Јас најискрено не знам како успеваат жени сами тип топ дома и деца прошетани, еве не знам. Може јас сум нешто грешка, ама дома ми е или лом а деца изнесени или дома средено а деца дома. Еве сега кај мајка сум, дома маж ми праи генералка, трга мебел, преместува, прска средства, и една недела од мртва точка не е тргнат, на мене е кога ќе си дојдам да чистам кујна внатре и купатило темелно со чистење сифони и тргање се, рибање плочки, полирање. А не сум мирна да земам жена да викнам, немам таква навика. Ви врска со технологија и деца, одлучна сум, нема телефон на дете, турски серии дома не гледаме, кај баба не можам да ја терам да не гледа, ама барем експлицитните сцени ги гасам, убиства, малтретирања, пиштоли и слични работи. Она па најлошите ги гледа на Канал5.
старите викаат како растат децата така и маките .....тоа што сега ти е тешко утре ке е песна ....Реално прватс година дур фатиш ред почне да јаде вакцини па да прооди прозбори таа мислам дека е најтешка но тогаш се најслатки ....Дете од 2 години само на инстаграм може да биде златно или евентуално редок примерок на мирно бубаче се жалев пред некоја ден од мојата девојка 3 ипол а не па 2 годишно .....гледам слики и видеа дур била мала и си подплакувам кога летна време ќере ми порасна ..... Денес со мали на вакцина го прежалив бебе дека прва вакц а како се исплака гревно и сега спие од кога си дојдовме само се разбуди да цица и си нана се буди потплакува и продолжува гревче мајкино
Исто и моево вчера така цел ден, станува со вриштење сигурно го боли, цицнува малце и пак спие, ептен беше жален на боцкање, посебно па оти сеуште му беше тврдо местото од предходната вакцина, сега ептен му е црвено и модричко и потечено, за грев е.
Бебуш ми прооде . Кажете рецепт за стапалчиња. Имам калапче и фондан за украсување, па вечер да ги стокмам Ете како ќе се слабее Убав ден мајки, јас почнувам со маратонот
Подпишувам. Гледаш мојана на слики мислиш ангел премирем, а уствари маста ни ја вади на сите и живците ни ги тенчи. Она си беше тешко бебе, сега е уште потешка, еве не знам.. а најтежок период ни беше 18 месеци до 2 и пол години. Тоа тантрумите мислам дека сегде очитр во нас вперени.
А која вакцина со боцкање? Оти колку шо ме држи сеќавање, Нина беше поголемо бебе кога почнаа во бут, предходно ни е се со пиење кај нас. Еве сега сме петок, само со шприц
Супер за брат ти, баш ми е мило, но тоа е многу ретко или еден случај на милион… Да не и створиме погрешно мислење на членката а и на повеќето дека е ок да не зборува и оди до 4 години, сепак денес медицината е толку напредната што доколку и постои проблем со правилен третман ќе се реши. И да не ме сфатиш грешка, не сугерирам за конкретниов случај туку општо.
Рота со пиење беше, а 6валентна, мен Б и онаа за белодробни болести во бут. Тука се на 8, 12, 16 недели.
За менингитис мислам, според возраст се, имаме примено и ние и сега МенинЦ треба да прими Нина ако мислиме на истата. Така тука ги обележуваат
Поздрав мајки. Ние од понеделникот со гости, дома не се знае ништооо. 3 жени сме, поголем хаос не било ау ама ме нервира мене неред, посебно тоа што се излегува на балкон и влегува нон стоп или боси или со исти папучи Нина се "лади" на велико. Ние велиме не жешка вода да и се дотурува, исто како да сме рекле прави бабо бања. Клара си е смешко, се смее на сите, кој и да ја задева она ќе ми се насмее. Еве почна да седи во транспортер, ми е криво малце за корпата, кога ќе го видам како уживаат во корпа некои уххх ама многу барам изгледа,битно нека се вози, ок е шо прифати. Ни почнаа и тука жештини, јас и мм сме родени за Скандинавија, ни Австрија не е тоа што беше ааауууу дај нека мине летово, се надевам на дождлив август како другиве години. Бебе прекуден не спие нешто многу, се поти ептен, држам скорз голо, разладувам, клима немаме Вчера вечер бевме на Пратер, е тоа е добро тук што приквечер почнува ветрето и си е таман за шеткање. Нина се изнаужива на сите количиња и авиончиња, па дури и прв пат јаваше вистинско коњче, а срцето на тата полно, сакал да ја запиши на јавање де. Клара си беше умна, воодушевена од светлата и само се смееше, цицаше, спиеше. Само денот би бил перфектен да не е Нина каква шо си е, на крај правеше глупости, плачки, лигавење и си отидовме со две расплакани деца дома, искарани мајка и син, лути родители. Од сабајле сме на прегледи, Нина има конечно датум за вадење на крајници ама ехеее тек февруари, само нека се среди да нема мака момичето. Ииии Клара денес полни 2 месеци, дуууушаааа наша
да да од Мк сум ке го најдам преписот од вакц и баш точно ке ти пишам edit моја грешка рота хепатит дитепер хемофилус тип Б полио пнеумокок ете тие ги примил синче а јас нешто сум помешала горе вво пишување
