Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.198
    Се' ќе е океј, и јас се тресев така за сите вакцини, а немаше воопшто потреба.

    @Iris-1234 да се редат како бисерчиња :inlove:

    @Skyler на муабетот за снаата, јас ја разбирам потполно :D јас бев независната и јака женска, што не и треба помош за ништо итн, дури еден период не прегорев, од комбинација на самонаметнати глупости и други животни премрежија кои не прашуваат туку доаѓаат како гром од ведро небо. Оттогаш веќе ја немам истата енергија, брзо се уморувам и искрено ми треба помош. Помагам, ама и барам помош и не се срамам. Уште го имам тој „драјв“ на јас можам се' сама, ама кога ќе почнат да се собираат работи се осеќам дека се приближувам до работ. Ако го преминам мнооогу паѓам. Морам да учам како да се штедам, не сум сама на светот за да морам сама да ги правам работите. Животот е маратон, не спринт, а често го третираме како таков.
    Ги читам мајкиве што се' прават секојдневно, јас не можам толку. Јбг. Еве пример претходниве два месеци ми беа многу турбо, така се погоди, паднав многу психички.

    Бебе ја облекувам во тенки долги пантолчиња и боди на кратки ако е потопло или боди на прерамки+маичка на куси ако е малку поладно. Отприлика исто како што и јас се облекувам. Само без чорапи, јас и обувам, таа си игра со нив ги собува, ги јаде, ми ги фрла од количка... Вчера си шетаме со количка, едно време ја гледам боса во нозете, еден чорап во уста другиот исчезнат, во нозете камен ладна, ама пресреќна :D
     
    На MilaSs12, marchi-cool, *malenavolena*87 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.028
    Допаѓања:
    13.255
    Пол:
    Женски
    @see.emily.play Да не се разбереме погрешно, јас скроз ја разбирам нејзе :D Капа и симнувам како си ги подреди работите. Мене би ми сметало некој да ми се врти низ дома стално, да ми спие, да ми дава непобарани совети. Проблемот е што таа ги ‘пегла’ убаво, буквално се роботи што не смеат да и писнат, јас не сум таква си ќутам и за да избегнам конфликт не барам ништо. Ама и не можам да разберам како постојат баби и дедовци што немаат потреба да си ги видат внуците. Еве второво е 8 месеци, го има видено само 5-6 пати :| Мене и тоа ми е помош, да извадат едно дете од дома да го прошетаат за да можам да потфатам нешто ама не сакаат и тоа е тоа :)
     
    На Coco31, MilaSs12, IRBBB и 6 други им се допаѓа ова.
  3. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.198
    Браво за снашка :D
    Зависи и какви се луѓето, не можеш со секој така да живееш. Некои луѓе нешто ќе ти помогнат и душата ќе ти ја извадат.
    Свекрва ми кога ќе каже некој совет или мислење што не се согласувам не ми смета. Не е жената наметлива и напорна како што има жени.
    Ама баба ми кога и да ми дојде на гости сакам да ја исфрлам низ прозор. Влегува во соба и почнува да кажува и да наредува, ова вака прави, она онака, бебето облечи го, на тепихот постели чаршаф, а цица бебе уште?, итн итн. Живците ми ги крева во секунда. И татко ми не е многу поарен, само на друг начин. Затоа имав ставено вето од 6 недели откако се роди бебе дека не сакам да ми доаѓаат, а и после многу многу не ги викав на гости. Ги примав долу кај свекрва ми, слегував со бебе колку што ми одговараше, па си одев дома као треба бебе да цица, да спие. И ова го правам исто така да за заштедам нерви, доволно ме нервираа дури живеев дома. Е со нив не би живеела пак, макар и шпагети да јадам секој ден ако немам време да си зготвам нешто нормално.
     
