Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.398
    Допаѓања:
    31.809
    Пол:
    Женски
    Види mini.cookie.skopje
    Мене многу убави ми ги направија
     
    На Iris-1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.527
    Допаѓања:
    8.134
    Пол:
    Женски
    Јас сакав од топ кукис ептен им се убави ама исто после месец дена беше прв термин.
    Нарачав од https://www.facebook.com/Rakotvorbi.Handcrafts?mibextid=LQQJ4d
    и сум ептен задоволна.
    И претходно за крштевка имам нарачувано, жената ги прави исто како на слика што ќе и пуштиш и плус ми ги донесе до дома ама исто се чека околу недела до 10 дена.
     
    На Rtulka и Iris-1234 им се допаѓа ова.
  3. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Фала ви на сите за препораките. Први ми одговорија cookieland_gl и се договорив со нив. За неколку дена ќе се готови:)
     
    На jelo, *malenavolena*87, strelec231992 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    Честитки мами.
    А ние тука некаде сме со маливе.
    Мојава многу се мачи и кенка,изгледа ке ги вади.
     
    На strelec231992 и Iris-1234 им се допаѓа ова.
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.939
    Допаѓања:
    110.281
    Пол:
    Женски
    Мојов на 5ипол месеци, денес е неподнослив, ќенка, вика, квичи, рацете во уста и лиги до колена. Пипкам непца се буни, вика. Задебелени се.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Фала мами.
    Ќе ги извади, само со лесно да биде.
    Ние за среќа немавме мака. Се лигавеше ама тоа си е стандард.
     
    На Misskirova му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    Добро вечер од мајкава што денес се врати од пат со бебе. Си аплаудирам што стигнав назад и се беше океј.
    Нека тоа што главата ми е тапан и незнам ни кај сум ни која сум
    Ем возев ,ем бебе пишти веќе 3 саати и таман убаво почна да јаде морков и компир на сред јадење ја фати серка и се прекина :sweat:
    Сакам,ама ај нема да се жалам . Да имам вино па да се напраам патос да се влечам по земја.
    Али ај ке пијам кафе и ке дремам така .8-|
     
    На Coco31, Bubish26, mal.ecka и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.703
    Допаѓања:
    175.472
    Пол:
    Женски
    Нека поминува побрзо
    Сто пати препрочитав и никако да сватам врз основа на што установиле менингитис?!:(
    Маж ми што е Невролог па без детална крвна слика повторена барем 3 пати , без лубална пункција , без додатни испитувања Не би можел да одреди таква дијагноза ..
    Ауффф .. се препотив Ангел :(
    Битно е што сте добри сега :*
    Држи се , и заборави го денот ако е некако можно де :(

    Д вечер да кажам
    Го заспав мали , се распакував и сега се мислам дали да носам и горе кај дедото да уклучам и таму перална или да оставам за утре.
    Една тура се пере , една се суши у сушара , а имам уште најмалку две за перење :(
    Бевме 4 дена на мини одмор ,чиниш месец дена сме биле .
    Трупови алишта за перење :(

    Инаку супер ни започна летнава сезона
    Се пробањавме
    Јас Не баш ,ама тато и бебе се изнашлапаа :)
    Јас не знам што ќе се прави со син ми.
    Луѓе ,он сака цел ден да се бања . Не го интересира ни песок ,ни кофички,ни колички , ни топки ...ништо . Само у морето да е.
    Па и се буни ако го ставаш во гума , се буни коа го држиме во раце ...сам сака да се бања :(
    Лелеее...пукнавме
    Нема шанса веќе да одам само со маж ми и него .
    Мора и мама да си ја носиме ,бар по малку да не замени :)
    Резервиравме една недела за од 25 јуни , одвај чекам . Татко ми коа слушна дека исто пари ќе сме плателе а 3 а 5 души оделе ,се понуди и он да дојде :party::party:
    Јас и маж на седмо небо
    Ма ќе платиме и дупло ако треба само нека доаѓаат и они со нас :D
    Да одмориме и ние малку :)

    Ми доцни две недели веќе , тест не правам , пошто милион посто сум сигурна дека не сум трудна . На маж ми му спомнав дека ми доцни ,ме погледна под око и мртов озбилен ми вика : да не направи ти некоја глупост на вие години ?! :D:D:D:D:D
    Сигурно влагаш у менопауза ми вика :D
    Не си троши џабе пари на тестови вели ,нема од "што" да си трудна сега :D

