Јас уште си влечам трауми од доењето уште ги памтам болките, а на пораѓајот скроз заборајв тоа да видиш Ај пораснаа веќе ќе заборајме
Јас плачев дење ноќе кога ми снемуваше млеко, а ми дојде веднаш ,еден ден после царски и тоа убаво машала . Ама ете за месец и пол прекина. Башка и постпородилна ме мавна ,у тешко стање бев,па можеби и од стрес прекина млекото. Многу малку ја доев , а првите недели бев подвижна млекара. Цел ден се шетав со пумпата на цицки, гола по дома. Стварно се трудев, барем така мислам...а кога не мислам тогаш се обвинувам. Пола саат цицање ,пола саат одмолзување, па ке заспие на цицка ,па буди ја и се така. Па додека завршиш она пак сака да јаде. Бев жива ненаспана. Имав 55 кила и не личев на човек . Али помина се тоа. Сега е на формула и каши , а јас конечно посветувам време на себе. Не заборавајте - Среќна мајка, среќно бебе.
@1209 Нема да е на секој саат, како ќе расте така ќе се зголемува времето меѓу подоите. Јас сум мајка на две деца од кои првото на ад, а второто на доење. Ама таков цицољуб невиден што нема каде се немам пожалено. Првото го доев три месеци и баш како што пиша во првиот пост ми беше измачување. Буквално ми се лошеше од болка кога требаше да цица. За второто имав желба и се наредија коцките. Воопшто не ми е некое задоволство доењето. Бара, му давам и тоа е тоа. Иако после 10 полни месеци сѐ уште ме цица по цела ноќ полесно ми е доењето. Не знам зошто. Сите пишаа, ама па навистина е така, среќна мајка-среќно бебе. Одлуката е твоја и е правила за што и да се одлучиш. Тоа што мене ужасно ми смета се коментарите дека млекото ми е стоено додека сум на работа и џабе му давам нема ништо хранливо. Верувајте многу повеќе ме погодуваат вакви коментари од тоа кога првото ми беше на ад па сите ме стрелаа каква мајка сум што не го дојам. Сега па сум мајка што давам никакво млеко. И да, коментарите се од 30-40 год. мајки кои доеле. Од Петранка пензионерката очекувам и не се ни изненадувам на коментарите. Ама од млади мајки и тек како. Едукација треба на повеќе полиња.
Ајде здраво и од менее Знаете од кога се наканувам да пишам и таман ќе седнам, некое од нив ме бара и закочувам. Епа прво да почнам со убавите работи. Едно од поголемите победи за мене е тоа што и двете легнуваат најкасно до 21ч. Новороденче знам дека менува ама еве за сега така функционираме, се во исто време се прави, и со првото имав успешна приказна во однос на вечерната рутина. друга позитива е што Нина преку ден се нормализира кога сме дома, си има де она мушички, такво си е од бебе ама тој хаос што ни го приредуваше на почеток сега е дојде до степен на прифатливост, ќе биде и подобро. Доста фалење, сега да си се пожалам малце. Мајка на тодлерче и новороденче, без некоја си помош (ручек уствари ми носи мајка ми)- епаа драги мамички од каде црпам енергија еве не знам. Спијам вкупно 3-4 саати на вечер, дење секако нема кога. Да јадам немам време, да мочам исто. 9ти месец, со стомак до в заби,сеекоој ден одев да ја носам Нина во градинка за да се адаптира, поминавме супер за сега типката да ме зеза во 7 сабајле, јас да ја спремам додека беба цица и јас да ја носам со сестра и во градинка, а маж до 9 слободен. Е нема смисла, не сум знаела дека имам моќ со едма рак да функционирам, левава ја сматрав за неспособна ама еве ја живна. И така јас секој ден станувам во 6, она официјално станување, спремам двете и ја носам Нина го градинка кај што има скали, па малтретирам бебе горе-долу со транспортерот, таму Нина ме зеза пола саат додека се пресблече, јас се препотувам, а Клара ја фаќа рем фазата,лесно се буди, па чекам само кога ќе врисне за цице. Таман се вратила од градинка, ми звонат секој ден во 11-11:30 ајде иди, Нина се треска од земја, коси ми иде да си