Исто бев и јас со првото, кога се сетив сега се изнасмеав А за гризење да, сега со второво. Ме гризна еднаш, јас викнав и потоа постојано ме гризеше. Кога престанав да реагирам, престана и тој. За доењето....... Јас имам страсни цицачи кои никако не прифатија АД. Па ни молзено од шише. Сакав второво порано да го прекинам, батко го доев до 2,5 год, и купивме различни видови АД. Јас и бато во болница три дена, а бебе од 7 месеци го оставив дома, беше без цице, и не пиеше млеко. Кога се вратив мислев дека нема да цица, заборавил. Го земав во раце ме гледа чудно, му велам сакаш цице ми одговори ДА. Гласно. И цицаше, и продолжува да цица. Еве веќе е година и уште цица и ќе цица уште година бидејќи не пие друго млеко ( а и кога би пиел ме знам како би станувала навечер да му правам). И верувајте дека тоа Да што го кажа е единствениот збор што го кажал. Ни мама не знае да каже Дека не е лесно доењето знам, јас многу се намачив ама не се откажав. Почетокот е тежок, хиперлактација, болки, бебе кое не знае да цица, не знаев ни пумпата да ја користам, ама некако се справив со целиот хаос и помина тој тажен период до првото дете. Сега со второво, уште во болница имав многу млеко и земав да се одмолзам. Дојде една сестра и ми рече да не се молам, да издржам неколку дена дека ако се молзам само ќе зголемам количина на млеко, а вака ќе се регулира природно. Ја послушав и сум и многу благодарна. Супер поминавме. За разлика од братучетка ми која користеше пумпа од почетокот, па бебе најадено недојадено, и заврши со мастит и 40 температура во болница. И бебе сега е на АД. Мој совет до мајките, не користете пумпа на почетокот, само ќе се измачување. Молзи, па надој бебе и се така во круг. И преморени ќе бидете. Или нека цица или АД . Како ви е полесно така. Само бебе почесто да цица и не го ограничувајте времето на подојот. Не плачат бебиња по доење, дека се гладни, туку најчесто треба да ждригне, па пак да цица. И не ги давајте никому да го чува демек вие да одмарате. Кој сака да помогне нека работи по дома, а вие секогаш одмарајте кога спие бебе.
Мајки јас ке збудалам готово . Цел ден плаче беба ,вришти цел ден незнам што и е . Плаче она ,плачам јас,кинам живци ,неам сила веќе готово . Скок ли е што ли е појма неам. Леле колку имам грижа на совест кога се осекам уморно и сакам здив и сама да седам Многу ме јаде совест Се осеќам како да немам право да се жалам Ама стварно се уморувам само што ја слушам да плаче цел ден.
Добар ден. Ме нема да пишам, а искрено и слабо читам. Се надевам сите добри сте. Нас вчера ни стигна нов душек, се сместивме со синко во детската. Ужасно спиев цел ден се живо ме боли. Едвај издржав на работа бев како робот. Па баш денес ми се погоди да морам генералка да го чистам цел простор. Капнав, па клиенти ме замараа со невозможни барања. Кога дојдов ме пречека дете извалкано во песок, куп алишта, садови за миење и тераса за чистење. Морав да го приберам малиот заедно да чистиме бидејќи братучедчето е со температура, бабата не може за двајцата да се грижи. Ептен е жалничко со црвени образи и раскенкано. Баш секој ден си играат заедно со син ми. Најдобри другарчиња се. И сега еве спремам живци за 2-3 дена и ние сигурно пак ќе сме болни.. тоа е.. На работа се изнервирав дополнително од клиент кој воедно е колега на сопругот. Пред да си замине ме запна со прашања, кај е малиот, што правел, кој го чувал, и на крај ми го плесна прашањето кога ќе правиме второ? Му реков директно дека не сакам да завршам во лудница. Не е дека не сакам деца, сакам уште 4 да имам, ама да дојде некој да ми робува да ми ги чува и воспитува. Како ништо да не сум рекла продолжи да ми раскажува како неговата сопруга ја молел 7 години за второ бебе, па на крај престанал да ја моли, па си го направил. Ми се згади од човеков. Му реков ОК, како и да е. Нема да зборувам повеќе со него на таа тема и му порачав да не дава совети без да му се побара. На тоа иронично ми одговори дека тие совети ќе му ги каже на маж ми, мене џабе ми кажувал.. еве уште се нервирам и никако не ми е јасно зошто некој го интересира колку деца ќе имаме и кога. Па што ќар/зијан има од тоа тој? Не е само он и од други имам слушано. Ама ај да чујам од бабите,тетките, дедовците кои сакале уште внучиња, еве не е оправдано ама пак имаат причина. Овој што се замислува ? Со кое право и со која цел ? и така се испукав. Тоа е.. ми останува да се дружиме малку со малиот и едвај чекам време за спиење да дојде
Леле .. исто. Баш тема отворив за ова. Еве го три години е. Уште не е олеснето ништо. Уште не сум одморена. Никогаш изгледа нема да бидам.
