Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.461
    Допаѓања:
    8.843
    Пол:
    Женски
    Офф јас си велам морам да ѝ ја вратам дневната дремка (пола година не спие денски, ретко да преспие), ама периодов сме нон стоп надвор и се изморува од топлото, од 3 попладне натаму неподнослива станува. Се влече по земја, раздразлива е многу. Може со тоа колку-толку ќе се подобри. Пред пола саат заспа и одам еден џин тоник да си ставам зошто готово мислам главата ми чади :d:
     
    На Mother of 2boys, Slonce91, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Marsic

    Marsic Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    1.106
    Пол:
    Женски
    znaete kade moze da se najde vokvo? za skokanje so lizgalka?
     

    Прикачени фајлови:

  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.952
    Допаѓања:
    110.310
    Пол:
    Женски
    Ние имавме без лизгалка, само замокот, да ти кажам најнеискористено нешто а 100е фрлени. Многу брзо и лесно се скина, дека седеше надвор го измив и го собрав нели зимата, па кога го надув пак за во соба смрдеше ужасно, дур се излуфтира пола лето пројде. Надвор ми се полнеше со бубачки прашина, листови, дека беше под дрво, еднаш и гуштер влезе и да ти кажам ова е едина работа за која жалам што сме ја купиле.
     
    На Marsic му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Marsic

    Marsic Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    1.106
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам во право си и ние имаме тука дрва ако е неискористлива работа не ми треба ти благодарам на советот
     
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.952
    Допаѓања:
    110.310
    Пол:
    Женски
    Го видов на Мапетс сега, провери си, ако ти фаќа око сепак твој избор е, али да ми е овој памет на нешто покорисно ќе ги дадев парите.
     
  6. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    9.182
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки.
    Ме немаше денес ама добро. Оправдано
    Сега се стаив малце на релакс . Ноќта е за мене животот :D.
    Со ММ ја зезнавме работата.
    Демек сеа ми заврши па нема шанси ништо да биде. :emo::whew:
    А и не верувам дека ќе биде а и рано ми е многу за второ ,али како викаат после ј..... нема каење.
    Вие како? Има интересно нешто да правам кафето?:coffee:
     
    На Coco31, MilaSs12, sani99 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. unearthlysarah

    unearthlysarah Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2021
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    5.456
    Пол:
    Женски
    Добар ден мајки, стигна лето конечно! :sun:
    Не дека уживам во жешково ама доста беше ладно, дождови и депресии. Време е за сонце, скитање и шопска. 8)

    Одамна не сум пишала, не сум ни нешто активна ама цело време ве читам.

    Моево дете расте ли расте, мало џинче. Се извиши, ги нема веќе бебешките витки. Солзи ми идат кога размислувам на ова. Инаку е 300 на саат, не знам бе на кој се метна ваков. Испод 10,000 чекори во денот не сум со него, буквално не застанува кога ќе излеземе. Трча, рипа, фрла, беснее, се лути ако нешто не е по негово, тешки драми. А дома кога сме на секои 15 минути ми ги носи патиките да му ги облечам за надвор. А јас мртва попладне после работа ми се дреме, ми се лежи ама нема. (facepalm)

    Би сакала да споделам.нешто со вас. Марко има 20 месеци иначе и ништо не зборува. Ретко некое зборче со значење ама во глобала само си брбља по негово. Затоа решивме да одиме на логопед/дефектолог, иако сите од страна ни викаа дека е рано, дека ништо не му е, дека некои деца покасно прозборувале. Не јадеше црвот и сепак бевме на консултација, не е само говорот проблем. Детево немаше способност да се фокусира, ништо не го интересираше и беше прехиперактивен. Таму ни дадоа совети што се да смениме. Една од работите беше тотално исклучување на екрани. Телефон не видел откако е роден ама тв да. За пресоблекување обавезно 10 мин биби и боби за да не бега, плус тв цело време уклучен, дали вести, дали музика. Не знам зошто. Во петокот го изгасивме, дома сменивме распоред на мебел, вклучивме нови игри, почнавме да одиме на нови места и луѓе не ми се верува дури!!! Дома имам друго дете. Исчезна секоја нервоза од него за ден-два. Потрпелив е, задржува внимание, ме гледа во очи кога му зборам, не е веќе хипер. Се осеќав како тотален фејл, како можеше нешто очигледно да не го признаам и сменам. Тотално игнорантно и себично. Ама помина, идемо даље, менуваме навики и се надевам ќе оди на подобро. Бебе/дете е неиспишана страница, треба да им помогнеме да се развиваат и да доживуваат нови искуства секојдневно, биле ние уморни или не.