кубам. Добро е што тогаш заспива Клара, па секој ден си одиме со Нина од градинка директ на сладолед, ееее колку е среќна тогаш, на мама полно срце иако пред 15 минути ми идело да вриштам. Интересно е што баааш кога бебе цица или плаче, она тогаш бара нешто од мене, па се надвикува со неа, мозокот ми го пржат на најјако, а кога беба спие користам максимално со неа време и ја молам за некои работи по 100пати ама џабе, прифаќа кога бебе има потреба од мене. Л У Д Н И Ц А ! кажете ми, сигурно некоја од вас имала проблем со бањање на дете, фобија од вода на очи, прошлата недела и капна капка и сега одбива да се бања, не можам да ви опишам на шо личи во косана../ чаре? Не прифаќа со мене да се бања као таа мене шампон, јас неа, не прифаќа барбики да шампонира, а мораа да се избања, до кога вака? Верувам дека поминува низ огромен стрес за неа, огромна промена, од нејадач дете, сега е дојдена до степен на изгладување. На вечер легнувам во 11:30, во 12:30-1 е првиот аларм-Бебе, потоа следи втор аларм-Нина, ее тој аларм имат толкава траума што станува по 3 пати со пиштење по мене, па правам заспи една, презаспи друга, дури сум халуцинирала пред една вечер кога ме разбудил маж дека големава ме барала, не сум го познала дека е он, сум се преплашила и сум тргала наназад.. еве едното спие, другото мјаука, ручек се крчка и така во круг, секој ден исто. Се тешам дека на 30 и нешто години ќе се пораснати и тогаш ќе уживаме со маж хаха Шо убави слатки маки, нели? @1209 паа, издржуваат повеќе без цице, посебно кога ќе почнат со немлечна ама јас имав страствен цицач и затоа не сакав да и стварам притисок и да ја одбивам порано, туку решив кога сака она тогаш и затоа теравме толку долго, иначе залепена беше (уште е) за мене во смисла да до 11 месеци никој не ја изнесе без мене надвор, еднаш бев на фризер и дојдоја да ми речат за побрзо оти зајде детето, шо и сега е ист случај ако запне по мене ама јас си ја научив така, за тоа веќе се пишуваше тука. иначе навечер за мене беше лесно оти легната ја доев и спиевме двете фактички ќе се одпуштеше сама и ќе се свртеше на страна ама тоа кога почна да се врти.
За доење свесна сум дека не се потрудив доволно, меѓутоа сплет на околности така испадна. За второ ако некогаш имам, ќе видиме како и што ќе биде. Мислам стариве по дома повеќе се во жал за парите што сме ги давале за Ад млеко отколку ние или било што друго. Не обвинувам ни дека некој дои, ни дека некој дава Ад. Секој си знае за своето дете. Моево во некоја чудна фаза. Дали сака веќе да крати дремки, дали што е работата меѓутоа ни ред на спиење се знае, ни ништо. Само си се тешам ќе се среди. И така си врват деновите, па и неделите. @Bubish26 , освен када/кадичка да полните со сапуница како купка, не ми текнува некоја игра што би можело. Па бањање играчки. Или базен, па по купачи да е. Можеби има таму од овие штитници како на бебе што се ставаат на главче за да не им оди вода во очи и сапуница. За поголемо дете доколку има.
Јас сум таква зошто сметам дека им го трошам времето со мои обврски,додека го чуваат него би можеле да работат нешто за себе ило да си одмараат.Детето сум го направила јас и моја е должноста да го чувам,сега испаѓа дека не сум способна едно дете да исчувам.
Не само ти, ти и твојот сопруг, и крвта што тече во детето потекнува и од бабите и од дедовците. Се надевам еден ден ке си го смениш мислењето. Прво, детето не е обврска, да, да се чува, но не е нечија задача, па ниту твоја. Треба да е заедничка улога и да има исполнето детство со сите членови од семејството
Мене ме прашуваа одма од прва -" А го доиш? " Значи ништо друго ,само дали го дојам. И тоа исто млади мајки,девојки . Страшно. Никогаш нема да погодиш а не ни треба ,зашто твое си е ти ке си одлучиш.