Здраво мамички,го повредив малце палецот на нога,па го снимав ртг за доењето после колку време да му дадам?
Кај нас за 10тина дена е на ред петти а вие сте малку постари од нас па веројатно веќе ве дрма у велико.
Да,еве сега читав. Обично не ги читам и разбирам тие скокови ,ама еве веројатно е тоа ,башка вакцини и непца. Ќе издржиме
Преку ден контролираме некако, надвор, шетање километри и километри имаме деновиве поминато. Мислам до Белград ќе стасав. Ама навечер е журката. Јас прекапана од цел ден, бебе разврескано. Се тешам имаат крај ова скоковиве, пред следен да не нападне.
Здраво мајки, да пишам и јас бебе расте, ама големата уште повеќе, кога порасна толку не знам, ја земам во раце и преголемка ми е, збори се, знае се, уште е љубоморна ама се смирува полека, го бања бебе в корито, тој па вреска и се радува најмногу на неа Деновиве со бебе некогаш ми се предолги, не е некој спијач преку ден, посебно сега во 4ти скок, врзан си со него да го нишаш само инаку се буди па и нервозен е, нит му се игра нит ништо ко е ненаспан, ама затоа навечееер, бањање, млеко, сам в спална, 8ипол заспан, станува во 6ипол сабајле дури Ќе лажам ако кажам дека сум ненаспана Е сега останува да го научам да спие неповиен, оти почна да се врти сам на страна и оп на меше, и за ноќе ми е шубе не ми е безбедно веќе Многу рано почна да ми се врти ова бебе, 3ипол месеци е, сестра му беше тешка мрза за тоа и за tummy time А да, со рацете уште не знае шо праи, затоа и уствари он си е повиен за спиење Му подавам играчки, ги фаќа, става в уста ама некако мрзливо, не му е многу по ќејф тоа, ама рацете може да си ги џвака и цел ден Кога е расположен прав смешко е, многу сака да му зборуваш, ќе си пукнам, се смее у гласови, вреска, прета со сите 4 Дада му му зборува му се смее, он писка по нејзе А некогаш и не го перципира, он може да плаче ептен додека му праам млеко а неа мува да не ја лази, да си игра со нејзините работи Ама оке, се тоа сметам е нормално и не сакам да ја терам ништо со сила, нит да го занимава ни ништо ако не посака сама, ипак и она е малечка, 3ипол години е. На моменти е многу палава, крајот не и се наоѓа, но поголем дел од времето е крајно послушна и права маза На моменти помислував дека засекогаш ни се смени односот од ко се роди бебе, си бегаше по баби, ноќе бараше да ја успива татко и, но ете не, пак мама е за се, се враќа се на старо, лепенка мајкина е пак А се враќам и јас на старо, почнувам да се осеќам ептен океј, дури и излегов неколку пати навечер, не можев да се составам од умор наредниот ден ама вредеше , мм ме оставаше и да си поспивам, земаше деца а јас до 9 спиев Прославивме и годишнина претходна недела, сами в кафана му велам поарно да искористевме саативе да преспиеме некаде, да се одмориме, макар и в кола ама фино минавме ептен се осеќам ко да сме тим во последно време, ко мисли да ми чита, посебно вака сами со две дечиња Знае и да ги земе двајцата да ги изнесе надвор ко ќе дојде од работа, да ми рече пиј кафе раат, избањај се раат, читај книга, и ми значи многу, затоа што работи 12-15часа и знам дека е преморен и он Тоа е од мене мајки, ме нема па ќе се појавам со реферати да се искажам Убав ден да си имате
