Од каде си од МК ако не е тајна? Имене ова сега ми е на мисла искрено, мал град како ќе функционирам со пресоблачање. Исто е, ниту простории, ниту парк и луѓе што ми те гледале наопачки ако доиш, а и јас не би се опуштила оти сите ме знаат буквално, не сакам да вадам цицка на сред кафич или паркот кој е два газа место. Тука фино си се научив што функционираме исто како вас, прошетки, ручеци, пијачка со тато на Темза, додека он си дреме во количка. Ние живееме тука на многу убаво место, кејот ни е на 7-8мин, имаме омилен паб кај што седиме нон-стоп, мераци е, ќе ми фали местово Ептен во форма влегуваме со малиов исто како вас, кажи колку е добро кога никој не те замара? Иако очајно посакувам да имам некој тука на моменти, кога ќе размислам подобро ми е вака. И јас сто пати се предомислувам со муабетов за пишман аџија. Бебо скоро 3м ќе направи, го гледаме со мм и си викам кога порасна волку, право човече е, со фацки, со гугање, смеење по цел ден. Се надевам ќе остане ваков, ептем е мирен и лесен за чување 90% од времето, знае да има испади некои денови, ама греота е да се жалам. За точно две недели си одиме за МК, спремни 0%, среќа мм завршува со работа во петок па ќе успеам да средам што треба. Времето е многу убаво деновиве, дворчето ептен мерачко е за седење, јас сега ја скоцкав кујната и спремна за спиење. И така. Еве некоја слика од маалото и дворчето да видите што е лепо.
Ајде добро утро Ноќеска спиењево е од тие вечери кај што ќе си речеш бољи ич да не си легнев и онака спиење на рати е налет сон. Во прва половина од ноќ ногата ме стегаше, бебе притиска на нерв, во втора половина се растревожи поголемово лепенка до мене препотивме и двајцата. Ама добро, да не се навикнуваме многу на спиење по цела ноќ, да се држи кондиција Моментално на одмор сме, времето погодено топ, водата во море ко за чудо топла. Дете беше воодушевено првите 4 дена сега веќе изгустира и море и плажа и песок. Утре да си одиме само Тао ќе рече и среќен ќе си отиде дома Куќно пиле (на татко му, јас би се акала сегде по цели денови) Јуни го привршуваме со уште едно бебе во друштво Цел ден растопена бев колку ми е мило Јули ќе го чекаме роденденски. Цел месец само родендени, ракчиња еден куп. Ама нека не има што повеќе добри луѓе сме Дремка сега ме фаќа, а за 20 минути ќе стане ко со аларм малишан и после цел ден ни можам да се расвестам нит е легално човек да утепам Да ставам едно кафе кога веќе сум тука па нека почнува денот. Ве поздравувам
Преубаво ви е, особено сега значи кога се стоплило и не е тмурно и ладно. Туку сакав друго да те прашам, ако не ти е проблем. Што направивте вие со хидронефрозата? Ако добро се сеќавам имаше напишано дека малото имаше уште во бременоста. Се повлече само од себе? Правевте ехо? Контроли по раѓање? Мораше антибиотици да зема или?
