам,демек тие така три деца ги изгледале
Не знам дали е подобро со помош или не. Долго време со бебево го поминуваме сами, кога е маж дома помага. Не колку што сакам јас ама помага. Останато време бебе е или во транспортер до мене во кујна, купатило. Сега кога е потопло на подлога на земја. Или во кенгур макар што е веќе тешка и поголема за така. Плус сеуште завртена кон мене. Кенгурот што го имаме е 0+ , а таа 4++ месеци. Веќе држи глава исправена ама на кенгурот предниот дел не се витка, а таа не е доволно висока и буквално цело лице и е покриено. Е сега за со стари, на другиот спрат се ама повеќе мислам ми одмагаат од што помагаат. Оставам дете пред некој ден, кажувам треба да заспие околу 11:00-11:15 максимум за дремка. Се враќам околу пладне, нормално бебе незаспано оти било интересно да се смее. Веќе поминато време за спиење плачки еден тон, цел ден. Друга ситуација од друг ден, одам до кујна да спремам млеко и тоа 3 пати напоменато дека е време да јади, свекрва со бебе во таа една минута си излегле на улица да прошетаат, се враќа бебе со плачки, прегладнето и коментари дека не ја сака баба од тоа плачи. Па можеби и не ја сака Бебе екстра нервозно деновиве, се трудиме да сме надвор повеќе, макар што не ни е времето многу во прилог.
Претежно сите се однесуваат супериорно во однос на бебето. Јас мислам дека сосема си во право, прво имаш бебе, тазе мајка, најнормално е да сакаш да поминуваш најмногу време што можеш со него. И имаш целосно право ти заедно со сопругот да носите одлуки за ВАШЕТО дете. Тоа дете не е на ниту една баба за таа да носи одлуки околу него, а уште помалку да го смирува. Нивното време поминало со нивните деца. И јас сфаќам дека меракот им е голем ама кога се работи за мало бебе кое помеѓу подои и дремки е будно 40 минути максимум, треба да се остави простор на родителите. И стојам на тоа дека расплакано дете се враќа на родители и расплакано дете не се зема од родители. Ако не се тука родителите, пеким, ќе го смируваш. Можеби сум себична не знам. Не сакам детето секој ден да ми се гледа со баби и дедовци. Прво секогаш го нарушуваат авторитетот на родителите. Со бебиња многу често гледаат нешто скришно да направат, затоа што тие сметаат дека така треба, а родителот не се согласува со тоа. И коментари и passive - agressive понашање еден куп. На ignore е лесно да ги ставиш, ама ако се слушате по телефон. Вака се она што го имаш ставено на ignore тие ќе го применуваат.
Златно правило: твое дете, твои правила. Не го сака никој повеќе син ми од мене. И татко му секако. Врската мајка дете е единствена и нераскинлива. Баби и дедовци и трети лица кои сакаат во момент на слабост да фатат поени и да се издигнат во очите на детето се нули. И треба да ги множите со нула. И од љубов нека е, се знае кој одлучува во врска со детето. Дури и бабите и дедовците на син ми, од кои имаме целосна поддршка и помош, ненамерно пробале да го смират, да кажат нема проблем, да попуштат. На сите сум им кажала јасно и гласно не, никој не смее да ми поткопува авторитет. Утре истото дете ке оди во школо, ке има обврски, ке биде и тинејџер. Јас и татко му сме тие на кои треба да дојде и да им каже се, ако згрешил каде згрешил, ако е тажен зошто е, ако е среќен да ни каже што убаво му се случило. Кажете си јасно и гласно. И ич да не ви е криво, да не ви е срам и незгодно. Дете се зема со дозвола и ако мајката побара. Во првите месеци јас бев најпосесивното суштество што постои. До пред син ми не бев ама кога го родив станав таква. Не сакав никој ни да го зема, ни да го бакнува, хормони и лудило. Па се најдоа небитни да ми кажуваат да не сум доела, ке се приврзал премногу за мене. Да сум го оставала од мал на преспивање.
Имаат ли крај разболувањата амааан, аман значи! Пред 10 дена го прележа шарлахот и еве го пак исфрлен Ова може беше за во Испукај се ама не можам, трети месец ме фати со лечење дома, у пм нека иде се.