јас се чуствувам како немајка спрема кере :/ гледам дека се лути кога сум со бебе и бесот го исфрла во непослушност се трудам да не викам да сум со неа ама константно се чуствувам како да грешам и затоа е лоша и тера инает Гафот на вчерашниот ден " Зошто мама не спиеше во градинка ? Не можев мама имав грчови ме болеше мешето " .... па ајде од сабајле со мм и "дадовме " капки за грчеви за да спие денес во градинка ме расплака сабајле оди на врата веќе за градинка а мали кенкаше па легнав го гушнав и да заспие и ми вика мамо зошто лежиш па викам на братчето му се спие да го заспијам.....и дојде златната ми вика мамо и мене ми се спие и ме гушна и тече езеро солзи од очиве ...... Тешко ми е што е на градинка а не е некое мирно дете да ја оставам да седи со нас цел ден хаос сум и без неа дома едвај фаќам нешто .....Или само сакам да си се поштедам ....Незнам се осеќам како немајка ете гледам секој ден од градинка да сум со неа но не секогаш успевам а кога неможам од бебе се лути и плаче јас незз дал да плачам со неа или да ја смирувам ....Скроз се осеќам ко неснајдена со 2 деца имам помош свеки готви а некои денови и јас си готвам пошто она се би да помогне ама после дрдори и си зема за право да кажува ова треба она не треба ....Затоа колку си можам сама подобро во свињац и среќна него ли се да свети а психава да ми е лудило од сабајле успеав да пуштам машина да спрострам веш да приверам друг да распоредам што е што не е за пеглање да раскренам маш за садови и да ја наполнам и се тоа благодарение на мали кој поспа 1 саат скроз сам па и кафе испив Знаете како во струја се уклучив нема потреба да објаснувам во однос на облекување како ви се облечени бебиња од 1 месец на времево ? дома е ок со боди на прерамки и тенки долги шпикозни ама за надвор ??? во однос на доење ја доев и кере 6 месеци екскл. и до 19 м се доевме крајот го сфатив јас мн потешко од неа :/ баш ко што пиша една членка погоре како да ми се откина грутка од мене кога престанавме Го дојам и мали за сега успешно 1500 за месец качил на екскл до кога незнам ке видиме до кога се може и ни одговара .....имам желба до 6 да успеам барем ама вез притисок....АД постои и деца растат и така здрави живи никогаш никого не сум форсирала да дои но ми се глупави туѓите прашања доиш зошто не и да ....абе глејте си ц во дворот дома се ви е наредено па на другите ке гледате .....Искрено доењето од кога ке се регулира е мн полесно од хранење со АД од аспект дека секогаш и секаде млекцети е спремно а АД па топли вода па лади ја па толку мл па онолку леле мајко ....ама па најдоцна после 2 ипол саати кај и да си до бебе да си со доење и ако си некој како мене кој да немам мака да гледсмтуѓи цици надвор ама моите не ми се за јавност ....па имаш тука марами за доење и чуда ...таа марама со дада не ја коеистевме ни 5 пати корона тајм и секогаш доена излефуваше од дома ....сега за бато е спремна во негова торбица и нема вадење а од аспржект на купување партали што знам мене ми е мн тепко некому да кажам што сакам да купи затоа што безнаѓ колку сака да потроши од друга страна се нервирам кога носат срања и остануваат неискористени ....