Добро утро мајки, кафето е спремно, повелете ајде Деца испратена во градинка, маж на работа, јас со бебе на тераса кафе пијам,она ме дружи. Навадив цвеќиња, испразнав машини и сега имам me time. Бебе ми е злато, од златно позлатно Не знам со што заслужив вакво мирно бебенце, ама многу ме одморува. Станува со дадите наутро, ќе покенка ќе поплаче па сама ќе заспие, дур ги спремам и испратам веќе е расонета, цица ја соблакам, па малку вака на утрински воздух, малку ќе си погугаме,посмешкаме и она заспала. Сака во транспортер да спие, корпата не ја обожава, дали дека легната па не гледа од неа, а вака се смешка на пиленца,дрвата ги набљудува, им гуга Да дремне па да цица пак и ќе ја носам на свеки, денес сум во план сериозна генералка да направам. Колку сум сменета низ годините,леле .. Се си мислам не сум истиот човек, имам криза на идентитет на моменти Не сум преоптоварена со домот, одржавам чисто да, секојден со мало метличе ќе соберам трошките, да е постелено ми е битно и да нема алишта размавани, а другото не ме занима. Џогер еднаш на трите дена, прашина еднаш на 10те правосмукалка еднаш месечно Пред 3-4 години ќе се оболев ако не брчев на два дена со неа, или ако не џогирав два три пати на ден. Друга промена, порано несакав децата да ми се кај бабите, сега ми се добредојдени. Обично сабота спијат кај мајка ми па и недела половина ден поминуваат кај неа, некој саат во денот преку неделата кај свеки се обавезно, и стварно реков секаква помош ќе искористам и тоа и го правам без размислување. Знае мм да ги земе и по неколку саати се излезени, и да немам работа си одмарам дома без грижи на совеста, осеќам на телово му треба озбилен одмор и му го пружам. Семестар исчистен, може да се запишува третата година од факс Тука сум особено горда си признавам. Друга работа што ја одложувам е возачката, ама морам до септември и тоа да го завршам, потреба ми е колата а не знам да возам. Се возам со таксиња кога мм не е дома, а има коли дома Мразам да се молам на свекор или на татко ми да ме возат некаде, им реметам мир и на нив со моите потреби. Одмот уште не сме закажале затоа што пасошите на сите комплет ни се поминати, наредна недела треба да се сликаме цел екипаж заедно па во Јули да фатиме патот накај морЕто. Како ќе минеме којзнае, ама ај барем место малку да смениме, а дека ќе е одмор, мхм мало морген. Си почнав со програма за исхрана и вежби, дури сме сами со бебе и тоа гледам да е завршено, па еве да се убедам да станам барем да не го мислам потењето по жешкото.. Оваа бременост добро ја поминав, за да бидам згодна манИкенка ќе ми требаат само 8кг да симнам, ама никој не ме брза. Малку до крај на јули ќе се исфорсирам со вежбање за да се пикнам во убави купаќи, а може и не Ќе си пишував уште ама бебе се расонува. Се читаме пак, останете добри
Лондон одамна не е таков, мислам годинава да оти секаде е такво времево, ама предходните неколку години времето е топ, дури неподносливо ма периоди летно време оти е многу спарно ради влагата. Инаку ништи уште не сме направиле со хидронефрозата, не исчезна после пораѓај, имавме контрола на 6 недели и беше зголемена, на антибиотик беше цело време до пред вакцината, значи до 8ма, ама при консултација со специјалист од мк кој што го водеше случајот на внука ми, го прекинав. Сега имаме со педијатар нефролог термин на 7ми и може ќе прват некои тестови да видат која е причината за истата, пошто кај внука ми беше рефлукс и сега имаше зафат, а велат наследно е па да видиме и кај него да не е тоа. Тука докторите не се многу потресени за ова, многу лежерни па затоа се консултирав со доктор од мк ама и он е оптимист дека кај него ќе исчезне дека кај машките деца не правело проблем и најчесто се решавала сама состојбата со раснење. Он е добар среќа, мокри нормално и често.
Климатските промени значи полека си го прават своето. Дај боже да е се добро и кај вас и кај сите бебулиња. Пре честа е појава во бременоста и сите исти препораки даваат после раѓање да се следи. И дека најчесто се повлекува само од себе. И во Германија се исто така лежерни. По пораѓај ехо и после следење. Ама ај не мисли и биди мирен . Се најдобро ви посакувам! И убаво време со фамилијата да си имате, баш убаво да се запознае малото со најблиските и вие да одморите малку.
