Ете ги, мн слични беа тие две, и за цицањево еве. Експериментот и јас сум го направила, слободно можеше 5-6 па и 7ч да си седи гладна. До ден денес е таква, но затоа грицки и благо јади па поправена е од нив
Нема потреба ни за првото да се измачуваш, ако тебе лично не ти е пријатно. Побитно е психичкото здравје отколку тоа дали доиш или не. Крај краева и децата на формула пораснале и нивните мајки не се ништо помалку мајки од другите што дојат, сепак тоа треба да е лична одлука и нешто кое е твој избор и само твој. Не си создавај аверзија и притисок само затоа што некој од околината ти кажува како треба.
Хелоу мајки А помине полноќ мене како да ми се разденува ама ова е време кое го користам за форум и телефон општо додека бебе спие… Ми се ближи крај на породилново, ме фаќа страшна паника а и по природа сум паничар… Некако многу брзо ми летнаа месециве… Бебе за некој ден ќе полни 8 месеци, имаме и две запчиња и некако фативме колку толку некој ред со јадењето.. Мислам дека кога ќе тргнам на работа најмногу ќе ја мислам дали јадела или не… Таков страствен цицач и тотален нејадач немате видено или барем мене така ми изгледа. Пред два дена не бевме дома и за прв пат изеде 70% од кашичката и бев пресреќна. Кога ќе тргнам на работа ќе има неполни 9 месеци ама се мислам да пролонгирам уште месец/два, многу некако ми е мала за да ја оставам сама а и по многу саати ќе сум отсутна… Ќе мора многу добро да го смислам ова, нејсе.. Ви ги исчитав сите мислења на тема ДОЕЊЕ, иако дојам уште од прв ден откако ми надојде млеко и бев опседната со тоа да дојам, ја разбирам и онаа другата крајност ( од мојава) колку некој има аверзија спрема доењето и му создава притисок и создава неубаво чувство. Лично јас, секогаш би избрала да дојам знаејќи ги придобивките од доењето но знаејќи ги придобивките и од природниот пораѓај се породив царски иако и ден денес се преиспитувам и си викам можеби требаше да инсистирам иако 3 ца гинеколози ме советуваа за царски, не ете не знам уште се преиспитувам и си го враќам филмот и пак мислам дека во некоја друга држава и под други околности 100% ќе родев природно… Како и да е, назад нема, за второ белким нема да сум тука у државава па ќе биде по друго. Не знам дали ќе звучи себично ама ми се оди на работа, ќе ја мислам ќере тоа е сигурно ама ми фали да се окупирам со нешто друго освен со пелени, правење ручек, каши, собирање играчки и слично. Планирам и професионално да се надоградам во одредена област ама здравје за некој месец би требало да биде, ќе почастам Успешна кариера и успешна мајка не знам дали оди едно со друго ама не ми останува друго освен да пробам. Од секогаш сум имала одредена перцепција што сакам да правам во животот. Маж ми збори за бебе бр 2 не знам дали да се смеам или да плачам. Подобро било помала разлика, греота било да нема братче или сестричка Се слагам јас со се тоа ама мислам дека уште еднаш за толку кратко време да поминам пак низ истово, ќе мора да резервирам соба во бардовци. Еве не знам, вие што имате повеќе деца што мислење имате за разликата во години? Како и да е, не ми е во план за брзо време тоа или да не зборам многу ајде, мада и за првово мислев дека е така решаваш сега е време за бебе и оп поминува година дена додека да останам бремена… Друга работа, почнав малку да се опуштам во однос на бебе, претходно дезинфицирав све до најмал детаљ, играчка, подлога, раце миење пред фаќање на бебе, нема бацување… И сега важат повеќето правила ама не одам со дезинфициенс веќе и се што ќе пипне да бришам. Времево се разубаве па имаме контакт и со повеќе деца колку и да сакам да ја упазам тешко е, а и не е веќе 1 месец, мора да ствара имунитет ( ова јас не очекував дека некогаш ќе го кажам). Ми се иде на одмор, страшно многу, ама ќе се задоволам и со викенд тоа е што е, здравје септември мора да се надокнади ако е се по план. Добра ви ноќ, јас да завршам тоа што не стигам никако преку ден.
