Денес ми е посебно безвезе денов, ама ќе прескокнам жалби и поплаки. Цел ден си го гушкам ќофтево, мислам дека ја стопив од бацување насекаде. А она па како права љубовџика ужива, се смее и ми ги трпи изливите на емоции Два ипол месеци човече, а некогаш ми изгледа ко да ме разбира кога и зборувам. Ме следи со поглед со умните очиња и "ми прави муабети" . Веќе секој ден како да пушта по некој нов звук, нова гримаса. На пат поминавме подобро од што очекував. На почеток малку беше кенкава, ама после тоа си имав права другарка. Спиеше, гугаше, правевме паузи за цицање и галење, си пеевме и стигнавме безбедно после неколу саати авантура. Се изнауживавме покрај вода, се изнаспа, нетипично мирна беше, кај наумивме таму отидовме, не се побуни Пакувањето од друга страна беше кратка хорор приказна. Без многу време за осмислување, сама што попрво да фатам и направам, плус променливо време од дождови до пеколни температури, буквално нема што не спакував, крцаше колата Морам да поработам во овој дел, секако најголем дел од работите така останаа да фаќаат место, а тоа колку пати отидов до кола и назад не сакам ни да бројам. Се вративме и одма ги решивме и првите вакцини, сега сме раат следно до крај на август. Многу ми беше страв како ќе поминем со температури и други нус ефекти, ама освен мала омалаксаност и поспаност, куртуливме овој пат од поголеми турбуленции. Толку од мене, убав викенд каде и да сте мамаситас
Да не пишиме за истите деца и бебиња хаха? Големава е иста како твоето големо, ма таман ќе заспие бебе, она тогаш коцките ги фрла на паркет, тогаш зела чука во нејзината кујна, праела пикник као баааш до креветчето на бебе и пее песни, абее бебево мир нема. Темпераментна е и мојава, пргава, инает значит хаос дете. Бебе е исто како твоето бебе. Знаеш дека мене тоа ме замисли искрено шо многу ранп и моевп почна да се понаша како да има 3 месеци.. некако нелогично ми е пред 2месец да крева нозе и да се турка за на страна, главана како кобра ја држи, ништо не и бега, не гледале ок до 3 месец, мореее како се врти на секој покрет дома и на секок звук. Мене тоа ме замисли.. ама ете не сме биле единствени. Релаксатор немаме купено и се мислам дали од оние што релаксаторот ги ниша или пак оние што функционираат на принцип бебе само со мрдањето да се ниша.. Количка не сака, транспоретр такоџе. Е јас време на само со голема не можам да имам, бебе е нон стоп тука и тоа ми е напорно со земањето од градинка, ај тоа туку и тами драми почна да праи и тие ми рекоја као да сум ја одпишела бреееееј за заспивање големава почна во дневна да зспива, па ја префрламе ама ете пишав во другата тема дека имам проблем на вечер шо плаче по мене и овие два вечери седиме будно по 2-3 саати оти она липа на цел глас чим види дека мм е до неа.. преку ден не покажува љубомора ама изгледа си го поттиснува емпциите и кога е најмалу свесна ги покажува. Ми фалии ептен и мноогу ми е криво шо бебе не спие убаво дење, па морам да сум на сите страни, наместо да си имам време само за мене и Нина ама ај објасни и неа дек не е ок да ја гњави кога спие.. Се надевам на мирна ноќ иии дека ќе ни се опраат децава хаха оти и јас помислувам дека нешто до мене е проблемот, не може други со саати да шетаат бебе во количка и да не се писне, а нас секој да не примети, дал заради бебе, дал заради големава шо е нон стоп драма.