Таткото и те како е должен да го чува. Во правењето учествувал исто колку и тебе. За баби и дедовци ( кај мене има и други позадински проблеми за кои не сакам многу плеткање околу детето) ама се добредојдени ако и кога сакаат да помогнат се додека ги почитуваат нашите зададени правила. Не ако речам денес треба да јаде детето брокула и компир, затоа што на свекрвата/бабата и било глупаво тоа да му даде да јаде чоколадо. Ова само како пример. Да се навратам на таткото. Значи и тој треба да знае да го облечи, преоблечи, нахрани, прошета итн. Ако работи, а ти си на породилно дома, сигурно може да одвои 1-2 часа во денот да помине со бебе додека ти се одмориш, средиш, или на крај на денот направиш нешто низ дома.
Постов го пишувам 5 дена, на рати Фала ви на сите за советите, свесна сум сега откако ја испоанализирав ситуацијата од сите агли, и откако размислив со ладна глава дека е микс на моите хормони и немањето граници на бабите. Првите две недели бевме сами со сопругот и иако бевме мноооогу уморни, двајцата сме согласни дека тоа ни беше најубавиот период, и двајцата чекаме да заминат бабите за да се осетиме како семејство повторно. Рака на срце, помошта многу ми се најде на почетокот, пораѓајот ми беше супер, но имав компликации после тоа, закачив инфекција која се откри многу касно, па бев со висока температура, со влечкање по болници....сите ми викаа дека ми треба одмор, ама сам во странство, со 10 дневно бебе кое цицаше на секој час, кај да спиеш. Кога дојде мајка ми бев на граница на истоштеност, немав сила ни да го држам детето во раце, сопругот ми го местеше за доење. Пишував дека веќе халуциниравме бидејќи не бевме спиени, на се тоа се справував и со инфекцијата, и толку се можностите на телото. И кога дојде таа се опуштив, и мене а и на маж ми ни требаше одмор, па така таа го чуваше и ми го носеше за доење, првите неколку денови додека се повратив во живот функциониравме така. После веќе си се чувствував спремна да си се грижам за бебето, ама мајка ми си се научи таа да го чува. Е после дојде и свекрва ми и таа се качи на истиот воз. Во некои ситуации сум беспотребно посесивна, свесна сум за тоа, ама ми даде кураж маж ми кој ми кажа дека и тој се осеќа така, така да ваљда е нормално Пред некој ден бевме излезени, свекрва ми ја туркаше количката, ние двајца позади си правиме муабет. И му викам слушај, еве сега жената не прави ништо лошо, ама мене ми врие душата пошо таа ја турка количката. И само што го реков тоа, застана жената на сред удолница да го извади телефонот од ташната, во меѓувреме ја пушти количката без да ја закочи, и нормално количката тргна надолу. Па се стрчавме ние по количката, таа не ни запримети. И како бе си викам да му дадеш на друг да ти го чува детето. Треба само да истераме уште некој ден со бабите, и после се надевам ќе се смири ситуацијата. После може ќе кукам тука дека немам време да јадам, но тоа е. Како родител сакам да имам авторитет врз детето и тоа да се почитува, но некако ми стои дека тоа ќе е тешко изводливо со нашите дома, едноставно такви карактери се, за нив се е глупост. Како ги оставате децата со други луѓе, макар и баби и дедовци, кога сте свесни дека нема да го почитуваат тоа што сте го кажале? Дали некогаш како родител ќе се опуштам за да можам да си го дозволам тој луксуз? Или навистина ќе сум многу фригидна и стегната мајка? Уште од сега се замарам со вакви прашања. Не знам, комплексна тема е родителство, на крај памет не очекував дека константно умот ќе ми е исполнет со сомнежи и прашалници. Знам дека тоа што го правам за своето дете е најдобро за него, но некогаш си мислам дали можам и подобро, дали некаде грешам. Тоа е мајки, конечно го завршив постов, за арно нека е.