@Skyler , лајкот е за поддршка. Немам искуство со вируси и разболување кај бебе/деца. Моево или е во скок или веќе не знам што е. Плачки по цел ден, маки за заспивање ноќе. Скоро полноќ, ние будни. Не бели звуци, не happy song, не знам што не пуштив досега. Уште трубачи ама за кога ќе заспие тие. Читам сега sleep regression, вика трае од 2-6 недели. Тек сме на прва недела ако е тоа дијагнозата. Уште 5 недели од ова не знам како ќе се издржува.
Што ми требаше да вртам слики од пред 2 години. Ептен носталгија ме стигна за бебето што ми порасна со брзина на светлината, и сега е скроз големо девојче од 2,5 год. кое по цел ден не затвара уста и нѐ строи по дома. Скроз сама спие во соба скоро 2 месеци веќе, по цела вечер и веќе не доаѓа кај нас во спална како на почетокот, и по малку ми е криво, преубаво ми беше кога ќе си дојдеше и легнеше меѓу нас и ќе ме гушнеше на сред ноќ и ќе си продолжевме гушнати да спиеме. Затоа па денски ја гушкам мноогу повеќе. Денес конечно се издоговоривме со старото друштво (неколку другарки од средно што си бевме) за излегување вечерва после 150 години. Од тие што се договоривме само јас сум со дете и замислете, сите една по една почнаа да откажуваат, која главата ја болело, која мака ѝ било. Останав јас ентузијастот на крај дома, таман заспав дете и ќе почнев да се спремам, почнаа една по една да откажуваат и еве ме си висам на форумов. Дете од 20:30 заспано, маж од 21:30, толку се напнав што не излегов пошо ми беше така навиен мозоков, што ни филм не ми се гледа, ништо не ми се прави. Закажавме одмор крај на јуни, одвај чекам. Овој пат спремна сум со сѐ од лани за малата, уште ѝ се точни сите работи од лани пошо поголемки ѝ ги земав тогаш а она е ситна. Спремна со сѐ само со beach body не Никако да се ставам на режим, 10 кг сакам да ослабам. А да се стаам на режим знам дека за 2-3 месеци ќе си ги постигнам. Имам проблем со јадење, на периоди многу јадам, без самоконтрола. И без благо не ми минува денот Ај па се наканувам и на вежбање да почнам, само плата да земам па ќе се активирам во групата за морална подршка за тие што сакаат да ослабат, може таму ќе имам поголема мотивација Ај добра ноќ мајки
Хелоу мајки, среќен продужен викенд . Ќе пишев саботен шопинг завршен, па ми текна петок дека е и се прерадував . Сега маж отиде во шопинг, откако ни се роди ќерка, така си купуваме, прво едниот оди, па другиот, среќа до Сити Мол живееме, иначе не знам што ќе правевеме. Јас сега кафе направив и печам ручек, а малава си спие. После легендарното пиење 3 антибиотици и лечење болести од Велигден до пред една недела, конечно во понеделникот тргна малава во градинка. Секако дека ми се јавија во средата дека има 37.4 и ми вика ама ништо не и е бе и онака е 3 не се брзај....сфаќам зашто се константно болни во градинка. Ја земав, мрсули до колена, температура не качи повеќе, мрсули денес се смирија, вчера паузираше градинка, да не бидам од мајките што ги оговараат на фемина , па од понеделник со нови сили во поход по нови вируси и бактерии. Дојдов да оговарам малце мајки . На игралиштево кај нас во населба сме цело време истите деца, мајки, татковци. Мојава цело време се ујдисува со поголемите деца и барабар со нив. Се качува на лизгалкага, се беси по шипки, во принцип лабави родители сме не и се притресуваме многу. Има една мајка, малата и е иста возраст со мојава, во август 2 години ќе прават. Ја не знам зашто толку се форсираат деца, човече. Ја да сум и ќерка ќе ја отерам. Ја гледа мојава се пентари, се пушта сама по лизгалка, ајдееее мама одиии и тии ајдеее. Мојава дрнда збори, она пак ајде мамааа кажии и ти како се викаш кажиии, ајде мама кажи и и ти чао на дадата ајдеее, кажи чао да дааа. Мама ајде и ти песничката, ајде ајдеее. Аман жено остај ги детето на раат ко натпревар да е ова. Дефиниција за форсирање на дете. Многу неубаво... Ја сум да се остави дете се само да си научи. Не ми е јасно зошто се споредуваат деца. Никогаш со никој не сум ја споредувала ќерка ми. Па фала богу дека си е моја и ми е најпаметна и најубава и најнапредна, што во реалноста сигурно не е така. Дај олабај детето, кај за некоја година ќе почне да сфаќа што е притисок од општеството, уште ти на 2 год притисок да му праиш. И така, ја да си се испукам дојдов . Времево ме радува што се затопли конечно да извадам летните алишта на ќерка ми, да ја гледам со кратки ракавчиња и да и ги грицкам и бацувам . Крај на август идеме на одмор, а до тогаш ќе се гине во Скопјево. Гушки до најубавите мајки со најубави дечиња