Ќе се самопрозивам затоа што во иста ситуација сум и јас како вас и секој ден си го поставувам истото прашање каде грешам што бебево не сака количка,транспортер,релаксатор... Имамми тодлерче дома и јас како бубиш се осеќам не ферски спрема него, како да го имам запоставрно и ме гриже совеста секоја вечер кога ќе легнам. Тој мал дел од денот што го имам тие пола сат додека бебе спие таман ќе се заиграме бебето станало и ништо се пропаѓа. Навечер бебе се буди ќе ги сврзе првите 3-4 сати и после е нон стоп будно, па така си патам од умор. Се осеќам како во еден затворен круг и како подалеку од тоа да нема и се осеќам како да сум купи ден продај, во некое исчекување дека нешто ќе се промени за брзо време. Ние мајки на неспијачи,тодлери и плачливи бебиња треба заедно да си се дружиме зато што си ја разбираме ситуацијата хахаха
Додека пораснат мислам дека ќе побудалам,на моменти размислувам на работа да се вратам уште сега Еве сабајле драма одма уште очи не отворени стана му се мочкало и плачи поточно пишти зошто немало нокширче во спалната не сакал да оди до вц мака му било и вришти и нормално и бебе се разбуди.. Ние сега за сега спиеме сите четворица во спална.. децата негова е готова Али нема шанси, а и јас мислам дека не е време би се чувствувал одфрлен.. Лелее моментов секој нас да не примети исто и додека излеземе све некој пишти тензично до она да си речеш ќе седам дома ова не е издржливо @Panovic истото чувство го имам таман ќе заспие бебе земам со него да играм и таман ќе влеземе во фазон сме се зиграле тоа станува и морам со него.. и многу ми е жал за големиот премногу секоја втора вечер си подплакнувам кога ќе го заспијам ради што не му посветувам можеби доволно време.. Што се трудам максимално и бебе го оставам 3ч кај баби за да одвојам време за мене и него..
Ќе се поделите мила за спиење, маж со поголемото во една соба ти со малото во друга. И нема да се будат едно со друго. Не знам во пракса како е сигурно не е лесно ама братучеда ми само така успеа да не биде преуморна.
Добар ден мајки Турбо ден, како втор да почнува. Ја испратив големата на школо, па со другата до шумата. Сите деца на предшколска возраст неделава ќе одат од 07.30 во шумата. После тоа назад во градинка со третото. Искористив дупката од два часа без термини , ги поминав супермаркетите и ДМ, натоварив колата како да иде крај света. Предност на голем багажник, што и да ми истекна ќе го собере. Се домкнав, распределив, па до педијатар со најмалото. Бебуш денес на систематски, го боцнаа во двете нозе, колку е само тажен. Стаса и најголемата назад од школо, да одиме на логопед па во градинката ќе има акција за креирање на тутурки за идните првачиња, па после назад со сите дома. Кога има најголемата логопед кора покасно домашното да го пишува, па хаотично ќе ни биде кога ќе се вратиме. Утре другата има логопед, после градинка се и на карате… нема крај со термините секој ден. Викендов славевме роденден. Мојата најголема девојка наполни 8. Имав уште за пишување, ама да тргам
Само шо кај нас поголемото почна да го буди помалото иако во посебна соба хаха од тага и плачење по мене... ухх праксата е ептен различна кај сите, добро е ако големото се помири дека може само со тато да биде, ако не прифати, се колабира од умор.
Страшно многу ме погоди веста за мајката што се фрлила од Гинекологија по породување. Ептен интензивно ја проголтав веста, посебно сега кога сум мама за прв пат. Постпартална депресија е букната и кај нас...
Здраво мајки, активно ве читам ама не секогаш имам време и инспирација да шкртнам нешто.. Морам да кажам дека последниве недели ни беше турбо, иако бевме на одмор 2 недели. Една недела пред одмор дома хаос ни беше, маж ми се фати во половината и не можеше ни да мрдне, малото дома залепено за мене, вришти од татко му, јас дознавам дека сум трудна, па дознавам дека не сум, па на одмор барај лаборатории за испитувања, и така. Иако бев физички присутна на одмор, психички не се чувстувам така морам да признаам. Среќа па немам време да седнам во место и да размислувам за тоа што ми се случи, и да барам причини. Во врска со одморот, искрено трепнав и ми поминаа 10 дена, побрз одмор од ова искрено сум немала. Единствен проблем ни беше што малото не сака вода, па го молевме за во море, и џабе полневме базенчиња за на плажа, ама друго се на се морам да признаам дека и подобро од очекувано поминавме, златен песок на плажа Моето мини тодлерче дома секој ден е се поинтересен, си брмбља кинески, си игра со играчки што не се играчки и ни команда низ дома - ни покажува ти тука иди, ти тука иди, ајде дојди, итн. Во градина не оди еден месец скоро, прво болен, па на одмор, и еве сега вакцина. Денес го боцнавме МРП - искрена да бидам, ептен сум уплашена од симптомите, ама ајде ќе чекаме, тоа е што е.. Јас демек се вклучив на лаптоп да поработам малце, ама џабе, никаква концентрација немам, сега ќе се бањам и на спиење. Уживајте во времето мајки
Лелее, мајки! I am in love, по милионити пат во изминативе 2 години. Секој ден сѐ повеќе го сакам детево. Особено сега е пресладок откако почна да зборува. Се топам на секое зборче. Колку само убаво зборува. Сѐ знае. И сѐ сака да каже, сѐ сака да направи. Како пердуфче некое е, кај не го вее ветер, таму ќе го најдеш. Де се качува по комодата да бара глупости, де брка во фрижидер, зема тавки, ножеви, зеленчук, да сечкал "моков" за ручек да спремал во "ташето" негово. И за среќа некоја, ептен е галениче. Ужива да се гали со мама, да се гушка, ужива кога го закачкам. Милини.
