Вчера така некако ми стужна моментот на реализација дека имам дете и дека сум мајка... Го шетав низ маало за да се истушам малце, цел ден беше кенкав, ме помоча/покака/поврати може 10 пати во текот на денот. Тука плус е многу топло, на север сме ама температурите се по 30 степени, скроз спротивно на тоа што се дешава на југот кај вас. Излегов сама со него околу 10 часот, тогаш ми е најубаво, сонцето уште не е зајдено, ама веќе се осеќа посвежо во воздухот, плус се е расцветано, летно, се осеќа некој убав летен мирис, милина... Маж ми беше на некоја прослава од работа, по инстаграм гледам сите излезени по некој журки, одмори, свадби, собиранки, децата завршени се со школо, па ептен се рашетани низ маалово, се слуша галама од летни собиранки по дворовите, не знам, едноставно со летото доаѓа некое чувство на слобода. Толку ми падна тешко, некако се осетив заробена, си викам никогаш веќе нема да сум тоа што бев. Пред мене шетаа друштво тинејџери, и се осеќав поблиска до нив и нивното дружење, отколку кон нивните родители кои беа испоседнати на терасите со чаши вино. Си викам, каква мајка сум што им завидувам на деца помали 15 години од мене што ќе излезат вечерва и ќе се пијанат по некои шуми, а истовремено се сожалувам самата себе за рутината што ме чека кога ќе се вратам од прошетка. Маж ми колку и да ми помага, не може да осети што значи да си врзан за детето. Многу му љубоморев што беше излезен со возрасни, и што ја има слободата и луксузот да излезе од дома на 6 часа без никакви спреги. Знам дека и доењето не е вечно, ама ете, така ми падна тешкичко што по цел ден гледам на саат и планирам што можам да направам во кратките моменти измеѓу две доења. Туширање и јадење ми изгледаат како најголемата победа моментално. Знам дека има подобри денови, моментално сум во лошите.
@Lavender13 ги имам и јас тие моменти, признавам ми паѓа тешко што веројатноста е дека во наредните неколку години сама ретко ќе правам нешто, колку и да го причува некој детето најголем дел од неговото секојдневие е споено со твоето, таа е реалноста. И јас знам да тагувам за слободата така повремено и се фаќам дека им завидувам на младите што се шетаат, пијат по забави и уживаат во летото, посебно тука, кога Лондон е преубав во лето и многу жив. Лани на денешен ден го пречекав брат ми и имавме најубави две недели со прошетки, пијанчење, кулирање во дворот со џоинт и музиче на усна хармоника, ми фали тоа, ама од друга страна си велам пак ќе го пречекам некој следен пат и овој пат ќе иаме други исто така преубави спомени. Секоја доба си има своја убавина, децата ќе пораснат додека се свестиме и никогаш повеќе нема да бидат врзани толку за нас како што се сега, а ние ќе ја добиеме слободата назад, може не и безгрижноста оти секако ќе се грижиш за нив додека си жив, ама ќе можеш да излезеш без планирање на денот до детаљ. Потполно те сфаќам како се осеќаш, не си сама, ама ќе помине и тоа и ќе биде подобро.