Здраво Моето бебе наполни годинка. Просто не ми се верува колку брзо заборавив на цела драма кога се роди, почнав и да се шегувам за второ. Ама само се шегувам, нервите со мм ни се поприлично оштетени. Сума сумарум, од моево бебе не очекував ништо, добри и лоши денови имавме и имаме, и не ми влијае мислење чие дете како правело, спиело итн, па и затоа не бев нешто екстра нервозна и загрижена зошто моето вака или така прави или не прави. Крокодилчиња се до година, после година се крокодилчиња со брзи нозе и памет да се направи што поголема глупост. Ама пресмешни и преслатки со карање на бебешки и обид се да направат сами. И после една година уште усовршуваме организација за сѐ, здравје до две години може ќе не биде. И така, убав ден, ви посакувам less drama во сите сфери од животот.
Верувај дека ми е претешко што и се развикав и што изреагирав така бурно, ама ептен ми стапна на жуљот. Знам колку се жртвувала низ животот ( и колку и ден денес се жртвува, жената е раскината за ни удоволи максимално ), ама многу ме нервираше што во такви моменти не ми даваше простор за да си го смирам детето, наместо тоа таа уште толку ми додаваше нервоза. Верувам дека и хормоните имаа голема улога во начинот на кој изреагирав, ама не можев да се воздржам. После случкава два дена плачев, се изнаплакав скришум во купатило. А зошто викам дека осеќам дека си ја губам врската со бебето. Пошо и мајка ми, а свекрва ми посебно, ме третираат ко крава. Као ти нацицај го, ние ќе го гледаме. И вистина беше така, ќе го земеа после подој, кога беше најмногу расположен, и му зборуваат, тој се смее, гуга. Немаше такви реакции со мене, пошо јас воглавном го земав кога веќе беше нервозен. Се чувствувам ко детево да не ме познава, и љубоморна сум што има такви реакции со нив, а не со мене. За болдот. Сто пати им нагласив дека е топло во станот ( и навистина е, 24-25 степени ) и дека нема потреба детето да се тутка со облека. Вчера бев на доктор и морав да го оставам сам син ми со свекрва ми. 40 минути беа во прашање, ама толку ми беше немирна душата бидејќи знаев дека ќе си тера по нејзино. Се враќам дома, тој покриен со ќебе, и тоа завиткан од сите страни, до гуша буквално. И реков значи те молам уште еднаш вака не, ко прво е опасно, ко второ ќе прегрее детево. Ми вика ама тој сам се намести вака. Да бе, дете од неполн месец ќе се пикне под ќебе, од сите страни совршено покриен, кутриот не може да се сврти. Вечерта ни покажуваше нешто слики од што го сликала преку ден, и се сепна кога отвори слика кај шо седи детево покриено во ќебе и уште на главата повиен со пелена. Значи кога сум се вратила таа на брзина успеала само пелената од глава да му ја тргне, и уште ми вика дека самиот се наместил така, повиен во ќебе. Значи за ваква едноставна работа кога си тера по нејзино, што останува понатака. И ме пукна вчера, на два пати си заминав во спална да си го дојам, ете ја таа на 10 мин. А цица ли? Уште цица? Ама ајде што стори. Значи викам добро, ќе ти кажам кога ќе заврши. А и да не кажам, остави ме малце да си го видам детето. Немам клуч во спалната, ми доаѓа да се заклучам во вц со детето за мир. И по цели денови, дај да го држам, заврши си ти работа. И мм и рече, значи остави и го детето, кога сака ќе ти го даде. Ама досадно и било. Ако ти е досадно оди шетај, што да речам. И јас мислам дека сум посесивна, дури и мм кога прави некои работи со бебе ме нервира пошо мислам дека не ги прави како што јас би ги направила.
