Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.346
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Добар ден мајки, цела сум во фрки овие неколку дена. Се ми е на трчање, куќа полна, луѓе од секаде извираат:rofl: Нека, јас сум тип на човек што сака луѓе, среќа разбрани. Затоа не сакам да се селам. Некогаш треба мир, почесто го имам ама многу ми годи кога е хаос од луѓе. Чудо од човек нели?
    Се припрема на велико, де за свадба и крштевка, де за роденден. Се средуваат ствари по дома што ни фалат, мајстори исто така извираат од секаде:D
    Уште сум на мисла кој ќе канам кој не, на крајот изгледа ќе биде роденден со купишта луѓе:D
    Нели требаше мал, ама сега се пресметувам, едни да ги канам а други не, некако ми е неубаво. Повторно треба да идат као на торта, и ајт на едно сите:sweat:




    Имам нешто да раскажам, се надевам нема да сум погрешно разбрана.
    Дали барем една мајка се преиспитала дали е во ред детето? (Боже помогни, алудирам на аутизам)
    Ова е нешто што ме мачи долго време. Се осеќам виновно што го мислам ова, имам спомнато на неколку другарки сите викаат не сум нормална на што размислувам.
    Син ми е многу мирно бебе/дете. Знае да се заигра со се, на моменти ќе се прашаш каде си го оставила. Секако дека некогаш има период кога бара во раце и тоа строго кај мене.
    Сите што ги гледам врсниците веќе почнуваат да разбираат се, се вртат на своето име, кога ќе прашаш кај е кучето/мачето шараат со очи. Моево дете не дава реакција ни кога ќе влеземе во соба, мислам на тоа да се израдува што не видел. Воопшто не е заинтересиран да му кажуваш и раскажуваш нешто. Не сваќа.
    Знае да бега кога го бркаш и да прави како индијанец со рачето на уста. Се плаши од сликање, пример кога го сликам за месеците, на сите слики вришти. Имаше период кога несакаше гужва и темни простории ама се навикна.
    Цртани од Cocomelon сака да гледа понекогаш, го имам тој JJ како балон, па и од него бега плачи. Стои на лизгалка во детската и уплашен го гледа од далеку.
    Јас и тема одбрав со Cocomelon за роденден ќе видам дали ќе треба да “одукрасувам”. Не бива и за роденден да плачи..
    Моментално се борам да научи да не му земаат играчки, т.е да проба да си ја врати назад. Имам пишувано дека од золва ми детето е еден ден постаро и кога ќе го види во близина почнува да плачи (бидеќи нели го тегне за коса некогаш) Сега гледам и од деца што му се врсници се плаши и бега, од поголеми не.

    Голем напредок е што почна сам да јаде бисквити и смоки.
    И да не заборавам дека сабајле за доручек изеде две кашички, едната негова беше а другата поголемиот “близнак” ја неќеше, па гладново ја оФука(facepalm)

    Постот стои 3 часа напишан, се плашам да го објавам, но ајде што е тоа е битно се искажав некому.
     
    На 1209, sani99, Mom's_life и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.527
    Допаѓања:
    8.134
    Пол:
    Женски
    Пробај да исклучиш секаква стимулација што доаѓа од телевизор, телефон и слично.
    Децата гледајќи цртани ( како што кажа кокомелон и слично) почнуваат да си живеат во тој шарен свет на бои и стануваат незаинтересирани за реалноста.
    Од сите можни, мислам дека кокомелон е најлош, па тоа очи болат бре од црвена, зелена, жолта боја.
    Да не ме сватиш грешка, пуштам и јас цртани ама гледам да сведам на минимум кога ептен веќе нема што да направам ( ја чувам сама преку ден и ова не е оправдување ама нејсе).
    Реалноста не е ни приближно интересна како цртаните и стимулацијата што доаѓа од нив.
    Почнете да играте некои игри до сега што не сте ги играле, правете нешто заедно некои активности и слично.
    И без грижи.
     
    На 1209, LazaLaza, Kolache na mama и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.962
    Допаѓања:
    13.005
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со @Doktor F, престимулирани се со цртаните, песнички било што и да гледаат шарено затоа после се како агресивни кон било кој уред, играчки и книги веќе не им фаќаат око, плачливи се, тешко заспиваат. Пуштајте им музика со црна позадина, има еден микс од детски песнички од нашето детство со слика во позадина, кај нас често тој е пуштен колку да не е мртва тишина.