Се согласувам со тебе, особено за делот во кој пишуваш за нормализирањето на една нова појава и нејзино безусловно прифаќање и преминување во некаков тренд. Тука си spot on. Се согласувам и дека голем дел од проблемот лежи во (не) едукацијата на мајките околу самиот процес и значењето на доењето, иако рака на срце, доволно е со еден клик на Гугл ако ништо друго, бар да прочиташ барем една статија (на било кој јазик) која ги објаснува ненадоместливите бенефити на доењето и да ти биде јасно зошто е тоа толку важно и зошто треба да се форсира, а не да се напушта, но јас лично пред сѐ ваквата појава ја лоцирам во недостатокот на професионален support механизам, почнувајќи од родилиштата, па понатаму низ целиот тој систем за грижа на мајки и новороденчиња, од патронажни сестри, педијатри, матични доктори. Недостаток на совети и насоки околу самиот процес, техниките на доење, преку давање конкретна помош и поддршка во таа, за мајката, многу нова, невообичаена и физички и психички тешка ситуација, до давање на потребната морална поддршка и мотивација за истрајност, јас лично многу малку гледам дека се посветува внимание кај нас, напротив, се оди по линија на помал отпор. Од друга страна, покрај форсирањето на АД, кај нас се форсираат еден куп други додатни суплементи и витамини за бебиња што никаде во свет не е случај. За мене нема поголема иронија од тоа да наметнуваш суплементи и додатоци за бебиња (кога читам што даваат кај нас, се фаќам за глава зашто на моето бебе од страна на доктор во државата кај што живеам му е дадено само основна доза витамин Д, апсолутно ништо друго), а да не приоретизираш доење или хранење со мајчино млеко што не можат да го заменат ниту едни вештачки суплементи и додатоци. Зошто нашиве педијатри упорно подметнуваат АД и во случаи кога не постои апсолутно никаква потреба за тоа не можам да разберам. Имам конкретен пример од непосредна близина - на моја другарка која се породи и бебето го носеше на прегледи во Ремедика, докторката од првиот преглед упорно форсираше дохрана со АД, иако бебчето напредуваше како што треба, на ексклузивно доење. После некое време другаркава, инаку со огромна желба и мотивација за доење, посветена целосно да го постигне максимумов, ѝ вели на докторката, во ред, штом така викате, ќе додавам дохрана, а всушност ја лаже, си продолжува она само со доење. На прегледи потоа бебето напредува одлично, докторкава ѝ вика: гледаш, ти кажав дека треба да додаваш АД?? Другаркава се насмеала само, вика, што да ѝ кажам, дека до сега ја лажев и бебе нема пробано капка адаптирано млеко? Јас иако сум мајка на бебе што е стравствен цицач и што ден денес (има 8 месеци) кога и да го земам во раце, се врти и бара цицка, дури и 5 минути пред тоа да изел оброк од 200 грама, ми се чини дека немаше да можам да испишувам позитивна доеничка приказна без помошта што ја добивав од бабици и сестри во болница, без советите на патронажната, и во понатамошните месеци и од педијатарот на син ми. До толку овде кај што живеам се посветува внимание и едукација на тема доење, што во сите болнички ходници кога одев на прегледи, каде и да се свртам гледав потсетници и плакати залепени на ѕид, како за самите идни мајки, така и за самиот персонал вработен таму колку е важно да се поттикнуваат мајките да дојат. Овде ако верувате на ниедно новороденче, ни на интензивна, ни на одделение не му беше дадено АД без дозвола на мајката, туку сестрите носеа само во случај самата мајка изричито да побара. Нѐ потикнуваа нон стоп да ставаме бебе на града, ни кажуваа дека во првите неколку денови доволно му е на бебето само колострумот што го цица, дека треба да сме упорни, ни демонстрираа и покажуваа. Затоа мислам дека проблемот не е првенствено кај мајките. Почитувам и сум за право на избор на секоја една мајка и не сум за присила за ништо, ама сепак мислам дека нешто фали во целата таа приказна и дека некои одлуки се носат со лесно срце и без преиспитување оправдани. Од ова "среќна мајка, среќно бебе" за мене нема попразна флоскула. Јас бев толку мизерна тие први неколку месеци доење, неспиена со денови, смрдлива и неизбањата, уморна до онесвестување, тресење пред секој подој кој во првите месеци беше деноноќно на саат и пол - два. Ќе излажам ако кажам дека доењето ми дојде природно или дека уживам во него, дека не се расправав до 5 месеци со хиперлактација, маститиси, грутки во гради, ненормални болки до неиздржливост и желба да си ги исечам, но бебето нашредуваше, во мојот случај повеќе беше "мизерна мама, среќно бебе" . Апсолутно сметам дека треба да се преиспитаат некои препораки и "трендови" што се јавуваат како што велиш во последно време и да се стават некои механизми во функција, бидејќи мајките треба и мора да ја добијат неопходната поддршка кога е доењето во прашање.