Бебе како преку ноќ да ми порасна и да измени лик. Деновиве се нешто си го гледам како огромно да е, издолжено. Немаме скоро два месеци направено контрола кај педијатар за должината. Ме потсети Ангел на муабетот од пред некој ден во парк. Ме прашува мајка колкаво е бебето ,викам 5 месеци и некој ден. Ааа вика сигурно веќе стои исправено. Нашето вика на 5 месеци го држевме исправено, а на 6 веќе да чекори. Да, да викам... Ок, ни исправено го држиме, ни да чекори ама секој со свое сфаќање и желби.
Како што напиша членката погоре, колку често гледам исфорсирани деца. Ги паткаат, дубаци, џампери, притисок со зборење, ајде кажи ова/она, ајде мафни, ајде гушни ја тетката...милион примери. Секој со своите сфаќања, затоа и не дебатирам на овие теми, само ќе ми земе енергија, а ми треба за многууу побитни работи, од тоа како Славица смета дека треба зошто веќе така изгледала едно дете или нас на времето така не гледале. Многу знаеме ние, нови препораки ќе следиме, глупости. Ај здраво. Немам толку време за форумов од кога почнав со работа. Секој ден центрифуга, спремај 2 деца со мм наутро, носи едно во градинка, остави друго со тажни очиња. Земи дете од градинка и дома што попрво. Често читам тука дека многу не му давате значење на домот и искрено ме радува тоа. Имам OCD и секој ден смукам па џогер (за викенд можам и во денот 3 пати да смукам), чистење веце, машина садови/алишта, плотна од шпорет и туширање на коцките од под. Обавезно подзабришувам и прашина, ама темелно тоа го правам за викенд заедно со прозори и врати. На мм на почеток му беше несфатливо, по готово бремена кога бев со првото секој ден истото го правев. Демек зошто смукаш секој ден. Ама се навикна. Па сега и он е малку како мене станат. Добро е што не вршам притисок на никој, сама сакам да чистам, не ми смета ни 5 пати да истури дете јогурт, си зимам крпа му викам ништо не е, и си бришам (пример). Се ближи роденден на бебе, стигаат нарачките, почнувам да се предомислувам за темата. Некако повеќе му лежи на големиот. Изгледа ќе ја сменам, па ќе барам тука нешто локално да најдам за украсување. Со бебе повеќе се сакаме кога тргнав на работа. Сè уште ме цица по цела ноќ, има денови се тресам од умор, други си викам нека си ужива. Одмор ни е закажан крај на летото. Панични напади имам кога ќе ми текне со бебе во кола, тоа вришти и 1 минута да е, а не пат до Грција, ама нели “ќе смени”. Се отвори тема за временска разлика меѓу деца, не знам дали тука или во 6-12 темата, ама да си пишам. Моите се 1,5г. Ужасно е тешко, најмногу зошто немаме никаква логистика од други, сами со мм сè. Ама верувајте не би го сменила ова за ништо. Тие што се родители на мала разлика знаат што мислам со реченицата. Допрва убавото доаѓа кога ќе пркнат. Толку за оваа тема, ич не би навлегла во нечија матка кога е спремна да раѓа и колку деца да излезат од неа. До следно.
Еее нам комшиите датум за крштевка ни одредија Као демек голем бил, време било да се крсти детето. Ги прашав само дали и ресторан ни нашле Друго, второво дете е многу помало од брат му. Тој беше машала големо бебе. Ова може не јаде затоа е помало. ( веднаш имаат одговор на своето прашање) Довро, првото го родив над 4кг,и растеше, расте со цела снага, второво едвај 3. Ама не објаснувам пак. Нит сум споредувала деца, нит сум форсирала, особено второво. Прооде буквално без никаква помош. Јас во кујна додека работев, он пробуваше да стигне до мене. Еден ден се запрепастив кога видов колку чекори направил. Не го форсирам и со јадење, прибори, залаци. Еве почна да цвака, почна да јаде и парчиња. Е можеби повеќе од потребно зборуваме со брат му, ама затоа не' имитира во секој поглед.