    Не знам што друго да кажам :o
    Синко почна да не ословува со Убе , тоа У -то ептен смешно звучи ама битно ни вика Убеееее:)
    Ќе мораме да прекинеме со маж ми да се викаме така . Го збунуваме детето :(
    Јас не памтам ние да се ословуваме на име.
    И јас него и он мене ме вика Бубе :)
    Детево мисли дека така се викаме и двајцата :D

    Гушкајте дечињата (heidy)
    Честитки до сите кои сте имале нешто за славење :f:

    Се слушаме :hai:
     
    На Coco31, Alex08, BelataMasai и 23 други им се допаѓа ова.
  9. Panovic

    Panovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2020
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    573
    Ќе пишам и ќе поплачам истовремено.
    Си ги гледав постовите од пред 3 години и заклучив дека некои луѓе не се мрднати од место со размислувањето макар и да се објаснуваш и докажуваш.

    Еве можеби сум немајка на моите дге сопствени деца ама уште сум на ставот дека нема слабо мајчино млеко ниту пак јако, ама ако грешам поправетеме.

    Поправете ме и ако грешам дека бебето ми е неухрането, а родено е 2630 за после еден месец има 2970. Личувајте ме дека недавам храна дека не цицат бебето, дека е болно.

    На сите нас мајки, сегашни и идни никогаш на мајка која го дои своето бебе немојте да и кажите дека има слабо млеко, дека бебето и е гладно затоа што непрестано плачит затоа што има грчеви и наместо помош добиваш нервози и се заедно се собира.

    Бебе официјално со неподносливо грчеви, свекрва официјално со муабети дека слабоер млекото и дека е гладно бебето, а јас официјално на раб од депресија и изнемоштеност. Сопруг официјално на средина растргнат измеѓу дете тодлер и бебе со грчеви. И официјално хаос период, ден, ноќ и што ли уште не.

    Се надевам дека црнилава ќе заминет од над нас и ќе не огрее сонце.

    Спас за грчеви нема, спас за трпение и тоа нема ама затоа има спас деновите да поминуваат и да ги бројам до следното утро.
     
    На Coco31, Lavender13, IRBBB и 10 други им се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.939
    Допаѓања:
    110.281
    Пол:
    Женски
    Не, нема слабо млеко и крај! Млекото е одговор на потребите и барањата на бебето, ама и на врската на мајката со своите деца. Ако ме прочита виде дека со големиот имав мака, епа јас викендов скоро 6м откако дојам течев ко тукушто да ми дошло млеко, потоп се направив, на секое повраќање на синко од мене реки течеа. Мајка! Грчеви се нормална појава кај бебе и тоа е тоа, нема зошто да се потресуваш. Смени капки, масажи, топло на меше, топла купка да си поседи внатре со пелена на мешето и да го поливаш со водичка... кај нас ова со комбо Рекол пробиотик и Бекутан против грчеви, додека давав Бебитол имаше грчеви, па давав и од овие, почнав со Пливит нема грчеви и не давам Бекутан, сега само Пливит и било кој пробиотик.

    Ај сеа и јас да се пожалам. Метеопатот мајкин денес душичката со памукче ми ја извади. Да се ќенка, да се квичи цел ден. Облечи вика, соблечи се смее, ама па не е за гол да седи бре, врне, не жешко. Ама од друга страна некои бубулички по телото цел е црвен, да се од жешко не верувам, пожешко беше вчера завчера...

    Да има нозе мојава машина за перење ќе фати кидавела. Од петокот не е застаната да работи, нон стоп, дете поврати 3 тури постелнина, бебе покака една, кој што прави јас сушам, собирам, нови пружам, една стално има што чека или во машина или во лавор за пружање. Не за џабе викаат, 1 дете ко ниедно, 2 ураган, море кај мене цунами моментално. Мислам дека само ако се исселиме од дома ќе ни биде чисто и мазно се, во друг случај во нашата куќа ќе биде вечити хаос. За 3 недели одиме кај баба на југ, оставам на мм простор да ужива во работилница и да ни направи се што ни недостига низ куќа, почнувајќи од собата на момците до терасите, сакам се да е пиц пец кога ќе дојдам. Ако се лажеме се ќе направи, ама поверојатно е дека нишо нема да пипне.

