Јас бев кучка во права смисла на зборот. Толку љубомора во животот немам осетено како за првото дете. Идевме често кај моите на спиење дека во корона се породив, а имаат голем двор. И секое сабајле ми доаѓаше мајка ми, демек ‘Ќе го земам во дневна, наспиј се ти’, абе уште очите што не и ги извадив. Многу, многу бев злобна со неа, а доев по цела ноќ и место да преќутам и да се наспијам… Јас како будала некоја мртва уморна ама бебето не го давам. Едноставно не можев да заспијам ако не е до мене. Е сега да има некој да ми го каже тоа Наспиј се, би спиела 3 дена. Првите моменти не дозволив никој да ми ги земе. Расклативме односи со свеки заради тоа и не жалам ич. Ми зема некои моменти со второто дете кога се вративме од болница ама веќе со две деца потешко е, малку работите искачаат од контрола.
Претежно сите исто сме се осеќале. Убаво кажа некоја дека не е посесивност, само нормалнa реакција. Барем жените односно бабите треба да не разберат затоа што поминале низ истото. @Leanne и мене ми го украде свекрва ми тој прв момент и никогаш нема да и го простам тоа. Јасно и гласно беше кажано дека сакаме ние тројца сами да излеземе од болница и пошто маж ми бил упорен, таа ја терала мајка ми да му каже да дојдат и тие две. И секако на крајот беше по нејзино, немав сила да се расправам во тие моменти. Само што излеговме од болница со транспортерот таа се пушти да го земе. Маж ми не и го даде. После дома напна прво кај нив да го внесеме. Па трчаше таа да го слече. Јас и стоев над глава нервозно и и кажав да не го вади од транспортерот ќе си се качиме горе. Секако дојдоа сите горе и детето беше легнато на гарнитура, јас до него, свекор ми ете го со коментар се мислел кај да ме пушти за да седнел до детето. Јас мајка по прв пат, мајка само неколку дена, тој да ми седнел до дететo. Па патронажните сестри кога беа влезе и таа во спална, а јас слечена по цицки. Уште не можам да си простам шо не ја избркав тогаш. И врвот беше, нели коментарите да не спие во раце беа обавезни, дојде вториот ден и тој цицаше и остана во раце, таа ми го зеде и го остави на кревет, секако стана одма со плачење. И одма коментар остави го малку де. Јас лично никаква помош не сакам. Суво ќе јадам по цел ден, ама не сакам психофизичкото здравје да си го нарушувам. Туку тука се, сакала или не морам често да ги гледам.
Немав ни јас, ама немав ни појма дека треба нешто да има, па ништо не ми фалеше. И ништо повеќе од вие тројца заедно, не е потребно . Сега куќата нема веќе да ти биде празна едно подолго време, а ќе ти фали да биде празна, ама се со време иде. Ти немам ни честитано, сега дури сфаќам дека си се породила, па ваљда уште не е касно- среќа да го следи бебето и радост да ви носи.