    Инаку, @Bebetoo искрено и јас сум малку загрижена за моето бебе, 9 месеци направи ама не покажува некоја заинтересираност за нешто особено, еве од вчера почна да врти со главчето лево десно кога викам ‘не’, го крева рачето горе кога му викаме ‘чао’ и толку. Едвај и тоа. Сака да се исправа на нозе ама не може, а и не се труди сам. Многу е мрзелив некако, пасивен. Знам дека не се споредува со други деца ама поголемово ми беше струја на таа возраст, се движеше по мебел, се пушти прв пат на 10+. Кажуваше баба, мама без значење ама пак. Имаше интеракција со луѓе, омилени и одбивни, емоции. Ова се смее благо на сите, кај сите оди, не се лути за ништо како сеедно да му е. Дали мене ми е чудно зашто се многу различни со првото или си има и такви бебиња, не знам.
     
    На 1209, Mom's_life, Bubish26 и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.346
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Деновиве од кога затопли сме нон стоп надвор, намалени се ептен цртаните, и тоа што го гледа е со завртен тв од игралната. Значи само ги слуша. На почеток кога почнав да пуштам цртани не сакаше ништо освен кокомелон па затоа само тие ги знае. Од утре ќе пробам и со скроз исклучен тв, нема тој мака си игра и си слуша, не му требаат да ги гледа.
    Заспива без проблем, сите играчки го интересираат, јаде се, лази, се исправа, фаќа се што ќе стигне. Тоа не ни е проблем, ме загрижува тоа што нема обзир за сите што постоиме околу него. Дури и мм се нервира што не се врти на своето име. А кога ќе му викам повишено НЕ веднаш бега и се смее.
    Ќе пробам да исклучам скроз цртани, еве имаме неколку сликовници заинтересиран е да ги врти. Се надевам дека тоа ќе е главен проблем..
     
    На t-sweet, Mom's_life, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.527
    Допаѓања:
    8.134
    Пол:
    Женски
    Воопшто не пуштај тв ако имаш можност..
    Иско ние мислиме дека они не гледаат, сепак ги стимулира.
    Ќе видиш и сама какви промени ќе има :inlove:
     
    На Mom's_life, unearthlysarah, LivingGlam и 2 други им се допаѓа ова.
  6. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    5.936
    Еве ме и мене, пишав пред некој ден и јас се трипав за едниот близнак кога беше околу 8, 9 месеци. Имаше периоди кога можев да го викнам 100 пати и да ме игнорира скроз, знаеше да се занесе во играчки и да биде ужасно тешко да му фатам внимание за било каква интеракција. И нормално фатив да гуглам и се заебав скроз. А бе убедена бев дека има некој проблем со развојот. А уствари малиов така се исклучуваше секогаш кога работел на совладување на моторички вештини. Тогаш учеше да лази. Откако совлада тоа стана друго дете. Насмеано, сака да си игра, покажува желба за интеракција едноставно се смени 180 степени. Ист таков период имаше на 6 месеци пред да научи да се врти од грб на меше. Истиот ден кога се сврте стана ново дете. Се надевам дека истото ќе се случи и кај вас. Не паметам колку месеци сте?
    Од она што имав прочитано до крај на 10 месец најмалку што треба да разбира е кога ќе му речеш Не! Треба да запре барем на секунда или да даде вокализација дека те разбира. Вртење на име треба до крај на 9ти месец да се појави и да стане конзистентно до година. И се очекува да се врти на име само ако го викаш од подалеку а не ако седиш до него и ако не е занесен во некоја активност. Исто, доколку пречесто го викаш по име бебињата го сфаќаат тој збор како небитен и учат да те игнорираат. Значи викај по него само доколку имаш нешто да му дадеш или покажеш, не без причина и не почесто од 10 пати на ден. Кај мене тоа помогна и откако почнав да го практикувам детево почна да си реагира. Разбирање на прашања каде е мама тато кучето мачето е до крај на 12 месец. До крај на десети треба да имаат барем еден гест за комуникација како кревање на раце да го земеш. И да почнат да копираат базични активности како на пример ако тропнеш со рака на маса да тропне и тој. Секако има бебиња што почнуваат порано да разбираат и тоа е во ред, не значи дека останатите доцнат со развој или слично.
    Кај нас имаше скок некаде при крај на 9ти месец кога почнаа да разбираат доста работи а сега на 12 месеци разбираат све. Дури се чудам како нешто што нит сум ги учела нит сум им покажувала го разбираат. Ама за тоа треба многу зборење. Јас буквално се што правам им зборам пошто така ми седат мирни и не кенкаат, устата пена ми фаќа ама така децата учат. Преку игра и зборување. Ако сакаш пиши ми пп ќе ти пратам некои линкови што мене ми беа од помош.
     