Ах мајки... Доеле - зошто не ад? Ад - зошто не дои? Природно - зошто не царски? Царски - зошто не природно? Треба да се забранат со закон прашањава, исто како: колкава ти е платата, и кога бебе, второ, трето... Ни јас не сум тип на човек кој дои во јавност. А ни едно од децата не сакаа, им смета/ше секаков надворешен шум. Поголемиот го одбив на 13 месеци. Почнав на работа, па во градинка, намалувавме подои и дојде спонтано. Мислев ќе му фали, ќе плаче, ќе бара, ама ништо од тоа. Мене ми беше потешко. Втор пат во животот се почувствував како да се откинало нешто од мене (првиот пат беше кога го пратив во градинка). И си поплакав, а не сум плачка. Не бев нешто воодушевена и превозбудена што дојам. На почеток ми беше премногу болно. Не знам како издржав. Па и тој беше голем, константно гладен и цицаше како да нема видено. Со првото дете учев што значи да си мајка, а со второто уживам во се. Буквално во се. Иако ќе излажам ако кажам дека немам и јас такви моменти кога чувствувам фрустрација, ама се помалку во споредба со првото. Мислам дека добро сме одлучиле што се на поголема разлика. Баш пред неколку дена искоментира маж ми дека ни е предност што е големиот голем, па место да трчаме и по него, тој ни помага многу со малото кога ќе излеземе. Не дека и тој нема побарувања, а и со него има обврски (помагање со домашна, носење по родендени, на курсеви...) ама можеме да се договараме и да се разбереме. И разбира што значи НЕ за разлика од малово А малото, секој ден не радува со новости. Денес ракоплеска цел ден. Си пеевме "тапшин тапшин та на на" и почна сам да си шлука со рачињата, и да си пее по негово. Главна ѕвезда беше денес. Го заборави дури и "чао", место тоа пак аплауз се збуна од возбуда. Имајте убава вечер мајки. Може понекогаш да побараме мислење или совет, но на крај наша е одлуката за нашето тело и нашите деца. И каква и да е - таа е најдобрата опција.
Јас му кажав второ дете кога сака нека прави, ама со друга жена. Јас завршив. Некогаш во животот три деца сакав, сега едно ми е доволно. Не сум сигурна дека сакам пак да поминувам низ ова, иако имав и лесна бременост, лесен порагај, со доење немав никаков проблем од сам почеток, имам во глобала мирно бебе (иако е активно многу, со моторче во газот). Не знам, откако станав мајка се загубив себеси. Некако станав друга личност која не ми се допаѓа. Ќе излажам ако кажам дека уживам во оваа улога. Се чувствувам како заглавена во тркало да сум. Се тешам дека во скоро време ќе успеам да направам баланс меѓу старата и новата јас, па ќе почнам да уживам. Сега освен уморна, друго не сум.
