Како му се обраќате кога разговарате со него? Не кога сакате да се сврте, туку стварно кога му зборите? Често се знае да се кажуваат зборовите као мило, злато на мама, мами, без да се каже неговото име, а тоа е најважно. Не знам колку месеци има ама не треба посегање по никаков цртан, тоа го уназадува бебињата, друго е кога веќе зборува се, па да му пуштиш малце да погледа, се со умереност, еве моево 3г има и гледа дизни претежно и пуштам принцезите пред да заспие, така се смирува на вечер и ја фаќа дремка. Колку поминувате играјќи со него со игри кои се моторички и колку го оставатенсамо да си игра? Ако ги врши тие задачи шо се за негова возраст без гајле, иако мислам е мало за било каква проценка. Не се секирај, ќе видиш разлика чим не гледа цртани Убаво ти текнало со теписите, замисли јас со деца дома купив бел тепих , летно време од тераса/двор се влага дома со папучите што одела надвор оти заборавила и тепихот е ми се плаче, нема шо нема на него паднато, пластелин залепенп..џитнам сега во подрум и распостелам тоа детските, па нека се тркалаат. А за хаос, не ми збори
Цело време му се обраќаме со името негово, и кога го викаме да се заврти и кога играме нешто. Морам да признаам дека повеќе време се заигрува сам, можеби два часа се собира кога сме на земја со него во текот на денот. Поголем дел од денот сум сама по дома, спие, јади, шетаме надвор. Од вчера сме со исклучен тв по дома (црна слика) бидеќи знае да ја загледа и Лила и Брза кујна, првиот саат беше нервозен, утрово кога стана воопшто не го пуштив тв и се трудев да објаснувам по сликовниците кое што е, но рано е да се совземе одма. Го носев во детската, таа е малку пошарена и се плаши да го оставам таму, само во раце следи мирно што има наоколу. Исто во дневната има негови играчки и тука е највесел. Кога беше околу 5-6 месеци плачеше во гужва, денес се враќаме од роденден, таму беше друго дете, весел, им се радуваше на децата следеше што му кажувам, шараше со очи кога ќе го прашав “каде се Нино децата” Мислам дека тв е тоа што најмногу му смета, бидеќи како што кажав знаеше да си погледа што и да има на тв а да не се цртани, не да стои и да гледа цело време ама 2 минути ќе се загледа па ќе продолжи да игра. Сменивме ред па ќе ве известам како е Ви благодарам на сите
Мене овие подолгите Не ми се ставени за да ги "заштитам" теписите . Мојава дневна е многу голема ,а имав само едно тепихче под клуб масичката . Ама коа лазеше синко и коа проодуваше ми беше страв да не се лизне на паркет , плус ладно да не му е , па земав 6 такви подлоги и цела дневна ја покрив Шаренило ми е ,очобол Планирав да ги тргнам летово ,ама маж вика нека стојат и оваа зима , па од пролет вадиме и ставај си тогаш тепих и клуб масичка . Посекако во таа дневна нити седиме кафе да пиеме ( оти сме пушачи ) ниту гости таму чекаме . Тоа во кујната , и во неа имаме мини дневна па раат сме Д утро Пука жешкава Детево од 07ипол е застанато пред врата ,ги држи купаќите во рака и чека. Што ќе се прави со воа мое бубче јас не знам Абе цел ден сака да се бања Не можам веќе Ми се иде и базен да соберам и лулашки да тргнам . А треба денес водата да ја сменам у поголемото базенче Ќе морам од бољер да го полнам Нема шанса да чекаме да се згрее. Па да барам греач за вода ,мора да се купи такво . Уфффф Од една страна благодет е да имаш дворче за играње ,ама од друга страна па не бива да се објасниш дека не може цел ден да е во вода и надвор Купив поклони за маж за годишнината, со задоцнување од две недели Вечер ќе му ги дадам Се надевам нема да се премори денес на работа ,оти во план ми е да го носам синко кај комшивката приквечер,она ќе го успие а ние малку мош и да излезиме Најголема среќа ми е што детето ми е дружељубиво и не прави проблем ако мама не е до него за заспивање Ајде да одам Почнува да урла