Hello Дефинитивни се помалку и помалку време имам за пишување, а допрва од Август кога и големиот ќе остане дома ќе биде хаос . Големиот во градинка, ама денес сум му ветила да го земам порано. Само се мислам како да не не дамлоса топлово во 12 зошто ова денес не е нормално. За утре дури се мислам воопшто да не го пуштам, да го оставам дома. Како почнавме да зборуваме дека уште малку има од градинка почна да го фаќа жал. Само заради тоа се мислам инаку сигурно ќе го оставев. Он дури и беше спремен и август да одел. Ама од неговата група само 2-3 дечиња ќе останат. Сите останати се отпишуваат од 1ви. Така да ги одбројуваме последните денови. Среќа пак се погоди многу родендени да има периодов, па ќе се дружат и надвор од градинка до септември. Бебе што да кажам. За два месеци качил само 750гр. Ама отишол во должина. Се мислев да се засекирам, ама вчера на контролата матичната вика се си е ок и решив да не се замарам со бројки. Тој вака си е весел, полни пелени, се смее. Секако се очекуваше дека нема вечно да става по многу. Плус извади два заба одеднаш, а богами и жешково не поремети. Го фаќа склет и имам чувство дека не се доцивува. Па пробувам почесто да нудам. Веќе и воведуваме доручек со тоа нешто што воведовме. Овој пат решив да не се замарам многу. Воведувам по два дена колку да видам дали има некаква реакција. За сега се е ок. Може посилните алергени по три ќе ги давам, ова другово планирам да терам вака. И се разбира сезонското ќе давам се. Веќе дадов диња. Со сласт си шматаше. Туку вчера го однесов за третите вакцини. Требаше минатата недела, ама некои обврски имавме и сега се покајав што не завршив тогаш, зошто сега со временскиве услови, баш го погодив моментот . Ќе си седиме овие три дена дома под клима и ќе помине се надевам лесно. Вчера вечерта имаше малку тт меѓу 37,5-38 ама мислам и од жешко му се крена дополнително. Не дадов антипиретик и сам си ја спушти, ама цела ноќ со клима ја преспавме. Почнавме викенд шема на Водно. Стануваме, доспремаме торбата што ни е за пикник што би рекол големиот, шаторот и хамокот си стојат во кола, само палиме и тераме. Си отседуваме таму до ручек. Големиот обавезно си наоѓа друштво. Бебе прави исто што би правел и дома. Гуга во количка, го шетаме и спие. Така ќе се тера периодов се надевам само да не стават некоја забрана. Па здравје планираме некој ден до Охрид да тркенем на крајов на месецов, да го пресечеме летото, па после тоа тура родендени, бањање на морето и се враќаме еден ден пред 1.септември заради првачето. Големиот доби ран роденденски подарок, нов велосипед. И добро што се решивме, град Скопје пушти субвенции па точакот гратис ни испадна 4800 го плативме, 4000 ќе ни вратат . Ако некој планирам да купува, сега е моментот додека уште ги има. Ете си шкртнав и јас во дневникот, одам да прилегнам малку до бебе пред да одиме да го земеме големиот и да се прибереме под клима. Имајте убав ден
Поздрав од Грција, друшки. Одамна немам шкртнато нешто, па сега украдов малку време додека бебуш спие. Тераме втор одмор со бебуш, он жив среќен, ужива да се бања, од вода не сака да излезе. Дома дремките му траат по 30мин, тука има две дремки од по еден саат и една од по 2-3 часа, во превод - милина за мама и тато Ама се што е убаво кратко трае па за скоро се враќаме назад со надеж дека во септември пак ќе се вратиме тука бидејќи многу ни се погоди хотелот, плажата и целосната услуга. Меѓу другото мама реши да сврти нов лист и да почне да си го добива тоа што вистински го заслужува, доста беше од ужасни работодавачи кои што бараа да работиш највисоки европски стандарди, а да те плаќаат по македонски стандарди користејќи дупки во законите, па така дадов отказ. Решена сум да се префрлам во ИТ сектор и сум 100% посветена на учење и затоа и ме нема толку на форумот. Се надевам дека ќе го добијам тоа што го заслужувам и дека сè што имам вложено во знаење и едукации низ годините ќе ми се исплати. Како и да е, мајчинството многу ме промени, ме направи многу похрабра и порешителна и горда сум што конечно решив да го сменам тоа што не ми се допаѓа и што веќе нема да живеам со изреката "ќе биде подобро" туку ќе вложувам максимални напори и ќе се борам за да биде навистина подобро. Ви праќам топли морски поздрави и гушкајте ги бебушките
Само храбро мајка, и јас и маж решивме со бебе дома да се посветиме во тој смер, напорно ни беше ама успеавме. Дефинитивно се исплаќа на крај, само посветеност.
@Yowannty кога ќе ја прочитам во некои теми ми ја смирува душата, обожавам да ја читам. Си се насмевнав убаво кога ја прочитав сега во На срце ми лежи, многу често ги опишува чувствата кои јас ги имам. Вечерва кај мене е ‘Три засебни дишења, три засебни хрчења’ ама нема везе душата е полна. Не, сериозно морам тројцата да ги носам на орл или барем прва да заспивам. Температурите се друга приказна, незгодно ми е да пишувам веќе. Добра ви ноќ, јас ќе го послушам оркестарот уште некое време сигурно
Мамички ми падна детево од кревет се удри на носот како модро му е,ајде вие што имате искѕства што да следам денеска и да не има последици? Душата ме боли како го оставив да ми падне