Добар ден. Официјално сум изненадена од синот. Седам на тераса и слушам надвор со баба му муабет прави. Го прашува она :" јадеше ли бабино?" Малиов озбилен и вика:" јадеше бурек со кечап и макаронки", и веднаш се сети да и побара киндер. Она таман тргна да донесе, јас се подадов од тераса и го разоткрив. Цел ден е на едно пржено јајце, ништо друго не успеав да го убедам да јаде. Дома немаме бурек, уствари со години такво нешто немам јадено. Он има јадено можеби кај другата баба па еве сеа се сетил... Значи ништо од киндерот. Се прашувам кога ли научил да лаже. И тоа ептен итро.. со умисла.. јас кутрата не можам да се свестам, ми светнува после 20 минути, он моментално реагира.
@LiquidLuna @Bubish26 ела да се гушнеме Не можам да ве утешам зошто не поминува Ќерче е полни 6г.. до 1 година беше бајче еее ама како наполни годнка се смени скроз.. буквално како што кажувате вие.. а сега.. сега е бетер! Јас си викав ќе порасне полесно ќе биде.. аха важи бетер жени БЕТЕР! Немам веќе нерви живци ништо. Се мора да е по нејзино и уште почна да возвраќа со фразите: ми е гајле, не сакам, за инат, е така сакам ќе полудам Од една страна си викам па подобро ваква да биде и понатака во животот од колку будалче како јас (на стари години се швркнав) како мала и јас бев како неа Затоа синко љуби га мајка кога сме сами без дада е (колку може) бајче, мирен послушен што и да му кажеш тоа ќе прави И бејби изгледа ќе фати генче од сестра му, и он натака ми оди
Бааѓи сме помали од вас мислам? 10 месеци е дечково, пред една недела вадеше горни кецови и двојки наеднаш, мислам дека Озанит помогнаа многу. Верувај не сакаш да ја запознаеш внука ми Или уште подобро, во комбинација со твоево мислам тебе и снаа ми ќе ве избегава цел свет Уште во болница вели снаа ми и ја носеле цело време од што не можеле да ја слушаат како плаче. Луѓе не знаете како се треска од земја, проба да и се доближиш? Е тек тогаш станува страшно. Разлика со сестра и се година и шест месеци, помирна е поголемата. Да била таа прва никогаш немаше да се осмелат за второ. Од ова малово луѓе и ѓаволот бега. Вчера решивме со снаа ми да ги земеме пеш од градинка, јас со малиот со количката. Излегоа се израдуваа и во моментот почна да бега и да вришти колку што ја држи глас. Знаете зошто? Да ја возам неа во количка а бебето да го држи мајка и Помина тоа и кажавме дека нејзе ќе и го земеме точакот и ќе одиме кај баба и да се вози со колата. Следно вриштење по 5 минути и трескање од земја буквално сите да се ѕверат во нас бидеќи и реков да се фати за количка да ја преминеме улицата. Да не бидам детална имаше уште две трескања од земја додека не полудив и се јавив да не земат со кола. Единствено што ја смирува малку од малку е да и се извинуваш и да и кажуваш како некоја будала дека си згрешила. Брат ми вели има шанси да се омажи оти е преубава, инаку никој немало да ја земе ваква лоша
Година и пол е. Кај да го најдам тоа чудо? А за второ, ќе се прашаме со нервите како ќе пројдеме Сега како што не сум на чисто дали сум пак трудна, панични напади добивам деновиве @NNK19 и @Bubish26 , а вие па како се одлучивте за второ жити мајка
Чекај, стој. 3 имаш??? И јас идеално многу сакав 3. Се намали желбата на скромни 2, последниве неколку месеци не сум на чисто и за второто
Лесно хаха и двајцата сакаме деца, на помислата дека би била сама ужасно ни беше. Маж има сестра и е многи бизок со неа, прееголема поддршка му е за се, преемногу ме сака мене и некако добро е да се има толку близок, за разлика од мене која сум сама и од секогаш бев лута на моите дека немам никој, сега ми е исто ужасно лошо кога славиме нешто, празници, а од моја страна никој, ни брачеди имам оти и мама е единица, ни ништо. Сакам да растат заедно, поддршка да си се, полна куќа да имаме, размислуваме и за трето
Да да трички Ај сега да те охрабрам, ќере имаше 3г кога се роди второто и добро го прифати бебето, сега до третото се скоро 6 ама голема е веќе не е љубоморна понекогаш има испади како ај облечи ме ти и викам па голема си сама облечи се, еее па како го облекуваш ** (брат и) и јас сакам така и едино збореше и со второто бебешки и сега почна д асе занесува ми збори како бебе Тоа понашањето пубертетско е према нас големите (мајка, татко, баби) Ама љубовта меѓу тројцата секогаш победува и се заборавам
Hello мајки. Бебе заспа ,јас кафе. Утре првпат одам сама со неа на пат,еден час и половина има возење. Многу сум анксиозна и преплашена. Се надевам се ке е океј.....