Eпа да, јас масата ја трнав касно кога беше од кога се расцепи на устата, а и беше згодно да се држи на неа ама беља кога проодуваше Нина,а оти тепих мек и таквиот за играње и беше после тој тепих, а уствари вака ем безбедно, ем и да се тури нешто не е страшно хаха
Ден мајкички друшки мили. Се помалку време се има за форумов, лани кога бебе беше имав време ептен се да прочитам, сега брзински влагам, ѕиркам дали има нешто интересно и толку. Бебе дете направи година ипол, голем дечко што сакамда прави бељи. Ептен е активен, само трчка, се пентари кај ќе стигне, надвор на сите деца им ги зима тротинетите да ги бутка, не дека нема свој, ама туѓите се поубави нели. Бевме и на одмор, натаму со кенкаво дете, качи температура вечерта и три дена се мачевме со тоа, го бањав и во море за да се разладува, незнам што му беше, се ок само температура што имаше, којзнае што лапнал од земја. Со маж сме малку во криза за жал, се нешто се рчкаме, се нешто се караме околу детево, незнам дали е моментално или е сериозно. Не сме се карале волку никогаш. Тешко ми е што така се случува, преќутувам некои работи и пак се караме. Нејсе, дај Боже да помине и да се смириме како порано. Имамуште за зборење ама немам време, ве поздравувам, чувајте се
Јас дојдов да се жалам се чуствувам скроз лошо како ништо да не оравам и на сите да сум им лоша Само некој ме нервира напната сум постојано .По природа сакам да имам се под контрола и до пред втора бременост и имав сега со второ бепче се осеќам скроз растегната ....Ако он плаче за да цица во ист момент и ќере бара нешто исцрпена сум умствено пп цел ден со две мали деца ....Ручек е мисловна именка а и пеглање алишта кога малата не е во градинка .....Читам што и како знам дека треба да се опуштам и го прифатам хаосот ....почнав да пијам и Бедоксин за ако делува бар малце ме релаксира ама луѓе мои тоа е лудило колку јас неможам да прифатам дека без друг до мене јас немам момент ни крема на лице да ставам да не збориме за депилација ....Читање книга кафе пиење МОЛИМ .....дојсов малку да поседам во старото дома ....ама тука само ми е поголем хаосот прво не се исти условите на кои сум навикната друго ....Ке речеш ај дај ми ова или помогни ми малата прошетај ја и имаш одговор " Еве сега ми почна серијата сега ли мора " ......па сум отишла да се истуширам ме нема 5 минути хаос станал двајцата вриштат итн .....се исплакав немам кому па тука .....се чуствувам дека се рљспаѓам психички и дека ужасно ми треба негде да исфрлам негатива затоа што постојано сум како да чекам нешто како во трка со нешто .....Обично јас сум таа која на сите им е психијатар .....сега мене ми се прелеа чашата и нема кој да ми ја отпразни .....Имав замислено мал одмор 3 дена кога ке си одиме кон дома ете дојде мм и ништо од тоа ( не успеал од работа да се озлободи) и јас како кучка се испорасправав со него....Ама луге стварно ако не побегнам малку од реалноста мислам дека ке се мрднам од умот за брзо
Здраво мамаситас Бебе си лежи, цица и заспива, јас да си пишам и тука, да ми стои Наполнивме 9 месеци, како брзо ми летнаа еве не знам, толку е порасната, разбира, прави чао со рачето како англиска кралица тапши тапши и тоа прави, почна и сама да седнува, се врти и превртува и оп ке седне, како несакајки . Деновиве живее само на грчки јогурт и друго не сака, дали запче бр 3 ке излезе или нешто ја мачи не знам, ама рачињата и се цело време во уста и вика се кара… По долго размислување одлучивме дека сепак ќе оди во градинка, еве уште не знам како ке биде, ама се јавив да се информирам и закажав разговор во неколку па ќе одлучиме. Некако ми е многу мала за да ја носам во градинка ама тоа е, немаме избор. Ми вика директорката брзо ќе се навикне ич да не ја мислиш, една пријателка исто, што помала толку побрзо се навикнува , ама кога ќе помислам само ме фаќа нерва. Дали ќе и обрнуваат внимание, дали ќе е најадена, напиена и слично. Морам да тргнам и на работа, а реално и мислам дека доста е, ми се смачи дома, само да имаше кој да ми го чува пиленцето, ама нејсе. Имаме едно мини одморче од неколку дена и се враќаме спремни за градинка и за работа. Една недела им била потребна за адаптација, па ќе почнеме по враќање дома. За менито ќе се информирам наредна недела и некои работи што не успеав по телефон. Толку од мене мајкички Уживајте во моментите со бебињата, скапоцени се
