Колку години е? И како падна на лице ли? Има еден крем од freezederm се вика first aid butter, помага при модринки. Јас го имам дома и ги мачкам постојано. Следи го како реагира, како оди, дали губи рамнотежа и дали ќе поврати. Ако ти е Нешто сомнително носи на лекар.
До каде е границата кај што можеш да се вмешаш во туѓо родителство? Дали давате непобарани совети на блиски (брат, сестра за внучиња)? Знам дека е некултурно ама од друга страна како би постапиле ако гледате дека не се води добра грижа за бебе? Конкретно мислам на недоволна храна, блискост, несоодветно облекување итн?
На сестра сум и коментирала без пардон, таков карактер сум, ме знае и нема љутиш. Не дека и е по кејф, ама грото применува и ме радува тоа. Па ако не можам на сестра на кој. Го очекувам и од нејзе истото, исто немало љутиш до сега. На други не. Може низ разговор онака суптилно да спомнам како практикувам кај моите, па ако се сети ок. Спојлер зборов - љутиш
@Skyler Ем те прочитав ем ми доаѓа механички како Јана да те тагнам. И кај мене е хрчкање увелико овие денови. Сите 4ца. Овие денови ме мачи страшна несоница. Ми се спие, преуморна сум, ама не можам да заспијам. На утро пак, главата ми шантра и едвај се освестувам. Си помина годината. Малиот мој го заокружи првиот круг околу сонцето. Оваа година ми беше полна предизвици. Колку што сум заљубена во него од првиот момент кога го извадија од мене и ми го дадоа во раце, толку е препрепренапорно дете. Колку што ќерка ми беше скроз независна и дури некогаш ми беше криво што воопшто не ме бара, толку син ми не ми даде воопшто простор. Ако претходно се чудев што зборат, сега ги сфатив мајките со привезочиња. И да, најспокојни мигови, кога ноќта ќе навлезе длабоко и сите се позаспани. Учиш да ја цениш тишината на еден друг левел оти знаеш дека исклучително кратко ќе трае. Посебно со бебе кое сеуште се буди доста пати ноќе, а опција за рекламација нема. Ми излегуваат некои рилови на инста, мајката седи и плаче оти детето ќе се жени/мажи и ќе замине, па го покажуваат детето, а оно уште пелени носи. Така и јас понекогаш.
Добар ден Психички се спремам за распустот од школо и градинка и дома со сите четири околу 1.5месец . Сабајле од 06 станати, деца веќе 10пати се испокараа до 08. На крај спакував две за кај баба им. На раат со другите две и куќа светнав и одморив. Гледам 17.00 дошло, шмркам третото кафе и чекам да дојдат и да почне последната рунда, пред спиење. Мм замина од 03.30 наутро на терен. Рече ќе се јави кога ќе трга, уште не зазвонил а има 3 часа пат за назад. Континуиран умор…
И јас суптилно кажувам или ‘мислам дека’ ама не слушаат. Ајде другите работи нивни проблем, нив глава ќе ги боли понатака ама мерење на штоперица доење? Бебе плаче за уште, па може и за близина плаче не знам ама нема. Ќе си поплаче и заспива. Не знам како ќе ме сфатите ама мене ова ми е рамно на насилство. Кажав неколку пати директно што мислам ама ми рекоа тоа си било мое мислење Спремна сум и да се скарам само бебето да јаде убаво ама не знам како да се поставам. Досега си немаме замерено ама искрено не можам да спијам, стално го мислам бебето.
Вагата ќе покаже дали му е доволно или не, ако не напредува доволно веројатно сами ќе се освестат. А за близина...тоа со сила не можеш да им го наметнеш. Ми застана грутка кога те прочитав ама тоа е. Ти твоето си го кажала, поише од тоа може само раздор да ви донесе...
Тука е проблемот, вагата покажува 400гр за 1 месец, докторот им рекол дохрана мислејќи дека бебето цица на барање. Ни дохрана не добива пошо ‘грчеви има од дохраната’, а мерат на штоперица за да не бљуцка Срце ми се кине жими се, а не сакам да си ги поминам границите, не сакам да правам драми, сигурно не го сакам повеќе од нив…и вака учествувам во голема неправда.