Добро утро мајки Кој го откажа летото и дали стварно од утре ќе дојде?! Ова време ни се води ни се тера, ќе запече наеднаш 40 степени и пак внатре пола ден ќе го прекапеме. Дете решило да не почасти со неделно спиење. Јас од навика си станав во 7 он уште си спие не мрда. Зашто се толку преслатки кога спијат, ликот им е Затоа после цел ден Вчера бевме на повојница кај блиски. Прво, сум заборавила дека се толку мали бебињата, а нецели две години поминале од моево кога се роди. Второ такво бебе умно, најумно да се клонира треба. Во количка го оставија само си заспа, стана цицаше, погледа лево десно и пак само си заспа. Глас не слушнавме. Да станувам да искористам уште некој момент на тишина сама, ќе стане центрифугата кај и да е. Од мене доручек, кафе ќе стави @LiquidLuna
И со срценце сум ви го ставила дури @Lavender13 @1209 се поминува @Mom's_life што кажуваш, нема влага да фаќаме веќе? На 30ка рипаме одма? Ајмо притисок горе долу денсање Не сум јас за вакво време родена Колегите од такт ме вадат вака викендашки. Си го прчат по Америките, а зависам од нив. Ќе си пукнам колку се лабави, а јас се замарам ко на татко ми да е фирмата Не зборам за детето денес, скарани сме од вчера Мислам, само јас си знам дека сме скарани оти ме шлапна да ме здоболи, она живот живее ама нема врска. Ко ќе порасне ќе и кажам дека сум и била скарана Кој гледа историски документарци нека фрли некој предлог наваму, да се занимава маж
Еве јас ако лажам временска прогноза не лаже (ваљда ) Утре кога ќе станам очекувам сонце на макс да биде пуштено со наочари надвор да шетам, облак да не видам И јас сум летно дете и сакам сонце ова време никакво нц. Да не сум скрос офф, стигнале балоните за роденденот од Али Возбуда моментално ме фати.
Јас сум изгледа едина што не ми фали времето пред дете/бебе, се жалам од нив, тешко ми е, ама не би се вратила никад на старото. Да ми е да се вратам сега назад пример во детство, само едно би направила, би се дружела повеќе и би пазела колку јадам, да немам мака на "старост" со килажата. И после да си се вратам на ова и да си имам се исто. Бебо спие, утринската дремка му е оваа, бато гледа некои видеа за океани, тато се занимава во подрум со хоби а мама си направи кафе и сега ќе ја чита Лусинда Рајли и последната книга за Па Салт. Уствари бебо стана дур пишувам па нема да чита ништо. Одам да го приберам. Убав ден мама!
Не станува збор за враќање на старо, само за тагување по минатиот живот, што е сосема нормално кога се сменило све. И мене ми беше ептен тешко на почетокот ист, кога гледав дека мм нема ограничување на времето, а јас не можам да мрднам. Можно е да се тагува по нешто изгубено, но и да не сакаме да се вратиме назад. Не знам колку логика има, ама верувам се сфаќаме. @Lavender13 прифати си ги чувствата како такви, сосема нормално е ќе си помине со тек на време. Јас ноќе кога доев, а го гледав мм си спие мирно, ми идеше да му ја тупнам една. Ама, се си поминува. Моево додуша лепенка си е уште, спие со нозете врз мене. Не би ги сменила тие моменти за ништо, нема да е долго и знам дека многу ќе ми фалат. Кога ја гледам како си заспива до мене, ноќе знае да ме баци во сон, ме гушка, едноставно полна ми е душата. Имајте убав ден, ние се спремаме за неделна шетња.
Ама не е тоа страшно да ти недостига стариот живот, не мислев тоа. Може па и мојот стар живот бил досаден и сега доби смисла, што знам. Се е нормално кога си мама на породилно, и да ти се иде у кафана на седенка-пијанка, и да ти се спие една ноќ без да те будат, и да те дрма Бејби блус, и да не те дрма, ма баш се!
Со мм гледаме каде ќе одиме на одмор ама годинава баш и не ми се оди. Малиов не застанува ни на секунда, цело време е во покрет и знам дека повеќе ќе се умориме тие денови. Криво ми е што така бегативно гледам на работите ама сега на 2 годинки е хаос.
И јас лани истата мисла ја имав, само што наполни 2 години, јас во трет триместар влегов. Само заради него се нафатив зашто цела година беше болен и тоа ми беше најубавиот одмор досега Поштено одморивме, ич не беше напорен, цел ден во песокот си играше сам, многу апетит имаше и навечер беше кома. Може ќе се изненадиш
И ние сме со две мали деца, 5 и 2 год ама не можам да се пожалам, мирни се навистина. Ние ќе одиме крај на Јуни, намерно биравме хотел со мн активности за деца, плус им земав боици пластелини со нив ептен си играат и мирни се. Често патуваме со нив и некако навикнати се, ептен се радуваат поголемиот посебно едвај чека да иде на море. Сега летен одмор, септември здравје имаме намера да одиме до сестра ми во Германија, да добиеме уште повеќе мотивација за селење.
