Со помин нека е, можам да замислам кој стрес си го доживеала. Едно прашање само, дали таму вакцинираат против менингитис? Големата во вторник ја прама таа вакцина
Со помин нека е мајка . Можам да замислам како ти е. Господ да ги чува. Реков јас,ни побелеа косите. Стресно е . Многу. Златни деца.
Јас ќе сакам нешо да пишам, се токмам и нешто ќе излезе во моментот и немам време, па не е ни битно после. После 3 хаотични денови дома сама со двете, надвор врмежливо, Снежана не можев да ја пуштам на тераса, па ми скокаа двете на глава по цел ден. Врвот на уморот го достигнав, пишав веќе дека халуцинирав. Конечно мм зеде од среда до утре слободно, кое олеснување аауу, барем големава да се среди без да слушам пиштење во позадина од бебе оти сум го оставила на сред цицање ама тоаа е, немам избор. Нина стана мнооогу поосетлива кога ќе и свикам, жива се јадам после тоа ама ја претерува, мора да се скара. Па толку трагично го поднесува тоа што сум ја скарала, та морам сега и на Клара да ја карам кога плаче, оти двете неумни де. А после саати ме праша, мама зошто ти мене караш? И тоа натажено, ќе си пукнев, пред неа заплакав, она солзи ми бришеше, ме биди тажна ми рече бе..ама ја карам луѓе оти надвор намерно пика рацете кај што е најгнасно и лижеее прсти после, ја карам оти направила терасата цела со креди и немала типката вода, па се измочала за да си направи вирче и да ги размачка боите, ајде како да не полудам? Секој момент очекувам да си расцепе главата оти нема кај не се беси или качува. Четвртокот беа баба ми и мајка ми на гости кај нас, сирота баба едвај дочека да дојде да го види и другото правнуче, живи радости. Арно ама бебе тој ден зајдуваше од плачење од грчевите, сум каснала поразлично од другиве денови само цреши, од нив ли детево се грчеше толку и плачеше? Плачеше до степен што не можеше да цица ни да спие, па нервоза уштњ толку ја фати. Главата тапан и наредните 2 дена ама еве од вчера е подобра, имс кризи ама не е толку долго временски. Денес бевме најдолго надвор, зоолошка ги носевме, бебе тргна будно од дома, имаше една пауза на клупа за да цица и продолживме, си заспа и ние истеравме и кафе на раат и Нина задоволна, 3 саати ни летнаа одма. и да се пофалам, после 2 недели убедивме големАта косата да ја измие, аууу кое олеснување. Најголемо малтрерирање ми е со градинка ама ќе се навикне па шо сака нека биде. Иначе ептееен ја сака на сестра, само ја гушка и се радува, ја преслекува, ма милина се амаа пусто кога ќе запне за нешто во моментот кога не можам оти ја цицам или беба пишти од грчеви, еее тогаш не знам како се контролирам, како останувам смирена не знам, ми зујат ушиве тишина кога е. Беба на вечер пу пу е злато, сега заспа, во 1:30 ќе се разбуди, не ја будам искрено порано, не е ни можно, не станува. Битно полни пелени и напредува. Ајде да заспие и големава сега и да се видиме со маж на раат. Добра ви ноќ @*malenavolena*87 искрено не знам тука ги викаат meningokkoken, се става за група Б после 2та година.
Можам да замислам како ти било мама, мене ме имаат така преплашено и точно знам какво е чувството. Мислам дека кога не се сигурни не треба да соопштуват дијагноза, туку само да те препратат на понатамошни испитувања. Мило ми е што сè е добро. Опоравувавјте се сега, ти од стресот, синко од вирозата
Мене денес на муабетот дека бебе падна од кревет ми рекоа : такаа тукааа на една комшивка и падна и почина. !!!!!!!! Дали на мајка у стрес се кажува бе ова бе? Дај ми боже трпение да не ги удавам сите ! Те молам дај ми. И се така ,за на крај да ја најдам мачката од комшиите легната и заспана во корпата на количката. Од толку пто сум уморна и отрпната не можев ни да свикам. Иди у пичку матер и ја мавнав. Е тоа.