Кога бев бремена бев опседната со доење, и јас бев таа што сите другарки околу мене ги напнував со прашањето дали дојат Млеко ми дојде многу касно, дента кога напуштав за дома, пред тоа бебе беше 4 дена на цицка и само тргаше а јас мислев тоа е тоа - цица Докторка или што и да е за обука околу доењето во болницата кај што се породив беше на одмор и си дојде дента кога требаше да си одам и не добив конкретни насоки, освен што ми кажа да ги фатам силиконските бидеќи ќе му било тешко на бебето да влече со нив. Таму “доев” со силиконски, ги сликав на мм да ги купи истите, се враќаме дома, бебе го ставам да дои, вришти како да го тепаш, трга глава несака да фати. Се препотив, среќа имав пумпа за молзење го зеде мм па средивме така работа Секое наредно ставање бебе на града премираше до степен на зајдување. Пробав и со силиконски и без. Се вратив во истата болница бебе цицаше како да не видело. Ме гледа сестрата вика ова бебе не знае да цица? Добивав напад на паника кога ќе дојдеше време да цица, па набрзина се молзев. Признавам јас прекинав да го ставам бидеќи ми се кинеше душата кога бебе плачи. Најдов начин да го хранам со мајчино млеко без плачки. Тоа ми беше песна, мирно бебе пред време се молзам - сите среќни весели. Кога ќе ми речеа ставај го на града почесто ми се идеше очи да му ископам. Пробував цел месец и се откажав целосно. Е после 2.5 месеци стаж на молзење преку ноќ магично смемав млеко, пробував све и свашта не и не. Молзев 20мл а бебе веќе бараше 90мл. Душава ми гореше, ќе ги стегнев градите прскаше млеко, стави ги на пумпа 20мл за 40 минути. Со тешко срце прекинав да го залажувам кога стигнав до 5мл. По два дена добив циклус, незнам дали тоа влијаеше да намали млекото. Уживав во молзењето и тука се пронајдов, доење ми стана одбивно од што бебе толку многу плачеше. Еве сме 10 месеци, уште е лаком и незнае да пие убаво од шише, голта воздух се дави, пиеше со единица цуцла и од анти колик шише до пред 2 месеци бидеќи буквално се давеше. Знам дека колку и да бев поупорна немаше да успеам. Посакувам да имам млеко и да се измолзувам сеуште. Омилен дел ми беше да се измолзам, не осеќав никаков умор станував неколку пати во ноќта. Ама беше многу мирно бебе, успевав сама со него да се измолзам. Второ утро ни беше дома а мм мораше да работи, во 5 часот не остави сами а јас несакав да ми доаѓа никој, успевав да се молзам сама со бебето. Уште 10 бебиња да имам би избрала да молзам (ама за нив ќе ми треба помош) Не се пронајдов во доењето и ве молам не судете на мајки што не издржуваат да дојат. Точно периодот кога се породив беше недела на доењето, можете да замислите каков притисок беше, хормони до плафон бебе плаче а дури и од фрижидер ми излегуваа статии за упорност во доење. Сепак се тешев што бебе пиеше мое млеко, не западнав во депресија а бев на работ… Долг ќе биде постот но морам и ова да го кажам, градиве ми се бомба, стискам пуштаат течност. Пролактинот ќе да е ? Или да се вратам на молзење (се шалам)
Да напишам и јас за доењето.. Прв пат прво дете, неедуцираност немав појма од ништо во врска со доењето, мислев дека ете така само по себе си доаѓа ама сум се излажала.. после пораѓај ќерче имаше малце компликации па иако природно породена останав цела недела во болница, на трети ден веќе млеко протекува по спавачата од болница, а ќере во инкубатор со атб и првиот ден на кислород. Вечерта на третиот ден отидов прв пат бебе да цица си фати од одма без никаков проблем. Не пуштаат дома и како тазе мајка прва вечер бебе запѓа од плачење а јас имав уште одма купено формула и се мачевме 2 саати