Маж со растечен нос и нормално крај на светот е. Дали ми фали претходниот живот пред бебе? Веројатно ми фали слободата да можам да правам што сакам и кога сакам. Да не морам претходно да организирам 748292 работи. Да одлучиме дека после работа одиме во соседниот град на ручек и без да се објаснувам да заминам. Или да излеземе на афтерворк по ново и да останеме до доцна во ноќта без да имам мака следниот ден. Дали би сменила многу работи да можам да се вратам, тоа да. Не би го сменила во моментов само детето. Додуша има денови како денес каде што сака 24/7 во раце и би ја сменила . Еве во моментов и во раце т.е легната на мене спие. Можеби е пак нов скок, можеби е стариот. Си имам некој филм дека како што расти ќе е полесно, да можам насекаде со неа да шетам, без да носиме цела торба памперси, екстра алишта и млеко со нас. Ама ќе видиме во следните години.
Ола Дуда моја наполни два месеци иако искрено некогаш ми се чини којзнае колку време поминало откако е родена. Веќе неколку недели има некаква комуникација, ни се смее, гуга, испушта звуци како да се радува. Си ја пика тупаницата во уста и цуца ко да нема видено Дефинитивно ми олеснува секојдневието кога гледам дека и она пополека сфаќа каде е, си наоѓа занимации во просторот и полесно ни поминува денот. Деновиве сум сама, маж ми е на службен пат две недели и те како го осеќам отсуството. Буквално нема кој да ме смени ни минута да здивнам, или да заврши проста активност ко кафе правење, пазарење, подзачистување. Обично сум екстра организирана, ама ова темпо и осмислување на цел ден однапред веќе ми прави терет. Ама ќе се издржи некако. Само времево нека биде во прилог, скапавме дома а не ми се кисне по дождови и ветрови. Ме чека патување од 3 саати со мадам, сама ќе одам со неа во кола и се мислам како ќе биде. Најмногу ме нервираат патиштава наши одвратни и непредвидливи. Те одрон, те застој, да се чудиш што ќе те снајде. Многу се мислев дали да тргам, ама направив некаков план па ќе видиме како ќе излезе.
Кога ве читам како ви фалат журки, дружења и млади години се чувствувам асоцијална (26 години сум) Кога ќе ми рече мм да идеме до кафана толку сум angry што ми иде да го голтнам клучот од влезната да не можеме да излеземе. Сакам кога ќе заспие бебе да седам во тишина и да гледам некој филм. Гледам и на инста и другарките околу мене изгорени се за таков живот. Јас и кога ќе излеземе не пијам веќе 3 години и не ми е интересно. Сакам да шетам на места кај што се оди со бебе заедно и вечерта да одмарам. Додуша пред да забременам бев опкружена со мајки и само јас немав таква обврска кон дете, бев раат кафе пијач без да се замарам. Понекогаш (скоро секогаш) поради тоа што требаше сама да дремам на маса а сите да трчаат по децата ја носев секаде поголемата внука од брат ми и имав огромна желба да добијам дете и да се грижам 24/7 за него. Ми се исполни тоа и затоа сега кога ќе си речам дека ми е напорно се чувствувам неубаво, па не сакам да мислам на тоа. Син ми е мекуш, памук, ќе го изедам некој ден, често му правам сатчиња на лице. Секој ден ја прашувам мајка ми дали вака мене ме сакала
Дојдов да се олеснам за истата тема за која сте пишувале. Потешко од се е осудувањето од околината, кога ќе кажеш дека немаш време ни за социјализација ни за ништо, кога во денот имаш едвај 3 часа да поминеш со детето, и секако никој друг и ништо не ми е поважно од тоа време да бидам со нејзе. Пишав и избришав... Ќе си поплачам па ќе легнам. Добра ноќ