И мене. Толку ја разбирам и знам што све и се вртело во глава. Кој знае колку години била под притисок дека инвитро нели. Ама никој не ја рецкал. Само да е добра, и она и бебушот
За жал не е прва шо и се има случено само шо за таа девојка не се пишуваше јавно. Прежално... Толку гнев осекам и секој ден се поголема ми станува жебата да си заминам од ова посрано општество каде уште депресијата и анксиозните напади се модерни болести а не па постпородилна депресија за тоа немаат ни слушнато. Купени дипломи, непрофесионалност, несерозност грам човечност и емпарија нема во докторите(секоја чест на исклучоци) Да ти и*ам животот. Извинете на вулгарност не е ни за во оваа тема ама коа си мајка по инаку допираат овие работи.
Денес 40 дена, кога ли поминаа. Турбулентно ми поминаа. Давид е прекрасно мирно бебче, да не се тие грчевите бајче ќе е. Земавме молитва го прошетавме по шеталиште и сега ке се спремаме да одиме на гости, да го поминеме и тој адет во три куќи. Почна да ме гледа и врти кога му зворувам и готов да почне да гука. Имаме омилена страна, стално на десно ми се врти со главчето, тешко да го прелажам да се заврти на другата страна. Да ми е здрав и жив ми го обои животот во весели бои
Добар ден мајки, јас конечно се наспав т.е ситее. Легнав со големава да спијам, она само што ќе видеше дека сум до неа продолжуваше со спиење, а бебушка златна си тера она да не ја подречам до 6 без станување, тогаш ми ја донесе маж кај нас за да цица и си призаспаве до 8 ох охх убавинииии. Еххх како ми беше со Нина, маа веќе познато е дека е проблематична од старт хахах оваа за разлика од неа е преееемирноо бебче уште да сака во количка и ќе лееетааам. Ама добро, стаса денес кенгурот и ќе шетнеме после со него. Ни стаса и подлогата за играње, брееј какви се двете кога ги гледам легнати на неа, Нина и објаснува кои се животните и и тропка, а оваа љубопитно гледа. На мама срцето полно. Јас за време на пораѓај не се поправив многу 6кг се на се и нормално излегов од болница без ни жв ама стартнав со поголема кг него со Нина, тогаш се вратив на старо ама стресот лани ме уби и кг исто хаха паа еве 2 месеци после пораѓај јас почвам да се топам.. јухууу Благото ме јадеше овие 2 месеци, маа душата благо мо бараше само на сладолед бев, еве недела дена не јадам оти не ни сакам повеќе и веќе 5кг сум смкнала. Ајде, за брзо ќе сум како што бев со Нина ама време за вежбање? Тоа па ич, нема врска. Карти за Мк земени, крштевка за двете закажана, одмор до Грчка резервиран, како ќе не биде по пат со двете не знам битно ние одиме леле мене ич не ми се оди Мк уухххх напорно е тоа ама маж пак едвај чека. Имам прашање околу тие 40 дена, пошо баш се паднаа кога јас бев најкритично, додена се опоравив поминаа 2 недели и уште ми е малце црп покачен ама се осеќам добро, немавме стварно можност да отидеме до црква, шо мислите може да се прими молитва сега? Или бидна таа работа?