@Lavender13 чуствата ти се сосема легитимни, имаш право да бидеш посесивна и да бараш да бидеш до детето. Бабите се таму да помогнат околу домот, а не околу бебето. На толку мало дете му треба само мајка и евентуално татко(секако татко)) ама мајката највеќе го смирува. Нема што да се караш, кажи им со убаво ве молам не сакам да си расипеме односи и јас да се нервирам и вие, разберете ме може изгледа како да претерува ама хормоните го прават своето, оставете ме да си го гледам детето, а ако ви е досадно има еден куп работи по дома. Ќе го држите кога ќе ми треба малце раат, јас не сум млекара и ми треба време да се поврзам со детето и крај пресечи. Јас знам дека им е само оно во главата сега ама речи им и ние сме ви деца зар убаво ви е да не гледате нервозни. И на крај знам дека изгледа невозможно ама пробај да се смириш, да хоромните ги повижуваат тие чувства ама и без нив ќе ги имаш, бебто е само новороденче 8 недели и нормално дека не сакаш таа фаза да ја помине во раце на бабите. И заборавив да додадам, може така се осеќам дека немам никој тука ама немам ни духовен мир искрено, јас сакам да се вратам дома со години веќе, па сега максимално го имам тоа чувство и очајно ми фали социјализација и друштво, сите кои ни беа пријатели тука беа колеги на работа и тешко да се видиме сега со нив, сама со бебето по цел ден скренав, а и дома си немаме одено одамна и при крај сум со психата искрено. Ми требаат други луѓе покрај мм и бебето.
Нема ништо лошо во тоа мајкa. Многу мајки се посесивни е океј е тоа. Не е нешто чудно. Може да те фати депресија, да речеме, ама може и вака да те пукаат хормони, да не сакаш никој да го чепка. Сум кажала сто пати, на породена жена и треба ручек некој да и зготви, да и исчисти, алишта да среди, а околу бебето само ако самата побара помош. Кога ке порасне сама ке го праќаш да се дружи со баби и дедовци. Ама кога е бебе си со сакаш себично за себе. Пример, син ми сега е кај тетка ми, од кај баба ми таму отиде, сам си побара. И не ми е проблем. Ама ке полни 4 години. На 4 месеци немаше шанси така да го пратам на чување.
И јас бев посесивна на почетокот и тоа страшно многу. Само маж ми ако го држеше не ми сметаше. Не сакав ни луѓе да доаѓаат. Сега се подослободив малку. Не знам јас мислам дека е сосема нормално да си го сакаш детето за себе, посебно кога си мајка по прв пат. Фазата на новороденче поминува дур да трепнеш, остави ги родителите да уживаат максимум. Помош се нуди со ручек или со чистење, а не дај ми го детето да ти ги украдам најубавите моменти. Според мене, знам дека сите не се осеќаат вака. Ниту една реченица не ме нервира повеќе од дај да ти го почувам детето ти да си средиш дома.
Не е ни посесивност тоа на почетокот, нормална реакција е од мајката да сака да го заштити детето и да е покрај нејзе. Сосема природно. Не се потчинувајте и правете како што вам ви одговара и како сте најмирни во душата. @1209 и јас таква бев на почетокот, исто бев со мм, дали да имаме, дали да немаме, ама баш дека тоа беше он се решив и јас за дете. И фала богу. Бебе е сега, досадно е Знам како звучи ова, ама жива вистина, јаде, пелени менување, спие и тоа е. Ќе се поврзете, со секое ново нешто поврзувањето е поголемо и посилно. Кога ќе ти се насмее, кога ќе прогуга, ќе подаде рачиња накај тебе, ќе почне да те бара, да лази, сите моменти за паметење. Јас некако го осеќам притисокот од времето, пребрзо поминува, пре. Додека да трепнам ќе порасне. Уживам во секој еден момент со нејзе, шетаме, гледаме филмови, слушаме музика, читаме, се смееме, имаме толку заеднички работи. Одиме на ручек, си правиме муабет, измислуваме свашта, играме. Пробуваме нова храна, па дали ни се свиѓа или не, и тоа ни е едно доживување. Се гушкаме и бацуваме цел ден. Едноставно ми е интересна како човече и како размислува. Се надевам кога ќе порасне она мене ќе ми открива нови работи. Се разлигавив, ама стварно ова време ќе ми фали. Застани малку, време. За разлика од кога беше бебе и едвај чекав да подпорасне.