    На 1209, Freckles., MinnieM и 11 други им се допаѓа ова.
  7. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    5.936
    Споредбите се дупка без дно. Замисли како ми беше мене кога имам двајца и се скроз различни. И карактерно и во совладување на вештини. Едниот беше понапред и учеше многу побрзо и таква анксиозност ми се ствараше додека и другиот да почне да ги прави работите обично со задоцнување од две три недели или месец. Пример на бебе Б еднаш му покажав чао одма почна да мафта на кој стигне. На другиов а бе мафтај покажувај џабе ;( кога еден ден направи чао беше совршено, со испружена дланка онака како што ние правиме. Си вежбало детето да го направи како што треба :D
     
    На 1209, Mother of 2boys, Mom's_life и 9 други им се допаѓа ова.
  8. tanjaaa

    tanjaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    2.370
    Пол:
    Женски
    Секој ден се преиспитувам и со поголемиот и со помалиот. Да почнам да ги раскажувам моите стравови и чудните мисли кои без основ ми се вртат во глава нема да има доволно место да допишам
    Ете го малото 13 месеци не се врти на име секогаш. Знае каде е деде, тато, бато и многу работи ама кога сака ќе се сврти, кога не сака не сака и точка.
    Или кога ќе ја удри малку главата првото што го правам го гледам во очи и дали има фокусиран поглед.
    Многу пати кога ќе спијат па проверувам дали дишат.

    Мене па сега срцето лешник ми е со ммр вакцината, дали да одложам малку или не. До сега од никоја не појавил реакција, ама кога читам и слушам искуства косата ми се крева...

    Мајки и нашите стравови :)
    Нормално е...
    Тоа е всушност мајчинството
    Убава ноќ имајте мамички :)
    Ќе дојде ден кога и овие грижи ќе ни изгледаат многу мали, затоа што, како викаат мали деца - мали проблеми, големи деца - големи проблеми.
     
    На Secret-Angel7, 1209, Freckles. и 12 други им се допаѓа ова.
  9. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.704
    Допаѓања:
    175.511
    Пол:
    Женски
    Утро мајки и дечиња :hai:
    Да ве поздравиме со цвеќенцата мои
    Што убаво заврна сношти ,бар ми ги навади и нив и тревата
    IMG_20230706_092811.jpg малку ги средував ,корнев тревки па еве го и синко ,помага и он :)

    Некој фин ветер дувка тука , таман да се пие кафе раат на двор .
    Дур се направи утоп мокро детево ќе седиме
    После тоа правац дома на бањање , ќе ужинаме и следи дремка за двајцата .

    Дома ми е како да паднала бомба
    Сеуште не можам све да наредам како што треба од коа се вративме од одмор
    Важно све е испеглано ,здиплено .
    Ама редењето по шифоњери ќе почека.
    А тек па играчките , не знам веќе под кое ќоше што има изнапикано.