Поздрав мајки од југот! Дур спијат пилињата на мајка да чкртнам. Големото има распуст ко од наше време, лепота, ужива со дада му, играат, праат свашта, пластелин, цртање, боење, книги, енциклопедии, бањање надвор, трчање, сладолед на топчиња од слаткарница од моето детство уште што постои, ги пуштаме сами на продавница па им го даваме кусурот за бензин па доаѓаат со секакви благи работи... Ми се осоколи пилето. Утре планирам сабајле да ги однесам во паркот да играат а јас и бебе да пиеме кафе во една кафетерија таму. Ќе видиме како ќе биде. Јас како средношколка работев таму па да испијам едно кафе не е лошо со стариот газда. Бебе, е бебе си ужива во бебувањето. Ни порасна запче, јаде каши строго домашни, свилена буба купечките не ги баш сака, цица уште ко новороденче ама па давам вода сега повеќе и приметив дека почна и помалку да цица, значи детето и жедничко било. Давам и водичка и водата овошјето што се варело и му се собира добра количина течност, па успеваме да намалиме ја цицање малку зошто почнаа пак брадавиците да ме горат. Одмор годинава којзнае дали ќе имаме, некако ми е шубе, што знам. Сакам да го крстиме, колата ни е за поправка, ќе вадиме на 31ви пасош па ќе видиме во 5 за 12. Реално ми се оди, ама од друга страна знам дека ме чека крштевка, опремување големо дете за школо, почнувам со работа нешто гардероба ќе треба да обновам, кондури, сакаме да праиме детска, да реновираме купатило, да праиме остава и уште едно вц, и најважно, 10г од брак сакам да прославам ко што го личи со најблиските. Му викав на маж ако не да испланираме ако останат пари Банско некој викенд продолжен зимоска, може поарно така, тогаш е загадено, да избегаме од Скопје. А ми се бања на моренце, ама ќе видиме. Не знам за вас мајки, ама мене вредноста ја париве ме плаши многу. За 1 недела пое*ав 4000ден а ништо нема на виделина озбилно, ништо посебно не купив. У маркет оставаш 2000ден за храна и се вртиш околу тебе во 2 ќесенца се бркаат продуктите. Како бе така?! Некако храната прескапа стана. Некни на пазар оставив 500ден за 3 тиквички, китка брокула, кило праски, кило кајсии и килоипол банани. Кашиве детски душа ме боли кога ќе фрлам, 95ден и не ја сака, си сака домашно, па си викам земи купувај од пазар, касни во сода, кога не сака дете купечко што ќе праиш. Деновите ми летаат, една недела сум кај мајка, ко вчера да дојдов. Планот е најмалку уште 1 недела да останам па ќе видиме. Имаме многу важен роденден на крај на месец и сликање за пасош па ќе видиме како ќе биде. Тате увелико ни чисти по дома и ни средува, за кога ќе дојдеме да ни е се пиц пец, он така вика, па ќе видиме дали е така. Инаку овде во селово мое (град е де ама јас село си го викам) сите ме прават будала зошто бебе е голичко, чорапи ме тераат да му облакам, по долги да сум го држела, одговарам со Тебе чорапите и долгите кај ти се? Не дискутирам на таа тема. Една од главните поборнички ќерка и се е болна, нема 1 недела врзано во градинка, ама она во лето легнува дете со долги пижами, абе нема проблем, сеа се затрчав. Тоа мене ми иде гола да спијам деца ќе тунтам. Еве го спие во ромпер најтенок и широк, и тоа дека дувна ветре, иначе си е во боди по прерамки само. Не знам што им е со тоа Ќе измрзне! Доста беше, одам да спијам, ќе ме разбуди големото рано, рано заспа. Добра ноќ!