бебе вришти мене гради веќе испразнети и дадов ад. И така ќерче беше до 6м комбинирано и после 6м остана само на ад. Доењето ми беше измачување реално. Гледање на саат па после ад и така во круг, многу неубаво ми беше.. Еее ама затоа со второ уште теудна, цел форум го прочитав на тема доење и решена бев дека и да се сврти светов наопаку јас ќе дојам и крај. И така првиот месец малце беше потешко со малку напредување ама успеав 1,5г цицаше синко.. Исто и со ова за сега дали 3пати му дадов ад иако си сакаше шишенце не ми одбиваше за разлика од синко втор, си цица.. Од една страна многу е полесно доењто, кај и да си само вади цице и толку, а со ад ми беше мн мачно станувај топли вода прави давај, па првиот одмор со ќерче во кола вриштење зошто млекото е малце поладно од тоа што пие итн итн… Од друга страна толку го мразев доењето со првото што стварно ми беше измачување и си викам ако имам уште деца не би доела никогаш, ама ете мислењето ми се смени За имунитет не знам што да кажам.. ќерче дали прва или не знам што и покрај што беше на ад, за овие 6г само 2 пати има пиено атб, и многу малце ми се разболува, за разлика од синко што цицаше и што не оди ни во градинка со деца ретко се мешаат само со братучеди, па и најмалото вирусче го фаќа За разлика во години јас викав дека по мене е идеално 3год разлика, па толку ми се разлика првите две, а првото со третото сега се скоро 6 и каде каде е подруго. На 3год ќере не разбираше мн, а сега со бебево е по друга, нема љубомора си го гушка гали бацува, можам да го оставам до вц да отидам раат, а кога имаше 3 сите заедно одевме со мене во вц Е синко гледајќи ја сестра му и он е внимателен ама да не беше даде не знам дали би се понашал исто.. синко и синко се разлика 2г и 7м.. и така журка ми е дома, со три деца од кои никој не оди во градинка сама си ги чувам сега од септември ќере е прваче па сакам и синко да го пуштам во градинка малце да се измеша со деца, па мајкава малце раат да биде после цели 6г
И од двете страни кај мене не го почитуваат мојот збор,едните баба и дедо и дават телефон за полесно да им биде чувањето а јас не сакам толку да седи зошто очите ќе си ги расипе, другите само и даваат да јаде нешто без прашање ,еве бев по патики ја оставив кај нив имаше 5 забчиња и и дале чипс да јаде и како јас на раат да ја оставам некој саат?
За раат мислам ни јас, ни ти, ни ред други нема да сме никогаш. Само со тек на време ќе се помириме дека некогаш мора бебе/дете да остане и со некој друг и ќе гледаме додека е со нас, да јаде што сметаме дека треба или да прави она што мислиме дека е правилно. После видов дека пишуваш за постаро дете од моето, во секој случај еве бар кај мене доаѓа момент кога сфаќам дека многу се затвораме со сопругот. Направивме овие месеци се да се врти околу детето. Не сме ни излегле сами без дете. Разговарам за одење на концерт, одма прва мисла дете како ќе оставиме за ние да се забавуваме. Реално додека е концертот детето би јадело максимум еднаш, можеби ќе е будно околу еден час, а можеби и ќе спие цело време битно ние не сме опуштени да ја оставиме. Ќе ставам пример од другарка во спојлер Spoiler: Пример Друкарката, сестра и и јатрвата на другаркава сите имаат по две деца на возраст од 2-10 години. Си имаат направено договор секој пар да има во месецот "слободен викенд" што во случајов децата одат кај тетката или стрината на чување. Вика таа ем децата пресреќни затоа што менуваат место, се дружат со братучедите и слично. Ем парот или паровите слободни, може да си закажат без чувство на вина некаде викенд, или да излезат или било што.
