Се поголема е веројатноста дека од 9 месеци или максимум година ќе мора во градинка. Не можеме да си дозволиме еден од нас да остане без плата. Меѓу седење со баба и дедо на кои главна преокупација им е шетање по соседи и роднини и кафиња, плус скоро 70 годишни и одење од мала возраст во градинка, ја бирам градинката. Другите баба и дедо сеуште се на работа. Можат да се најдат краткотрајно, но не постојано. За храна одиме полека и сигурно. Од педијатар имаме дозвола веќе веднаш да се замени едно млеко со оброк ама некако ми е рано така да бар уште 2-3 недели да поминат. Се спремаме за одење со подарок кај едно бебенце, уште за поголемото дете да купам нешто. Некако не ми е убаво да одам само со подарок за бебето, а големото да гледа, без ништо. Од чекање на подароци демек, ако не отидев да си купам ќе шетав дете уште во дебели зимски алишта така да завршивме со чекањето. И нека се дуплираат работа ама не можам ни да чекам, ни да молам некој да дојде. Веќе сме во втора половина од породилното така да уште од сега се спремам психички за оставање на бебе, било во градинка, било со баби, дедовци.
Читам само блиц и никако да седнам да пишам, времето ми лета, малата порасна, следен месец 2 години, летнаа за час. Има од старт некоја навика откако прооде, ако сум јас во видик, јас да ја носам во раце и да ја шетам. Татко и ја зема од градинка и дава ручек дома, јас кога се враќам она е или веќе завршена, или ако е сеуште во столче тогаш не е битен ручекот, се тегне да ја земам. Сум пробала и да игнорирам и да објснам дека треба се да дојдаде, јас да се преоблечам, ама џабе, вришти, се корне од плачење. Денес не спиела во градинка, повеќето денови не спие де и дома забава до бесвест , се смее, па почнува да вришти, да се треска на земја, се влече. Вака беше цело попладне. За момент ќе и скренам внимание и пак од почеток. Многу е темпераментна, ама па луѓе бе ништо не слуша, ни со арно ни со лошо не се разбира. Мора да ја фатам на финта да ја пресоблечам и ред други работи. Сум повишила и тон ама џабе, не слуша и крај. Понекогаш знае татко и да го послуша кога ќе го извади од такт,ама тоа понекогаш само. Еве заспа пред пола саат, башка има денови еве и денес ја земам од градинка Само на едното око, капакот и под очите е црвено, па со тек на време во денот ќе се намали. Можно е да е некој конјуктивит оти има и како жолт сектет само наутро?! Кс и е добра а црп 16.
Непланирано испадна да направиме со пријателка попладне за дружба, меѓу другото и фризер, депилација и масажа. Како нова се чувствувам. Од една страна малку виновно што оставив бебе за прв пат на 5-6 часа. А од друга толку одморено и опуштено, без да гледам на час дали е време за дремка, млеко, памперс итн. Ок, сеуште го гледав часовникот на секое и се мислев што прави бебе и како се снајдуваат без мене. Ама си викам кога никој не ме бара, не барам и јас и не прашувам. Реално ова чувство на одмореност ќе ми помине за максимум два дена ама сепак ми фалеше малку промена на секојдневието од последниве неколку месеци.
Понекогаш си мислам само ради ова им завидувам на тие што не дојат, ова лепенка врзана за мене. Последно за на свадба го оставивме во 6ипол, он во 8 тогаш заспиваше, саатипол правел драми, заспал и дрхтел до 11. Како ќе се двојам јас од ова дете за 3м не знам. Од друга страна сакам да почнам со работа што поскоро.