    На Coco31, MilaSs12, LivingGlam и 5 други им се допаѓа ова.
  4. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.521
    Допаѓања:
    33.100
    Пол:
    Женски
    На Ano, marchi-cool, Speechless и 3 други им се допаѓа ова.
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.218
    Допаѓања:
    111.441
    Пол:
    Женски
    Ада си жива и здрава. Ама ова треба свекрвите што трчаат се да направат место синовите, они треба да го прочитаат.
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Јас морам да го пофалам сопругот во однос на дете и домашни обврски. Освњн што не знае да готви, прави сè друго, пушта перални, мие садови, усисува, дипли алишта, пегла кога има потреба, шета дета, го пресоблекува, заедно го бањаме итн.
    Навистина имам голема среќа со него:inlove:
     
    На Mother of 2boys, strelec231992 и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  7. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.521
    Допаѓања:
    33.100
    Пол:
    Женски
    Секоја свекрва денес има телефон! Препраќај секое сабајле за добро утро :rofl::rofl:

    Мојот има вето у кујна оти после него, ни он не знае да си исчисти. Вади посебна лажица за се живо и диво, демек не може да ја заплакне малку под чешма :D Садови мие ама главата ќе ми ја пукне додека ги измие, и јас сум иста. Мразам садови и само се жалам, а немам место за машина.
    За другото, арни сме :D

    А да, пустиот многу сака кафе да ми прави ама луѓе не можам да ви опишам колку лошо го прави :D Мене ако не ми е погодено кафето, цел ден накурчена ќе бидам. Има некој зависник од кафе ко мене вака да прашам?
     
    На Ив10, Mother of 2boys, CarrieBradshow и 8 други им се допаѓа ова.
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.218
    Допаѓања:
    111.441
    Пол:
    Женски
    Одма препратив, вика жал ми е, јас сум крива. Епа викам не трчај да помагаш следен пат, ќе му речеш синко земи смени пелена на син ти, не ти да менуваш. Се слага.
     
    На LiquidLuna и see.emily.play им се допаѓа ова.
  9. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.521
    Допаѓања:
    33.100
    Пол:
    Женски
    Мм еднаш фати да менува пелена пред вујко ми. И тој целиот ко паун, горд дури "ау, јас пелена немам сменето никогаш". Баба ми вика "е за тоа само јас сум крива, ни ти ни жена ти". И така е.
     
    На anngelique, mal.ecka, AngelOfArh и 3 други им се допаѓа ова.
  10. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.198
    Апсолутно се согласувам. Сопругот немаше да ми е сопруг ако беше кретен што чека се' на мене.
    Само што понекогаш и двајцата не можат да постигнат се' што треба да се постигне и во процесот да останат читави. Убаво е да можеш животот да го делиш и со други луѓе.
    Ме потсетивте на еден муабет со свекрва ми. Се вратив од вежбање и влегов до кај нив да земам отварач за вино пред да се приберам дома. И викам готви мм фенси вечера, ми рече да земам вино на враќање. Ми вика, еее ова ние не го гледавме од мажите, а син ми и бебето го спреми, го легна, и вечера готви, ти можеш да излезеш и да си одиш на вежбање и да не се мислиш. Убаво си ги имате воспитано, браво.
     
    На MilaSs12, IRBBB, strelec231992 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.028
    Допаѓања:
    13.255
    Пол:
    Женски
    Не дека имаш среќа, си отворила очи дупло кога си бирала со кого ќе го поминеш животот. Јас не можам да замислам дебил маж да имам.
    Имаме еден таков пар што се дружиме, не можам мажот да го поднесам колку е балканец, жена му уште горда каква домаќинка била, најубаво готвела, најчиста куќа имале. Спие до 12, оваа мора децата тивки да ги држи во дневна немој случајно царот да го разбудат многу е незгоден ако стане ненаспиен :puke:
    Маж ми ако се пожали колку ни е напорно, му вика Брат, ти си згреши на почеток што не си постави граници и да си ги наредиш работите :D
     
    На Coco31, H.VAGA, Mother of 2boys и 10 други им се допаѓа ова.
  12. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    53.475
    Пол:
    Женски
    Јас маж ми робот го викам. На човекот никогаш ништо не му е мачно!

    Ај што работи 12часа дневно, добро од дома работи и можам да кажам дека 80% од јадењата тој ги прави ама тоа со кејф ги прави.
    По цел ден само ми праќа релс со рецепти и прашува што за денес. И после него кујната тој ја средува, од бременоста многу станав гадлива и веднаш имам нагони на повраќање посебно од садови...

    Ама ние сме сами, ние двајцата и две мали деца ако не си помагаме ние од кого да чекам?

    И јас работам исто со него, куќата ни е огромна и таа си бара одржување, навечер во 1 кога ќе ми заврши смената чистиме наутро пак лом!