Добро утро, за инат на времето најрасположени да бидете денес. Гледам сте пишувале за моменти со бебе.. Луѓе мене ме подзаборавија дека постојам. Излегуваме од ГАК, мм ги земал и мајка ми и татко ми еве појма немам зошто и ден денес кога живееме на пола минута од државна, додека се свестам татко ми го зема транспортерот и бам у кола. Јас ко црево се влечев по нив. Не ме ни прашаа јас дали сум добра. Е се соземав наредниот ден и им отпеав дека не може така да се понашаат, разбирам радост и среќа за прво внуче ама и јас уште постојам. Мајка ми остана мислам 7-8 дена, ме изненади пријатно со тоа што правеше се од домашни обврски, а за бебе ми викаше ако сакам тогаш да и го дадам, ако не - има време кога да ја држи. Е со татко ми година и пол се карам за све и свашта поврзано со детето. Според него ние ништо не правиме како што треба. Некогаш ќутам, некогаш вријам. Зависи до кој степен ќе си ги тестира границите. Еднаш малку поодамна, ми го зема детето од раце оти она падна и плачеше. И за тоа што падна, пак јас бев крива оти инаку дете не може да падне нели само од себе, и он ја држи јас се спакував. Си ја земав, му кажав веќе у живот да не помисли да ми го теши детето ако сум јас жива и до неа и си отидовме. Е отпосле мајка пеела дома, па се извинуваше. Ама џабе, ко ќе ми ги повреди чувствата отпосле не ми е ни битно дали ќе се извини. ---------------- Ќерка е на продолжен викенд кај горенаведените Ќе искористиме да тркнеме до кај свеки и свекор на гробишта барем, немаме одено неколку месеци. Лесна им земја и Бог да ги прости сите што имате некој да спомнувате на овој ден. На лично и персонално ниво, напредувам на работно место изненадувачки брзо. Изненадена сум од самата себе, од колегите и од тоа колку убаво се вклопив во фирмата. Имам доверба и слобода од страна на шефот што сакам да правам, само да биде направено. "Нема потреба да ти бидам бејбиситер" - точните зборови Да ми кажеше некој пред некој месец дека со ќеф ќе работам, или ќе се изнасмеев или ќе го истепав Ај доста брчам, бујрумте на кафе. Дежурен кафе-кувар сум во темава
Само сами мајка. Ова ме подсети на моментите кога се роди првото, тогаш маж уште немаше документи во Австрија и си отиде после 3 дена, ме појаде жива тие две недели, од раце ми се грабаше бебе и ми велеше доста и е цицање, а сега зачудена беше како тоа 1 саат и више цица, требело да ја оставам да лежи..како не праша шо е за пеглање или да направи јадење,туку на мене се чекаше ручек, дадилка на големава супер ама не се прави начукната те молам, хормоните имаат влијание да ама и да не се хормомите некои не знаат за граници, а со стариве односите за жал се пореметуваат кога ќе станат баба и дедо, оти улогата не си ја имаат баш најдобро сватено.
Нов ден, нова закачка со старите. Правиме план за внесување на вкусови кај бебе со сопругот, ако јас сум зафатена да знае тој кога и како да пробаат и на што да пази и веднаш коментари - Ами баба и дедо се тука, ќе му дадат на детето - Зошто морков, компир, грди работи Е тука ми се споија жички и секој си доби што му следува. Ради небитни коментари детето да ми добива аверзија кон одреден тип на храна немам намера. Нека проба прво се, па само да си одлучи дали некој вкус го сака или не. На крај на денот бебе од 5,6 месеци па и година сигурно нема да јаде хамбургер или сладоледи или не знам што, па да знае дали морков или брокула е вкусно или не. Настрана од свекор, свекрва од една страна пребрзо ми поминува времето на породилно, пребрзо ми расте бебе. А од друга страна па едвај ги очекувам следните нејзини развојни достигнувања.
Фала Билке, само убавини да следат. Многу луѓе ми го велат тоа дека ние 3јца сме доволно, јас не знам зошто не се осеќам така, мене убавината на животот ми е и сите убави и лоши моменти да ги имам сите сакани околу мене, сакам неделни ручеци кај баба и дедо и играње со братучедите, сакам приквечер прошетки со другарките и општо да ми расне детето со повеќе луѓе што го сакаат освен јас и мм. Јас пораснав така и имав преубаво детство, многу спомени од лета поминати на село, не сум човек кој сака да живее сам, стварно ми требаат тие луѓе. Може ќе ми се смени мислењето, ама не верувам, 5 години давав шанси да ми се смени и уште го имам истото. Маж ми сепак не и свесна сум дека во МК ќе има многу полоша иднина, така да ќе остане моето пуста желба.