Вечер мајки Денеска и јас да се пожалам . Одвај го заспав ,одвај. Дури во 9 ипол ми заспа. Дури се загриживме со маж,да не го боли нешто. А он весел весел Дали дека денес скоро цел ден бевме во комшии , на бабицата комшивка и се дојдени синот и внуците од Австралија па таму си седевме ,да се видиме а и синко многу им го сака кучето па живо радости беше . На еден чекор ни се , оврт заврт све таму сме. Дома има направено нели нешто налик паркче или мити игротекичка ,ама не бре Само на ваа масичката може да се заигра 10тина мин и тоа ако е полна со вода . А ладно е сеуште за да се шлака со вода . Друго не го занима А се потрудив ,не оти не се потрудив да му направам прикладно "паркче"да си игра ,ама јок Он сака да ми ги корне цвеќињата , а јас па умрена сум за цвеќе у двор Ми се иде и играчки и све да фрлам Трамболината ја ставив највеќе за внук ми и за едни комшиски дечиња коа идат да рипкаат , моево е мало за неа , ама знае да влезе да земе некое топче и одма плаче да го извадам. Нека се стопли веќе асолно да му наполнам едно базенче , за тоа сум сигурна дека нема да излезе од него. Годинава нема ставање на голем базен , кој ќе се расправа цело лето Он ќе сака нон стоп да се шлапа . Ќе ставам некое мало за да коа ќе се избања право да го празнам и да го кревам Изгледа одлучивМЕ дека градинката ќе почека до следна година. Маж се бунеше ,ама кој го врти. И така и така.јас си го чувам Ама деновие имало бааѓи дечиња со вируси и варичела мислам ( не сум сигурна дали добро разбрав ) и некако и тој се замисли . Плус и сестрите од детско му рекле дека ако имаме можности да си го чуваме дома до 3 год , па го осеќам дека и он ќе даде амин за да си седиме дома уште една година. Многу ми е чуден со изреката : абе да почне да збори ич не го носи во градинка ако сакаш Човекот е опседнат оти не можел да си прави муабет со дете од година ипол А не дека ништо не збори Славен Си дрнда он на кинески по нешто Ама татко му сака да му кажел : тато дај вода И да кажувал дека му се кака,а Не да се крие под маса коа кења Па уште и се чуди што син му уште носи пелени Коа му кажав дека сигирно до 3 год ќе сме на памперс му идеше да заплаче Чуден човек Конечно можам да кажам дека ми е тип топ дома Коа немам садови и алишта за пеглање тоа за мене е тип топ Минатата недела варосувавме , деновие исправ завесите и теписите , денес ја светнаа кујната , маж обеќа дека утре ќе го среди купатилото ( само тоа му е и обврска од цела куќа.) и толку од работа за летово. Следна недела идеме на море , здравје крај на јули мош до Велинград ако е мн жешко овде , август е резервиран исто за на море една недела И крај на септември ми е најубавиот одмор испланиран - пролом бања у Србија Опасно се навлековме на бањски туризам у Србија Мене лично и од море ми е поубаво таму 11 часот дошло а мене сеуште сон не ми иде Чекам една перална да заврши , да ја бутнам у сушарата и да вклучам нова И викендов ќе сум слободна ,.т.е нема да перам / сушам. Мош ќе тркнеме на по едно крапче во Дојран Лека ноќ мајкички Се слушаме
Добро утро мајки, врнежливо и денес дури и ладно... Мајка пие кафе, син дреме на нокшир после пола час убедување да седне со рикање и викање, сакам да го одвикнувам од пелени време е, но тој абер нема бре... Во градинка седе на нокшир дома нејке да слушне ете сега од кога заврши работа во пелена дреме на него така и зјапа во тв.. А ни иде бебе за кратко мислам ако сега не го одвикнам после пак нема воопшто и така мајки, убав ден врнежлив , ќе си поседеме дома и денес затворени,да се надеваме на подобро време од Понеделник..
