Не бев јас, ама би можела да бидам се шалам, ми јави алергија на кравјо млеко и мислам дека ако не е цицањево гладна ќе остане, ма да мала е сеуште и затоа не ни мислам периодов да ја одбијам, 14м има. Среќа се адаптира во градинка па таму јаде (бар така ми викаат секој ден) а дома борба водиме за едно залаче Имајте убав и лесен ден сите.
Хелоу мајки Грција колинг Ауфффф Веќе нема да ми текне да се пофалам за ништо у вези синко . Аиииии Арно што сме со мајка ми и татко ми ,инаку немаше шанси 7 дена да издржиме . Гарант на вториот ќе се вратевме. Детево мое е станато ...не знам да најдам прикладен термин Али сите на плажата се чудат од каде му е таа енергија и како не се уморува. Абре уште од 08ч сме на плажа ,накај 10ипол мама го носи дома ,има долу голем двор под сенки ,и таму трча ,си игра ... После накај 17 ипол пак го донесуваат. И пак е како во штеќер буцнат. 100 кофички купивме, топки секој ден нова , колички , секакви реквизити ...не бре. Он или ќе трча по цела обала ,или ќе се бања . Плачење ,врискање коа ќе го замотаме во бањарка да му е незгодно на човек . Гледам дечиња седнати на пешкирче ,па си прават замоци ,си копаат во песоксот со лопатки ,гребли.. Не! Моево тоа не го тангира . Само трчање или во море да е ,тогаш е во ред Или може да поседи на лажалката ако му давам нешто да апне . Ама па не може нон стоп нешто да се меле. Го гледам и стомаче пуштил. Мама вика : да му јадеш газот , внучето ми е баш фит Уште утре тераме одмор и здравје сабота се враќаме Крај на јули резервивлавме 4-5 дена до Охрид да се иде . Сами ,јас маж и синко. Ама таму е цела фамилија на маж ми па ќе имаме припомош.и таму Унвао ни беше до лани коа одевме со другарка ми фризерката , ми помагаше и она доста ,ама годинава нема шетање со неа , мојата најсакана друшка е конечно трудна Се радувам како за мене Те молам Господе и со неа све да биде во ред и да си ги наполни рацете како нас Мама го заспа синко , сега јас и маж нарачавме вечеричка ,носиме квалитетно винце ...па ќе има гозба Сами ние двајца Ко во стара добра времена Ме фаќа мала паника како ќе се пресдаптирам од задутре коа синко ќе остане само "моја обврска" ,коае треба за све јас да се грижам Се навикнав вака,за све мама да биде одговорна освен за оброците . Не успеав да стекнам доверба во никој да остсавм они да го направат оброкот за него и тоа е тоа . И овде дојдов до вага и тефтер јеловник Тато и мама се крстат ама што ме е гајле Таму не давам да ми се мешаат и строго имаат забрана дури ни вода да не му даваат без моја дозвола . И доброто е што слушаат и почитуваат мој збор Ако до минатиот месец ПОНЕКОГАШ ми се јавуваше желба за второ дете ,т.е за дунде ,деновиве сфатив дека дефинитивно синко ми е доволен . Нека ни е жив и здрав ,ама преблагодарни сме што ни се наполнија рацете , очите и душата Поздрав Мајки Грушкајте дечињата И една "порака " до младите брачни парови Ако сте во можност раѓајте помлади Не било лесно на 40+ и 60+ да се "занимаваш " со бебе Ама па не подмлади И направи да престанеме да се понашаме ко недоквакани тинејцери Се слушаме Добра ноќ
Добро вечер! 6м мајка на едно будало и едно научниче, дабл мама (3 у иднина тоа значи дабл свекрва ама ј*г) Малото љуби га мајка почека да наполни 6м и да почне да лази убаво и да се тркала, лази профи, се тркала уште поубаво, право пропелерче е. Љуби га мајка. А бато 6г му браневме игрици и јутјуб и 7мата ѕо окркавме, ако не гледа видеа за океани и сва и свашта тогаш црта на лап топ или "компонира" музика на некоја апликација. Игра и понекогаш Супер Марио. Лектирите ги прочита по 2 пати, сеа ќе ги земел кај мајка за трет пат да ги чита. Боже пази. Мама подослабе и закочи, некако немам ентузијазам, не знам оти. Му викам на маж полани слабеев за второ, сеа немам поттик, вика еми еј за трето. Ахам, нема шанси. Сакам ама нека е жив и здрав мали.... Прееска да го сликам ја зџапа тортата, муња, раката полна торта, едвај го откачив да го избришам. Греота е какви убави деца раѓам, со трепки наааа толкави и очи бадеми, да не родам една мома, ама нема тоа по нарачка. Доста паламудев, одам да го заспијам малото, да им ја скршам дружбата на браќата, се кикотат, едниот во џемпер, едниот пие милкшејк и се смеат а се погледнат. Ѕвериња! Добра ноќ!