    Порано ,коа немавме дете ,све ми беше под конец .
    Не дека бев болна педантерија ,ама све си имаше свое место ,све си беше стокмено .
    Ме нервираше една чаша ако ми стои на маса ,или ако пердето малку ми е истрането,станував од заспивање што се вели да го измазнам.
    Имаше еден период коа ќе идев кај некои пријатели со деца на гости и ќе видев хаос . Ќе се вратев дома и плачејќи ќе почнев да фрлам алишта по земја , да растурам т.е да расфрлувам украси низ соба , прекривачите ќе ги измачкав со чоколадо , тепихот ќе го полиев со сок...
    Маж само ќе ме погледнеше со солзи во очите и ќе ми речеше : Ќе дојде време Бубе коа и кај нас ќе биде растурено и "нечисто", не се секирај,ќе дојде денот коа и ти ќе се набодеш на некое тркало од количка,некоја коцка :)
    И дојде ,навистина дојде :inlove::inlove:
    Дур го пишував постот влеговме дома дека задува ветер и отидов да земам банана од горе , сум немала веќе .
    Он за 5 мин се качил на гарнитура и заспал :D
    Многу работеше детево надвор па ми заспа уште во 10 ипол :yawn:
    И еве го хаосот кој веќе не да не ме нервира ,туку и ми е мерак коа е вака расфрлано :inlove::inlove:

    IMG_20230706_101839.jpg

    За две недели одиме Охрид на 4-5 дена.
    Имаме една дипломска таму и на две места ќе одиме на бебе :inlove::inlove:
    Подароци купени , тато и синко дотерани ,уште мама да купи нештичко новко и за неа :)
    Ама не е зорт , можам да пројдам и со нешто "старо" :)
    Нешто во последно време ич не ми се даваат пари за партали за мене]:)
    Ептен сум станата скржава.

    Ми се пријаде пудинг
    Не е лошо да сварам еден лонец :D


    Гушкајте дечињата мајки :f:(heidy)
     
    На H.VAGA, 1209, Dimj и 32 други им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.262
    Допаѓања:
    67.825
    Пол:
    Женски
    Како бебе би си ја вратило играчката назад? Ти си тука за тоа, додека не може сам, твое е да ги регулираш сите тие работи. Не дозволувај да му земаат, или да го тегне за коса. Не знам каква е ситуацијата, не сум те читала, ама штити си го детето. Учи преку тебе како да се однесува.
    За другото, во такво време живееме што тешко која мајка не го следи бебето цело време и не се прашува дали е се океј, дали е во тек со врсниците... За жал, тоа ни е. Исклучи било какви уреди, или гледај да е нешто постаро, без многу нападни бои и шаренило, денешниве анимации се страшно нападни.:worried:

    Малово мое добро помина прво одд, ама изгледа мака ќе си мачиме со математиката. Не ја сфаќа, гледам дека мозочето кочница прави. Ќерка на мајка.:D
    Бевме на забар, на една проверка, добро е све, израснале шестките, горе се чека да се сменат запчињата, ама нема за поправање фала богу. Би рекла дека е до посветеното миење, ама татко и има страшно добри заби, па изгледа на неговата страна е. И за тоа фала богу.

    Допивам кафе, па може да тргне денот, некако. Да го погураме ако не оди, нема друго.:worried::hai::f:
     
    На H.VAGA, Coco31, DaftyCrafty и 10 други им се допаѓа ова.
  11. perlaa1

    perlaa1 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    866
    Допаѓања:
    2.751
    Пол:
    Женски
    Сношти бев дежурна цела вечер. Бебка имаше температура за прв пат во 10 месеци. Јас незнам како да постапам. Се симна со сируп но за 4 часа пак се качи 38.6
    Не спиеше цела вечер, еве сега дрема го лулам во колица.
    Сега е 38.0
    Ако каче 38+ ќе го туширам.
    Глава треба ли да туширам? Или само тело. Ете незнам 1 дете плус сама далеку од сите.
    Ќе сварам сега и едно кафе глава ќе ми експлодира.
    Ај убав ден.
     
  12. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.374
    Допаѓања:
    5.244
    Пол:
    Женски
    расоблечи го и ако тушираш, туширај без главата.
    Јас еднаш ја туширав така кога имаше тт и од тогаш мислам дека дете се наплаши од туш и мака мачиме сега за бањање.
     
    На perlaa1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.962
    Допаѓања:
    13.005
    Пол:
    Женски
    Се тушира без главата со некој степен поладна од температурата на телото ама туширај и разладувај само ако се топли рацете и нозете. Ако се ладни значи ќе качува температура и покриј го, да се стопли. Парацетамол на 4 до 6 саати зависи дозата пишува на сирупот, ако качува висока и на брзи интервали комбинирај со блокмакс на 4 саати. Ако не е подобар утре на лекар. Со лесно :hug:
     
    На Mother of 2boys, LiquidLuna и perlaa1 им се допаѓа ова.
  14. perlaa1

    perlaa1 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    866
    Допаѓања:
    2.751
    Пол:
    Женски
    Има 38.6 моментално. Тиширан, даден парацатамол сирум. Јавено на докторка да следеме до утре.
    Што друго да направам? Може почесто да го туширам?
     