Здраво мајки, Моето малечко кога беше бебе и додека цицаше беше права буца, со мишелинки, со се. Таа порасна,бутките и мишелинките се стопија и сега е згодна џенцка ама прекарот буци и остана, и јас и мм си ја викаме и ден денес буци. Сега е во фаза кога зборува во 3то лице за себе ,пример Ија ( Софија) доста, Ија стане, Ија спие итн. Е пред некој ден се будиме и ја слушам “ Ајде бути ( буци) тане ( стане)!” Како слатко сум се изнасмеала. И се разврза јазичето што на Македонски што на Германски , секој ден изненадува, само нешто изведува. По улица никој не останува непоздравен, се шета, мислиш кралица минува ,мафта и Аљооо вика ( Хало- здраво на германски). Ја обожавам оваа возраст, бисерчиња се, од денес за утре не знаеш со што ќе те изненади. Ми се оди на одмор ама кој знае дали ќе биде оваа година, мм има нова работа па не знам дали ќе може да земе одмор. А јас мојот морав во Август да го користам бидејќи градинката ќе биде затворена 3 недели. Ви го читав муабетот за посесесивноста на мајките па се сетив и јас на една ситуација. Вратени во Македонија за крштевка на малото и сега да се сликаме и не та не свекрва ми на секое таа да ја држела малата додека се сликаме, во еден момент и се завртев при крај со нервите и со излезени рогови реков: јас ќе си ја држам моја си е. Никој од фамилијата ( небитно дали моја или од мм страна) не е толку нападен а сите исто ја сакаат не ја разбирам потребата за толку наметнување во многу моменти се чуствував и како на натпревар да сум. Претпоставувам требаше неколку пати да изреагирам за да се постават граници. Времето заличе на лето, стигнавме за фустанчиња и лесна летна облека и како украс на се скцани колена. Само моето дете ли паѓа по 7000 пати?! Колената уште сега и се скцани и со модрици, ама претпоставувам дека тоа е дел од секое детство. Покрај тие на коленото стандард модрица има и на челото . Кога сме веќе кај шеширчињата, шнолките и тракатанците на мама и е многу мерак ама Софи ич неќе мерак на мама да и прави. Ајде добра ноќ од мене имам работа да префрлам уште некоја од 8000те слики од момата, сите се бесценети, ни една не ми се брише а телефонот е преполн ни апдејт не можам да направам.
Сте ја збореле најтешката тема за мајки... посесивност. Со првото ќутев и голтав, дојдоа цела тајфа кај мене и сите беа по гарнитура поседнати, да не речам легнати, а јас тазе породена, царски, на стол седев. Ахам! И на мм ич уво не му чуеше. Мајка ми за да не смета си отиде одма, срамота било сваќата што ќе рекла. 3 дена пред да ме остават сама со бебе од 15 дена седеа кај нас и 5 саата не ми го даде баба бебето, спиело не требало да се буди, а јас уште се мачев да го дојам и не ми го даде и не ми го даде. Мене градите камен, тоа се изгубило, 5 саати у раце и спиеше у никаква поза. Ми се плачеше. И си поплакав после. Кога ни кажаа дека бебе има тешка дехидрација и дека не се знае што ќе биде ми рече А па на 2ч мора да јаде... ми идеше да ја продрмам и да и речам Алооо пред 5 дена не сакаше да ми го дадеш спиело бебе што спие не се буди. Имаше уште испади, за синко имаше испади, па и муабети си слушнав, синко не какаше по 1 недела и за да кака дадов прво крушка, е кој нормален почнал со крушка, требало со јаболче да почнам. За него ме убедуваше да почнам на 3м, они од 2ипол месеци почнувале, а за ова ми вика почекај, нема потреба од брзање. Е за ова немаше посесивност, во 5м ни 5 пати во раце не е земен, наводно страв им е да не е љубоморен големиот, а тој пусти се топи со бебе. Комедии имам јас со односот баба со бебе и бато, море драми. За бато ѕвезди се симнуваат, за ова ако не плаче не мора да се земе во раце, нека лежи. Ќе згрешам ако речам дека помош не е потребна, ама мајка мораше да си отиде на 2 дена некаде 2 недели откако се породив и да ви кажам тие 2 дена подобро се организирав него ли со неа. Со неа имав постојано притисок дека нешто треба да се прави, нешто не правиме ко што треба, нешто недостига... И дури не седнавме да јадеме она не седнуваше а знам дека е гладна, и ќе рече Јас мора да каснам, се тресам, добро побогу ти брани ли некој... Многу чудна жена е мајче моја. Е за зимање од болница беше смешно ептен, не знам дали сум раскажувала, јас гола по пижама чекав во Чаир 45мин во ходник да ме земат, дојдоа и ги имаа заборавено чизмите, па