Ауу заврши денов, 100 саати ми траеше. Колку е напорно кога нема кој да ти помогне. Големиот на доктор, малото го влечкав со нас. Сирупот при крај, влажните при крај, сокови немаме, овошјето пред скапување… Пукнав. Стави ги во кола, извади ги, отвори затвори количка, големиот гори сака во раце, малото вади заби во комбинација со 6ти скок и регресија. Нека ми се смилува господ веќе или која сила и да постои зашто немам душа веќе. Да си шкртнам и јас во дневникот, па да се потсетам за неколку години како ми ваделе душа. Едвај чекам да легнам, хаосот ќе си остане до утре. Мирна ви ноќ
Ајде добра вечер. Деновиве сме полни со авантури со синко. Секој ден сме излезени, секој ден нова авантура. Не фати дожд, не фати пролив на сред менување пелена, во јавна просторија за преслекување со еден куп луѓе околу нас , плачевме до зајдување во автобуси, бевме на плажа, често си правиме пикник по паркови, едноставно секој ден ни е нова дешавка. Искрено многу ми олеснува што тука можам да излезам со него без да се мислам каде ќе го преслечам или каде ќе го дојам, сите трговски имаат простории за доење/преслека, а и кога немам каде си седнувам во клупа на парк и си го цицам без проблем. Дури и во кафич сум му давала да јаде, никој не се замара. Не знам каква е културата мк по ова прашање, не знам дали би имала храброст да го правам истото таму. Автобусите се исто така бесплатни кога патуваш со количка, па го шетаме цел град, излегуваме во 12 се прибираме во 5-6. Таман за татко му непрекинато да поработи за да спечали за пелени. Ми беше страв дека породилното ќе е монотоно, ама испадна топ, и кога сме сами уживам во секој момент. Процветав откако заминаа мајка ми и свекрва ми, понапорно ми е секако, ама уживам максимално. Синко почна и да гуга и сега само гугаме по дома сите фамилјарно, којзнае што мислат комшиите под нас. Утре сме на прва вакцина, времето ЛЕТА! Пред некој ден морав да ги приберам 56ките,сосила го бутав во нив, тоа бодито едвај го закопчував ама не се давав. Маж ми ми вика кутро дете како Спајдермен е, се му е прилепено. Не ми се верува дека ги надрасна, се убедував себеси дека е мал за да почне со 62ка. Со тешко срце ги спаковав, тргнав неколку парчиња настрана за да му направам baby box, мислам дека баш тука на темава некој ја спомна идејата и баш ми се свиѓаше. Него некој да даде идеја за поклон за прв роденден? Сите интересни играчки се за над 2 години, стварно неам идеја што би купила.
За прв роденден му купивме Инфенто, стартер китот. Маж си го имаше замислено тоа уште пред да се роди. И е единствено нешто од реквизитиве за бебе/дете што го платил без да жали за парите. Предобро нешто. Прво го користеше ко проодувалка, е брзо му беше па со наша помош ама одма научи да го турка. После беше точаче за туркање на 3 тркала. Моментално е баланс, а наредно ќе му го преправи во тротинет. Маж ужива во вакви работи, штрафчиња, поправки, глупости. Стартер китот е многу едноставен ако споредиш со рекламите, ама сепак е наменет за мали дечиња. Син ми за претходниот проект му "помагаше" и беше пресреќен. Ако имате живци за склопување по дома, супер подарок е. А на темава, да пишам како сум, немам сила. Ве читам, за толку само можам. Веќе и умот не ми работи, не можам да мислам од премор.
@Lavender13 , не знам каде си ама звучи идилично за со бебе. Од Мкд и плус помал град, веќе имам еднаш пишано. - Трговски немаме, одењето со бебе и количка по продавници е ноќна мора. Или од врата викам покажи ми тоа и тоа. Или има куп скали, па се натегам со продавачката да ми помогне за количката да не ја кршам што би се рекло. Или излегуваме со сопругот, со другарка, со братучеда, за еден да стои надвор со бебе, друг да пазари. - Парковите, не дека немаме ама се или релативно мали, или далеку или повторно не многу пристапни, за со количка, ради фактот што има калдрма, дел со земја, кал и сл. Одиме, не дека не одиме ама повторно или барем двајца, или ептен на некое мало игралиште што е попристапно. - Автобуси, ниту се редовни, ниту чести. Признавам се немам возено со бебе ама кога се возев без бебе и пред бебе, мајки и колички им беа ноќна мора на шоферите. Инаку кога сме излезени и менување памперс и се гледам да е во количка или бидејќи сме во помало место, да го темпирам времето за периодот на менување памперс, хранење, да сме веќе некаде стасани каде сме се договориле или дома.