Некој да му каже на Јуни дека не е Ноември, на "старо купујем" дека е сабота, и на ќерка ми дека денес не е во градинка за да станува со петлите сабајле. Толку е постот. Ај на кафе
Утро мајки, турско кафе не пијам, благо не јадам нели на диетос сум Ќе праам едно нес кој е за бујрумТе Само понесете зимска јакна го пијам на терасата и смрзнаФ (секако тој што не тегне ќе пие внатре кафе) Како можеше баш кога бев трудна да биде летото почнато од Мај и да ја кркам најголемата жештина, а сега со бебе наместо да шетам јас изигравам полицаец дома. Не тука не таму веќе и он и јас не знаеме каде смее освен во игралната. На бебе му годи вакво време и два дена спие до 8:15ч Секако мене и тоа ми е рано, среќа што врни па до 9 го оставам со тато бидеќи не може да работи асолно човекот па ќе чува бебе да спијам јас Вчера мали падна на масата додека се исправаше и јави рог на глава, ама мајка умна стави кристал маргарин и денес е ко нов. Прв пат се исплашив кога видов бебе модро А “игром случаја” баба, дедо и тато беа со него и ако ми ја видеа фацата ќе речеа нешто намерно правам бидеќи нели секако и на мене ми има паднато и тогаш велам “е ако така растат децата” А не било намерно верувам, мислам логично кој сака дете да падне со глава во маса сета среќа не било во ќош. Што да ви кажам од дома-седење друго не знам. Идам да го заспијам сега да не се бесе по игрална додека стојам пред него “нема” и ви пишувам вам
Да се живи и здрави игротека Плеј и да си траат уште многу години. Да не беа не знам кај ќе се пиеше кафе на раат на вакви ружни денови. Среќа форумов постои да се тешам дека не е само моево дете инат и дека ништо не слуша. Збеснато ми е детето од неидење во градинка, кај збеснато, уште размазено. Нова фаза има ќерче,фаза пребирам за јадење. Каков лапач беше не верував дека ќе го доживеам ова. Од понеделник пак ја враќам во градинка, ваљда повеќе од 6 дена овој пат. И се ближи втор роденден, сакавме дома да правиме, зашто на одмор идеме 5 дена после тоа ама кога почнавме да броиме и кога искочи дека 3 дена ќе треба да славиме изгледа пак во ресторан ќе завршиме. Како реагирате кога поголемо дете намерно ви го напаѓа вашето, а мајка му седи и ко теле блее не, не, не.... Јас се испокарав со мајката, си собра детето си отиде. Малиот 5 6 години, збеснува на игралиште сите деца ги закача, она стои на 5 метра и само не му вика. Овој тероризира деца, не и текнува да го прибере. Ќерка ми се качува за да се лизга на тобоган он намерно со патика и го гази рачето. Лом се напраив со мајката. Не можам да сфатам, најискрено. Ќерка ми нема 2 години, па кога ќе бутне несакајќи дете друго ја терам да оди да се извини,а не да ја оставам да малтретира други деца.
Мајки Hello Може малку сум досадна со пишување на темава, ама добро ми доаѓа - како терапија ми е Ќе ме потрпите уште некое време, па после кај ќе ми е крајот од обврски - работа, ученик кој се понаша како во пубертет, тодлерче... Ух уште од сега паника ме фаќа, ама има време - да го истераме летово кое не личи на лето па ќе му ја мислиме. Денес нема да пишувам за дечките, туку сакав да прашам дали има некој скок после 1 година - чисто да знам и психички да се припремам. Од понеделник стартувам на обуки - менувам кариера. Ќе видиме како ќе се снајдам, иако не ми е тоа крајна цел - си имам јас нешто друго зацртано во глава, ама не можам сега да го почнам. Не додека малово не достигне одредена возраст. Како ќе се чуваат со тато не знам, некако паника го фаќа - иако со поголемиот се чуваа без проблем. Потресени сме со малово, знам дека е премногу, ама нели се во животот си носи свои последици. @AngelOfArh за лектирите - тие се, само уште Грдото пајче ќе ви треба. @Tea SK и кај нас во маало има едно такво. Додека беше помало, мајка му не реагираше - сега никој не го дружи. И оди ги моли децава да играат со него. Карма Убав ден имајте мајки. Од понеделник сонце, издржете
Истово ни се случи во Дион во игротеката. Јас бев запрепастена колку некој може да биде без осет, најискрено. Детево некои 4-5 години, мава, демолира, скока, напаѓа други деца а мајкава мува не ја лази, додуша кога едно поголемо дете од него го нокаутираше зошто преку глава му дојде тогаш видовме која му е уствари мајка. Однесување за посматрање и не го окривувам детево тие учат од примери ама јас и сите мајки таму останавме запрепастени… После се преиспитував дома како у иднина ќе реагирам и дали ќе можам да преќутам, најискрено.
