Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    Беба писна во сон,се извадив од памет ,срипав,ја гледам на земја падната ,ја земав,прибрана бев ,ја смирив. И дадов млекце и заспа.
    И сега ме удри стресот после 20 минути,седам плачам,у пм .
    Испцув се.
    А највеќе тоа што сум сама.
    Нека се врати мми веќе ,зашто овие стресови ке ме уништат. Сега седам не спијам само ја гледам дали е океј
    Немам сила стварно веќе....нека се живи и здрави ама немам сила...;(;(
     
    На Freckles., Kolache na mama, *malenavolena*87 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.978
    Допаѓања:
    45.683
    Пол:
    Женски
    Душа, од високо падна? Не би требало да и е нешто ама прати ја за секој случај, ако почне да повраќа носи ја на доктор.
     
  3. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    Не,не е висок креветот и со перниче беше падната.....незнам стварно....
     
  4. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.527
    Допаѓања:
    8.134
    Пол:
    Женски
    Ова ми е најголемиот страв и можам да замислам како се чувствуваш :hug:
     
    На Freckles. и Misskirova им се допаѓа ова.
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.978
    Допаѓања:
    45.683
    Пол:
    Женски
    Децата господ ги чува, паѓале и ќе паѓаат и ништо не им е, не се плаши добра ќе е, штом сега спие мирно и си јадела, треба ок да е. На моево маж ми уште првата недела му тресна телефон од главата и тоа од доста височко, вресна и тоа, се испокаравме тогаш зошто го држел над него, ама знаеш несвесно тогаш уште кои се опасностите и на што да се пази и се деси и цела ноќ дежуревме во паники, ама ете го ништо не му е, ни џумка немаше.
     
    На Freckles., mal.ecka, Alishan30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    Го поминав и тоа мајки ете...само да биде добра. Толку е ,нема сон вечерва.....само да е добра...
     
    На *malenavolena*87 и 1209 им се допаѓа ова.
  7. strelec231992

    strelec231992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    459
    Допаѓања:
    953
    Оффф можам да замислам како се осеќаш, чим не повраќа и си спие и си јадела значи добра е. Јас првиот таков стрес го поминав кога бебе беше 3 месеци, само на различен начин и јас бев крива. Бевме да пазаруваме со мм и земав една торба на рамо, бебе беше у транспортер и на излегување од лифт да го земам транспортерот и ми падна торбата од рамото врз транспортерот и го удри малце по главата. Мислам дека животот ми се скрати се убив од плачење, одма отидовме на итната, среќа немаше ништо само малку црвенило. Најмногу се плашам од такви работи.. Господ нека ги чува само.. ♥️
     
    На Freckles. и Misskirova им се допаѓа ова.
  8. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    А тоа со повраќање недај боже одма ке почни?
     
  9. strelec231992

    strelec231992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    459
    Допаѓања:
    953
    Да, мене ме прашаа тогаш дали повратил и да го следам дали ќе повраќа следните 24 часа и дали ќе биде многу поспан.
     
    На Misskirova му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    119.228
    Пол:
    Женски
    Еве пред половина час и нашата ќерка падна од кревет. Синоќа видела мува до нејзиното креветче, се исплаши и плачеше за да спие со нас.
    Ја земавме но за да не ме удри по стомак бидејќи сум во поодмината бременост, а таа немирно спие, си легнав јас во дневна, а неа ја заградив со перници од мојата страна.
    Спиеше така и утрово во 7 ипол силен звук, таа на земја. Не ни заплака, ама затоа јас и маж ми видно потресени, мислам животот ни се скрати.
    Еве будни си играме таа заборави дека паднала, ние сме како од поплава извадени:(
    Нека ги чува господ сите дечиња:hug:
     
    На Freckles., IRBBB, see.emily.play и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.933
    Допаѓања:
    110.274
    Пол:
    Женски
    Го доживеав најголемиот стрес кој може една мајка, еден родител да го има за своето дете, тие моменти пред дијагноза, конечниот суд... Мислам дека не ми се живееше...

    Вчера од сабајле големото стана со повраќање и главоболка. Дадов парацетамол како досега, дадов електролити, водичка и мирно ми стоеше, а поврати повторно, и повторно, и повторно.... Вкупно 6 пати до претпладне, вода, електролити, јогурт, чај, кока кола, се поврати. Со оглед на тоа што имав одлично искуство со Козле со малото пред 2 дена заминавме одма. Да не се повторувам, Козле и Чаир ми ја враќаат вербата во државното здравство, сериозно добар третман добивме, но... не е до нив кога детето е навистина болно. Сепак они се болница за респираторни болести, не се детска клиника, направија детален преглед, го прегледаа и специјализант и докторка, специјализантот Господ да го поживее уште долги години и да му даде се најубаво, не можејќи да се осигура во дијагнозата повика специјалист. И тука настапија моите час и половина хорор... мајка итно на детска клиника, ние овде не можеме да кажеме со сигурност но сметаме дека се работи за Менингитис, или она што пострашно звучи Воспаление на мозокот. Како не умрев во тој миг не знам. Светот ми се сруши. Пак ќе речам, секоја им чест, успеаа да ми влеат надеж дека можеби и грешат и се јавија ма итна на детска да не примат веднаш. Истиот однос и истата ефикасност не пречека и на детска, а успеав да земам воздух откако ни кажаа дека сепак не е менингитис туку само изнемоштен е поради лоша вироза. Поврати дома уште 2 пати, дури и после терапијата против повраќање. Конечно од 8ч вечерта до сега нема повратено иако почна да каснува малку суво и да пие јогуртче и чајче. Сега полесно се дише. Страв ми е на вага да го ставам, стомакот му е залепен за цревата...