@Lavender13 , мислам дека никогаш нема да се опуштам кога ќе морам да оставам бебе со баби и дедовци баш ради таа причина што нели тие изгледале деца, ние младите не знаеме итн. Е сега некогаш и ќе морам да оставам и да се помирам со околностите. Јас уште од сега размислувам за враќањето на работа. Ако бебе од одма тргне во градинка, ќе ни останува буквално 3-4-5 часа после работа/градинка за поминување заедно. Тука во тој период буквално би имале "тепачка" дали детето да е со мама и тато, со баба и дедо, познавајќи ги луѓето околу мене.
Стапот не верувам да го изедеш, оти горе-долу сите се согласуваме дека нема доволна едукација што прави да се осеќаш мизерно во склоп со сите хормони, и на крај доаѓаш до стадиум - јбг, од мене толку. И сметам дека е важно на една мајка да и се каже "среќна мајка-среќно бебе" заради моето искуство. Затоа што бебињата осеќаат. А ако си свесна дека со тебе и бебето е нерасположено, ти запаѓаш во лоша состојба.. Сакам да кажам дека нема потреба да се оди од крајност од крајност. Да, доењето е нешто пресвето според мене и јас лично нема никогаш да преболам што не доев и за второто пак ќе се трудам да доам до последна капка млеко, ама психичката и емоционалната состојба се сепак многу битен фактор. И не сите жени, нови мајки се справуваат на ист начин со сите предизвици.
Аууу човече ваква ситуација не сум доживеала до сега. Па што им е гајле за туѓо дете што прави, дали се плаши или не?! Оваа нејзиното го напнува па на живци ми иде, а не па на мое да му се обраќа. Како останувате смирени во такви ситуации? Ја одма би им се пуштила
Добро вечер мајки. Поздрав од мајкава што вечерва нема да спие . Бебе вакциниравме, ми качи ТТ ,ја пратам ,дадов сируп и сега ке праам кафе ,дежурство ме чека. Првпат ми качува ТТ и малку сум уплашена ама веројатно не е страшно .