@Lavender13 Не знам од кој град си од Мк, но во Скопје го правам истово, и тука по трговските има соби за пресоблекување на бебе (во сити мол), по кафичи никој не се замара дали дојам или не а и јас нешто не ги перцепирам, на клупа скоро редовно дојам… Е со автобуси не се возам, ниту сама ни со бебе, не сум имала потреба искрено. Во кафани стандард ни носат столче за бебе, јаде и таму… Нејсе… Инаку јас да си се пожалам, бебе уште малку ќе прави 9 месеци луѓе, ми поминаа страшно брзо, не ги ни сетив а веќе треба да се враќам на работа… Тоа ми е главна преокупација деновиве, само мислам како ќе се снајдат без мене, што ќе прават, дали ќе јаде… Прашањето ДАЛИ ЌЕ ЈАДЕ ме мачи најмногу… Ама па пред неколку дена излегов, ме немаше 3-4 часа и кога дојдов значи изеде два цели тањири, не ми се веруваше и урлаше за уште.. Си мислам у право е мајка ми кога вика не е гладна или ти не ја чекаш да огладни и даваш да цица… Ете жал ми е некако, колку и да јадела или не, и давам да цица после некое време а и таа сама се тегне.. Веќе разбира се, преинтересна е. Одиме по молови и стандард рачето и е надвор од количка и мислиш бира што ќе купи, само фаќа нешто од рафтови Чекам само кога ќе земе нешто и нема да ја приметам и ќе ни свири аларм на излез Планираме некој викенд до кај јужниов сосед и уште сега ме фаќа паника со бебе на плажа. Порано кога немав деца ги гледав луѓево со деца и си мислев што одмор гледаат луѓево во “одморов” ама си има своја убавина веројатно. Добра ноќ мајки!
Добро утро, а за мене ќе биде добра ноќ. Конечно заврши ноќта, тие пусти грчеви не не оставија да спиеме. Јас вистина незнам од што толку се јавуваат. Ми се иди да не му давам ништо освен д3 и к1, може нема да се грчи толку. Вчера јадев варен компир и после варен ориз. Не би требало од тоа грчеви да има. Баба му го зеде овие два часа за мама да спие, оти тоа е ќе се онесвестам за сон. Имајте убав ден мамички
Добро утро и од мене. Првпат да чкртнам нешто овде. За некој ден три месеци ќе правиме, а уште не можам да се збогувам од Труднички, уште ги читам moms to be и сфаќам дека ми фали да сум трудна (иако сосема обратно мислев тогаш). Грчевите кај нас поминаа, да не го викам ѓаволот, ама стварно бебево не е имало таква епизода можеби 10 дена па и повеќе. Капки престанав да давам одамна оти секако не видов некој аир, уште они ми фалеа на милионте лажички шо му ги бутав во уста во текот на денот. Та омега, та Д3, та пробиотик. Моментално пак сме во некоја доенечка криза или скок, цицањето е мака, а мене сеуште еден од најголемите стравови ми е гладно бебе. Ве читам за тој четврти скок по моја пресметка се паѓа баш кога ќе бидеме на одмор. Контрол фрикот во мене е на раб да го презакажи одморот, т.е. да го темпира, нешто што апсолутно не е можно. Ништо мајки, не за џабе рекле родители не одат на одмор, само одат на друго место да се грижат за детето. Да се живи и здрави само ајде. Друго, сѐ се трпи. Убав ден!
Јас до моето 4 скок не го осетив ама затоа 3 и 7... така да не се замарај индивидуално кај секое бебе е. Пакувај куферите и свиркај си
@Doktor F не знам за Скопје, за помалите градови е баш како што опиша @Miss_S , ова од искуство со другарки/братучетки со деца, секогаш сум одела со нив како +1 за да седам надвор со количка ако тие треба да купат нешо. Додуша мојот град нема ни стандарден затворен трговски. И не паметам некоја од нив дека доеше надвор, се враќавме дома кога веќе беше време за јадење. Ќе одиме и ние МК наесен, ќе видиме како ќе правам.