така со светкави хулахопки и адидас патики за трчање во фустан си излегов од болница. Бевме договорени дека сами ќе дојдат да ме земат бато и тато, ама нели мора да е комплицирано и бабите решиле да дојдат па тате морал да вади седишта позади во последен момент и доцнеа бааги. Јас немав нит балони, нит цвеќиња, ништо, а таму сите ги зимаа со аранжмани огромни, со балони, со подароци, албанките ги китеа со злато, нашите од мажите добиваа подароци, јас во златни хулахопки и адидас патики, па добро... Уште ми викаат што не се сликавме, ма сакав дома само да си одам да заборавам дека ми се деси тој куршлуз. Криво ми е, зар помалку вредна сум од сите тие жени кои добија и подароци и цвеќиња и бебиња што добија подароци и балони... ама... Мајка се осетила глупо и отишла од цвеќарите карши Чаир да земе некој аранжман кој реално не вреди ни 300 а и го наплатиле 1000ка. Ми се плачеше колку бедно се осетив ама избројав до 10 и рикверц и си реков дај иди си дома само и батали се ова, теле се учи, вол не се учи, ако него не го научила мајка му да биде малку понежен јас па ич нема. Да сум жива и здрава да можам да си купам сама и да им купам на децава што им треба, за друго налет, нит дали донеле нит дали купиле ме занима. А муабетите кажете што ви треба ќе купиме да не се дуплираме, тоа не ми е мене нормално, никогаш нема да кажувам купи ова, ова ми треба, или кажи кога ќе немате пелени ќе купам, божем еве пелените се млеко тетрапак ќе скисне, ама ај. Здрави и живи само, ќе купиме ние што треба, ако не сме можеле да обезбедиме немало ни да го раѓаме.
@AngelOfArh само за последниов муабет не се согласувам. Еве за второво ме прашаа, несакам ништо од страна на бањарки, мушами за пресоблекување и облека. Па затоа тие ми купија шишиња, цуцли, омекнувачи, течни детергенти, козметика, памперси. на мене беше само да си купам пробиотик и капки и за од болница комплетче. Не ми е срам да им кажам што немам, а ми помогна секако на потрошениот буџет. И нормално не издржаа пак купија по 1 боденце, чорапки, шпикозне, пижамче.
ЗАМОР! Значи кога гледам децата како одлично функционираат со нивните татковци му се восхитувам.. Моиве двете само мајка како да имаат буквално. Големиот ништо не прави без мама, со мама да ручка,со мама да се капи, со мама да спие, со мама да си игра, со мама да читаме све е со мама, ако треба така ке се шутка ќе дреме ама ако сум зафатена со малото ама мора со мама.. Со малечката мака мачиме едвај заспива и ако заспие едвај да сврзе подолго сон, благодарение на бато урла кога најмалку треба и таа ќе се разбуди.. и опет враце некој период дали е незнам не сака да цица се тргачиме јас се потам и на крај ќе поврати од тегнење од туркање од јачење.. Бев решена ова дете да не го дојам со првото ептем мака видов,незнам што се предомислив и почнав ова да го дојам ама со оваа ми беше како песна прелесно до моментов.. Туку друго ми беше муабетот синко со татко му едвај функционираат ако се мора и толку ми иде тешко тоа е чудо кога тој е за спиење навечер таа почнува баш тогаш да плаче и некако пробувам незнам ни самата како на редина од спална легнувам и двата на мене легнати и некако ги успивам него приказна ќе му раскажувам неја на цице и ќе заспијат па ги преместува во кревечина Али претешко е некогаш.. Викам помош мајка ми и баба ми највеќе ми се наоѓаат, свеки кога и да ја викнам иди со придружба од свекорми и тогаш по соби треба да дојам да се облекувам и затоа ја избегавам да ја викам.. Првото дете на никој не го давав не ни сакав да го пипнат и сеуште кон него сум така како повеќе посесивна или како да речам ама цело време бев со него, за разлика од со оваа бебе на секој можен го оставам и не ми е проблем да побарам помош и слично Убав ден на сите Мојот започна од 4ч
Исто и кај мене Мајка ми- е не мора да е блендирано де,дај и Хип благи се ,ги сака. Баба ми- како ја јаде оваа тиквичката стај и шеќер. ШЕЌЕР! - Еј дај бе да и дадам сладолед да проба !!!!! Сладолед бе! Бебево уште не прогледало... Надвор пекол ,ја ја соблакам она с'клетџика ,дур се свртам баба ми ја замотала у јорган. Тоа е ,ај добро утро мајки. Кажете ми плс дека не ме боли само мене глава 6ти ден по ред без престан. Додуша и сон не ми се знае ни кога станувам ни кога легнувам ,ама времиштево ме уништи скроз на скроз.