Здраво мајки Маж и дете испратени надвор да се издуваат, мајка фати креветот да одмори малку. Како одминува време ептен си ги ценам овие малку саати одмор, пошто знам дека од декември и нив ретко ќе ги имам. Од една страна се надевам дека бебе ќе биде мирно бебе, а од друга страна си викам што ако овој багабонт е мирното дете уствари. Едвај чекаш да потпркнат и си викаш ајде кога ќе одморам и сфаќаш дека секој нареден период носи една добра, две лоши работи А кога ќе ми текне дека со три четири дремки дневни мислев дека сум уморна Од каде им е таа енергија непресушна. Дете не знае да оди, он директно трча цело време. Од спиење станува од спална до дневна трча по ходникот. Уште не се расонил во вратата ќе се залепи битно трча. Надвор сите можни лулашки наши се. 20 мин ќе поигра ќе се полизга и ајде друга локација. Му викам на маж за една година кај и да е ќе треба да се преселиме, готово ќе му здосади населбава. Толку брзо густира работи и после не му се интересни, ќе изводи, а не знае дека ќе падне, ќе се залепи. Среќа барем во градинка сака. Социјално е сменет 100% од пред да оди. Од тивко, срамежливо дете што се расплакуваше кога некој ќе му прозбори, сега оди сам и се закача со луѓето, многу е послободен и побрзо се опушта со непознати за него, на гости кога ќе ни дојдат. На одмор супер беше први 3 максимум 4 дена после тоа веќе ништо не го интересираше. Само по кафичи да си шета, во шанкови да им влегува и да не ги остава луѓето раат. Затоа следен одмор повеќе од 5 дена не. Додека сум тука да почастам, јули ни е месец со дупли роденден и годишнина од брак. Прееска му го подавам мобилниот на маж ми и му светнува remainder потпишан Годишнина. Добро е, си знае дека е изгубен, па си ставил потсетник неколку дена унапред да не му ја јадам душата цела година после До следно читање, ве поздравувам
Непобаран совет, ама нека врти главчето на двете страни. Моето исто беше, па ортопедот ми рече мусклите мора да се вежбаат и обавезно да се врти и на друга страна. Она спиеше со мене, па само јас се преместив од другата страна, да го сврти главчето, па се оправи така. Се надевам нема лошо да ме сфатиш. @Mom's_life среќна годишнина нека ви се множат со радости. Јас едвај чекам да ја приберам и да си легнеме, не можам веќе, доста ми е од денов. Ама, играта мора да се доигра, поважно од тоа нема.
Добра вечер На Константин му проби запче Душа мала, се измачи од вчера. Го боцнаа во двете ножиња вакцини, плус целиот вивнат во непцата, отечен. Се надевам вечер полесно ќе спие, дека му олесна. Денес и третата мома беше на карате и бендиса. Толку од балетот, годинава почнуваат со. За мене подобро Оти немам ниту време ниту сили за три различни термини и спортови за сите три. Вака со едно одење ќе се активираат сите. Плус и попуст добивме. Кога ќе опркне малово може и 3+1 попуст ќе добиваме. Ние тука изгледа ќе го крштеваме Конте. Дали ќе имаме сили за ова лето ќе видиме, ама знам сили за патување Македонија воопшто немаме. Па дали ова лето дали догодина ама тука.
Нема гајле. Убав совет. Јас го вртам. И во креветче не спие на иста страна. Секое наредно легнуване го местам да биде на друга. Ама вака кога го пресоблекувам ми се врти стално на десно. Ама го налегнувам на кревет и му зборам и се врти кога сака, а плус од десна страна ставам барикада да не се врти на таму ако го оставам малку на грпче. Не дека не се врти ич ама си сака повеќе на десно.
@Mom's_life среќна годишнина, да се множат во љубов и почит Ај добро утро, добар ден. Кој како се осеќа. Ние фамилијарно се тупнавме кај моите. Ич не ми се враќа во Скопје, ама глупите обврски чекаат. Не знаат сами да се завршат Дедо не може да прдне од внука му. Па заедно си работат во гаража. Мали мајстор во најава Јас сум пред добивање па сакам да спијам, да плачам и да пцувам 3-4 дена Ништо не ми одговара, многу сум терсене и со среќа нека му е на маж Човекот кажа дека ако ќерка има исти ПМС ко мене, ќе се сели на викендичката. Викендичката сеуште не е ни испланирана кај ќе биде, ама битно тој таму ќе оди Eдно лонче вакво не ме оправа Убав ден другарки Едит: да се редат бели како бисерчиња @danichap