Здраво мајки! 6ти скок не дрма на најјако а уште не сме ни до громчето стигнати. Спие по 2-3 часа па се буди, исто толку сме будни па пак презаспива и катастрофа сме со спиењево сите. Препишувам и на запче ама ќе видиме што ќе излезе.. Некако и послабо ми јаде деновиве, плачлива е и нерасположена.. Не знам дали од умор или од времево или од се заедно и јас сум нерасположена. Маж смрзнува, со јоргани се покрива а јас еве на кратки спијам и супер ми е. На тема маж, денес средуваше машина за садови,пружаше алишта, раскреваше играчки.. Да готви знае по нешто иако јас обожавам да готвам па не го прави тоа… Додуша у последно време забушава ама работи доста напорно и не му земам за зло.
4 пати препрочитувам. Се испотресив. Добро е сега? Што било, обичен вирус или? Ова ме потсети на случајот со Јана. Сте имале среќа и сестрата што измерила и стопирала. Леле тамам подзаборавив колку ни е хаос здравството...
Утро мајки Не честам кафе и онака @LiquidLuna ќе стави за сите по едно. Повелете по едно благце, частам за успех на либе. Огромно поглавје затвори, со нова титула е. Морам да се испофалам. Јас со покачување на плата од илјадарка, можам да ве честам вода, ама чешмовача. После 10 дена пауза, синко сабајле го однесовме в градинка. Душа мајкина, ги наполни очите со солзи и ми рече 'мама многу те сакам'. Ќе си пукнам од мака, ама нема назад, одлучивме дека треба да оди и ќе си оди. Јас сабајлечки доручав, пиев кафе, ставив ручек да се прави, средив низ дома и сега ќе одам да се видам со една другарка. Не знам шта са собом толку рано, ако останам дома ќе си легнам да спијам. Мислам не дека е лошо да спијам, ама после ноќе не спијам и се така во круг. @marchi-cool со помин нека е мама. На крај се ќе испадни добро, верувам. И јас како Тања дури те читав морници ме лазеа и пред очи Јана ми беше. Господ да ги чува сите дечиња. Имајте најубав ден мајки, се надевам сончев. Гушкајте љубови најголеми. ❤️
Добро утро. Бебка расте и тоа бргу ми порасна 9 месеци е. Мислам дека вчера го родив. Јаде пие кака и по малко спие. Спиењето навечер е се уште лошо. Имаме 4 забчиња и 5то е на пат Сакаме во недела да го носеме на море. Незнам дали ќе се бајне зависи од водата. Возбудена сум прв одмор на море ќе ни биде. Не лазе, не сака само седе и во место се врти само си игра. Ете го сега мама пие вода со лимон тој си игра Ај убав ден.
Ајмо мамички, идемо јако. Среда дошло? На пола сме значи Кафето да ви даде сила како на тодлеров насабајле ко ќе отвори очи. Нема тука лежакање, милување. Станува ко торпедо некое, се фаќа за врата и уште во пижами го зема ранчето. Чекај бе ќерка, стој... Мајка ти не знае кај се наоѓа НАЈУБАВА СРЕДА ДА СИ ИМАТЕ
Добро утро мајки. @marchi-cool со помин мајка, се ќе помине. Нас не има спотерано несреќа кога и да дознаеме за ново бебе значи. За малото кога дознавме имавме сообраќајка среќа се помина добро. Овој пат неможеме да седнеме на раат да се израдуваме. Маж ми овојпат го фати веројатно дискусхернија, цел е фатен во кичмата, не смее да го крене мали, а и неможе ни да го причува, неможе да се наведне или да трча по него. И дома од вчера хаос. И сега се погоди и дома да седи малово, да не иде во градинка. И мм се нервира и плаче зашто не можел да ми помогне, а јас турбо. Дури на моменти заборавам дека дознав дека сум трудна, и паничам само да не се случи најлошото. Ама нема одмор со тодлерче дома. На тема маж, тој секогаш кажува дека детето има двајца родители. Од прв ден и пелени менува, и го бања, и се тоа што се смета "чудно" да го прави еден маж. Дури и кога ми требаат 5мин да здивнам го зема и го занимава. Моментално малото гледа сказните на Биби и Боби, морам малце да паузирам, после секое јадење буквално треба да го бањам бидејќи нели, сам сакал и може да јаде, па низ дома по него трчам и средувам како ураган прави и така. Еве додека пишувам му здодади и ме бара нешто. Инаку што им се случува на маливе окулу 19 месеци? Нејќе од мене една секунда да се одвои, вришти кога ќе идам во тоалет, нема шанси никој друг да го крене па дури и со татко му нејќе да седи. Секој ден се чудам од каде оваа сила и трпение на мене.
Аа, не си ме читала. Добив Ама сега сфативме дека сме пукнати за второ Ветив дека за скоро се враќам во труднички па што сака нека биде
Д утро мајки. Мајкава шо ке биде кума ке иде да си бара фустан. Виш ми лак. И ке барам купачи за на одмор. Туку се мислам можда ке треба бунда наместо купачи да купам Вие како?