    Пред некој ден бебенце ни дојде на гости, мм па ќејф по бебе ја зема во раце ја успа они па полудеа ајде спремни сте за трето, да да веднаш уште трето ми фали:D

    Сите околу мене ми велат што среќа имав со него:$
    EC96D44B-8C62-4C44-B960-C36FB546C721.jpeg
     
    На Coco31, H.VAGA, Mother of 2boys и 16 други им се допаѓа ова.
  13. *malenavolena*87

    *malenavolena*87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2019
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    3.500
    Пол:
    Женски
    значи невозможни се упм со ист калап правени.....".Абе што му направивте го здробивте од работа " а он симнал работите од таван долу е што јас треба магаре да изигрсвам .....или на керкичката и монтираат детска јас 8 ипол месеци трудна она ке чистела ( чисти си ракиичка иначе) не викам имам маж он ке си исчисти .....сигурно после ме хејтала на золвата дека синчето работи по дома .....ама не сме 50тите јас одам на работа и заработувам и повисока плата од својот сопруг значи заедно допринесуваме заедно трошиме заедно и ке чистиме сереме ебаваме сојки......ама на тие тиквите со застарен ум не им се објаснува ......и свекрва тема е мн долга 2 дена 2 пати пеобува да подвали нешто ......не ми се ни збори веќе клета е ....а пред мм се прави фина
     
    На Калатеа, Mother of 2boys, MilaSs12 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Во право си и тоа ептен.
     
    На Skyler му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.218
    Допаѓања:
    111.441
    Пол:
    Женски
    Не можам да кажам лошо, работи многу, по дома, двор е скроз негова обврска, а машала имаме двор, куче шета, бавчиче, дрва, косење, кола, големо дете рашетува по гимнастика, школо, кај треба, не смеам да кажам а, стварно работи. И дома исто, усисува, брише, полни машина, празни, е за готвење не е вичен, знае ама сака да претерува, пример да дотури зачини, многу пиперка или кромид, да го закашка и што е можно погрдо да изгледа јадењето. Чува деца, уште цицка да има да го надои, ама знае и ако е тука мајче да и го тупне неа бебо и да си залегне пример. Може и ќе мрчи ама ми е гајле. Е не собира веш и не пружа, срам му било, море не сум го спотнала, ќе напраи и тоа. Едино не му давам да пушти машина, оти ќе одиме офарбани, за него не е ништо битно тоа. Сума сумарум балансирање. Е сеа некои работи треба да го потсетуваш на 6м да ги заврши, ама па сеа...
     
    На MilaSs12, *malenavolena*87, strelec231992 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. *malenavolena*87

    *malenavolena*87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2019
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    3.500
    Пол:
    Женски
    кафето е светиња
    на гости кафе знаат сама дека си правам мм некогаш го гаѓа некогаш иде у сифон и нема љутиш лошо кафе лош ден :D
     
    На Mother of 2boys, Leanne, IRBBB и 2 други им се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.218
    Допаѓања:
    111.441
    Пол:
    Женски
    Од лошо кафе со извинение може да ме фати дијареа. Идам сеа да направам едно па да видам и јас раат.
     
    На *malenavolena*87 и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.275
    Допаѓања:
    67.883
    Пол:
    Женски
    И јас седнав кафе пијам, сама си правам, друг никогаш не ми го погодил, турско.
    За свекрва ми можам да кажам дека ми е жал што не е поблиску, не во иста куќа, ама барем поблиску, ќе ми беше далеку полесно. Со нејзе сосема се разбираме, имаме исти погледи кон мајчинството. Она е стара школа, ама крајно разбрана жена и имам огромна почит кон нејзе. Си збориме и по пола саат на телефон, а и совет некогаш кога ми треба нејзе и се јавувам.

    Не ми се верува дека прво одд помина, значи вистина со школо кога ќе се почне толку е. Се влегува во некоја шема и летаат деновите. За учење не ја форсирам воопшто, колку сака и може толку. Уште од прво одд да се форсира не ми оди, играњето е главна окупација.

    Да ви кажам за мажите, не сме среќни, сме гледале на време што сме земале. Јас се нервирам кога ќе ми кажат баш си среќна, ти се погодил мажот. Не, не се погодил отворав очи што земам. Не би можела со маж што ништо не прави, ќе ми создава горчина и отиде љубовта. Не е тоа туку така. Така што, очи отворени само.