Добро вечер и од мене Јас денес мрдната скроз, зверкава станата од 7 сабајле, незнам што и стана цел ден ме мрдна дали успеа два саата на сецкање цел ден да заспие. Направи 2 мес и 10 дена, деновиве нешто послабо се витка, почна и редовно да кака, или конечно погодив капки или намалуваат грчевите. По дома така малку похаотично, особено кога сум сама, како бомба да ми паднала. Зверкава почнува повеќе да разбира, се смее пушта звуци, и поголемиот батко кога и зборува само му се смее, кога не е дома до вц неможам да мрднам, и во стомак кога беше на него најмногу ми реагираше. Малиот бато има таква милост што сака да ја гушка и бацува ама женската несака гмечење одма се дере. На моменти кога незнам на каде терам, ми оди да фатам магла некаде бар некој саат да издувам глава,од друга страна си викам ќути додека да трепнеш ќе порасне. Малиот вчера ете така се пофали дека за малку кола ќе ги згазела на улица, ама батко му му кажал да не кажува и си кутат двајцата, мислам дека животот ми се скрати,кога ни кажуваше . И така додека да заврши распустот и нивното играње може и Бардовци да завршам . Оди сега мама малку да се релаксира во када
Каква лоша мајка немајка сум јас што дозволив бебето да ми падне од спална. Се разбуди у 3 ипол саат ноќеска и неќеше да презаспие полн со енергија и спремен за играње. Го ставив меѓу нас на спална си играше се вртеше немаше абер од спиење. Мм пошо мораше да стане рано за на работи отиде у дневна да поспие, останавме ние двајца на спалната. Од премореност сум задремала кога слушнав бебе списка заплча, мм од дневна почна да урла скокнав од кревет, бебе паднал од спална, мм дотрча и одма го крена. Мене животот буквално ми се скрати почнав да плачам снемав воздух ми се деси паничен напад неможев воздух да земам. Му се направи џумка напред над окото и поседовме се смири он одма дури почна да си игра одма пак и да се смее. Не не трпеше срце па отидовме на итна после пола саат. Наводно се е океј само да го следиме неделава. Се надевам дека нема да има последици никакви, ова е најстрашното нешо шо сум го доживеала, почнав да повраќам од стрес. Никогаш повеќе нема да си дозволам да заспијам и да се случи ова. Господ нека го чува само да биде добар. Многу се обвинувам како можев да заспијам да дозволам да се случи ова.
Мајка точно те разбирам како ти е, ама не биди толку строга кон себе. Мислам дека нема дете што не паднало до сега од кревет и фала богу посилни се од што мислиме. Не е за утеха ама еве чисто да ти кажам дека не си единствена и мојава минатата недела падна од спална ( а спалната е прилично висока), исто имаше огромна џумка и модрица кај окото, за да биде потрагично јас не ни спиев се свртив на секунда да земам нешто и во тој момент падна Фала богу супер си е и пројде и џунка и модрица како да не се десило, само стресот мој остана. Прати го неделава како што ти кажале, ама сигурна сум дека ќе биде океј.