а секогаш кога одам негде се вложувам себеси психички за соодветен подарок и не сакам пари да ми носат .....значи како и да свртиш нема да ми се погоди сем од ретки личности што знаат точно што сакам : D Иначе Свеки вчера дреме горе кај нас од кога го почува мали 1 саат да скокнам овде онде и гледа една комшика иде со кучињата и муавет монолог : " а па и оваа секој ден кучињата ги мкне тука ми мочаат по патот после девохчето незнма од кај да пројде и само и викам да не фаќа ( божем кај што не видела нема можност куче да мочало) ....Ете види ја кај и се навеа на таа жена ваква снаа деца нема 2 кучиња шета а таа жена баш кучиња не сака ....леле и се навеа баш тоа што не сака " јас си ќутам пошто ако земам да зборам Дунав не ме пере : D ама лека полека учам дека неможам да ја оправам и ја оставам да дрнда ко ке види дека е во монолог сама си тера магарето .....и коменрарите се почесто и ги игнорирам и посупер ми е денот ....а ги има за извоз Уууу долг пост
Се осеќам прегорено. Немам сила за ништо. На моменти и мајчинствово ми се чини погрешно и после кога ќе си го видам медов кај што спие, си викам која будала си. Ама знае да ми ги исцеди и последнава трошка енергија и последната трошка трпение. За се' барам вина во себе. Тешко е нон стоп да мислиш за животот на друго човече повеќе од себеси. Тешко е да знаеш дека нечиј живот зависи од тебе. Тешко е упорно да му објаснуваш работи за негово добро, тоа упорно да си тера по свое. Барем помалку тврдоглаво да беше бре. Ох колку поинаку гледав на мајчинството пред да се породам. Ние сме херои бре женки.
Јас ќе пцувам. Кој сака нека ме прескокне. У пичку матер веќе и од заби, и од инает, и од карактеров на детето. Ама аман веќе. Горните непца и се темпирана бомба, ќе испука. Сите горни заби ги вади наеднаш, а само еден кец и е излезен. Се самоповредува!!!!! Буквално. Се мава, се гребе, се штипе. Немам душа веќе во мене да ја гледам, премногу ми е жална. Ништо не и помага, ниту гел, ниту парацетамол за болка. Не знам што да направам веќе. На раб на нервен слом сум од тага и од премор и од немоќ. Не јаде. Ај тоа стандардно е нејзиното, ама сега НИШТО не јаде. Додека излезат тие 4-5 што ги вади нервно ќе оболам. Инаетот! Ова е невозможно. Трескање по земја, рикање, вриштење оти сака на маса да се качи. Од објаснување устата пења ми фати а џабе зборам. Мала е, не разбира. Јас сум таа што разбира и се нервира. Спиењето? Уништено. Додека да заспие, ми иде жртва да принесам на ѓаволот само за да спие луѓе. Маж ми, посебна прича. Што и е па што и е. Маму му јебем, јас ја родив ама не и ги читам мислите. И само оди по нејзе и "неподнослива е". Да, знам дека е неподнослива и што ќе постигнеме ако кажеме 200 пати дневно дека е неподнослива? Ќе стане поднослива? Нема. Период е, ќе изгубиме нерви и ќе помине. После тоа нешто друго ќе дојде. Ми олесни, малку. Знам дека треба да издржиме. Имајте убав ден сите, цунамито се враќа од градинка и забавата може да започне.
Таква била золва ми, напаст, не јадела ништо, цело време бељи, ама сега е прекрасна личност, најдобар човек што го познавам во животот, од многу мала самостојна и одговорна, прекрасен професионалец, хуманист, човек што нема кој не ја сака. Издржи!