Откако почнав јас по кратки почна и таа Шорц уште не носиме, ладничко и е на мама... иако неа да ја прашам по пелена цел ден ќе си ползи
На срценцето мое и изби првото запче . И нема скроз никнато ама веќе се гледа и се осеќа и на допир и при доење, како жилетче и е оштро. Можеби тоа е целаѕа финта на неспиењево, еве терам петта недела како се буди на два саати а некогаш и пократко навечер. Кога сме кај доењето, колку многу болат брадавиците на почеток ауу. И мајка ми нон стоп ми збори, ќе видиш кога ќе има заби кога ќе почне да те гризе. Еднаш кога ми го кажа тоа, јас со хормони до плафон се утепав од плачење не можев да се смирам . Стварно ли гризат бебињата со запчиња при доење? Јас имав страшна аверзија кон доењето отсекогаш. Не ми изгледало како убав процес, дури си викав зошто природата не создала вакви. А имам и некое глупо грозење од работи што почнуваат на ц, и отсекогаш сум се нервирала кога некоја другарка ќе ми рече цуци. И направив голема грешка што не се едуцирав за доењето, не читав воопшто ништо, си викав ќе се справам со тоа кога ќе дојде време. Амаа... кога се роди не знаев кај терам буквално. Толку бев збунета не знаев што се дешава. И патронажната толку ме испобуни ми рече долго сум ја доела да не претерувам, да гледам по 10 - 15 минути, демек се прејадува и повраќа. Бебево постојано сакаше да цица не можев ни саат време сон да врзам, халуцинирав од премор. После ми рекоа да сум ја доела на два саати стриктно, и ајде доев на саат. Нешто не се осеќав дека е правилно, па отворив да читам, па видов дека не требало така, па цел хаос, прелошо ми беше. А плус што се осеќав како менза, дека моето тело не ми припаѓа повеќе на мене, дека си го изгубив животот што го имам. За малку ќе се откажев, ама си реков да издржам барем до шест месеци, што е до мене. За среќа до сега сум немала некои големи проблеми со доењето. И еве сме 5++ а мене некако не ми се остава. Сега сакам да продолжам понатаму, ќе видиме колку ќе стигнеме, но без притисок. Доењето е одлука на мајката и бебето и буквално никој, ама никој нема право да се меша во тоа.
Не гризат мајка, може некогаш ќе проба ама не реагирај, ако изреагираш очекувај да повторува оти ќе му е интересно. Јас имав проблем што на едната цицаше, а на другата со прстите ми ја вртеше брадавицата лелеле колку ме нервираше тоа, паа кога имаше нокти, а еден период не сакаше да се сечат, па кога ќе ме грабнеше, заради тоа маж имаше/има забрана да ме пипне во мозок ме мава одма.
Не успеав се да прочитам околу доењето, но морам да напишам дека навистина прашањата "доиш или не", се тотално невкусни и досадни...и небитни за околината. Не знам дали на некоја мајка,жена, девојка ѝ треба толку многу едукација дали мајчино или ад?!...Ниту едукација имало, ниту плакати по болници или штали каде за жал жените и таму се порагале.Неоспорен е фактот дека мајчиното млеко е најдобро но премногу се генерализираат работите. Секој има своја причина зошто не дои или зошто дава АД. Јас конкретно почнав да дојам, но брзо ми снема млеко а и имав проблеми со здравјето. Затоа секој е со своја приказна...Секоја мајка го направила најдоброто за своето бебе.
Нашиве 2 месеца се разлика мајка. И јас си се чудам како ке ја праќам во градинка толку мала ,ама нема чаре мора така Јас од септември тргнувам . И мене ми фали искрено ама и вака не ми е лошо. Маж ми сака одма второ. Ама скроз одма ,еве сега ако може ! Нема проблем . Уште не сум се свестила, па ајде сеа пак наново. Фала богу за све што имам и нека дава на сите ама малку ми треба да се соземам.. многу е рано стварно . И сеа што да праам ,ке бегам ке се пазам , а он решен е