Ауу колку ме фаќа нервоза од ова со градинките.. а тек ми следува ....цело време си викам ке ја учам да е мирна ама ако ја тепаат и закачаат да враќа и она да знае да врати и да мавне ако треба.Незнам дали е правилно еве кажете ама ако не ја учам така ,ке ја газат со нозе како дошол светов
Леле маж ми така, оваа нашава збеснува сега за сега дома и со домашниве, нив ги мава ама на деца не, и секогаш и вечи прва не почнувај, ако те турне туркај, ја се нервирам хах а леле он колку се нервира ако некој ја турне или се деси еднаш да ја касне, момичето воздух немаше од липање, среќа дукс имаше на неа иначе месо ќе и се одкинеше, преку дукс имаше хематомче. Во една игротека повеќе пати го имаме видено детето накај 6-7 години е, зборува македонски, а со децава англиски и им досаѓа, агресивен е, нашава ја влечеше из чиста мира за рака, ни идаше на маса и велеше како сака ние да му сме родители, чоек дете беше за под надзор, јас не викам дека не треба да користи игротека ама мајка татко ало бидете тука, посматрај те, реагирајте, остај тоа кафето. Песок врз деца фрлаше другиот пат, маа никаква реакција.
Добар ден, убав ден е за сега, облачно и не толку топло, па прошетавме со мали до парк, он си спиеше во кенгур, мама си црташе на таблет, 3 саати дремка Си спремам дела полека за онлајн продавница, идејава ја имам неколку години и никако да ја реализирам, секогаш си наоѓам изговори, ми требаат уште неколку слики и направив план што треба се да направам пред да ја отворам. Реално скоро сите оригинали ми се продадени, ама среќа имам слики од нив па можам да ги спремам за принтови, а и ги сликам во дигитална верзија оние кои ми се драги на срце, за да имаат подобар квалитет за принт. Не очекувам дека ќе правам кој знае каков профит од тоа ама и не ми е за профит туку чисто од љубов сакам да стои. Синко излезе од скок, ама и рака на срце освен деновите околу громчето, па и не беше толку страшно. Секое сабајле се буди во 6 и тотално е расположен за разговор, писка, гуга, се смее на лустерот Мм ми вика сигурна си дека детево е мое?! Оти он насабајле е толку тресене, ич не е утрински тип, ама мама е. Многу е сладок сега кога се смее, се осеќаме како да имаме бебе дома, предходните месеци беше само механичка рутина, плаче и дава знаци на живот само ако му е нешто неудобно, сега веќе има комуникација и многу е интересно. Мирно ни се погоди детево пу пу, му купив висулки за на количка, шарени и што тропаат, се занимава со нив па може и по саат време, ги бутка со рацете, проба да ги фати, па кога ми успева се возбудува целиот и прета на сите страни Јас успеавам и да зачистам и да јадам, се надевам вака мирен ќе си остане. Ми текнува на времето кога бев активна во темата младинско ќоше, оти онаа над 40 ми беше за големи, ама од 2010 сум на форумов, тогаш одвај 18 имав. Сега во мајчински со 31, како летна времето, додека трепнам и во таа над 40 ќе бидам. И така. Убав викенд жени.
