Во последно време се почесто слушам..сите што не ги пуштаа децата во градинка, ги задеси во школо. Изгледа дека нема бегање од вируси и бактерии, само што порано тоа подобро.Сега одсуствуваат од школо...
Сосема се слагам. Дури и реков еднаш. Јас да имам шанса да си ја чувам не би ја пуштила во градинка .
Искрено за бременост знам дека се безбедни за доење незнам, можеш да прашаш во аптека. Или уште посигурно мелатонин 1мг можеш да земеш навечер.
Не е исто на три години и на девет месеци да се поминува нештото. Има деца што со години одат во градинка и пак се све болни. Еве и тука на форумов, примери колку сакаш.
Taka e, bas citav hrvatski pedijatar koj istoto go kaza, gradinka posle 3, sekako ako se ima moznost za toa.
Значи денес бебо 3 паѕи чукна глава. Еднаш кога се разбуди од прва дремка, се вртеше на спална и оп со чело во моја брада. Мене баш ме заболе, него не знам зашто не плачеше. После ај на подлога се играше и подигнат на нозе и раце и што му стана ги рашири рацете и со брада на подлога. Е третиот пат си заплака, се чукна во нога на асталот на раб... Плаче тој, плачам јас. Се надевам не е ништо озбилно, ама цело време го анализирам.
Имам примери што во градинка последната година не се разболувале, а во прво одделение глава не можат да кренат од болести. Еве и на форумов тоа го читам.
На форумов исто имаш пример и за деца кои не се мрднати од дома, па пак се постојано болни. Изолација не е од никаква корист. Видовме и со короната Инаку, кај ќерка ми во одделение има девојче кое не е одено во градинка, од како се тргнати на училиште (ќерка ми е 3) повеќе е болна, отколку во школо. Сите сакаме да ги заштитиме децата, ама одење бо крајност и изолирање, не е решение.
Не е изолирање ако се шета сегде детето и се дружи со деца. Плус, реков до три години. И јас имам пример, дете воопшто што немаше одено во градинка, па прво со неколку настинки го помина, ко сите други. Ама, до три години ако може да си биде со родителите тоа ми е мене идеална опција.
Воопшто не се согласувам со тезата дека ако детето одело во градинка, вп школо ќе има недопирлив имунитет и обратно. Значи, заедно се во ист простор половина ден, потоа секој се дружи со различен круг на луѓе и нема шанси вирус да ги одмине. Е сега, некој полесно некој потешко поминува и тука е целата работа. А дека нема ништо да ги фати, тоа се само заблуди.
Јас не сум одела во градинка па сум се разболувала. А од друга страна Вируси се прифаќаат и од комшии ,од родители и итн. Како и да е не можеш да спречиш да не го фати никаков вирус Деца се,така сме растеле така ке растат.
Тоа што оделе неколку години во градинка, не значи дека помалку ќе се разболуваат..Патот е тој, порано или покасно..А дали е исто на три години или не полна година зависи и од детето. Нема правило. Се слагам, некои работи се неизбежни. Има секакви примери сигурно и секој родител треба да си одлучи како тој мисли дека е најдобро за детето.
Spasot e samo gradinka za pogolemoto. Jas inam pogolemo dete 2 godini i 3 meseci i 4 meseci bebe. Prvite dva meseci ne odese vo gradinka, sega vekje odi i se prerodiv iskreno. A do togas imav obavezno pomos sekoj den. Prakjaj gradinka ,jas da znaev ke go pratev uste pred da se porodam ama ajde bolesti cuda vikam da ne mi nosi i ostaviv za pokasno.
Ти си трета веќе вака што ми вели отворено да си го чувам дома до 3 год. И јас некако сум на испитот став , имам "можност " да си седи дома и до 5год . Ама еве маж ми запнал , сите комшиски деца оделе , и сите негова генерација појќе збореле од него , бар од тоа што гледал на работа кај него . Јасно ни е дека секое дете е различно, уште појасно ни е дека сосема е ок што на година ипол не праве маабет со нас ...ама маж ми е запнат дека у градинка побрзо ќе поченл да збори А што зорт му викам побрзо ако почне да зборе Така и за проодувањето беше Кога та кога ќе прооди Прооди два дена пред прв роденден ,после си велевме што не си лазеше бар уште некој месец Ама ќе пробаме од септември Во едно сум сигурна . Прво течење на носот ,татко му ќе рече СТОП . Нема градинка веќе , викај жена ако ти е тешко сама Он како што е паничар , и како што пупу машала ни нема настинато сеуште мали , ако виде такво нешто и на школо нема да го праќа 19:33 е часот А бебево ми заспа Одам кај маж Пред две недели ми вети дека баш оваа ноќ ќе била нешто посебно за нас Баш да видам што има на ум
Добра вечер Толку сум уморна…толку многу ми треба одмор за полнење на батерии. А нема. Било каде ако мрднеме ќе ми биде дупло поголем стрес и умор одколку дома. Сами не иде во комбинација, и две баби малку би биле за со четири деца да се справат. И така. Ќе си покукам, че легнам да спијам, од утре на ново. Градењето на куќата, бременост, преселбата, бебе, тон обврски со четири деца. Сите резерви од енергија мислам се потрошија. А надвор, дворот, не сме готови целосно, следува летен распуст каде сите се дома 1.5 месец… Туka од септември само примаат во градинка. Помеѓу опцијата 1г 9м и 2г 9м ја бирам првата. Само уште да го примат.