@LiquidLuna Мојов е 14месеци, кој знае што ќе прави до година и пол, пајдушко ќе везе Јас се нервирам што првото беше буквално бубалка, ни за штекер знаеше, ни се качуваше по кревети, маси, столици, спална. Ништо не ставаше во уста, ова количката ја изгриза цела Најново, а зачека молив, цел ламинат е со уметнички слики. Му викам на мм, добро е што уште ѕидовиве ги нема откриено како подобра подлога за слика Јас сама ептен тешко ги завршувам обврските,и на крај на ден си викам нека се тие среќни и задоволни, немам нерви да се секирам. П.С Осанит гранули имам јас, можам да ти дадам, да ти пратам, како сакаш. И мојов се мачи со заби многу, со кашлици, мрсули и тт, ама не сум дала. Не знам, имам замисла дека се' што треба и мора природно да излезе, не би да давам хемикалија.
ве дружам и јас до 2 ипол држев конци како почнаа тантруми а и при крај на мојата бременост кере отвори на се да се оди контра Сакам плетенки носи ја на фризер да ја сплетат е не сакам сега викам ајде си одиме ама нема враќање е сега сакам едвај да се домолиш за било што .....порано имав живци да се надмјдрувам и молам сега сум станата лоша мајка :/ брзо ми се спојуваат жиците :/ гледам да имам тепение ама не секогаш можам :/
добро со размислите за 3то не сум само јас а мм вика јок јас реков ако мислиш сега е време кога ке направи и второво 1 година сигурно нема да сакам 3то а сега дур не смеам ( царски 2 пред 40 дена) ептен сакам и 3то за брзо
@LiquidLuna дојди да се гушнеме За инает знам како е, ептен е непредвидлив мојов, ама па мене обратно, до кај година дена дома 24 часа вриптење а сега се смири. Дали се нервозни од заби или не што еве не знам. Да те утешам, до пред 1 месец сите тројки наеднаш му искачаа и буквално на млеко само живееше. Се откажав, како мало бебе се раневме, кашички, млеко по цел ден, и цела ноќ. Не пишував тука бидејќи ми беше страв од коментарите дека дете треба да џвака, и не е нормално на дете од 17 месеци да јаде кашички за 4 месеци, не бев искрено спремна за коментарите Сега буквално се издишав, до 4ки сите му се извадени. Ќе ти кажам фаза е, ама цел живот им е фаза Јас веќе помислувам дека кога ќе се мирни им е фаза. Од друга страна да си раскажам не пишував периодов бидејќи бев во лоша фаза со мислите, малиот ми е малце асоцијален во градинка, му требаше 6 месеци за да не плаче од деца, па се имав помислено што и како може да му е. Испадна дека само време му треба. Дома кога ќе си дојде после градинка е наградна игра, некогаш е бајче а некогаш тантруми на сите страни. Многу време мислам дали ова да го напишам или не, ама не сум стрплива, имав симптоми, плачев на се и сешто, се уморував премногу....морам да некој да кажам сега - дури и мм сакав да го изненадам ама вчера одма кај него истрчав, правев тест со бледа цртичка | | , ќе видам пак утре како ќе е исходот. Битно мм се израдува а јас... не знам. Жал ми е за првово дека нема веќе да е само Ај... да не се расплачам пак. Ќе пишам упдејт дали ќе се им се придружам на труднички пак
Оп! Оп! Опааа! Јас утре ќе споделам дали ќе се придружам Не плачам, симптоми никакви, за ништо. Обично се растурам од плачење пред да добијам. Уморна сум константно пола година веќе, ништо не ми менува во мислите тоа За другово, виртуелни најсилни гушки
Јеииииии! Се радувам за вас. Честитам од срце мама, лесна и школска бременост да си имаш. Е ептен ми е мерак пак ќе си се дружиме со генерациски бебиња и одново ќе се жалиме на грчеви, скокови, заби... @LiquidLuna ми мириса на уште една цртка и кај тебе
Мајкава од пат стигна фала богу со беба ,безбедно . Спиеше по пат. Незнам дали да си аплаудирам или да се плашам од стресов од вакви ситни ситуации што ни се акумулира а не го осеќаме . Тоа е. Да сме здрави и живи Се повеќе верувам дека не постои појака жена од мајка ,ама БУКВАЛНО.
вчера мислев да ти речам дека супер ке пројдете по пат ке бидеш пријатно изненадена ....ама викам подобро да не ти зборам пред рака знаеш златно правило дечињава а се жалиш се умни и обратно ако ги фалиш ке зажалиш бар кај нас е така
Марфи Мене ко ќе ми кажат "леле колку е мила" коса ми се крева. Ко да ја урочуваат со тоа Се наспала барем, јас се немам осудено уште да ја возам на подолги релации сама.