Бебе заспано, татко и бато ги избркав, направив нес со мраз и малку млеко и грабнал телефонот. Не можам повеќе, ќе полудам. Денес е невозможен откако си дојдовме од надвор, душа вади. Му купивме подлоги за лазење на земја, најдовме поефтину варијанти, наместивме се, џемперот го убацив иако нема 6, уште 10 дена има до тогаш, ама не можам веќе. Божем почнавме кашички да олабави малку на цице, демек само, брадавиците ми се крв да капне. Маме му тиииит на скоков. Нормално дека стана за 15мин, што се замишљав јас... Куцам сега со една рака и пијам кафе, не попуштам да дадам цице да презаспие, не можам веќе. Туку земав чај за добра ноќ, ќе го давам преку ден, белки малку ќе го смири. Уствари со спиење навечер јас мака немам, среќа у несреќа, од 9 до 5 спие со 1 будење, од 5 до 7 или 8 и толку. Ама од 8 до вечер спиењето му 3 по 15мин пола саат макс и викање урлање. Се мислам гладен да не е, да не немам млеко веќе, ама така ни навечер немаше да спие. Башка го слушам голта, напредува убаво, стискам млеко има... не сум паметна. И вода колку сака мајки, вода, голта, пие, да му дадам 200мл денес ќе ги испие. Му ставам во шишенцето по 90мл, поише не, и давам после јадење и повремено му нудам, се тресе за вода. Еве сеа испи 20мл наеднаш и се смири, може па и жеден е, од кај да знам. Едвај чекам мерење овој пат, минатиот имаше качено пола кило, според докторката како по книга, и вака супер си е. Еве го презаспа еј, овој стварно бил жеден... ќе си пукнам... ај да видиме до кога. Да ви пратам слика да го видите како е заспан, на криво, ама раката за маица закачена, да не избегам случајно... И сите бебиња си имаат ќебенце, играчиња, ова моево заљубен во навлака за јорганче, најобично во риги ко чаршафче, тенко, убаво, го лади изгледа, стави го на него и раат, ама па тоа чаршафче треба некогаш и да се испере. И ко што Марфи ми го мати есапот баш кога е вакво лигаво и не се суши е за перење, нормално. И така, заспа бебо а јас не можам да мрднам јер ако мрднам ќе треба пак да слушам плачки. Жити карактерот што го има на татко му значи, терсене па на ќоше. Ама поарно, она памукон голем па, сите го гмечат и он само си плаче од што го гмечат и не враќа. Е коа сме кај бате, имаме нов режим. Му плаќам по 10ден или поише зависи, за секоја завршена работа. За денес имаме во каса 70ден веќе. Ситни задачи, дај пелена, однеси пелена, оптегни кревет, крени маса, собери играчки, за неприметно да престана да му плаќам за некои работи за да може да му станат рутина де. Како собери играчки. Дур не порасне ова очакленово од раѓање па да му каже Бато шо те гњави старава секако пари ќе ти даде, не се замарај! Озбилни очекувам и тоа од малово. Ама па убав е колку што е терсене, мора да балансираме. Дури спие да отворам ми пратија 2 пдф книги што ги барам одамна па да читнам малку. Убав остаток од викендот!
Сите мажи се исти а? Нема проблем, со мало бебе ,одам на свадба ,утредента на одмор ,битно ние дома гости ке имаме и ќе си ги каниме со се цела фамилија со се куче и маче ако може. Битно ке има да се јаде и да се напиеме ,за на одмор комшијава ако може да не заспрема. Ко автобуска станица ми е куќава ,е. Лелеееее држ'те ме да не убијам некој
А ваков асоцијалец ко мојот нејќеш. Му идат гости од Србија на работа, му викам дај ќе напраиме мезе, ќе купиме вино, викни ги, Како да не, нема шанси Сестра му редовно не викаат на ручек, де бре викам да ги викнеме и ние еднаш, Шо мора! За на гости прв е, да ни дојдат не мора. А ако веќе доаѓаат некако ете, од пиле млеко ќе купи у продавница.
Ја ич нејкам да одам на гости, а сакам да ми доаѓаат и да спремам за нив. Маж ми ни сака да оди ни да му доаѓаат Секое одење некаде е кавги и тегнење, а па кога отидеме е тегнење за дома. Ова бебе уште никој не дошол да го види освен една другарка колешка, сега дома кога ќе види еден куп народ кој ќе се тепа кој попрво да го земе, нема да знае кај е, ќе си вика што е ова.
Јас сакам и да одам и да ми идат ама не вака кога минутата ми е испланирана. А искрено и домашар сум. Повеќе сум за ТВ и кафе дома под кебе ,а ММ ако може за в кревет само ке си иде дома. Може цел ден да оди и да му доаѓаат. Али па не се жалам,околу бебево се ми помага. А и готви. Шта јест јест.