Бројче ич да не се замараш да си доиш. И јас сум од мал град сите ме знаат, ама кога и да сум шетала каде и да сум седела сум си ја доела, додуша и уште знае да си побара да сака да цица кога сме надвор, па знам да и дадам, а за пресоблекување во количка.
Среќна среда мамс. Одлучивме ќерче да паузира јули од градинка, да се преживее до вторник и одиме кај моите малку. И мене да ме лигават, не само неа Понеделник ќе и ставаме закаснета вакцина, не ме тепајте ја заборавив скроз последната Со потсетник беше, со све ама џабе си е пак џабе. Обично ништо не заборавам, маж најдобро го знае тоа ама ова еве, отишло Скопје не се дише А тек јули/август. Ќе прицркнеме. Да гледаме што е можно помалку дома да сме. Да добијам абер од маж дали ќе спие детево да знам кафе кога да бапнам. Денес 100 да испијам, нема да ми ја средат главата
Ај здраво Уморов нема да пројде никад м? Ми треба една недела по 10 саати спиење и може ќе бидам и ќе изгледам пристојно. А не дека детево е комплицирано толку, ама господе домашниве обврски никад не завршуваат, секој ден машини, купови алишта, ручеци за дете, за нас, ем нарачуваме често ама некогаш и садовите во машина ги ставам ми е тешко. Може сум само голема мрза ама се собира бе, секој ден иста песна веќе преку глава ми е. Мислата за второ секој ден се подалечна е, нека сум себична ама… Бебе проодува, пингвинка пресмешна Се пушта по пиво, тв и даљинско. Можам да кажам дека е убав период сега, после годината имаш мало човече што ти пркоси и брбља по цел ден, каде каде поинтересно од првите магливи месеци. Одмор закажан фала ку*цу, ќе прчиме газ на плажа со пиво, барем така ни е идиличната замисла. И НЕ МРДАМ, ни маркет ни бар ни сладолед, ништо, све има да накрцам по пат. Колку е скапо како да идеме во Мајорка, не во Грција ама ок И така, ред солзи ред смеа да си ги доредам алиштава…
Честитки и уште поголеми успеси Со лесно и успешно да чекори Мојата омилена игра од детство. Уште се деќавам со брат ми како распостилавме на сред дневна камп од столици Да те гушнам. Нека поминува побрзо што и да е. Ај добар ден. Еве на рапорт да шкртнам во дневникот Ај прво за доењето да се изјаснам. Дојам кога сака, каде сака. Исто и со првото беше. Последно мали сега кога се враќавме од одмор на сред Космос го доев. Тука исто излагам да шетам и не се замарам дали ќе дојде време за цицање зошто немам проблем било каде да го обавам тоа. Е проблем ми е што мора да ми е смислена гардеробата за поголема пристапност. Фустан кој не се откопчува или спуштаат рамки оти ќе треба и на гаќите да мислам што ги облекувам зада му дадам. Шала на страна обавезно го помислувам тој момент пред да излезам, за да можам полесно да завршам. Сега пред некој ден мајкава се дотера за на детски роденден, облече тврд прслук без рамки, каков проблем за вадење града излезе . Среќа завршив работа ама друг пат ќе помислам пред да решам така да се дотерам. Инаку бебе на 6месеци уште нема абер од седење. Сигурно немајка сум, дека детево не ми е спремно за маратон. Мислам он желба има и пресреќен е кога ќе го кренам во седечка, ама сака без мака и труд и вежбање, како мајка му што мисли дека се симнува стомак. Многу слабо седи на меше и нормално грбните мускули уште не му се спремни. Сега му купив од оние перничињата со вода и рипли, па може поинтересно ќе му е да седи повеќе. Минатава недела имавме непријатна случка во градинка со големиот и почнав озбилно да го прифаќам она поголеми деца поголеми грижи. А допрва го чека ова етапа во животот каде ќе имаме уште помалку контрола што им се случува и што прават. Затоа зборувајте, ама озбилно многу со децата за да бидат отворени со вас и да споделуваат што им се случува. Мене почна да ме удира монотонија и да сум искрена да ми прифалува и работата. Да излезам подолго од дома и да се активирам интелектуално. Додуша имам за читање и нов закон за тоа што го работам зошто сакам да сум спремна, а пред да одам на породилно од инает не читав зошто знаев дека ќе ме реметат да им помогнам за имплементација, а бев премногу лута за да го направам тоа. Чекам мм да ми го среди лап топот за да седнам да почнам да читам толкувам. Пак многу изнапишав, а ништо посебно не кажав. Бебјби е нешто кенкав, па одам малку да го подружам за да поседи повеќе на земја. Имајте убаво попладне