кратиш прва дремка го оставаш на таа предпладне. Гевгелија градинка се спие накај 11 и 30 ( според мене прерано амс тоа е )
девојчето цуцла не фати а супер беше при шетање во количка сега цуцла давам и форсирам пошто видов дека полесно заспиваат сами тие што цицаат цуцла ама верувам дека околу година ако уште ја користи ке се форсирам да му ја тргнам нашето спиење деновиве е кратка хорор приказна
секако дека да ама да можам јас да си ја чувам а еве кај мене може бабаи да јс чува а јас сум сепак за градинка прво социјализација друго имунитет трето за мене бабите се за 1 2 саати во денот пошто разгалуваат и разнишуваат авторитет на родителите ....сем ако не е некока мн јака и свесна баба ( не сум сретнала) па да почитува се што ке кажеш од што треба да јаде како да се зготви до време кога треба да спие и кога смее или не да гледа тв нашата баба си тера се по свое и мене тоа ужасно ме нервира
пред тебе никој не смее да се пожали 4 да се здрави и живи можам да замислам колку ти е душа полна мераци ама и тешко сигурно претешко кога ние со 2 се жалиме што остана за тебе
Додека сисавац ми дреме во раце оти не дрма скок број 5 во комбинација со вадење заби, комбинација страва, пијам јако турско, јако да те растресе ама добро, и решив место да читам да си пишам овде. Бебо си ручка, има ентузијазам за јадење, не сака баш баш слатки вкусови ама балансираме. Табиет лимон има, ако не ќенка не не бива, квирули квирула, ама па кога ќе се насмее... а се смее машала често. Сеуште главен проблем му е ако го облечеш, не сака дете да се облака и крај, си сака да си седи гол, е и јас сакам ама пусто времево си умислило дека е крај на октомври а не почеток на лето и тоа е тоа. Само ловиме да не врне па да излеземе надвор на воздух, ако не не се трпи по дома. Какви убави летни работи има, греота да не ги износи. Бате е подобар, само многу жеден, не може да се изнапие вода. Жеден и уморен често, па залегнува. Втор ден од распуст а тој не знае кај да се вдене. Досадно му е. Направивме листа на работи кои треба да ги направи додека е на распуст, денес ќе ја финализираме, а ќе направиме и листа со задолженија, награди и ќе добива џепарац согласно тоа што го сработил. Пример утрово ја исчисти масата и му дадов 10ден за тоа, ќе му купам новчаник да си ги чува парите таму и да со го троши како сака, да види како изгледа да се трошат негови пари кои ги заработил. Не е дека треба да му плаќам за да избрише маса, ама ако, да се научи дека мора да помага дома а за тоа ќе добие награда. Некогаш место пари ќе добие сладолед, некогаш шетање на адреналинскиот парк, некогаш игрица на лап топ или да спие кај баба му... и ќе го запишам деновиве во библиотека да чита, на негова возраст јас веќе увелико бев зачитана. Не е дека дома нема книги, ама да има разноликост де. Не знам дали има за тоа тема, ако нема пишете овде, знаете ли кои се лекторите за второ? Моево запамтило само за Зоки Поки и Касни Порасни, тие прочитани му се од лани. Се зборело за умор, нееее, не сум уморна, капната сум. Погнасно дома не ми било, имам една соба која е право буниште, нема што нема, кога ќе влезам таму не знам. А планот беше да се префрли таму бате со спиење и играње. Алиштата остануваат некогаш надвор и по 2-3 дена, за пеглање да не зборам, по 1 недела чекаат. Извадив теписи за да личи малку бар почисто, ќе проаѓам со малото правосмукалче од Топ Шоп, веритикалното, полесно ќе биде за проаѓање си мислев. И полесно е, за воља на вистината. Бебо е на под со играчките, деновиве ќе одам да купам и онакви подлоги, на јорганче тешко му е да лази, а таман совлада тоа престана оти се удира лошо, и шарено е не му се гледаат играчките. Ќе појдам може уште денес ќе земам и блендер, останавме без блендер пошто чекавме да ни купат другари демек за повојница, шипки варени. Некои работи не се пасираат лесно со вилушка, пример тиквици млади, а многу ги сака. Планот беше уште да пишувам ама немам дозвола од шефот, вика соблакај смрди корне бананава у пелена. Убав ден мамстерс.