Доење... Ах... Уште кога се породив (царски) на сите прво прашање им беше млеко имаш ли?! Кажував со царски покасно надоаѓа а си мислев у памет дојди и на тебе да ти дадам! После 4 дена од пораѓај ми дојде млеко, брадавици нула залепени, гради стотка ( нема правило) ајде со силиконски, едното вришти, другото бетер, незнаат да повлечат, мали мали бебиња... Испив 10 тона сок од јаболко, сите чаеви лакта микс од сите аптеки, сите капсули за лактација. Дојдам, демек доев и ај и АД пијат ко невидени, влечам со пумпица со денови-месњци едвај 20-30 мл, гревови со толкави гради млеко јок... Се трудев ептен, се дадов од себе, се јадев, се пиев, читав, се едуцира околу доењето но за жал еден ден за само по 2-3 месеци од раѓање се разбудив без капка млеко.... Имав стресови, свекор и свекрва ме демнееа 24/7, да на некој не е проблем Али мене ми беше, мене само мм и Др може гола/полугола да ме гледа, но со неразбрани луѓе тоа е... И да, најважно од се не се чуствувам помалку мајка што сме на АД, напротив јас сум горда мајка/ жена од само 160см родила близнаци, живи, здрави, прави ❤️❤️ Имаше коментари многу пари за млеко се фрлале, одговорот мој беше/е не се фрлат се пијат мои пари мои бебиња мое право. Никој до сега не ни купил ни едно пакување млеко ако се две бебиња ако 10000 даваме само за млеко, и не треба нели мои деца мои трошоци. Али затоа па и коментарите очекував да се намалат но не, еве сега после година одкако наполнија, тетрапак да сум давала, не, нема да давам бар до 2- 2 ипол години ќе давам АД. Тоа е мајки, и за мене не е залудна поговорката среќна мајка среќно бебе. Јас среќна они уште посреќни. Празно меше не носи среќа. Водете се по вас по вашето бебе по вашата интуиција, па од мајка некој подобро знае ли?! И да, мене не ми е воопшто тешко што ќе станам да направам млеко, бито ми е да се најдени и да пијат повеќе, па јас дали 1,2,3 ќе сум станувала ноќта не е битно, не ми треба сон ми требаше оваа среќа која ќе ме вика мама у ниедно време. Добра ноќ мајки
Дефинитивно се покажа и кај мене дека од стрес ми запре. Џабе толкава цицка . Имам другарка рамна ко даска ,млеко мрзнеше по две кила.
Исто за брадавиците, со силиконска брадавица доев година ипол, дали ми беше убав периодот, ќе излажам ако кажам да. Дали сакам сега да дојам, да. Но не по секоја цена. Многу сакав и заради бенефитите, но толку беше дете нецицач, неможам да ви опишам буквално од прв ден да ја потсетуваш за цицање. Среќа добро напредуваше, но пример не цицаше ако има народ, не цицаше на светло. Со бели звуци и пригушено светло, во соби затворени, недај боже некој од комшиите да се искива, во секунда се тргаше од града да виде кој кива и толку од цицањето не продолжуваше да цица. Што е тоа тегнење по маици или да бара млеко, никако. Денот кога решив да престанеме со доење поболно психички беше за мене. Не и дадов, не ни побара ниту еднаш да цица после тоа, ниту гради ми отекоа, ни ништо. Прелесно за неа, а претешко за мене, бев разочарана зошто не побара ниту еднаш Сега нема да биде така, дај боже да сака второво да цица, а ако пак јас година ипол потсетувам да цица, нема шанси да правам исто. Не осудувам, кој сака нека дои, кој не, нејзино право. Поврзаноста, ахх. Од кога прекинавме со доење на раат се сакавме, не беше цицањето поврзаност за нас, баш напротив, исфрустрирана мајка бев и голтав кнедли само нели за нејзино добро. Дали е помалку болна заради цицањето, НЕ, секој месец болна од кога тргна во градинка беше.така да за нас не излезе таа теорија вистина.
Е што им е гајле де? Порано одговарав дрско и многу се нервирав, искрено. Особено со една пријателка чие шо детенце е на многу мала разлика со моето, па правеше споредба со сѐ буквално и одвратно ми беше, па прекинав секаков контакт. А маж ми да е жив и здрав е ептен искулиран и тој ги "јачи" со прашања од типот: 'еее стварно ххх скока сам?' 'и се лизга?' 'а трча сам?' 'да не оди на гимнастика?' 'не оди? Лелее штета за детето, брзо да го запишете, спремно е за на олимпијада'.
Исто лелее како јас да го имам пишувано ова, и мојата беше таква. Баш да ја потсетувам. Шише не фати. Плус и нејадач беше па на 7 месеци еднаш морав 6 саати да ја оставам, ја надоив пред да одам и замисли дека 6 саати ни јадена ни пиена, ниту па побарала. Каша имав оставено само 2 лажички каснала со сила и толку. Весела и расположена ме дочека и кога стигнав сакаше да си игра со мене, не ни побара да цица Доев до 15 месеци, од кои последните 2 месеци од навика цицаше само наутро, уствари не цицаше, туку ми ја џвакаше брадавицата зошто јас веќе немав ни толку млеко. Дефинитивно со второ не би имала толку трпение ако се погоди како првово.