Ние не јадеме маргарин ама за вакви ситуации имам дома маргарин, со прст на удреното и нит џумка нит модро. Ви кажува мајка на која детето и падна од 1.40 на глава. Е овде не спаси маргарин зошто беше баш баш удар јак, ама за мали инциденти помага.
Точно потврдувам за ова и кај нас стално се чукаше и паѓаше посебно на проодување , маргарин не мачкаме на леб ама за џумки и модрило спас ни е .
Дај боже да биде се океј, цел ден се обвинувам дека не знам да си го чувам детето бидејќи заспав у момент кога он си играше наместо да го пазам или да си играм со него. Се надевам ќе ми помине ова ужасно чувство на вина и дека се ќе биде во ред со него... Нешто ми е поспан одсабајле не знам дали е до тоа шо не спиеше од 3-6, дали е до ударот, дали е до вакцините шо ги стаивме пред два дена, ќе полудам ...
Не се секирај, ќе поврател до сега да имало нешто. Пиши тука на пребарувачот ми падна бебето и да видиш колку постови ќе излезат, има и тема за тоа. Немој да се обвинуваш и уште толку потешко да си правиш, од умор се случува, само полека, гушкај бебе, ќе си биде добро.
Како што ти кажа и Реин, ќе поврател до сега ако имало нешто. Поспан е нормално, не спиел ноќеска плус те осеќа и тебе дека си вознемирена, ќе ти помине и чувството на вина, мајки сме ама не сме семоќни, надвладува уморот или ете во мојот случај и мало невнимание. Ќе биде добро сигурно, нека се наспие па играјте, гушкајте се и одмори душа и ти ко ќе најдеш време. Дете во градинка, маж на работа јас цело утро се излежавам, толку долго не сум си дала издишка што дури во моментов ми се врти во глава себична да не сум што си зедов неколку саати пауза одам полека да се спремам за на работа, имајте убав ден мами
Мене малово до сега ми беше сигурно, ама веќе не ми е, ни заграден, почна да лази и особено на кревет за секунда се врти и тргнува, лази ко некој војник брзо брзо. Преку ноќ ова не задеси, вчера наполни 6м и почна, тргна. Сега ќе го префрлам во креветче, не бива, не е сигурен, ми заспа на спална.
Добар ден, убав ден Имам за пишување многу, ама ќе пробам да скратам. Прво сакам да се пофалам, ослабена сум 5 кг. Уште 2-3 и ќе сум задоволна. Секој ден пешачење - малиот во количка разгледува, бато со точак, и ме радува апликацијата кога ќе ми стигне известување дека сум ја остварила целта од 10 000 чекори. Ама бев заседната домаа. Само нека ни потрае вакво време. Проблем со батко - сака нов точак. Има точак кој е соодветен на неговата висина, не е нешто нај нај ама е солиден и го вози веќе 3 години. Зачуван е Е сегаа, се мери со поголемите деца во маало кои имаат велосипеди со брзини, не знам какви дискови и слично. Еве веќе една недела бара нов точак. Бевме во план да му купиме меѓутоа за в година, откако ќе го надрасни овој што го има. Не е проблемот што ќе се купи, ама не сакам да го учам дека секоја негова желба треба одма да се исполни затоа што тој така сака. А од друга страна ми е жал затоа што денес дури се расплака. Долго време беше сам и ние можеби малку претеравме во исполнување на желбите. Да попуштам или не? Маж ми вика денес е точак, утре што ќе е, мора да издржиме да не попуштаме. Чекорчињата на бебе уште се несигурни и се неколку. Не сакам да форсирам, сам ќе си одлучи кога ќе се пушти. Колку повеќе форсираме се мачиме сами себе и ги оптеретуваме и нив, а со тоа може и контраефект да се постигне. @strelec231992 погоре имаш добри совети да не се повторувам Убав ден мајки и најубав викенд, спремајте купачите и на ладење
Само пешачењето и редовните оброци. Ако заседнам дома, многу често отварам фрижидер. Се имав опуштено многу. Не можам да следам режим, никогаш не ми успева.