Мајкава денес се изнајаде јајца варени со бибер, леле ама слатко ги јадев, ама желудник после, мислам дека контракции пак доживував. Хорор. Испив еден Ферментал и сега глоднав бисквити, шодека не се по програма, сеа салата со месо тешко дека ќе јадам. Торта за утре спремна, на 2 спрата половина торта, многу е смешна. Бебе влага во нова етапа, мајка е малку потресена. Искрено задоволна сум ептен со ова бебе како се развиваме многу, имаме повеќе интеракција, повеќе одговара на нашиот труд околу него и мислам дека полесно ќе ни биде и зборење и одење и се. Засега пропелер систем имаме, се врти ко некоја вртелешка, си џапа што му треба и назад на грб пак. И лази грбеечки, со нозе се одбива и скока наназад ко некоја риба, оп оп оо до крајот на креветот или од подлога на паркет. Е проблем е кога ќе дојдеме до ѕид или до врата па главчето боли, па пиштиме. Еве он лази на земја јас до него пишувам и оп оп си дојде до паркет сега ќе го лапа. И мене ко мајка Ано ми се оди веќе на работа, имам уште дваипол месеци, ама некако едвај чекам искрено. Не ми е монотоно, туку ми е премногу напорно, од сите страни само не бараат ај со нас да шетате, ај со нас, дојдете на кафе, дојдете на сладолед, ајде во Зоо, ајде на кафе, 2 пати во денот ни е обавезно шетањето, со 2 деца, едното точак другото во количка, епа премногу ми е. Башка дружбите се знае, сведени на муабет за бебе, е не бива тоа така. Од прееска муабетот останал не пратен, спиште за надвор малото, па се облековме по долги, ама мама не ја остави, јас жива гола излегов да шетам. Тоа е. Туку баткото беше на роденден, си дојде и се пикна да се тушира, го слушам од спална како пее опери, боже боже... свекрва ми вика ист бил и мм. Смешен е, на нозете има влакненца, кога гледаме филм со бацување се крие, спие до пладне, има моменти кога сака да се осами во соба, има испади на некое невообичаено однесување... Расте дете, пубертетлија ќе имам за некое време. Имаме само една мака, која девојка да ја одбере, има 2 кои ги сакаат и не знае која да ја одбере. Туку се спремам психички и физички за одмор кај мајка, ќе биде трудно, нека е жива и здрава само, али тешко разбирачка. Тек па од септември кога ќе ми го чува малото... оф оф оф... Доста беше, ќе прочитам малку од книгата и фаќам сонот. Добра ноќ!
Во ранецот на бебе имам 2 резерва комплети и според временските услови ги менувам. Е супер ама еден комплет на долги, ставен внатре ни го проверив, ни се сеќавам кога сме го ставиле битно повеќе од месец има. Одам на заболекар попладнево, бебето кај мајка ми, и кажувам има комплет на долги, бидејќи дува поладен ветер надвор ако одите бар долу долги стави и. Речено, сторено. Баш разговаравме со сопругот како бебево одеднаш се издолжи некако и баш попладнево уште не стигната јас до ординација, ми ѕвони мајка ми и вика, нели имаше комплет на долги. Е па има викам еден со розови хеланки. И во моментот праќа слика, хеланките на бебе, 3 прсти над глуждови. Значи време е за ново пакување на алишта, да нема застој. За враќање на работа, колку што повеќе седам дома, толку не ми се враќа. Во овие скоро 6 месеци повеќе од колегите со кои работев се во други компании. За со новиве некако немам желба да работам. Од друга страна ме чека повисока плата, така да зависи што се испадни следните месеци ама голема е веројатноста платата да победи и да си работам на истото место бар некој период без разлика на фактот што нема да ми се погодени колегите баш најмногу.