Ве читам 3 дена не можам да дочитам. Шетмарава моја не можеш дома да ја прибереш, ја виде ли количката збеснува. Е денес нешто не е расположен, спие цело време. Метеопат на мајка. Да ви кажам викендот ги испразнив сите 4 корпи за веш и славев, мала победа, ама џабе, сега имам толку па за пеглање. Налет. И тоа не пеглам се. Да земам да направам некој ручек, да извадам за мене риба и да се фатам за пеглата. Ако остане време де. Времево не е убаво за шетање, облачно е, ако успееме по бато да отидеме добро ќе биде. Утре сме на контрола, ќе ни кажат за кашички, мада ние веќе увелико јадеме. И да ви кажам друго дете е, посреќно и повесело, спие после јадење по 2 саата некогаш. Денес јадеше мала кашичка од јаболче, остави 2-3 лажички ама си ја кркна. Тате жив среќен, он е канта систем кај нас у фамилија. Дете има ентузијазам за јадење, си сака да си лапка, утре ќе дадам батат, па после тиквичка, па банана. Да не се научи многу на слатко па да си имаме мака. Треба да докупам уште готова од тиква блага и свежи праски и кајсии, па да комплетираме јеловник за почеток. Крушка и слива веќе имаме купено. Барот му е наместен и си јаде човекот, задоволен си е. Ме нервира оваа хранилка, си ја сакам нашата стара, ама не ја бива, искинато е седиштето. Ќе ја дадам подарок со оваа на некој што сака да си купи седиште од интернет. Не ни знаев дека е искинато, така ми ја вратиле од користење и не ја ни проверив. Срамота. Коа ми прати братучетка ми слики у земја пропаднав. Ја и однесов 300 работи демек има се користи, тоа пола излегоа фалш, пумпата расипана, хранилката искината... памет. Туку џабе инат водам и вадам алишта летни, нема абер од лето ова. А какви убави летни има бебе, од мерак, тоа нема кога да ги облечеш. Нервоза да те фати. И уште една нервоза на дневен ред. Упорно кажувам не му купувајте на бебе алишта, има куп, немам што да им правам, така стојат, кога мајка ми се јавува да ме израдува тетка некоја донела алишта за повојница цела торба, ама да не се сеќирам за поголемо ќе си ги носело. Добро и викам ти реков нека купат едно тропалче поарно отколку куп партали, е зар немало детето играчки, еден куп имало од брат му, да бе викам еве сеа мислев коцките лего да му ги извадам да игра. Зошто бабиве се волку напорни, зар толку им значи нашиот збор. Ај да беше свекрва да се нервирам, ама за мајка, сто пати сум и рекла, не сакам партали, не им кажувај партали да ми носат, што ќе ми се, немам кај да ги ставам веќе. Ко да си кажувам на носот јас, не на неа. Греота ми е луѓето пари давале, ама па што да им правам. Ај да ги донирам, ај да речеш ќе ги дадеш некаде, уствари веќе и дадов нели, ги најдов на друга страна ги продаваат алиштата што сум ги пратила... Епа не давам веќе. Ако е за така и јас ќе ги продадам, ќе земам со тие пари ќе купам нешто на бебе бе. Доста разглабав, темата е таа па таа, да земам да поработам нешто. Убав ден!
Оф каков ден. Дојдов да се испукам одминејте ме тие што не ви се чита преморена мајка денес. Синоќе не спиевме воопшто со беба. Цела вечер плачеше, квичеше, толку беше жален и безпомошен што никако не се смируваше. Си се исплакав и јас со него. Ова вадењето заби било стварно за славење. Се бориш со бебе, слушаш вриштење па се бориш со себе да останеш смирена, а појма немаш дали ќе преживееш. Уствари тогаш не си жива, како некој друг да се движи со твоето тело. Леле кога ќе го видам забчето, ма има гозба да е. Со тапани со се. Се смеев на мајките што декорираа, торти чуда правеа. Сега јас мислам цела Швајцарија ќе ја викнам кај мене за да го прославеме најтешкиот мој период во животот. Толку ми тешко паѓа кога го гледам бебе таков, што не знам дали треба он мене да ме теши или јас него. Сега ми тропна со лажица нешто, а не можам да видам каде е забчето. Бебе кога ќе ја затвори устата ништо не му ја отвара. А јас сама, мм си ојде мк. Утре си одиме и ние, не знам како со вакво расквичено човече ќе влезам во авион. Ај Господ нека ми е напомош. Ништо паметно и убаво не напишав, не ме читајте мајки, и јас не би сакала да се читам самата, ама уф, помага ова