Ќе имаш ново бебе на плажа. Ќе се изненадиш колку е среќна и смирена, и гладна Од бебе шо јадеше со молење и си кенкаше целодневно, на плажа јадеше цела каша од 200 гр + се тегнеше по нашето јадење стално. И си седеше во количка или во базенот и се радуваше на секој нов лик во близина Е едвај заспиваше, беше премногу возбуден и ги слушаше дечињата околу, ама кога ќе заспиеше саат време раат бевме со мм
Јас за доење надвор не се срамам, ама гледам другите се срамат па се затскривам. Најоткачено место кај што сум доела е на триаголниче меѓу 3 семафора, ко кружен тек ама ова во форма на триаголник, епа тука, на ѕидче седната, јас и женичка ромка што просеше, што муанет си напраивме, нејзиното 3м моето 5 скоро, она веќе 3 оброка имаше воведено па ми бараше 20 денари и фалеле да купила кашичка за ручек. Абе викам не ти е рано? А не, јас сите така ги почнав од 2ипол месеци. Кренав раменици, извадив новчаникот и дадов стотка, ај викам и за вечер купи му, а вечер вика супа од петле со лепче ќе му дадам... мислам пишував за тоа овде, може сум заборавила. За шетање секаде шетам со него, паркови, трговски, количката мислиш 4х4 ми е, по скали, по ивичњаци, ја испраксирав добро. Го носев и на работа кај мене неколку пати, па и во канцеларија има цицано, со автобус си се возиме па сите ми помагаат... не знам, за мене ова породилно најубаво ми помина, се утепавме од шетање. Сега се спремаме да одиме кај мајка, мал град на југот, кај калинките, тек таму ќе биде циркузи, мајка сигурно нема да ми даде да дојам надвор ни во двор, а камоли во парк, ама ќе видиме. Срамота е бебе да цица, ама затоа полуголи девојчиња не им е срам, ама тоа е. Да земам да спремам ручекот, да видам баткото што сака да јаде па после бебо ќе стане, воведуваме нова рутина.
Немам така богато искуство за доење во јавност. Само во кола, ама и тогаш е неуспешно - се врти, разгледува и се му е поважно од цицање. Инаку поддршка за вас кои тоа го практикувате. Одмор и бебе? Само да немаме некои очекувања и ќе биде се во ред. Се сеќавам дека со големиот бевме преморени, ама сега сме оптимисти Си најдовме место за одмор на Охридско езеро - рај за душа и за очи, мир, убавини и не планирам да го менуваме наредните 3-4 години. А потоа, здравје сакаме камперски одмори да тераме. Тамам да опремиме приколка и уживанција. Малку ми се изместија дневните дремки откако се чуваат со тато, ама ајде ќе издржиме уште малку па ќе се врати се во нормала. Одам да си направам ладно нес, кој е за повелете Имајте убав ден
Јас се водам по тоа бебето бира кога и каде и немам проблем никаков кај и да сум да ја наранам. Последно морав да одам на прегледи сама со неа, во метро ми запишти и во марамата ја ставив наместив за цицање и така се возевме/одевме, па си заспа. Во Мк имам исто искуство, никој не зјапа, никогаш не сум имала непријатна ситуација, малце е нели почудно ама веќе и таму цицањето е се поприфатливо дали во јавност или дома, посебно младите имаат ептен разбирање, оваа багра стариве се и така и така. За преслекување и тука имаме на секој чекор и е ептен чисто, мада ја си носам мушама и количката ми врши работа.
Исто се водев и јас со двете, доеја кога сакаат и каде сакаат. Детето немаше да ми трпи за глад заради мојот срам. На кого му смета нека сврти глава. Убава вечер мајки. Нам утре ни е Бајрам па спремање чистење а плус работам. Дури треба да бањам деца па дур ги заспијам.. Утре навечер патуваме на одмор. Летот ни е во 3ипол сабајле и навистина лошо, децата по аеродроми ќе ми заспијат.Децата непишано правило ми е како и секогаш пред одмор ми се разболуваат. Еда синоќа и температура ми имаше па ја чував цела вечер. А и мојов нередовен циклус ме уби, уште не добив ко за малер па на одмор нема да можам да се бањам. Како и секогаш. Но ајде се надевам убаво ќе поминеме, страшно ни е потребен одмор.