    Кај и да е ќе почне и во градинка, па таму ќе се дружи со други дечиња, ќе му биде поинтересно. Којзнае колку сме му досадни. :rofl:

    И така, се изнапишав богами. Ама дремам во канцеларија, пијам кафе и чекам да дојде 3 да си одам дома. Ме чекаат и двајцата за ручек.

    Убав ден на сите! :hug:
     
    На Осе, Coco31, 1209 и 21 други им се допаѓа ова.
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.952
    Допаѓања:
    110.310
    Пол:
    Женски
    На овој убав сончев ден мајка доби за прв пат после 9м трудноќа и 6м скоро пост трудноќа. Осетив само дека нешто ми протече, нит болка, нит нелагодност, е нервозна бев ама тоа не е нешто ново за мене. Вчера осетив слабост голема, ми стужи ептен, ми беше мака и глава ме болеше, и ете ја денес тетката во темно црвено ферари. Нешто да осетив на бебе да не сака да цица, да имам помалку млеко, да плаче гладно, не осетив, се си е потаман. Од пмс симптоми имав и глад, страшен глад. Ама и тоа помина. Сега полесно ќе биде кога ќе спласнам и хормонски.
     
    На Осе, LaDyDoLl, Speechless и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.168
    Допаѓања:
    10.594
    Пол:
    Женски
    3 дена во градинка, денес 39.5...лежи и гледа во една точка, блокмакс, ефереглан чепче и компири во чорапче, толку е постот.
    Постирав и соодветната тема ама и тука дека е поактивна оваа, давајте жена за чување дете, доста беше од градинка за сега :|
     
    На MilaSs12, sani99, LiquidLuna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    9.182
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки.
    Бебе заспа,јас си фатив крпите ,купатило ,кујна све сум направила џам и сега заслужив уживање со едно кафе.
    Ме заболува раната по малце ,претпоставувам дека малце се напнав со работењето низ дома и цел ден со беба .
    И така вака помина и овој ден
     
    На Осе, MilaSs12, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Mom's_life

    Mom's_life Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    4.138
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки :f:

    Маживе спијат јас со очите толкави 8-| Додуша убаво цврсто си спиев и јас ама во еден момент изрипав, точно малиот кога се вртеше да падне од спална и го фатив, па не почна денот со драма.
    Петочки останува да се допакуваме ситно што треба и утре да фаќаме патот на море :music: Јас пробував што ми е точно од купачите, точно измеѓу фаза сум, трудна е или дебела :wasntme:
    Очекувам дека дете ќе се радува и игра со песокот и водата. Дома сме први по фонтаните и у песок да се валка.
    Само да видиме дали остануваме со патики и на плажа. Сандали нејќе да облече за жива глава. Го нервираат максимално. Ги фрла, бега од нив и патиките си ги носи. :D Татко му му вика, а бе нели уште мал си треба да те облекуваме уште по наша желба. Мхмм... Ќе биде :D

    @Tea SK се изнамачивте со болестиве, најбрзо нека поминува и доста е за летово :hug:

    Кога веќе станав да ставам кафе за сите и да го фаќам денот.

    PORTER-COLD-BREW-COFFEE-7.jpg

    Ве поздравувам :sun:
     
    На Осе, Coco31, MilaSs12 и 13 други им се допаѓа ова.
  12. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.704
    Допаѓања:
    175.497
    Пол:
    Женски
    Ден мајки :sun::sun:
    Тука пука од жешко :sweat::sweat:
    Кај ни е крајот кој знае
    Како ли ќе се издржи летово :(
    Децата ми спијат ,јас земав да се допакувам уште нешто ситно остана и утре поручек идеме на мореееее:party::party:
    Со баба и дедо :inlove::inlove:
    Лелеееееее ќе се изнаодмориме за сите пари :party::party:

    Вчера му купивме џип на акумулатор , влезе еднаш во него колку да го сликам и толку
    Изгледа и овае бидат џабе фрлени пари
    IMG_20230622_174157.jpg
    Ама ако
    Внучко ќе дојде на гости ие го среди :D

    Конечно воведовме некаков ред
    Само еднаш преспиваме , и тоа спие по 3 часа
    И вечерта веќе накај 20 :00 се успиваме и спие до сабајле до 07 ч.
    Ова ми е некако идеално.
    Таман од 06 до 07 ч дур маж не тргне на работа да си пиеме кафе на раат :inlove:

    Печам едно свинско бутче ,цела куќа мириса :inlove::inlove:
    Коае му седнам сега ,има маф да го направам
    За синко и татИ ќе има боранија со телешко
    Они се "нежни" , посебен режим на исхрана си имаат :)
    Мама си сака мрвки ,што помрсни тоа поарно

    @Mom's_life мами ,тоа кафето како е погодено
    Мислам дека и дветее ги шмркнам со три тутуна:)

    @Tea SK нека поминува побрзо (heidy)
     
    На Coco31, 1209, Leanne и 23 други им се допаѓа ова.
  13. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.168
    Допаѓања:
    10.594
    Пол:
    Женски
    Фала мама. Дефинитивно е доста за летово, градинка се враќаме тек септември здравје ако не ми се уарни со жена :).
    Да си имате убав одмор и да се изнауживате :hug:
    @Bubce38 фала мама :hug:
     
    На Mom's_life, V.N. и sani99 им се допаѓа ова.
  14. no name5

    no name5 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2018
    Пораки:
    887
    Допаѓања:
    1.100
    Пол:
    Женски

    Е мајка и ние така се опуштивме. Првото не се фати веднаш, па си викам не сум во плодни денови , не се фаќа од прва сигурна сум , терај хаха и оппппппп одма си се фати еве ме при крај сум скоро 9 ти :):D:D
     
    На Coco31, Slonce91, Mother of 2boys и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    9.182
    Пол:
    Женски
    Веќе сама два дена со бебе.
    Ако не се збудалам сега нема никогаш.
    Она пишти јас седам и молам бога да престане.
    Ми се иде да си ја трескам главата у ѕид.
    Жена сама со дете - за нигде не е.
    Земај ја ставај во седиште, застани да пазариш,вади од седиште, па после вади од количка ставај во седиште,надвор 58 степени . Ако верувате одам во веце и она ми е со количката пред врата...
    И се така....оффф
    И сега кога ке ми текне на бељата некни со ММ те молам боже прости ми ама не би можела се ова наеднаш пак наново за толку брзо. Себична ли сум што така размислувам?
    Ако верувате седам и плачам зашто се осекам криво што немам живци на моменти.. Како може да немам живци ? Каква мајка сум јас?
    Ве молам кажете ми дека и вас ви се случува ова.....се депримирав скроз....
     
    Последна измена: 23 јуни 2023
    На Coco31, 1209, sani99 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    15.562
    Пол:
    Женски
    Како и сите други мајки таква мајка си :hug::l::hug:
     
    На 1209, IRBBB, no name5 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    9.182
    Пол:
    Женски
    :hug:
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.952
    Допаѓања:
    110.310
    Пол:
    Женски
    Ќе издржиш, знам што збориш верувај. Бебе имаше 3м јас останав цело лето сама со него (големото) и едвај едвај му дадоа одмор во август на мм. Ај ти возиш бар, јас не ни возев, дома заглавена, ужас. Немав ни породилно да речеш да можеш да си дозволиш да отидеш некаде. Ништо апсолутно. Големото порасна само со мене, јас 24/7 сама со него, мм на работа и после работа дома работеше. И јас исто се осеќав ко тебе дека ми е тешко и ни еднаш не се осетив помалку мајка. Ќе издржиш. Не си лоша, човек си.

    Бебо е во фаза се тепам со цице, се смее на сенките, се го занима. На мисла сум дали да презакажам редовен преглед порано и вакцина ако е можно и да одиме порано кај мајка. Ќе треба да се јавам во поликлиниката или да појдам, да проверам. Едно што сум на мисла дека не ми напредува добро, не полни пелени ко порано, не ни кака толку често, и пишти вришти се треска од земја. Е почна да преспива ноќ пак. Уф мака голема ова дур пораснат. Јаде кашички убаво, цица кога сака колку сака, ама не знам, да не направив беља со доењето и вежбање/режим.
     
    На Coco31, DejziSk, LaDyDoLl и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.145
    Допаѓања:
    40.509
    Пол:
    Женски
    :hai: се надевам не ме заборавивте.
    Се навратив да видам и сфатив дека скоро цел месец од последниот пост се поминати, а многу теми се начнале и прошле, од свекрви и сопрузи, до доење/ад, второ/трето дете, чистење и слично.

    Ама прво да си раскажам за периодов, па ако остане време и простор ќе се навратам иако многу пати сум пишувала на повеќето од темите.