  15. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.962
    Допаѓања:
    13.005
    Пол:
    Женски
    Можеш ама ти викам колку да го разладиш ако му е топло цело тело. Кога даде парацетамол?
     
    На perlaa1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. perlaa1

    perlaa1 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    866
    Допаѓања:
    2.751
    Пол:
    Женски
    Пред 1 час. 38.1 моментално
     
  17. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.962
    Допаѓања:
    13.005
    Пол:
    Женски
    Почекај ќе спушти. Кога ќе почне следен пат да качува не брзај одма да дадеш сируп, облечи го нормално или покриј го плус ако не се загрева телото, следи го и после ќе дадеш сируп. Држи му топличко додека почне да делува сирупот и кога ќе му стане топло тогаш раскомоти го. Обавезно провери дали даваш добра доза. И течности повеќе и лесна храна.
    Јас моите ги оставам до 39+ да качат најчесто тука застанува кај бебето и се загрева, па тогаш давам сируп. Големиот е посебна приказна, не е под 40 ама пак и за него не брзам одма. Те разбирам дека ти е прв пат ама не се плаши, остави го малку да се бори.
     
    На Srcka28, LiquidLuna и perlaa1 им се допаѓа ова.
  18. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Ме интересира зошто треба да се покрива додека качува температура?
    Сеуште не сме се соочиле со темп фала богу, но ќе дојде и тоа, па би сакала да сум спремна.
    Може и би било добро да има една листа со совети за вакви ситуации, може да е напишана во заклучена тема, чисто за кога набрзина ќе треба совет да не се чека за одговор или да се листа по теми.
     
    На Skyler и Lavica2602 им се допаѓа ова.
  19. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.962
    Допаѓања:
    13.005
    Пол:
    Женски
    Кога ќе се сетам на нашето прво разболување ми се плаче и ми се смее, како мува без глава. Докторите само викаат расоблечи го, туширај го, лади го, тука на форумот исто и јас така механички само тоа правев. Дете се дере, плаче, јас разладувај. И застанав размислив, јас кога сум болна само се мотам во ќебиња, ќе се стоплам од апчето и фрлам се од мене.
    И така почнав и за бебето, си одам по моја логика. Замисли качува температура, малаксан, ладно му е, а ти под туш го држиш или разголен го оставаш.
    Тоа погоре што го пишав кај нас функционира, не сакав да и пишам остави го да гори до 40 ама јас тоа го правам. Чекам да се стопли и тогаш сируп, ја читав и @AngelOfArh дека исто прави. Значи не секогаш, си ги знам децата и знам кога можам да чекам. Големиот еднаш 41,5 ми качи, што ако дадов сируп на 39,5.
    Од бабски лекови кај нас ништо не помага, па не ги знам тие ама може некоја да напише. Во главно, температурата тешко и бавно се симнува од неправилна доза или некоја тешка бактериска инфекција.
     
    На mal.ecka, AngelOfArh и Lavender13 им се допаѓа ова.
  20. NNK19

    NNK19 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    2.334
    Пол:
    Женски
    И така мајчево денес спремна отиде на преглед за да добијам зелено светло за да почне бејби со вкусови кога бејби мала опструкција па си заработи инхалации и утре на контрола.. јас не знам како може вака да не приметам ништо.. од вчера почна да поткашлува зрело и сабајле мајкин стана се утепа од кенкање тт нема не знам што му е… кога пн си имал мака само не знае да каже.. качил за месец ипол скоро 400г (по мене малку, по док ок) ама пораснал 4,5см во висина. Докторка вика ова дете само во висина расте ^_^
    Денов лош полош не може.. кај будна од 6:15 па ова со бејби ме задеси па ногата си ја свиткав… да легнам уште сега си викам да ми заврши денов зошо вака не бива..:shake:
    Да си се пожалам јас де(facepalm)
     
    На 1209, Mother of 2boys, Bebetoo и 2 други им се допаѓа ова.