Кафето денес од мене, добро утро... Додека е породилново 24/7 сум со бебе така да ми фалат малку и дружбите со повозрасни со или без неа. Сум немала некој огромен круг на луѓе меѓутоа сега кога сите си имаат работни обврски некако си мислам дека не е во ред да им досадувам затоа што јас имам повеќе време. Сите си се со деца, плус работа и како што е пишано погоре дали 4-5 часа им остануваат за домот и семејството. Си го размислував истото дека кога ќе се вратам на работа би станала многу посесивна во врска со детето и времето поминато со неа. После работа до нејзиното заспивање би имале 3-4 часа во главно. Знаат бабите да кажат вака ќе си правиме или така во разговор со бебето, а мислам кога ќе дојде тој момент тие 3-4 часа ќе ми бидат закон дека баш јас мора да сум околу детето. Последниве денови бебе има нова навика. Станува рано и таман сум ја погодила, памперс, јадење, јас да се спремам нешто, за пола час до 45 минути е пак заспана. Е тоа што јас не презаспивам е друго.
Кај нас е вака. Кога ќе го земам од градинка, сакам да сум со него, а ако е со татко му само, како да ми пропаднал денот, како да сум пропуштила нешто со него. Не е ок така да се размислува ама што знам, појако е од мене.
Тетката на мојот сопруг, по цел ден додека се родителите на работа го чува внучето и знае да каже, кога ќе се вратат тие од работа детето веќе не ме погледнува ама баш онака како љубоморно. Некако ми е нормално мене кога по 8-9, па и 10 часа родителите и детето се одделени, после тоа останатото време да го поминуваат заедно.
Добро утро мајки. Кај нас terrible two’s на најјако. Јас во ПМС, мислам ќе ми попуштат нервите. Денес требаше да ја носиме ќерка кај свекрва ми да ја чува, значи од сабајле 8 тантруми имаше. Не само денес, секој ден каде и да одиме кога ќе станеме сабајле се тегне, ми бега, не сака да ја облечам, не сака да излеземе од дома. Изгледа ја размазивме изминатиов период, после вакцината (ммр) на 8от ден имаше температура, на 10от се јави осип по цело тело и цела недела ни се фати затворени дома, и ред ни се изгуби и сѐ, па и дававме и цртани да гледа. Па многу нервозна стана, ако нешто не е по нејзино или ако ѝ забранам нешто плаче, вика, мава, ако сака нешто мора да е сега и одма, инаку вика, ама јас намерно се влечкам и пена ми фаќа устава од објаснување дека треба да има трпение и да почека. Си мантрам во себе дека ќе помине и ова, таква ѝ е возраста, тоа е што е. Не сум од оние родители што заплашуваат или казнуваат, но некогаш знам да ѝ подвикнам кога ќе ме извади од такт. Се надевам дека ова што ми фаќа пена устата од зборење и објаснување ќе има ефект кога-тогаш и дека нема да порасне во размазено дете. Неделава одиме на одмор, јас баш тогаш треба да добијам искрено одвај чекам, по цел ден ќе сме надвор и ќе си игра. Ве читам за животот пред дете, кога се породив исто се осеќав, ми фалеше, плус тогаш беше корона пикот, цела бременост ми помина во пазење и избегнување контакти, ама сега еве после 2 и пол години не ни размислувам веќе на тоа. Единствено што ми фали понекогаш е да се разбудам сама и наспана и да си полежам во кревет, без дете да ми се качува на глава додека се мачам очи да отворам
Ела да се гушнеме ние души напатени од клубот на 2 годишњаци. Нека ми е жив и здрав ама во последно време ме збудале