Мамаситас, синко има запче Порано се чудев зошто мајките прават драма околу запчињата ама ете за мајките голема радост е Ми го зема прстот да ме касне и оп, нешто ме грепка. Кога му го отворам устето, гледам едно белко запче ѕирка
Дали се нормални, како ти да сакаше да се случи. За такви коментари треба уште подрзок одговор, само што во моментот од шок што сме чуле не ни доаѓа. Јас отпосле се јадам требаше вака требаше така. баш е радост. Чудно, ќе речат за едно забче и тоа млечно Да се редат бели бисери, спремај турте сега . Јас го имав калапчето, со душа чекав. Еве сега чекорчињата ги чекаме
Баш од шок. И реков само те молам такви муабети да не слушам. Епа ај добро рече. Ај добро!!!! Ааааааааааааа врескам во себе Оние што пателе од своите свекрви како намерно сега нас да ни враќаат ,исфрустрирани.
Да пишам или да легнам да спијам.. ај ќе пишам. Решив да слабеам, држам диета не знам каква. Времето беше убаво и цела недела бевме фулл излезени, од 12 до 21ч. Се враќавме капевме бебе и ние кома тоа шета низ креветче. Сега имам огромни болки во мускулите до фаза да не можам да станам ако седнам 5 минути, дали од тоа што пешачев ( а вака не бев активна од кога забременив ) дали ме фати некој вирус Денес бев кај мајка ми со синко и внуките. Времето не додржа и не затвори во соба сите на куп Две индијанки и мал индијанец. Трчаат непрекинато по креветите и се удираат глава со глава. Кубат коси една на друга и тоа малото ѓаволче кога ќе пушти еден глас, да ти е ќеф да бегаш, па синко во истиот момент и неговата сирена ја пушта Бебе лази и се исправа на сите страни, во секој момент очекуваш некој или да го згази или да падни на некој ќош. Моментот за дремка на бебе. Ги седнав на маса да цртаат и мајка ми им постави да јадат. Едната тропа со лајче на тањирчето мислиш свадба спрема другата паѓа од смеење на цел глас. Не ги плаши ни полиција ни старо железо Ако повишиш тон на малата нема сила што ќе ја запри да рика на цел глас и уште полошо ќе е. Ако стане бебе ненаспано тоа ќе е општо хаос. 1 саат устата ни се измори од викање потивко потивко. На крајот морав да ја пуштам сирената од полиција да поверуваат дека иди. Мајки на 3 деца добри сте со живците?
Не ја даваат, јас ја гледав програмата оти нели моево на 16та недела требаше тука да ја прима ама ние нема да сме едно 3м во Англија па барав во МК дали може да ја прима, ама не ја даваат. Тука може после 16та недела да се даде и ревакцина на година, се надевам ќе може кога ќе се вратиме.
Распрашај се, тука ете над 2 г ја даваат, сега и закажав ја на мојава, а знам кога беше короната прва доза рота прими во Австрија и отидовме за Мк, таму заглавивме со затворање на граници и втора доза Мк не сакаа да и ја стават оти не била иста.. така да, пази и на ревакцини оти можно е ако останите Мк подолго и пропуштите ревакцина да не ви ја стават
Рота ќе завршиме тука со неа, трета доза 6/1 и оваа МЕНБ требаше на 16та недела и нив ќе ги испуштиме, a немам опција да чекам, ни истекува дог за куќата и стварно нема како подолго да останеме. МенБ може било кога да се даде ако ја испуштиш. Јас планирав да прашам дали може да ги купам од тука па да ги стават во МК, тука има опција приватно да си ги купиш, е сега не знам дали да ги купиш само ама не и да ги земеш… не знам стварно, баш се нервирам за ова. А вакцините се исти само различен производител, тоа е тоа кас не знам зошто се прават на Тошо во МК и не сакаат да ги дадат.
Нормални ли се луѓево бе На тоа се одговара "Една почина од многу зборење, си слушнала?" И ај у пм Да се редат бели бисерчиња
Тенкс систер Од кај нарачувате колачиња (од тие убавите за сликање) за прво запче? Прашав во The cookie factory и прв термин им е 29.06 Ептен касно ми е.
Бели бисерни да ги реди Јас за првото дeтенце од maja's bakery нарачав, преубава изработка беа и многу вкусни
@Iris-1234 Да се редат бели како бисерчиња. Јас нарачав од cookieland_gl на инста, презадоволна сум и од изглед и од вкус.