Добар ден мајки Пијам второ кафе на тераса, времево е уживанција. Најголемата дада спие, две скакаат на трамболина, бебуш гуга до мене. Ќе имаме гости на скара, пријатели, родители на едно детенце со кое најголемата одеше во градинка. Нашиве четири, нивниве три, ќе биде весело. Маж извади маси и клупи , чадори за сонце, јас спремив точаци, скејтборди, тротинети… . Ич не се сеќавам на вакви работи кога сум се породила. Или немало или не сум фатила многу при срце. Најсвежо ми е за четвртово. Си нарачав сама балони, поклони, торта… тон работи. Сите да стасаат кога испаѓаме од болница, тој ден. . Им се радував исто како и мм да ги купил и да му текнало. Убав ден на сите
Кога требаше да излезам од болница мислев само маж ќе дојде, ја зеде и свеки, а не знаев дека ќе доаѓа. Пријатно ме изненади, да не беше таа немаше ни букет да му текне да земе....а мене немаше да ми текне дека треба такво нешто. Тој си го зеде бебето во транспортер, свеки други работи носеше, јас со рацете во џеб што би се рекло, сакав само да си дојдам дома. Е со време си кажав дека не сакам дома луѓе да ми се мотаат, и стварно само на 5 минути дојдоа свекрва, свекор, золвата, удривме по едно кадро, јас со подочњаци до колена, испиена во лицето, и си отидоа. Ама сите достапни секогаш ако ми треба нешто. Свекрва ми ја викав за капење на бебе па можда 2 месеци, навечер ја викав честопати да и даде шише да ја заспие, јас на раат да се истуширам. Многу бев уморна тој период и сакав да го дадам бебето некој да го подржи и да не плаче барем половина час да можам заби да измијам, да се средам. Многу тешко ми беше да се снајдам на почетокот и ми требаше помош. Секако дека некогаш рекла слабо ми е млекото, гладна е, ладно и е итн., ама мојот збор се почитувал секогаш, и тоа е тоа. Јас и не замерував искрено, така нив ги учеле, тоа го знаат. Од друга страна некои работи стварно ги научив од неа, што ќе ми беше потешко ако требаше се сами со мм да откриваме.
Здраво од една мајка на која и е досадно вечерва. Седам на тераса,мириса на дожд ,пијам 93-то кафе од сабајле со цигара Бебе заспа конечно со триста маки. Плаче,кенкава е,заби ли ке вади што ли и е појма неам. Душа неам веќе....дури имам грижа на совест што се жалам понекогаш .
Немој да се обвинуваш, на сите ни треба издувен вентил. За да изгледаме здрави деца треба и ние да сме здрави во умот. А потиснување и самообвинување и нереални очекувања од себеси не водат кон здрава психа.
