Здраво ми треба книга за дохрана на доенчиња значи од старт што како се уведува книга за мотивација ба нокширче, бајки ,сказни,сликовито со малку текст идеи?
Сликава ме расплака Од убавина Некоја "чудна" пот ме облеа, некоја неопислива емоција ме понесе . Ме поттикна да размислам зошто јас не се пронајдов во доењето Колку ми е убаво кога гледам мајки како ги доат бебињата . Јас пробав ,имав млеко како од чешма... Не успеав да "издржам" , не се осеќав "пријатно", на плачки ме тераше целиот процес ... За два дена се откажав и зедов апчињата Можеби требаше повеќе да се потрудам , не во смисла да го "научам " да цица . Цицаше тој ,од одма знаеше како треба . Јас "не знаев" како да најдам начин да "го издржам" тоа Ајде ,бидна веќе . Вака така пораснавме . Касно е сега да мислиме шта би било кад би било Се вративме ние Дома си е дома Детево коа си влезе во неговото паркче се израдува толку многу што почна да урла со јеееееее Да апнеме нешто и директ сите на спиење Убав викенд мајки
Ај нека ме утеши некоја мајка дека само со првите заби, бебе ќе има 24/7 раце во уста и ќе се лигави без прекин. Веќе се откажав дека ќе биде чиста и сува во алиштата следниов период. Не знам веќе колку алишта менуваме во ден, колку машини пуштам, ставам за сушење и пеглам. Демек спремни комплети за бебе да е средено, погодено за секој ден во неделата и се менуваме по 737229 во ден. На мисла сум да почнам да ја оставам само по памперс затоа што немам веќе сили да ја пресоблекувам милион пати, па макар и само блузичка да е или само боди. Веќе не се знае ни комплет за дење, ни комплет за спиење. Што е суво и чисто тоа ставаме.
Да ама сега на жешкото се потат многу барем кај мене и кога и ставам таква лигавка на градите е мокра и сега само памучни користеме оние на тритекс ми се убави двослојни се и од лиги не пропуштаат многу на бодито.
Имаме ама се нервира со такви и ги тегни постојано. И вакви имаме платнени, баш од Тритекс. Успева некое време барем на блуза да е сува. Меѓутоа и лигавки менуваме не знам колку во ден.
Во иста каша сме. И кај нас е исто, со тоа што мојов не поднесува лигарчиња, никакви, одма плаче, ни мушама ни памучни. Кај после секое јадење е лом и го пресоблекувам, сега и со лигавењево. Дневно, во најдобар случај 5 бодиња се извалкани. Нека мине побрзо, немам сила веќе за пеглање
да дојдам и јас на кафе муабет Ќере е хаос незнам што е каде згрешивме со воспитувањето што е толку невозможна и непослушна .....Од секогаш е своја ама пд кога мешето почна повеќе да расте почна и она помалце да слуша :/ Братчето има 2 месеци утре она е по цел ден со тантруми сабајле се дереше да облече фустан а ладно беше надвор уште од 7 за фустан па после за ручек де било вруќо де не јадела тоа за се наоѓа да вреска :/ а најубаво се вреска кога бебе треба да спие незнам што се замислив прееска ке одам на кафе со пријателка рацете во чаша вода надвое по сите вирови изгази си дојдовме со мокри патики ..... Дали имам превисоки очекувања за девојче од 3 ипол години или дтварно она претеруува ....каде грешам ....се теудам колку можам да и обрнам внимание да сум смирена ама верувајте секој ден плачам колку нервоза ми се набива
Мислам дека тантрумите се од љубомора, сите така реагираат. Или пробуваат да се истураат на бебињата или вака реагираат како твојата. Ќе се смири кога малку ќе порасне малото и ќе почнат да си играат. Добро утро од Грција Родителите не одат на одмор, само ги чуваат децата во друга земја - Точно, преточно. Големиот среќа е многу мирен, се бања по цел ден, јас со бебето под сенка кафенце, топломери, сирупи И на море успеа да се разболи. Да дојде маж ми да направиме смена, па да се брцнам и јас, преубава е водата