    Да земам да прочитам некоја страна, книгава ме моли веќе цел месец, па да спијам рано рано, бебо белки нема да стане сто пати вечер, синоќа преспа цела ноќ па затоа наплати дење. Добра ноќ!
     
    На Coco31, Speechless, IRBBB и 6 други им се допаѓа ова.
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.978
    Допаѓања:
    45.684
    Пол:
    Женски
    @AngelOfArh и моево исто денес, облечи, соблечи, кенка облечено, кенка соблечено, препотено, а ладно на допир, со мм се скаравме он вика ќе го свариш, мене од хормониве и тироидната ми студи па го облекувам. Цел ден не спиеше, 15 мин дремка и се буди со смеење мислиш спиел 10 саата, јас и мм да капиме за спиење, синоќа спиеше по 6 часа на двапати па не може и дента толку не знам што очекувам и јас.

    Многу сум депресивна деновиве, прееска маж ми до толку го полудев што зеде куферот да пакува да сме си оделе…ми требаат луѓе, алал да им е на тие што издржуваат сами во странство, јас полудувам веќе.
    Не знам како да си помогнам.

    Ајде добра ноќ, утре ќе го вакцинираат рано, страв ми е.
     
    На Coco31, Zumbulche, IRBBB и 6 други им се допаѓа ова.
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.939
    Допаѓања:
    110.281
    Пол:
    Женски
    Ајде не се потресувај броени ти се деновите. Не си стварај стресови сега и непотребни нервози, знаеш дека си доаѓаш за кратко и тоа е тоа. Инаку мене од хормоните па жешко ми е. Изгорев! Синоќа мм пушта греење во купатило за бањање на малово јас го направив луд. Вика смачено ми е да ги носам по болници веќе. Божем јас уживам.

    Ги вративте на долги бебињава на ова променливото? Јас преку ден му облакам нагоре кратки, доле долги, ама тенко, со боди по прерамки. Не може јас да се потам цела да лепам а он да се вари.
     
    На mal.ecka, *malenavolena*87 и 1209 им се допаѓа ова.
  13. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Доле долги тенки, горе кратки а одоздола боди на прерамки.
    И јас умирам од жештини, а сите луда ме прават, мм најмногу:D Ми вели многу лабаво сум се понашала со температурите ама па жал ми е да го оставам дете да се поти и да се вари. Викендов гледав бебиња во количка со памучни капчиња, јакнички, чорапчиња и ќебенце, ужас! Ми идеше да земам и родителите така да ги наоблечам па да видат како е, а не мајките се луфтираат во фустанчиња и сандали:@
     
    На Mother of 2boys, IRBBB, LiquidLuna и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.589
    Допаѓања:
    7.410
    Пол:
    Женски
    @AngelOfArh , на тенки долги и горе беше вчера, а и денес планирам веројатно цел ден да остане. Постојано врне кај мене, а и некој ветер има безврска.
    Се навикна на шетање бебе и сега затворени по дома не и одговара многу. Можеби ќе пробаме барем со кенгур да излеземе на кратко.

    Туку дали постои нешто како наспана мајка? Мислам сврзува моево по многу часа ама и без таа да се разбуди јас станувам 63728 во ноќта. Да ја проверам, па ноќеска немаше струја еден куп аларми наоколу свиреа, па јас будна да не се исплаши бебе. Па алармите од маж за на работа и така. Воопшто неодморено се чувствувам деновиве.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.959
    Допаѓања:
    12.987
    Пол:
    Женски
    И моево е на боди на кратки и надоле долги, оставам и прозор на кип од друга соба за свеж воздух. Ладно е надвор ама дома ми е баш пријатно.

    @Miss_S Верувала или не, постои. Јатрва ми. Три недели после царски се уште лежи, јадење и носат во кревет, бебето и го носат на доење строго на перница за доење зашто тешко и било не може да го држи, дома армија има за помош. Ја видов целата фамилија на маж ми во едно друго светло. За мене сите беа зафатени со обврски, до душа и јас не сакав никој да замарам и да ми биде роб ама убаво ќе беше и мене некој да ми зготвеше барем еднаш или да ми подсредеше по дома.
    Се стегав малку да не се исповедам тука, од кај да знам дали некој ќе се препознае ама гајле ми е веќе.
    Најмногу ме здоболе кога маж ми беше 5 дена во болница на операција, двете деца болни дома, јас буквално сама и плус работата… Умрев од умор, никој не ме ни праша како сум. Еднаш ми се јавија да ме викнат на мекици (facepalm) Ги прашав само дали се нормални. Ја подбра маж ми еден ден, дојде и кога и се јави другата снаа за 5 мин беше спремна на врата и тоа беше тоа :)
    Еве трета недела како се таму сите, чекам да си одат, па да го видиме бебето зашто не можам да ги гледам.
     