Себично или не од моја страна сакам првите работи на бебе, да ги правиме сами со сопругот. На пример, прво бањање дома, прва прошетка, прво пробување храна, прво носење на одмор и некои такви ситни што можеби изгледаат глупаво, ама мене ми значат. Се нервирам кога баби, дедовци, тетки, вујни кој и да е, ни ги "краде" тие моменти. На пример се спремаме за прва прошетка на бебе, свекрва спремна пред нас и таа да идела. Сопругот ја врати дома. Споменав дека сакам да почнам со пробување вкусови и тоа смислена сценографија што би се рекло, хранилка, договорени со сопругот тој да снима и слика, за на крај да речи свекрва таа сакала да држи бебе во тој момент, не морало хранилка. Е, па и мора хранилка. Темава како дневник ми испадна ама како што некој имаше погоре пишано со доаѓањето на бебе стварно се претерува од страна на бабите посебно
Лелее ме потсетивте колку бев посесивна на почетокот. Имав и тука пишано. Плачев секој пат кога друг ќе го земеше бебе, го сакав само за мене и нејкев никој друг да има моменти со него. “Баба е тука” кога свеќи ќе му речеше вриев од бес. Сметам дека е нормална фаза и дека поминува сама од себе. Дури и убаво е ова што сме го чувствувале сите, голема љубов е тоа. Аии ми фали тој период, ми порасна бебето
Посесивни е мал збор. Јас коа ме мавнаа хормоните првите недели си правев филм дека мајка ми и маж ми сакаат да ми го земат бебето
Мене ми беше украден моментот кога прв пат требаше да си го донесеме бебето дома. Јас мислев само мажот ми ќе ме земе од болница, тој ги донел и моите и неговите. И ајде не ми сметаше тоа, беш пријатно се изненадив ама кога излеговме свекрва ми ми вика дај ми ја да ја подржам и влезе она така во кола и ја држеше цел пат до дома. Мене ми падна тешко, и кажав требаше јас да си ја земам. Кога стигнавме дома она излезе со бебето и почна брзо да оди прва да влезе кај нас дома, јас пробував да ја стигнам ама не можев ме болеше раната, а и немав сила да одам. А си замислував како ќе си ја донесеме дома со маж ми уште бремена кога бев. Тој скапоцен момент ми беше украден и уште ми се крши срцето кога ќе се сетам... И јас сум посесивна со бебето, ама па и ние две сме најчесто сами дома. Јас се водам според тоа ако не ми помагаш немаш право да ми се мешаш, и така си е.
Јас да бидам искрена не бев посесивна, мада немаше на кој де, ама првата недела искрено не можев да се поврзам воопшто со него, дали ради трауматичниот пораѓај не знам, греота е да кажам, ама ми пречеше, сакав мм се да прави, јас се осеќав дека механички го чувам, не осеќав ништо. Сега не сакам да го држи цимерката, ми смета ако врескаат многу, а тој е со нив, ми смета како го нишка пред спиење, оти обично она е дома тогаш па сака да го види ама она упорно му пее гласно, мислам тапан му ја направи главата и едноставно го рашенува, а искрено тогаш наоѓам време да мочам/јадам па ми треба малце да го причува, ама ми смета. Маж ни не ми смета кога го чува, ама оно пак сега не сака во него, он е љубоморен дека само во мене дете се смирува, а на почетокот него повеќе го регистрираше. Искрено јас сакам некој да има да го земе, ама ќе видиме сега дома како ќе реагирам, може тогаш нема да сакам. Мене многу тешко ми беше кога се вративме дома од болница, а немав дома ништо спремано за пречек како за бебе, ни торта ни балони, празна куќа, па и роденден ми беше после 12 тој ден и немав ни торта ни со кого да прославиме дека бебе ни дошло дома, мм немаше време да спрема тоа, со мене во болница беше и некако ептен жален ми беше тој момент.