Оф душиче. Ништо. Најди број и јави се во улога на патронажна сестра, или најди некој друг нека се јави. Нели се јавуваат за делење совети. Јас така би направила само
А советов да го изгладнуваат за да не бљуцка од кај им е? Пробај објасни им дека бљуцкање не секогаш е поради прејаденост, дека напредокот во првите месеци е многу битен и да го следат детето а не саатот. Од дохрана можно е да има грчеви, ама ако цица колку му треба нема да има потреба од дохрана. Офф бе. Ме потсети кога моиве беа месец два, јас гледаав на саат за ад да не дадам помалце од 3 саати разлика зашто така ми рекол доктор. Бебиња како бебиња плачеа и мајка ми буквално ме молеше да им дадам порано дури и јас се прашував дали правам нешто погрешно...ама качуваа по 1400, 1500 грама месечно, што е и над граница...тек да давав како што ме советуваа Затоа реков, вагата треба да каже совет, ама ако и тоа не е доволно, тажно ама нема што да направиш
Суптилно да кажуваш за твоето бебе.. демек и ти си мерела па на крај испаднало дека не си во право, па жива си се изела. Ама онака меѓу редови. Умна си ти
@Secret-Angel7 , лајкот е за поддршка. Не сум во таква ситуација, а и не знам дали и кога би имале второ дете ама во секој случај ќе се наредат коцките. Не би да те обесхрабрувам ама јас си замислувам дека е стварно тешко првите години. Можеби сепак не е така секаде. @Skyler , директно досега не сум коментирала треба вака или така да направи некој. Знам настрана со сопругот да прокоментирам некоја ситуација. Не би сакала да ми се мешаат. Е сега во случај како што прочитав дека и мислам дека и се загрозижува здравјето/животот на детето, па и би реагирала по секоја цена. Инаку не сум долго време родител ама знам да прашам за совет и искуство, да споделам што сме поминале итн. Две третини од породилното поминати. Има денови каде што ми е претешко и денови каде не сеќавам дека поминале. Се плашам од враќањето на работа и обврските со бебе, како ќе се снаоѓаме. Вака си имаме ред двете на јадење,на спиење, на шетање. Знам дека нема да го добива истото внимание во градинка, со баба дома бар со нашава баба уште помалку. Од друга страна не сме во можност да живееме со само една плата и така.
@le.soleil Не знам човек, страшно. Кај читаат, кого слушаат… Па и да има грчеви ок е, кое бебе нема? Еве моето имаше страшни грчеви до 5ти месец, доенче, што да правев да го одбиев? И да бљуцка големо чудо, бебиња во млазови повраќаат, се наоѓа решение. Што вика @LiquidLuna меѓу редови, на почеток така кажував баш заради мајката свежо породена, не сакав притисоци, наметнувања, не давав совет ако не ме прашаат ама ова и други работи што ги видов ми паднаа многу тешко, не дека ми е внуче туку општо греота за толку мало бебенце кај што некои работи му се неопходни да ги добие, а не ги добива зашто мајка му мора да искача или таткото мора да спие. Спојлер Знаев дека свекрва ми спие таму и бевме лабави, знаевме дека за бањање и се друго таа ќе прави. И отидовме на гости, мајката инаку не го фаќа бебето никако, само ја викаат за доење. И оди во спална, го легнуваат бебето кај неа во скут, свеки седи до неа и држи чаша вода пошо многу и се пиело додека дои. И ок седиме и само трча свекрва ми и вика уште колку? Таткото гледа на телефон и вика уште 6 мин Што ви е бе викам, што мерите? И тука ми објаснуваат дека цица одредено време пример 20мин и прекинуваат, прво свеки ја прострелав со поглед као втф, барем ти си возрасна и искусна, спиеш тука го чуваш бебето 24/7 кажи нешто. И им кажувам на нив како изгледа доењето од прилика, среќа не им кажав јас како доев на барање, со цицките на мегдан нонстоп зашто