    На Coco31, Doktor F, Speechless и 10 други им се допаѓа ова.
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.939
    Допаѓања:
    110.281
    Пол:
    Женски
    Не сме такви среќо, затоа никој не ни робува. Јас и со двете после 3 дена се понашав ко да не сум родила, се работев со мајка барабар додека спиеше малото. Она е шуткало, таква е сеа, фати едно пушти друго, јас така не можам и крај. Јас сама ако не си побарав и првиот ден дома од болница немаше никој ни ручек да спреми ни ништо, кај ме земаа ко партал па уште и без ручек да ме остават, а се спремаше ручек за другите, е нече мочи. И некако на сите им текнува магично после 6м од дешавка. Смешки!
     
    На mal.ecka, no name5, *malenavolena*87 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.117
    Пол:
    Женски
    Ме препоти додека те читав. Ах, да се опорави најбрзо, страшното поминало. Душа, сте се измачиле.
    И јас вака мислев, ми беше чудно порано. Ама која на син ми му се појави првото, си поплакав.
     
    На IRBBB, Iris-1234 и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  18. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.346
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Потполно те разбирам, еднаш бев сама како студент во Германија, тоа чувство на осаменост на никој не го посакувам. Кога те читам ми се враќаат чувствата и душава ме боли. Иако бев со блиски другари таму, јас бев толку носталгична за моево место и ги скратив деновите си дојдов мноогу порано од тоа што требаше. Плус моите правеа крштевка за внука ми и тоа ме докрајчи. Јас сум иста како тебе, мм е готов да ги спакова куферите да заминеме ама јас не сакам. Не можам таков терет да носам, иако некогаш ми е преку глава од нашава жална Македонија.

    Да се надоврзам денес малиот го носам на закаснетата вакцина, се надевам нема да ме направат лом што ја каснам. Ама навистина детево не можев да го фатам цели 3 месеци здраво без температури и крајници со гној.
     
    На IRBBB, mal.ecka, LiquidLuna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.959
    Допаѓања:
    12.987
    Пол:
    Женски
    Со двете сум царски, првиот пораѓај станував за до вц, до маса да јадам и обврските ми беа само околу бебето, а се друго правеше маж ми ама пак почнав да функционирам нормално за неколку дена. Со второ знаеш како е :D Стануваш од болнички кревет и како да не си родила. Не седнував ни секунда, цело време околу поголемиот, единствено мајка ми што ми готвеше на почетокот.
    И тоа што викаш не сме такви ама смачено ми е. Кај гледаш сите да ги угостиш, да не ги замараш, да не им ставаш обврски, толку се побезобразни. Ама и го реков на телефон кога ми се јави за мекици, ја прашав дали моите деца се помалку внуци од другото, дали јас сум помалку снаа од другата, како не ја заинтересира што се случува со син и 5 саати во операциона сала? И викам оди во болница да видиш што се случува, немам кого да пратам сите се на работа, ми вика бараме кафана за мекици (facepalm) Што мајка ќе беше. Секој ден си викам нема да се нервирам и пак и пак. Маж ми вика треба да се скарам со сите, да знам дека немам семејство и да не се нервираме повеќе.
    И плус кога ќе ми рече ‘Леле ај ти си поразбрана или ти си пофина, направи го ова и ова, ти повеќе ме разбираш’. Не, не сакам веќе да бидам ни фина, ни културна зашто очигледно во животот само безобразни треба да бидеме.
     
    На Coco31, Ив10, Mother of 2boys и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Леле да, исто значи.
    Порано мислев е аман де заби, сите ги имаме.
    Ама не било така кога ќе го видиш првото запче на твоето бебенце:inlove:
     
    На Ив10, IRBBB, LiquidLuna и 1 друга личност им се допаѓа ова.