Исто е и кај нас. Бебе нема ни 4 месеци, рацете ги бута во уста цело време. Лигавчиња користиме памучни триаголници, колку толку помага. Освен лиги често и знае да поврати затоа што бута раце до грло. А сега научил и лигавчињата да ги бута во уста па дополнително се мократ. Исто и тетра пелена ја прави жива вода ако го покријам. Но го оставам, може убаво му доаѓа на непцата, нека се чешка, јас ќе перам тоа е. Фаза е ќе помине
Мамасити мои, едно прашање. Дали го броите денот на раѓање како прв ден или нулти ден. Малку ме буни тоа. За да си израчунам дали 4 или 5 јули ни се паѓаат 40 дена. Родени сме на 26 мај. Јас не би го рачунала 26 ти зошто 27 ми е веке бебе старо 1 ден. Таа некоја логика ја користам. Ама можеби грешам
Кај мене попот ме праша во колку е часот родена, ако камбаната чукнала за вечерта да не го бројам, односно ако е пред 7 часот попладне родена да го бројам. Прв пат и јас го слушнав ова ама по тоа се водевме.
Пишувам само кога сум пред нервен слом валда да ми олесни Али сега ќе пишам само да ве поздравам и да напишам збор два онака од срце Бебка ми е мелем за душа се смешка постојано, онаа би живеела само од гушкање и бакнежи ако се прашува не и треба млекце сега е во вазон ручкам рачина преслатка е оваа дете имам чувство како пораснато да го родив има 2м главче држе сама се напонува да се сврти па скоро и почнува да и успева од страна на меше, во очи те гледа додека и збориш,се топам чудо од дете а има сто пати помалку внимание од брат му кога беше бебе над него се тресев, све да е како треба, со никој не го оставав на никој не го давав (и сеуште имам вакви моменти околу него) Во едно се исти со бато а тоа е не сака ни во релаксатор,ни во корпа,ни во транспортер,ни на подлога све тоа 5мин и му се здосадува и тоа ми отежнува да излезам сама со двата. можеби си викам до мене е можеби јас незнам да се организираме незнам што да речам често сама се обвинувам Поготово темата околу бато значи незнам што се случува со дечкото препаметен е Али и претемпераментен.. Само се вика по него значи ни една минута неможам сам да го оставам веднаш глупост, низ парк трча како мува без глава падни стани со точакот, ништо не го интересира ни некој суперхерој да има ништо буквално, само пишти за по да јадам НЕ или НЕМОЖЕ ТОА тој пишти се ака од земја поготово со мм толку инает води што за возраста не е нормално барем јас така сметам.. Кога и да заспие бебе тој се дери,трча,чука, а таа кај едвај заспива уште да ја разбудиш фали. Кога сме двата сами е супер ме слуша играме се бркаме низ парк се прска е со вода буквално поголемо дете од него сум се влечам по земја се возиме со точаци све правам само за да е среќен он и да поминеме квалитетно време ние двата.. Кога го земам од градинка одиме два часа јас и тој сами што ќе одлучи тој тоа правиме. Без мене на вечер не заспива и како шо ја држам беба така и тој сака, знам дека има некоја доза на љубомора Али стварно незнам како да постапам размислував и за психолог да ми каже дали грешам негде јас.. Он ја сака многу стварно е брат кој душа дава за дада ја нишка и дава цуце кога ќе и падни,ја Капиме заедно,пелени менуваме, бираме што ќе се дотерани двата и осека дека е пресреќен околу неја само ја гушка и ја бацува и и вика многу сакам На мисла сум да почнам од утре на диета имам еден куп од што сум одела на нутриционисти (цел живот) па да бидам фит за на одмор.. може и да се исфарбам плавуша Али ќе треба да заглавам цел ден на фризер ќе се одлучам неделава што ќе правам Убав ден мами уживајте во тоа што го правите