    Прв одмор помина солидно. Баткото од вода не можевме да го извадиме, а водата Охрид во Август :worried:. Јас не се осмелив да влезам иако претпоследниот ден беше значително потопла, таткото влезе еднаш, а бебе сефтоса море со брцкање на ноџињата. За разлика од батко му кој на првиот одмор на точно годинка, во сред август не беше оптимист за брцкање во морето, овој немаше плашење и кревање нозе штом ја допре водата. Ама он и сред студови се шеташе со боси нозе, така да разбирливо е да му прија(facepalm). Само незнам во горештините во август одморот како ќе се тера зишто бебе баш е склетчија. Ако не он ќе си чека зимски одмор на планина за да се наужива.

    Новини кај нас е пред една недела загрепка прво запче :inlove:. Колачиња незнам дали ќе правам, некако имам грижа на совест дека за првото ништо не правев, ни запчиња и постапалки;(Меракот е голем, ама изгледа грижата на совест ќе надвладее. Сеуште сум во размислување.
    Во меѓувреме мајкава реши да почне со вкусови. Не стигнавме до педијатар, ама секако веќе имам искуство колку/толку, а и само пробуваме. Почнавме со морковче, па сефтосавме јаболче. Бебе за сега е оптимист за јадење, а богами и за вода. Како отвара уста кога ќе го види шишенцето :inlove:. Затоа мајкава изнакупи шишенца, сите со клунче зошто убаво ми го прифати тоа едно од мам што го имаме.
    И последната новост денес прв пат се сврте сам од грб на стомак :party::party::party:. Уште е мрзливец, ама ова секако е многу битен момент. Додуша он 90 % од времето прави стомачни дури и од скроз лежечка позиција, ама не сака да вежба грб. Тами тајм уште ни е хорор. Ама јас сум упорна и гледам максимум колку можеме на земја, и сесии со лежење на меше, па секој ден по мал, ама значаен напредок има. За лазење абер нема, ама и големиот кај мене никогаш не пролазе. Дирек на одење и за среќа прилично стабилно прооде, ама на 15 месеци:D. Овој како го гледа и му се радува на брат му мислам дека само ради него ќе прави напори и ќе прооди порано :rofl:.
    Како фатија жештиниве си направивме ритуал, наутро и онака се двајцата ранобудници, сс будиме проаѓаме расонување, витамини, цицање, облакање, па го носиме бато во градинка и продолжувсме со прошетка, зошто после тоа веќе е пекол и веќе до 10-10:30 сме прибрани дома.
    Баткото ја поминаа завршната и супер беа сите дечиња, ама не ми се допадна тоа што малку исфорсирана беше поделба на машки и женски. Тоа и претходно им замерував на учителките, некако прерано почнаа да ги делат:@. Јас разбирам дека машките се за нијанса попалави и потешки, ама може да се потрудат. Во секој случај дечињата беа срциња:inlove:
    Решив и сепак ќе продолжи во градинка до крајот на јули, па здравје август ќе се дружиме заедни, секако и роденденот е тогаш, па и на одмор ќе се оди пред почетокот на учебната година. Сега секако почнува и сезона на родендени. Имаат една тура родендени Јули/Август. И ние закажавме, ама овој пат во Бајка, не ми се ризикува како лани на отворено, па нервозите со дождот:@. Плус лани секако скапо излезе, зошто не беше класична игротека, па мора аниматор да се најми, па фрка со првиот ковид фати ми откажа два дена пред роденден, па ургентно барав нов, ама тој не правеше балони, а мојов жити тоа што му е интересно и така хаос. За среќа славеникот убаво си помина, ама ние го изедовме стапот од нервоза. Вака децата секако во климатизиран простор, возрасните и да проврне не е страшно надвор под големи чадори а дури и да треба внатре комотно е за разлика од други. Списокот е голем, ама ќе видиме како ќе му е среќата оваа година. Лани прилично луѓе откажаа заради одмори. Тоа е сред лето кога се роди, наместо да си почекаше до септемри како што му беше термин. Исто и бебево, наместо да си чекаше термин тој на сред зимски распуст и сезона на празници реши да излегува. Ама ај бар пречекотри НГ, да не е на крај на декември и да си влече цела година:rofl:.
    Уф постов излезе предолг, затоа начнатите реми ќе ги пресконам овој пат. И онака никој нема да ме дочита, да не го одолговлекувам уште повеќе.

    Имајте убав викенд и гушкајте најмилите:inlove::inlove:
     
    На Coco31, 1209, sani99 и 15 други им се допаѓа ова.
  20. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    119.230
    Пол:
    Женски
    @Ano те дочитав скроз(fingers) во еден здив:hug:
     
    На Ano и mal.ecka им се допаѓа ова.