Лек за хроничен умор? Се си мислам од децата е ама изгледа маж ми треба да го шитнам. Добив сабајле и ајде као ќе останел дома да ми помага, како се заебав сама себе убила. Никако ред да фатиме од сабајле, никаква организација. Сама постигнувам буквално се, деца најадени, наиграни, заспани, ручек, ќе подсредам, абе ова најголемото дете само хаос ми прави. Си купил правосмукалка ли, чистач ли немам поима, базенот сам да се чистел додека сме пиеле кафе од сабајле Дечко како да ти кажам дека додека го пијам кафето ги ранам двете деца, ја средувам кујната и ги играм двајцата доле. Па полека друштво се собраа надвор да и дадат овации на правосмукалката, па здравици со пива, па леле мајко дешавка. Јаготка на шлагот, некој ми тропка на вратата од дневна, оп свеки и свекор се сетија на внуците после еден месец. Супер си викам, уште вие ми фалевте. Ова малово ми е многу нежно, сензитивно на непознати и гласни луѓе, кога викна да плаче со солзи едвај го смирив. Големиот ме запрепасти, фати да мава по нив со играчки, со што му дојде при рака, да ги брка, јас не знаев кое попрво да го смирувам. Природно ми дојде да му свикам да се смири ама си викам чекај бе, па и него природно му дојде да го заштити братчето и само полека го прибрав до мене, му реков дека не сакаа да го исплашат туку дека дошле да си играат и се смири некако Стрес левел: штрафцигер во штекер Ставаа со дедо му батерии во играчка и дали го зафрлиле некаде и овој го нашол, се вртам тој стои со штрафцигерот во штекер Си ги осетив сите влакна на телото како ми се кренаа, брзо го тргнав и се истурив од плачење. Мислам пола саат држев предавања, пола да влегло во едно уво среќна сум. Животот ми го скрати, кога денеска не умрев мислам ќе поживеам. Некаде како да сум слушнала дека треба во двете дупчиња да се стави нешто за да удри струја ама во тој момент срцето ме стегна. Да разгледам некоја last minute понуда за Грчка додека можам очите отворени да ги држам, подруго е умор на плажа Мирна ноќ да имате
Добрo утро, добар ден. Вчера тргнав да пишам и не стигнав да го допишам постот, а уште помалку да го постирам Вчера времето беше катастрофа, дождливо, ладно и депресивно. Као ќе поминував со правосмукалка и цогер, и нормално џогирав во кревет во сон, си искористив и си спиев со синко , и подобро што направив така зошто во два сношти ни беше весело. Врескање и грчење , бев цела во вода дур го смирив Од вчера почнав колипрев да давам па ќе видиме како ќе биде. Но со оглед на тоа колку лакомо цица, мислам дека доста ваздух се наголтува. За тоа решение немам Денес морам да поминам тоа што ми остана од вчера. Ајде одам некој залак да ставам и да се фатам за работа дур спие мали мој
4-5g не знам ама мојава до 25 месеци цицаше и тоа втор роденден барав кј да седнам за да цица, пред да ја добиеме неа во пицерија девојчето имаше 3г сигурно цицаше, па зеде пица да јаде, со маж искоментиравме и послњ викаме повеќе коментирање никако оти све од глава ни се удира. За мојава беше ептен стресно одвикнувањето на сила и ја остадов сама да кажи кога, така поминавме најлесно и без стрес. Шо е многу, многу е ама аај..