Да прашам меѓу редови, мајката на золва ти.. како е со нервите? Ќе ги загинам додека се омажи или има надеж да останам нормална?
Како мајка на едно палаво темпераментно инаетливо ѕверче, те разбирам. И само ќе ти кажам, како што расте не, нема да се смири.. врвот ќе го осетиш на 2 и пол-3 години ( не знам колково е твоето) Воопшто не е коментаров да те утеши амаа таа е реалноста, сите ми велеа ќе се смени, ќе разбира повеќе. Разбира, затоа и ни е. матер на сите, ајде ела излажи ја или подвали и нешто. Ти едно кажуваш, таа си тера по нејзино, во состојба е да изгуби здив од плачење пола саат, по доктори да ја носиме зш не е по нејзино. Си го расцепи дудето, со маж ми плачевме како мали дечиња од што ја болеше неа, после два дена пак скокаше за ИНАЕТ на истото место кај што се удри, само затоа што рековме немој Нини , пак да не се повредиш. Скрооз те разбирам. Со убаво не бива, посмирена личност од мене нема, во состојба сум 3 саати да ја убедувам за нешто, џабе, маж ми темпирама бомба-негов карактер, ќе и свика, ќе се упрпа во моментот, заборава за 5 мин и за ИНАЕТ вади сите негови работи од шкаф и фрла на секаде оти и свикал. Пак кога ќе ја види некој во живо на кратко, ауу ангелче мило, море ЅВЕР. Дај Боже второво да е покротко.
Верувала или не, до година заб немаше. Првиот заб и излезе точно една недела од роденденот, не ни знаев дека има забче. Е од тогаш, еве 4ти месец веќе и излегуваат горните. Сите, и што треба и што не треба сега. Се наеднаш. Ќе умрам жими се Двајцата за раче и во играорно друштво да ги запишеме Година и пол е ама се понаша ко пред пубертет. Сѐ разбира, не е мутаво само што многу инает за 70 и кусур цм не е на арно. И не сфаќам каде грешам. Од бебе е со свој карактер, ама ова не се издржува бе. Многу е "голема" и сѐ може сама она, ни ги трга рацете, не бутка за да не ја чепкаме а јас сум ја ставила раката пример позади на ѕид за ако и текне да се мавне наназад да не се повреди. Она упорно тоа го прави. Ми ја трга раката и се мава. Не знам како да постапам. Да ја оставам да се мава, не бива. Да ја тргам од кај шо седи, и тоа не бива. Да и кажам седни на фотељата, жено ДО фотељата ќе оди ќе седне и ќе ме гледа како "Епа нема да биде ти како што ќе кажеш, кај сакам таму ќе седам". И не е можна колку вришти ако нешто е физички невозможно да се направи, пример да ја помести е*аната маса реши пред некој ден, и плачеше немам појма колку време оти масата не се поместува. The fuck ќерка? И внимание не можеш со ништо да и одвлечеш, играчки цртани песни абе НИШТО да не ја интересира И оти само надвор се смирува, и само со мене пошто татко и веќе не го рецка 2% ако сте виделе некоја будала околу Капиштец со дете, лаптоп и слушалки поврзани на телефонот - јас сум!
Хахах тој е тој период плус карактер кај што сакаат се сами, а не можат, се сеќавам кој тантруми ги имаше мојава оти не смееше сама да се држи во метро, раката ми ја буткаше, па намерно ќе се одпуштеше и легнуваше на сред метро да се тркала, јас уште немам видено некое дете такви сцени тука да приредува. Живци коњски малу се, кога ќе ми каже некој како требело, ми иде да го одпишам од животов оти не секое дете е со ист карактер, ете тоа залажија со ТВ или нека си игра и ти бутај храна, НЕ чоек, тоа кај неа не поминуваше како бебе, не пак сега. Тоа е, наши се хаха ги сакаме највеќе, ќе се издржи