Потполно се нормални такви чувства, ич не се обвинувај. Јас кога ќе се пожалев пошо мојава СЕКОЈА вечер заспиваше со триста маки првата година, од сите добивав: “а што очекуваш ти од едно бебе”, или “ехее допрва какви маки ќе имаш” или најбедниот коментар: “треба да си благодарна што имаш бебе, доста само се жалиш”. На моменти се чувствував како да ќе експлодирам, и дека сиот замор и бес кој го акумулирав ќе го истурам врз бебето. Секој ден се обвинував дека сум лоша мајка. Уште па и коментарите од страна, и тоа сѐ од блиски ЖЕНИ, МАЈКИ, замисли. Среќа зад мене е тоа сѐ, но кога ќе помислам на второ (а сакам) само тој момент со заспивањето ме одвраќа, не би сакала да поминувам пак низ истото па и уште поголемово дете да ме гледа таква нервозна. Се тешам само, ако даде Господ второ, дека нема да се “падне” пак такво како првото
Баш така. Нереални очекувања. Ауу ужас . И мене исто ми викаат " биди среќна што имаш дете не викај така ,не се жали" . Боже сачувај. Нормално дека сум благодарна и среќна и све и секој ден викам фала боже ,ама ми треба и да врескам понекогаш.
Хај Денес сами останавме со беба, па како пуштена од ланец со сите се договорив и исповидов низ градов. И кафиња и шетање и ручек и второ кафе истерав. Да пиев и на пијачка веројатно ќе завршев Едно време ме фати срам од сама себе, си викав детево може сака дома да е малку на тивко. Ама па некако ми личеше дека е супер, умна беше многу и мислам дека заради тоа можеби најмногу така мерачки се изнашетав. Сепак некако пак ме јадеше грижа на совест, можеби дека прв пат се охрабрив толку долго да сме надвор. Еве ја сега спие како онесвестена. Откако се породив многу брзо ме удри таа реалност дека животот е скроз сменет од тоа што било претходно. И баш ве читав деновиве ама некако не најдов време да се уклучам. Детето го обожаваме и јас и маж ми, но тоа не го менува фактот дека има периоди кога ми е претешко од секакви грижи и се осеќам само како подвижна млекара дење/ноќе влезена во некој паралелен универзум што нема допирна точка со претходните секојдневија и се друго што до вчера ми правело задоволство. Знам дека е период и дека пополека ќе наоѓам начин да го прилагодам овој живот на претходниот, но понекогаш ете не ми е сеедно. Од пред некој ден почнав и со полесни вежби и сфатив колку ми е опадната силата и кондицијата Во бременост имав забрана за вежбање и скоро година има како не вежбам. Сум закржлавела скроз, најобични движења ми се предизвик Од друга страна па кога ќе ме погледне со тие љубопитните очиња, заборавам на целово кукање и уште не можам да се изначудам какво совршено мало човече направивме
Ве читам со темава посесивност и немам многу што да кажам. Само сакав да ви дадам поддршка. Јас немам свекрва, а мајка ми е многу претпазлива личност и не сака да се наметнува никогаш. Со двајцата ми помагаше со капењето. Доаѓаше секој ден до 40 дена. Повеќе за да ме види како ќе се снаоѓам и да ми даде поддршка, а капењето и беше само изговор. Иако ќе излажам ако кажам дека не уживаше во тоа. Не знам што им е тоа толкава сатисфакција, ама не и ги одзедов тие моменти со внуците. Поголемиот беше преубаво бебе, и голем се роди, ама малово беше многу малечко и ми беше страв да го држам така голо во вода. На почеток и велев да не се мачи, дека можам сама. И секој пат ја потсетував: утре во исто време Од болница за големиот беше и свекор ми, кога му го дадов транспортерот се стопи, почна да потскокнува. За малото беа маж ми и бато. Мене па не ме ни китеа, нит ништо, а не ни сакав во болница кај бебиња да ми доаѓаат со цвеќиња, балони и плишани играчки. Сакав само дома да си одам. Бебушко се роди порано па дур бев на болница ја реновираа спалната во брзање и едвај чекав да ја видам. Таму цело креветче беше со цртежи од бато. Има ли поскап поклон? А и како шо знае маж ми да каже: Не ти купив ништо, ене ти ја картичката купи што си сакаш оти тебе ништо не ти се погодува ( и во право е)