Поздрав и од мене. Мама конечно седна, ние па денес славиме годишнина од врска, 5г како ли летнаа, а две жаби дома Денов денес прееубав иако од сабајле со беба бевме по доктори ама изгледа вчера де преумори од толку не спиење, мачење вечерта со затнато носе и после чистење убаво носето, продиша малце, па замислете спиеше во количка долго време Додека ние две бевме на доктор, Н. и мм беа во парк, паа колку радост имаше кога и кажал дека бебе спие и мама ја чека за да шетаме, па така ја прибрав од парк и бевме на пазарење, таму стана цврцорец ама Нина веќе голема дада и помага на мама се, успеавме да најдеме клипа и да се нацица убаво, заспа пак, а ние две си седнавме на сладолед, душава ми е полна кога ја гледам среќна што сум имала врмее само за неа. На брзина ручекот се јадеше и решивме да отидеме малце на Дунав, ма милина е луѓе, пирка ветре, додуша немаше нешто за мене одмор оти бебе те цицаше, те спиеше, те плачеше ама затоа Нина се изнарипа на трамболини, се изнаигра во песок ние додека пиевме по едно кафе. Мајка ми од на работа рече ќе поминела дома да ми испегла таман на раат без да ја гњави Нина, кога де вративмее оххх све светнато. Колку толку, убаво е што не сме скроз сами странство,жената не ни се меша за ништо, не дека ми е мајка ама ептен е разбрана, душа ми е. Следниве 2-3 дена ќе имаме 34 степени, аман немој ама тоа е, викаат ќе паднат пак темп. Па така тата реши да го надува базенот и утре ќе биде радост Н. кога ќе стане. Од Понеделник 1 недела ќе имаме гости дома, па малце ќе сум порастеретена во однос на Нина ама овој пат не пржам јајце камоли ручеци да им прам аааа не, грижа ќе ми е само бебе и Нина. Неделава имаме преглед за закажување операција на крајници, стресно ама мора под итно. Пишам и очи ми паѓаат, битно маж се спрема 1 саат за да сме прославеле хаха Добра ви ноќ женски
Здраво мајки, да си го напишам дневникот, за другите муабети не сум ви баш во тек, ич немам време за читање. Покасно не пуштија од болница заради жолтица кај бебето, сунчаа, па се среди и конечно дома сме Тие денови додека бев во болница, страшно ми недостигаше големата дада, и јас на неа, одвај чекав сите да сме заедно. Дојде и тој ден конечно, да ги запознаеме, реакцијата прва е трчање низ ходници во ГАК и викање на цел глас "мами, мами, мамиии", и игнор на транспортерот со бебето Во кола до дома почна да го забележува, дома веќе ептен ја забележа. дозволи да и ја ставеме во скут и да им направиме прва заедничка слика. Бебето и донесе поклонче, и таа беше пресреќна. Таа купила со тато мече, и милион пати и рече " види бебе, дада шо ти купи" Се ок беше првиот ден, утредента во градинка, ми се јавија да си ја земам, плачела по бебето Дома имаме една ситуација, бебето ако се расплаче, таа се укопува во место и не мрда, се плаши зошто бебето плачело Оди во друга соба и не мрда. Незнам зошто ваков страв, работиме многу со неа и збориме, се надевам ова ќе го снема во иднина, и се надевам ќе сака да оди во градинка. Бебе цица и нане, нема веќе шшшшшт по дома, сите зборат, тропаат, ова си спие, навикната е на гужва уште во мешето Слободниот момент го користам за игра, фризура со даде, уште првиот ден си ја избањав, каква рана, какви чуда, сум си го средила момето убавко. Ми помага доста, ми носи памперс, фрла во корпа, облека средуваме заедно, се вртка околу мене. Маж исто помага, се надевам ќе се снајдеме сега вака 4ца, убаво е многу и го уживам секој ден. За жал кратко се ќе трае, се враќам на работа скоро, немам породилно. Само тоа ме плаши, како ли се ќе се одвива. Се изнапишав се, доста е, нека си стои ова овде, да ме потсети еден ден, на слатките дешавки меѓу даде и бебето Добра ноќ мајки, малата заврши со цицање па време е да се спие, за некој час пак ќе треба да се стане за цицање
Здраво мајки. Ме немаше ич периодов,ама со право. Бевме на одмор и решив да се исклучам од се. Со бебе првпат . Беба не ја сакаше водата ич, а дома ужива да се бања . Еден ден ни качи ТТ ама веројатно од промена . Се на се, супер си поминавме ,ама ум за другпат ,на одмор помалку од 7 дена не. А ние бевме 5. Малку ми беше . И сега еве се вариме во жешково . Викаат неделава да биде 40 степени. Вие како?