Добра ви вечер. Денес сум скршена. Изгубив верба во човештвото. Официјално сум сигурна дека не постојат луѓе на овој свет, само ѓубриња. Или барем во мојот мизерен град. На кратко: идам денес после работа во градинката, си земам ранчето, шишето, ги барам патиките кога... Ги нема. Ја прашувам негователката, зашо сабајлето беше оставен со дежурните, па си помислив дека кога го земале можда ги заборавиле, итн... Или можда сабајле баба му го донела без патики... Не ни помислив дека би можело некој да ни ги земе, т.е украде патиките. Омилените обувки на син ми. Патиките кои за да можам да ги купам се стегав со денови, зашто како самохран родител едвај си ги дозволив. Мизерија невидена. Fun fact: ова не е првпат. Есента влеговме во бутик на две минути, плативме и излеговме а во меѓувреме количката ја оставивме надвор. Во неа имаше бебе што пее (она на кокомелон), кога излеговме, бебето никаде го немаше.
Не ми е јасно како може од градинка да се украдат патики? А да не ги земал некој друг по грешка, да ги замешале? Во тој случај би останал еден пар вишок нели, ама сепак....
Немаше вишок патики. Плус неговите не се ни приближно слични со патиките на ниедно дете од групата. Инаку вратата беше отклучена (скоро секогаш е заклучена, отклучуваат само кога треба некој да си оди). А и не ме чуди зашто пред еден месец другата градинка во градот беше ограбена, исто обувки...
@nevermet18 , баш ми е жал, зар постојат бе такви, од градинка да крадат . Срамота. Пријави кај негователките? @Bubce38 се очакри зетко, да и прави друштво на дуда моја. Леле луѓе на лулашки сме секој поручек. Мојава секаде застанува до луѓе, топка, тротинет, играчка мора да се земе и трча и вика моја е моја е. Јас како во струја брцната трчам по неа. Абе ги гледам другиве родители си седат културно а јас како на трки.
Ох бе мајкааа.. не ме чуди ништо, летото си бевме во парк, она носеше ранченце и внатре топка малечка, седев на клупата додека се лизгаше она на тобоганите ама едно време ме викна да ми каже нешто, кога се вратив ( буквално на 3м од нас) ранчето беше отворено и земено топчето, ете која мизерија.. детево душа немаше од плачење. @1209 и ја сум од мал град, не поминувам долго време таму, знаевме да отидеме 2 пати годишно додека бевме во Ск ама не сум имала непријатни ситуации со доењето, аа реално секој со секого се знае. Еве денес свративме до на работа кај мајка ми, бебе се одкорна од плачење и мајка ми рече седни, доија немај гајле од муштерии, дојде шефот ама пошо е по националност евреин кој многу ги почитува нивните правила, чоекот ми рече само продолжи колку шо ти е потребно време,со наведната глава излезе и стоеше надвор можеби пола саат, глупаво де ама ммогу ми е побитно она да е најадена и смирена. Оваа фотка си ја обожавам, единствена кај шо ја дојам на Нина, ептен убави спомени ми буди.. колку ли сега порасналаа, колку брзо помина тој период. Добро што сме ја направиле, спонтано, мм рече само чекај да ве сликам, прекрасни сте. Луѓе имаше околу нас ама она ми е најбитна. Дури сме имале ситуација во море додека се бањавме, она во гумата беше и ме тегнеше за купаќи за да цица, ама и дојде солено и брзо се одкажа иначе и таму би мезнала малу.