Здраво мајки И од мене некој збор. На големо работам за да завршам се пред одмор. Потоа и јас заслужено ке уживам две недели. Гладна сум и ослабена. Малку ке се опуштам на одмор ама ке терам по 16-8. Во јавност избегнував да дојам, ама ако имам второ ке го дојам каде стигнам. За синко имав млеко замрзнато, огромна количина. Доев пред да излеземе и потоа давав шише. Синко се исече од стакло. Плачки колку сакаш. Таман се смири од болк, се отклопи да не му земаме крв. И тоа го убедивме, маж праша тетанус дали да прима. Нова тура плачки. Секој ден скоро земаме грепки. Запнат е хјундаи да возиме јас и тој. Тоа е од мене. Убава вечер мајки. Гушкајте ги, пребрзо растат.
И јас избегнувам да дојам во јавност, го имам доено само во паркови кога нема многу гужва, само еднаш добив коментар "машала" и тоа не знам дали беше иронично.. јас повеќе имам imposter syndrome зашто цело време ме прашуваат колку години имам (не сум од младите мајки ама така им личам изгледа) а посебно на прегледи кога одиме Едит: ова звучи како фалење ама да дообјаснам, јас после 6 и кусур месеци немам уште никаква самодоверба како мајка и сум со мнооогу прашалници дали добро правам, дали малово е среќно бебе, некогаш кога плаче јас што сум му мајка не знам зошто плаче/кенка.. дали се осеќате вака и кога станува полесно, кога доаѓа таа самодоверба?
Добро вечер мајки, ретко пишувам во темава ама ве читам редовно. Јас ја дојам секаде и секогаш кога ќе побара, на почеток ми беше "незгодно" ама сеа веќе ми стана како природно.. коа ние може да седнеме и да јадеме кај сакаме и кога сакаме зашто не би можеле и они. Туку во последно се почесто слушаам аа одбиј ја голема е веќе, не ти е ни квалитетно млекото и до скоро се трудев да сум љубезна со одговорите ама ми прекипаа па сега фино им кажувам да си бркаат работа. Овој период е само сега и сакам да трае додека јас одлучам и нормално она додека сака. Имајте убава вечер, одам да се комирам преголем умор осеќам периодов ама не ми се кука тука
Денес во трговски, си седна една мајка на клупа, почна да се мести за доење, глеам околу неа нема бебе. Кога наеднаш притрча прилично големо дете, да не ве лажам ама имаше добри 4-5 годинки. Језивко ми беше малце искрено, детево цицаше стоејќи и малце потклекнато за да е во иста висина со градата. Нели е претерано долго цицање до таа возраст?
Добра ви вечер мамасити. Денес пак цел ден плачки, грчеви, веќе не знам ни од што плачи. Изгледа сме во прв скок на развој. Моментално го смирувам со фен на YouTube и термофорче на стомаче. Се надевам нема да трае многу ова негова фаза. Инаку за темата доење во јавност, јас би било каде, ниту ми е срам ниту има потреба да ми биде срам. Тоа си е една од најприродните моменти. Нека не ме гледаат ако им е незгодно Вчера имав прилка да го подојам во кафич, но маж некако изреагира без везе, а бевме со луѓе и не му одржав лекција за тоа што е замрзнат во камено доба ама ќе го сторам тоа во прва прилика. И си станав од маса и си го подоив во кола, ама нареден пат не одам во кола, ќе си го подојам таму колку и да му смета на маж ми. Не е срамота да шетаат полу голи жени, моми, а срамота е да се нахрани дете. Мореее ништо не тркалам
Јас која доев 3 години тврдам дека 4-5 е премногу. Можеби било детенцето покрупно, ама сепак да трча од игралиште на цицка е премногу. Нам од 2 и пол до 3 години ни беше доењето за заспивање, интимен чин во кој уживавме. Ама пред 3 роденден кажав дека веќе нема и по 3 дена плачки помина. Потоа тажен беше уште некоја недела и толку.