    Ај убав ден, да прошетаме малку и спиење, јас на раат да си почитам. :D
     
    На Coco31, happygirl, H.VAGA и 15 други им се допаѓа ова.
  19. tanjaaa

    tanjaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    2.370
    Пол:
    Женски
    Гледам последно време темата свекрви е актуелна.
    А вакви се од секогаш?
    Кога ќе остарат се прават вакви? Ај некој нека ми објасни зошто жениве кога ќе станат свекрви побудалуваат.:?:
    Не за друго, страв ми е - 2ца ги имам, нејќам да сум таква.
    Јас сум така опуштен тип, не замерувам ни па тргам рецки, нити па се мешам на некој.
    Маж ми ми вели ти оган свекрва ќе си па па па. Се надевам греши :). Не сум лоша само си имам принципи. А и овие сплетки кои ги прават некои, се толку ниски и малограѓански - никогаш не би паднала толку ниско.

    А маж во кујна? Па мојов сака одвреме - навреме да зготви нешто. И знае онака со мерак и да го направи и да го декорира и све. Педантерија е тешка, некогаш дури и ме полудува. Гаражата му е средена како аптека (facepalm)

    Еве бебуш заспа, а м го спреми кафето и малку relax на тараса.
    Имајте убава вечер :hug:
     
    На Coco31, Mother of 2boys, MilaSs12 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    Дојдов тука да се пожалам на тоа колку имаме неспособни доктори медицински кадар и све тоа по ред (не дека не се знае ама ова е за жал уште едно негативно нешто на штета на народот.)

    Како што косат вируси последниве денови и имаме деца со прилично високи температури и притоа тешко се снижуваат за жал ни дојде редот и на нас да се разболиме. Најпрво малото. Пред околу нецели 2 недели крена температура. Ноќта ми помина без спиење но успешно ја контролирав температурата и цела ноќ давав електролити вода и цедени сокови. Утрото заминав на работа. Му реков на сопругот во секој случај носи го на лекар. Утрото одат на матичен, матичната вика благо дехидриран одете на детско одд да уклучат физиолошки и вратете се. Одат во 8:40 пуштаат физиолошки раствор истекува и уклучуваат ново шише со 0.9% натриум хлорид и 5 % гликоза. Температурата стои на 38 дете по гаќи покриено до меше и лице благо зацрвенето и со благ оток на лице. Сестрата бара да измерат шеќер. (не знам од кај и текна ама сва среќа што и текна) на апаратчето покажува 13ка шеќер. Итно исклучуваат шишето наставуваат со чист физиолошки раствор даваат да пие вода и форсираат почесто мокрење. Јас излагам од работа, морав да напуштам порано и одам таму. Гледам детево за нигде. Седи и ќути. Инфузиите завршија во 12:30 (после речиси 4 часа) кога температурата падна на 37.9 а шеќерот на 4.9 докторката нормално прашува дали имаме во фамилијата шеќераши место да признае дека од инфузијата му се качи шеќерот. Не праќа повторно во лабораторија да испитаме тримесечен шеќер. (тоа ти е референтна вредност нa шеќерот во последните 3 месеци) резултатите излегуваат 4.5 денот ни помина во избезуменост што му се случи нa детето да крене шеќер одеднаш. Терапиите требаше да траат 5 дена. Следната ден одам пак на детско да прими уште една инфузија. Уклучуваат физиолошки истекува и носат исто натриум со гликоза. Им посочувам дека претходната ден му се качи шеќерот од таква инфузија да не ја уклучат и добив одговор немај гајле не е од тоа. Уклучуваат и по една минута иде сестрата со апаратчето да мери шеќер и излага 15ка. Ништо не кажа замо го фрли апаратчето и веднаш ја исклучи инфузијата а не ни кажа колку е. Рече само појдете кај докторот. Докторот, еден од постарите со поголемо искуство вика одоколу дека сите се доктори ама некогаш требало да се консултираат, шеќерот требало да се мери на гладно вредноста не била валидна посебно бидејќи јадел пред да дојде. (facepalm) ја прекина терапијата ни даде антибиотик рече дека пожелно е следната ден да се провери пак крвна слика и евентуално Скопје на детални испитувања. Извештај не добив нормално. Се вратив кај матичната и се и раскажав. За една недела направивме пак анализи на шеќер излегоа 4.8 и уште 100 други доктори сестри и фармаколози кои ги прашав сите ми одговорија дека покачувањето е од инфузијата. На сите маки уште оваа компликација и фалеше да си ја стресирам душава непотребно и од здраво дете да добие ненормално вештачко покачување на шеќер
     
    На mal.ecka, Leanne, MilaSs12 и 2 други им се допаѓа ова.