Мене посебен левел на неспособност ми се тие што мкнат баби на одмор. Еј двајца можеле да се сексаат и дете да направат и родат, па и две, битно на одмор фамилија поширока, инаку не ги бива.
Не е неспособност, дома како се снаоѓаат? Едноставно си има такви луѓе што сакаат да седнат кафе на раат да испијат, да здивнат. Не дека јас не сакам кафе на раат да испијам де ама за мене нема раат со баби. Мајка ми на крајот на светот би ја носела со мене, штета што не е слободна. Твоето порасна веќе немате гајле, ако здравје имаш второ ќе ги сфатиш
И дома им е исто. Секогаш зависат од некоја баба за работи поврзани со деца. На лекар ги носат со баба, што останало за друго. Јас имам помош за зготвен ручек само и кога треба да одиме некаде. Ама тоа не е задолжително. Пример, во молови не го носам. Ако има тој ден баба или дедо на располагање да го чува ке одиме, ако не нема, друг ден ке одиме. Ни во градинка не оди, па сум си навикната на хаос. Плус од скоро работам и преку ден (доста ми е лабаво и не треба целосна концентрација), тој си се игра во соба, ке дојде до мене да ме праша нешто, ке помуабетиме, некогаш цртани гледа, пластелин, водени боици, со маж ми се комбинираме и така сум навикната да функционирам. Јас така размислувам. Едно може да да го направиш непланирано, ама второто знаеш како се прави. Ако си решил да имаш две или повеќе, знаеш што те чека. Имам два аспекти на неспремност за второ: прво не сакам да поминувам низ царски, грчеви, заби, јадење, итн. Второ што син ми ми е доволен. Знам парови кои со едно носат баба. Најбесно на свет да е, ке се менувате со таткото.
Во близина имам ваков случај за на одмор бабата си ја зедоа, внуката е големка5+ години, сите околу нас се смеат и бабата зошто е со нив! А зошто да не кога таа готви за нив, кај неа седат целодневно на долниот спрат(само за спиење се качуваат итн итн. А и сама е женичката без маж
Јас ги носам моите оваа година оти додека живеев со нив, не можеа одмор да си дозволат реално. И сега ми беше онака убаво на душата, можам да си дозволам да им платам. Ама прв и последен одмор ќе биде со нив, јавно ветувам. Па уште не сме отишле, не се трпат. Има шанси да ги оставам на сред пат
Aх така и ние сакаме. Можеби наредна година, здравје само. Ама сакам сите комплет баби дедовци, сите заслужуваат да одат на море. Преку цела година ни се огромна поддршка и помош, и пред да се роди синко, и сега.
Шо напраивте со крајниците? Ние закажавме и дефинитивно ќе се вадат, и мојава хрчи корнее мислиш возрасен човек. Иначе не се мешај, секој си знае за себе, ќе речеш, ќе ти врати нешто, караници. Јас на една блиска заедно бевме игротека и синот нејзин само ги маваше прв на децата дури крвнички, ало и реков реагирај не е добро вака, ми рече нека се брани ( а он почна) после некое време пак и реков дека стварно мора да реагира, не е во ред ни нормално тоа што го дозволува и ми рече само ајде ма ти гледај си ја Нина, нервозно почна да ми се понаша и баталив. Јас да сум би се засрамила и би размислила зошто некој тоа ми го кажува ама има луѓе очи ќе ти ископаат
Чекам да биде здрав за да го носам и никако да дочекам. Требаше наредната недела ама еве го со температура, спие и хрчи, плаче на 15мин дека го боли грло, не помага прополис не знам што да му дадам Ќе го носам обавезно, не сме спиени ни јас, ни он со месеци. Каде закажавте?
Нит на одмор нит в кујќи да ми седат поќе од недела. Жива се јадам ама ај си оди утре, ма колку сакат нека е заслужено, почнат ли со коментари со превртување очи, ќе расипат и одмор и све.
Што убаво е да имаш помош. Луѓе, како сака нека звучи ама ви завидувам чат пат на тие што имате свекори и свекрви ( и сте у добри односи ). Ко ве читам у снаи и свекрви, не завидувам. Да не се разбереме погрешно Ќерче никогаш нема да запознае други баба и дедо. Кој знае на мм како му е... Забегав со мислите ајт. Добра ви ноќ
Хахахах преска му викам на мм "Те молам ако ме приметиш дека ќе се дерам, штипни ме и потсети ме дека сама си го барав ова"
Првично ремедика ама се премисливме, тука Австрија ќе се оперира. Мојава е со сируп секој ден, синомарин и спреј со кортико. Џабе не помага, најдов еден сируп во Србија го има, во Зегин не знаеа,треба да го набавам , велат спас било. Immunotrofinа D се вика, ете може некока мајка го знае и знае дали го има Мк
Ние имаме среќа да се и двата комплети баби и дедовци на место. Го гледаат синко, го сакаат и ни го чуваат кога треба. Посебна врска си има со сите. Плус имам и тетка со која сум многу блиска, братучетка која го чува и во комшии ми се. Денеска синко од 11 и 30 до 16 беше сам таму. Мене ми стана досадно дури.
Оф леле, да го носам и јас понеделник да му дадат нешто да ги преживуваме ноќите додека ги прегледаат крајниците. А не знаеш колку страв ме фаќа од евентуална операција, како ќе издржи боцкања, анестезија…со едно детенце бевме заедно на интензивна, го будеа од операција ептен беше во бунило, сакаше да стане, да извади канила. Многу, многу ми е страв.
Викаат за вторите се било различно. "Шипкиии"- го почнав нурс харвеј уште на 2 недели, изгоре дете од грчеви
Не знам дали може да биде попалаво од ова. Многу е темпераментен, паметен и разгален. Ако имам второ, спремна сум за хаос, истренирана.
Верувај си, лудува големата, на глава буквално се качува, маж го гледам нервозен јас и викам "елај сонце до мама, држи ме за раче дур дојам". Тој ме гледа и се крсте, неможе од такт да те извади второто, добар ни е тренингот од првите, имам многу темпераментна девојка и јас Се задавува, плука, голта лакомо второво, едноставно не паничиш, земаш исправаш, подчукнуваш, се смирува и продолжуваш со доење
Јас мислам дека ќе се самоубијам баби и дедовци ако земам со мене на одмор. Затоа одам на одмор, да избегам од нив. А свекрва ми прееска искоментира "Сами ќе одите на одмор со детево?" Изгледа се надеваше малку. Не знам како ќе се вратам на работа, не сакам. Не можам ни да помислам баби да ми го чуваат детето 8 саати на ден. Многу различни родителски ставови имаме. Никако нема да можам да се разберам со нив. Нит за јадење, нит за спиење, нит за поставување граници... Листата е долга. Прв пат во животот посакувам да работев од дома. Можда и ќе побарам нешто за од дома. Мислења само на сестра ми се осудувам да дадам, на други можеби некако дискретно ама најчесто ќутам. @Skyler да не е мајката во пост породилна депресија? Многу неубава ситуација, а дека ќе ги разубедиш, не верувам.
Ау не Ни приближно. Јас каква бев кога се породив со месеци, пред огледало не застанував. Таа е нашминкана по дома, стално по кафиња, шопинзи, дома за доење доаѓа. Го помислив и јас тоа пред да видам во живо, вака од телефон дека ми се жалеше многу помислив и јас да не има некој проблем ама ноуп, напротив