ми кажаа пример за некоја ‘лудача’ што нонстоп го доела бебето дури и некогаш само така лежеле, си го губела времето бебето да ја користи како цуцла. Е добро де викам и да те бара некогаш само за лежење, ти што попаметна работа имаш. Децата ќе пораснеле, ќе одлетале од своите гнезда, а ние остануваме со мажот за цел живот, не може она бракот да си го нарушува заради децата. И тука следеа некои објаснувања од мене ама на крај искочи дека тоа си било мое мислење, тие си имаат нивно и затоа пишав тука зашто со денови ги мислам и многу ми е жал за бебето. А свекрвата моја опасница, насамо ми вика као воодушевена од мајкава колку е искрена и отворена, не се праела совршена мајка туку си признавала дека не ја бива…ете јас си го чувам внучето, си го бањам, си готвам… значи работава топ, снаата не ја бива за мајка, сега јас ќе си го исчувам внучето како што треба. И реков само бебето си има мајка, ти си баба, не ја презимај улогата зашто еден ден ќе се свести што си направила и ќе имате голем проблем, да не зборам од гледна точка на детето што би било. И така уствари они сите се пресреќни, снаата царица што родила внуче толку од неа, бабата пресреќна цела контрола ја има, а бебето?
Господе боже, што све нема да прочита човек.. а оваа лудача тука бебето до 4 месеци го држеше во раце додека дремнуваше или беше како Дормео душек со бебе врз неа лудача била што цело време го доела.. жал ми е стварно што си во ваква глупа ситуација, и стварно е греотка, спомни дека бљуцкањето не значи секогаш дека е прејадено бебето, едноставно не е доразвиено желудничето
Шо прочитав Ало, јас лудача бев 3 месеци шо плачев на секоја капка млеко, ми спиеше на цицка, а јас на пумпа спиев за повеќе млеко да стимулирам. Па уште на саат да гледам. Е не е у ред ова нивното
Се јавува најлудата која доеше до 3 години, со тоа што од 2 до 3 беше за заспивање само. Стариве се за ни-ка-де!!! Скоро една мајка, познаничка, се жали, мајка и и велела, детево во дубак да го ставаше ке проодеше до сега, инаку тогаш кога зборевме немаше ни 1 година наполнето. Мајкава се преиспрашува дали погрешила што детето го растела по книга, што ни дубак ни проодувалка дала. Здраво мајки. Се вративме ние од одмор, прекрасно си поминавме. Закажвме и втор одмор. Куферот со чисти работи стои уште во ходник. Го гледам и се спремам, ама не не сопнува, врати можеме да отвориме и имам фора уште некој ден. Дечково мој си расте. Има периоди кога ке го погледнам, ми изгледа како нагло да пораснал и станал дечко. Имам свадба во друг град и се мислам дали да го носам или да го оставам на спиење со баби. Гушкајте ги, пребрзо растат.
Имам пример каде што свекрва и ден денес вика јас ви ги одгледав децата. Да не бев јас, ништо немаше да биде од вас. Мајката мораше да се врати по неколку недели на работа. Сега е со висока плата, услови еден куп, ни свекрва во близина, ни ништо ама зборот остана. Друг пример каде што на мајката и било страв да е сама со дете, таткото на работа во смени, буквално го предаде детето бабата и детото да го одгледаат. Веќе школска возраст, за се што треба бара баба и дедо. Никаква блискост со мајка нема. Можеби лудост или не баш од примери како тие погоре носам дете секаде со мене. И на кафе, и на пазарење и по гости. Оставам само ако ептен нема излез. Јас си одлучувам што и како ќе јаде. Што вметнувам и кога. Ни свекрва, ни мајка, ни никој. Јас и сопругот. Е сега дали за некој месец кога ќе тргнам на работа ќе се смени тоа не знам. Најмногу ми е за исхраната посебно. Свекрва нема шанси да вари, пасира, комбинира оброци ама до тогаш ќе смислам решение во случај да мора бебе да остане со неа.