    Душа немам во мене, од една страна малово зависно од мене, од друга страна бато не е добар, може ли мајка да се подели на 2....

    Убав ден мајки, јас ќе го поминам денес во перење повратени постели и гушкање бато и бебе.
     
    На Coco31, Евроазија, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 26 други им се допаѓа ова.
  12. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.720
    Допаѓања:
    38.261
    Пол:
    Женски
    @AngelOfArh Аман бе, аман. Како го зафати батко, се се залепи на него
    Собирај сили, мајка...
    Со помин :hug:
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.933
    Допаѓања:
    110.274
    Пол:
    Женски
    Не знам, ама вчерашниот ден сакам да го заборавам. Еве го сега како ништо да не било, чита енциклопедии, ама вчера...
     
    На LaDyDoLl, LivingGlam, Freckles. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.262
    Допаѓања:
    67.822
    Пол:
    Женски
    Како така од ракав тресат дијагнози, господе боже. Можеле да ви кажат однесете го на детска веднаш, подобри се за други болести, а не одма менингитис. Скапани едни.
    Се изнервирав за тебе и за стресот што си го преживеала. Знаеме како мајки да си кажеме ќе помине и ќе се заборави, ама остава трага на нас и на здравјето, знам по себе.
    Бидете сега добри само и чувајте се.:l:
    Мислам дека ретко бебе не паднало. И моето падна, тогаш не можев да ја заборавам сликата и ми беше престрашно. Ама, уште колку ќе паѓаат, ова сега ќе ти биде уфффф за што сум мислела дека е пад.
    Само да не е од високо, од кревет не е ништо, да не е од онакво за преслекување на пример, кај што ни секунда сами не смеат да се остават. Инаку немаат гајле бебињата, толку се жилави за среќа.
     
    На LaDyDoLl, Misskirova, Freckles. и 3 други им се допаѓа ова.
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.933
    Допаѓања:
    110.274
    Пол:
    Женски
    Од прегледот сум презадоволна, но од друга страна стресот што го изедов, уф, не знам некогаш дали ќе ми помине. Во моментот се сетив на внука ми и тоа што го поминавме таму, на истата клиника. Се потресов многу.
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.262
    Допаѓања:
    67.822
    Пол:
    Женски
    Суоер е што бил добар прегледот, само така дијагноза не се кажува, можеле да те поштедат од таков стрес, тоа ми е муабетот.
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.933
    Допаѓања:
    110.274
    Пол:
    Женски
    Така е, реално, можеа од старт да ми кажат респираторно не е, ние овде дасе сомневаме на нешто не сме стручни, одете на детска. Али паниката што ја добив ме исплаши ептен, се јавуваа да ме најават, да не чекаме, зошто реално клиничката слика на детето беше језива. Ама тоа е, специјализанти прегледуваат, доктор ептен викаат ако е опасно нешто. Колку и да викаат не е ништо, во моментот кога ќе ти викнат 5торица доктори да го гледаат, само нови викаат, доаѓаат од оддели други, тој момент на најавување, се тоа создава голем стрес. И нормално денес не сум способна ништо да правам, цело време гледам во него.
     
    На Freckles., LaDyDoLl, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.262
    Допаѓања:
    67.822
    Пол:
    Женски
    :l: Малиот битно да е добар, ние нашето ќе си го тргаме, тоа е. Опоравувај се и ти сега:l:
     
    На Freckles., LaDyDoLl, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Гладиоли

    Гладиоли Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    598
    Исто и јас си добивам секакви кометари ,ама во обратна смисла. Т.е слабо ја облекувам ,многу ја шетам ( нигде не сме биле 3 родедндени имаме годишно на нив само идеме социјален живот ни е нула ама голема нула.) Требало повеќе да пазам ,среќа барем не ме споредуваат ептен нема со кого три деца во близина сите се разболуваат или повеќе или исто со неа ама џабе не можиш да се докажеш дека едноставно такво е времето.
    И јас сакам да се гушнеме ,се исто како шо опиша плус штрајк за спиење. Со спиењето мислам дека ќе излудам веќе.
     
    На Tea SK и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  20. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    Знам,свесна сум. Мислам за една година ми се скрати животот синоќа.
    Знаеш и сама уствари ....господ нека ги чува.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.