Имам чувано еден куп дечиња пред моево ама нормално на некој час во денот. Се мислев најголем дечар на свет се додека моево се роди. Да не ме сфатите погрешно си ја сакам најмногу на свет ама има моменти кога ми е смачено од сите обврски. На почеток постојано станување, неспиење итн. Си викав ај демек да стани бар 5-6 месеци ќе е полесно. Ќе фатиме ред, ќе разбира повеќе. Баш дека разбира знае и незадоволство да искаже повеќе, борби за облекување сега, како октопод да имам дома, период на заби, скокови... Идејата моја дека ќе стане понезависна паѓа во вода. Сака да е цело време окупирана, активности, зборување, во раце. Ништо од тоа дека ќе е полесно на оваа возраст. Пред некој ден на социјалните мрежи школска моја објавува слики со 2 годишната ќерка како си одат во шопинг, па во слаткарница и сл. Филмот мој вика кога ќерка ќе е две сигурно ќе е полесно, нели и ние да си излегуваме така и шетаме. Реалноста е дека сигурно ќе бидат terrible two's i three's ама засега да си посонувам.
Мила, јас би ти рекла до 4г не очекувај нешто многу лесно, посебно на 2 години не најмили се, тешко е ама фалат после тие моменти. А и тоа со преслекување им е фаза некојж Јас сакам искреност, а ми велеа еее ќе видиш на 2 е веќе ппдруго, не сестро, тогаш се тантрумите на најјако, уживај во борбата со пресоблекувањето.
Утепана сум, со едно отворено око пишувам ама дојдов само да кажам дека го добив првото ‘мама’ Татко му го држеше, тој кенка, се влече накај мене и со најмилото гласче ми рече мама. Се истопив од убавини посебно дека на поголемиот првото зборче му беше баба Ај да спијам сега
Јас малце каснам со мислењево ама сега ја отворив темата и ми падна во очи твоето мислење, сакам да ти кажам да не се грижиш дека на некои деца им треба малце повеќе време да де вклучат во околината со емоции. Ќе ти кажам за брат ми оти ми е жив пример, до 4 години не зборел, не одел, само лазење, интеракција со луѓе 0, само кај мајка ми одел и ептен бил мирен, кај го оставиш таму го најдеш, го носеле по доктори оти и они биле исплашени дека детето не е во ред, посебно оти јас сум била како што велиш струја, на 8м сум одела веќе. Брат ми сега е генијалец, не претерувам и не ми е муабетот да се фалам, ама вистина е генијалец, слика и црта хиперреализам, сам се научи да свири гитара и усна хармоника, значи скроз сам, свири профи блуз, сам се научи да тетовира, во слободно време чита Достоевски и Фројд оти сака, не да се прави паметен, игра шах и често се натпреварува, со него можеш да правиш муабет на било која тема, се го интересира и има знаење од многу области, помлад е од мене, а јас некогаш се срамам кога ми објаснува нешто оти немам толкав капацитет да сфатам. Значи јас некогаш не можам да поверувам дека порасн во таков човек, оти до тинејџерство беше да не речам убишка Така да не му се секирај, детето може е генијалец, ќе си покаже подоцна. Јас денес се уморив, на вакцина бевме сабајле, он кенкав цел ден, ќе се пакував и не успеав, не знам глава кај ми е, уште два дена, а уште еден тон обврски за завршување. Него не знам луѓе нормално ли е да се осеќам волку малаксано постојано и со некакви болки, не се осеќам добро, како во магла ми е главата цело време, енергија имам 0, ни сама не знам како завршувам се што треба. И не е умор, зошто реално и се наспивам колку толку, мм е дома и не е се на мене, а детево не е захтевно, ама пак ми е мака, нешто се мислам дури болна да не сум скраја да е.