Кад је бал нек је маскенбал сестре Шала на страна, Бубиш, Никк и другите мами ме утешија дека ќе преживеам со торнадово дома и со уште некое Кажав јас понаназад, они ќе ме натерат да се оплодам пак, не мм
@Speechless Со лесно до крај Тука некаде беше и син ми кога забременив со второто, си го носев во раце до последен ден. Многу е напорна таа возраст за втора бременост, мене претешко ми беше, плус и цело лето го фатив тек октомври се породив. Сега пред некој месец прекина да бара да го земам, само што наполни 3 години @LiquidLuna Тоа е тоа, као не не, нема шанси второ и на првиот негативен тест се разочаруваш. Така и јас се излажав Си ги сакам децата ама искрено ќе си кажам, можевме да почекаме уште пола година, мислам малку полесно ќе беше. Втората бременост ми помина многу лесно освен повраќањето ама малиот душата ми ја извади. Кога ќе ми текне дека цело лето трчав по него, стомакот лево десно, може затоа бебево е толку мирно му се врти уште Туку дајте идеја за ручек? Мм ќе си праел летна манџа, јас тоа не можам да го поднесам, морам да си готвам посебно
Таман, ако е инат за праење како првото - додека се напраи може и девојчево по дома ќе се подсмири малку. Да се насмееме слатко додека Марфи трие рачиња од страна на моите планови ајде Врапови душо, кај нас тоа е на мени
Тука сум во мојот град кај моите. Иначе Скопје има ГТЦ горе по тоа дуќаните. Ама јас неќам долг и ептен свечен . Сакам шик ,модерен ,младалачки.
Убави модерни фустани имате во Ризрвд, не мора да е краток, кој вика дека мора. Лани сестра ми каков убав си купи за 2000ки, краток, шљокичаст ама со усул, шик ептен, го утепа после во диско.
@Speechless честиткии! Лесна и школска бременост! @marchi-cool нека поминува полесно. Се ошурив од пари давање по приватниве од што ни цвета здравствово. Да бидеме добри сите А за мажот ми, не му е од дома научено, ама стварно се труди домашните обврски да ни се споделени, и не му е "испод част" како на некои мажи. Ама по нарав е само за вака https://www.instagram.com/reel/CtPJpF4ol_x/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==
Боже што сум пишала... на долг мислев, не мора да е долг. На сестра беше краток со шљокици ама умерен многу, многу фраерски. Золва ми имаше земено од Бела еден многу убав до средина на лист отприлика, сив со магента боја машна, боже каков беше, бомбона, е малце поскап ама класика фустан и за на забавно и за на орце.
Добар ден мајки Сонце ставив за да ве поздравам, а кај мене сонце ни на видику. Завчера го доживеав најстресниот ден од кога е родено бебе. Нина стана лута оти мора да оди во градинка, а јас лута оти сум спремила бебе во количка заспано за да ја носиме ние. Она така пиштеше шо го доживеав првото помрачување тој ден. Ок попуштив реков нема одење, веќе касниме. Со кој памет бе пуштив дете во градинка месец дена пред да се породам? Таман се навикна супер, сега нешо забушава, ма хаооос. Ама па и немав избор.. И цел ден беше плачки, те едната плачеше, те другата, на крај се скршив јас, не издржав, лиев солзи до степен што ме здоболе оково и упте ме боли, па ме фати страв дека ме има шлог мавнато. Па не спијам луѓе.. не знам до кога ќе издржам вака со по еден и пол саат сврзување, ми иде да спаковам куферот и да ги остааам на 2-3дена. Вчера беа и двете на контрола, големава примаше две вакцини, арно мајка ми беше со нас, па тоа беше пискотници. А беба ми качила за месец дена 1.300кг јухууу На крај титпката ( мама) требеше да не однесе до дома и да продолжи за на работа, ни се придружи и татко ми, па промена на план да сме оделе да и купиме сладолед и така утепавме саат и пол, мајка ми си отиде на работа и ти Бубе оди сама дома, кога писна малава сред метро за цице, кога реков полудувам. 3 пати излегував од станица на станица за да ја доам, големава изгуби нерви, јас уште повеќе, која попрво да смирувам, 50 минути одевме 5 станици. Секако мама си го јаде по капата оти не си отидовме одма дома туку на сладолед И така вечерта Клара стандардно си заспа мирно, Нина почна нешто ми студи ајде викам знае она и да глуми често, покрај будењето за бебе, секако Нина ме разбуди да легнам до неа, па чекав да заспие за да се префрлам кај бебе, па стана К, ајде уште саат време да презаспие и така до 3 саат бев спиена вкупно само 2 саати, маж ме разбуди и ми вика Нина гори аууу она па инает неќе да мере температура, а тоа што е безконтактен замислете ни го украдоа и се праат начукнати. Па убедување следеше за сируп, па раменцата две ја болат пд вакцините и така се расона она до 6 будна седев со неа игравме магнети, таман заспавме бебе стана и луѓе јас еве нозе ми се тресат, ми се магли пред очи. Колку сакам сама да можам се ама мислам дека уморот мене ќе ме совлада, се е на мене, се сама, секаде скоро сама. Туку, мајки на тодлери и бебиња, дали успевате да завршите обврските секој ден околу деца и дома? Овие неколку дена кај нас не се знае ништо, цела дневна ми е играчки, таман раскрени ете ги пак на земја распослани, машини за перење куп, за пеглање не спомвам, ручек денес направив после неколку дена. Дали некогаш ќе ми е спастрено и ќе уживам во чиста дневна? Како се организирате? Велев марама ќе користам само за надвор, за да не ми се научи да спие само така за мене залепено како Н. ама денес попуштив оти нит пиена, нит јадена, нит спиена,нит исчешлама бев поши и бебето денес се повампиро нешто и стануваше на секој 20мин. Бебе си ја засака марамата и заспа за секунд во неа, ручекот се направи на време, кафе се испи и живнав малу ама не е работа такааа... сакам стриктно со ова бебе во креветче и преку ден. постов се пишува едно 5 саати, затоа стои горе добар ден А сега добра ви ноќ