Ау мила, кој те лажел дека на 5-6м ќе се самостојни те излажал опасно. Башка што вика Бибуш до детето е. Големото не го осетив до 3г, малото 6м има маста ми ја извади. Заби вади, 2 наеднаш, со забите и живците мои паралелно. Ќе биде полесно, после 3г, евентуално, кога ќе можеш да му кажеш и да те разбере што му кажуваш. Сите сме изгледа го иста каша. Уморни и без нерви. Нека е жив и здрав само ама мамата ми ја расплака. Сега па и не сака да јаде од забите што го мачат а супер почна. Уствари не сака палента, се друго сака помалку. Бато вчера ми го свари гравот, падна од 2ипол метра, ногата си ја удри среќа само. Добар е, ама јас се извадив од памет. Нормално! Јас не знам дали има друга како мене да се кара со мајка. Не можам да се помирам дека зборува работи кои не се за зборење, дека се претопила со народов прост и неук, кој нема ни 1/4 од нејзиното образование и памет, се кара со ликовите од турските серии, со вести на тв... не можам едноставно да се помирам со тоа, знам дека е од староста ама тешко ми е да речам е добро де старее... И изговор и е Сите прават така, сите така зборат, сите купуваат најефтино и најбатал во продавниците, сите јадат глупости... Не можам да се помирам со тоа и крај. А тежок и е животот, без пари цел живот, со триста маки, со триста проблеми, со триста ситуации и криво ми е вака што старее ама тоа е. Доста беше, станувам да ставам едно кафе па да смислам што за ручек за нас и за бебе. Кај и да е ќе се затвориме по дома со клима.
@AngelOfArh Те разбирам за мајка ти, маж ми го има овој проблем со мајка му. Нонстоп збори со неа, ја опоменува особено за сериите ама си тера пак така. Ај неа ја разбирам цел живот дома, стаж има 2 години, не искача, не се дружи ама мајка ти колку што знам е меѓу луѓе, во здравство, баш чудно. Може ‘лекот’ е повеќе да се дружи со пријателки, да се шета со внуците. Мада повеќето се така, ги гледам и моите не се тоа што беа. На стари години стекнуваат некои грди навики што ни на крај памет не би ми текнале зашто не биле такви порано. Стално да ги караш како мали деца, па уште се лутат. Пијам второ кафе, не можам да се освестам. Се урочив вчера дека ќе спијам, малово вежба во сон лазење, тапшин, не остави без спиење. Не плаче, само прета низ цело креветче, никако да се успие убаво за да сврзам 1 саат сон Заспав кога се раздени и се успавме за градинка, ми се стемни кога видов 8.30h. Само да го издржам денов со двајцата
И мојот прета, се превртува, сака да лази. По неколку пати во текот на ноќта го земам во раце, инаку се буди од тоа превртување. Пукнав.
Има и пријателки и комшики и роднини, внука ми е овде цело лето, не е дека е сама, кај мене може кога сака да дојде и колку сака да седи, ама го има оној синдром на пониска вредност и се мисли дека е досадна, смета, ќе ми направи проблем, а напротив и мм многу сака да доаѓа зошто ни помага многу. Не ми е јасно кај се изгуби во процесот на стареење, едноставно како да ужива во себе репресирањето, да се стави на најдолно ниво и да се понижи самата... мислам знам, беспарицата ја уништи, има голем кредит, ама и тоа се решава а не сака. И не прифаќа нит совет, нит критика, нит помош.
@AngelOfArh , не дека е моево претешко бебе за гледање. Ама нормално си има барања. Од друга страна јас си поставив преголеми очекувања кон домот дека се можам да постигнам. И сега кога не можам, кога сум буквално 24/7 со детето малку се потешки работите, барем јас не се чувствувам комплетно исполнето, како се да ми е завршено, а и реално не ми е. Нема ни да ми биди долго време, уште јас да се помирам со тоа. За стари во поглед на турските серии се расправам и со едните и другите родители да не пуштаат пред бебе. Не дека очекувам јас моето дете да слуша часови по нуклеарна физика ама говорот не ми се допаѓа на истите. Не можам да ја изолирам од технологија и екрани и не ни планирам.