Царскиот е полесен од вториот и те каде каде. Јас со второто се породив на 40 степени плус корона и со маска на бокс Цело лето дека бев дома спиев во два поручекта со клима после фукционорав некако плус мојот беше 2 ипол годишен и беше баш тешко.
Сега има роденден летово Ј? Првите зимски ни се ајде и вака не е лошо, еден зимски 1 летен роденден ама со 2 и пол години и 4 и пол дете има разлика, барем тоа олеснителна околност супер е засега батково, ми помага пустиот, ако падни нешто мамо јас ќе ти го кренам ми вели вода ми носи, душа ми е
Hello Уф многу тешка тема. Стварно е тенка границата до каде човек да се вмеша. Само мислам што и да кажеш излишно ќе е. Жално е во денешно време на толку информации да се носат неинформирани одлуки. Уствари тука станува збор за себични одлуки Јас сакав и второво да ми е таму термин крај на лето, почеток на есен , арно ама тој за малку на НГ ќе се родеше . Првото требаше почеток на септември, ама му се брзаше па излезе средина на август. Да тешко ми беше со првото, ама што дека со второво сред зима, уште потешко ми беше. Може па и таква ми беше бременост . Ај добар ден. Од утрово неколку пати тргнувам да пишам, ама бебе денес ме полуди. Од 5 саат во раце, едвај подрема до 6:15. После тоа да не раскажувам колку терсене и наопачки беше цел ден. Па и за јадењето си поплакав. Знам имам преголеми очекувања од бебе од 6,5месеци (ако гледаме по очекуван датм ни 6 нема уште), ама мака ми падна. А со мерак спремив денес домашна каша за промена со крушка, праска, малку ориз. Плус и јогурт проба денес. Ама луѓе во хранилкана нозе се креваат горе, се исправа нанапред, со раце пика во лажица, додека завршивме со јадење јас три пати се препотив, три пати си поплакав зошто изгубив контрола и го искарав. Додека заврши цел беше за под туш. А и лигавче никако ставање зошто тоа главна играчка е и обавезно е во уста. Големиов исто денес го оставив дома дека вратот му беше укочен нешто и носот од климата му се пушти. Мислам дека полудев дека на жешково ни надвор нема шанси да се излезе. Од утре го враќам во градинка и решив да се жртвувам и во петок ги носам во Охрид. Мене знам дека поголем замор ќе ми е плус со светковци, ама па и тука на температуриве жал ми е да ги држам децава. Ако ништо друго бар се надевам ќе се спие поубаво. Ако тоа пројде другото ќе преживеам. Се надевам нема да запалам колата вториот ден да се враќам . Туку охриѓанки да кажат кај да палам колата да ги носам децата на природна сенка покрај езеро. Не е проблем рано одење и онака сме ранобудни, побитно ми е да можам да паркирам и одма да ги искрцам и сама ако одам. Ај да спремам бебе да одам да испазарам за утре за ручек и подсрок за роденден некој мали што треба да оди деновиве, па да се приберам под клима зошто во градов не е за надвор. Вчера на Водно бевме и пријатно беше, ама па не може да спиеме таму. Или може да го монтираме шаторчето и хамокот па да преноќиме Имајте убаво попладне
Леле @Ano, само ти посакувам да му е фаза и да не се погоди нејадач. Заш тешко е. Еве го, 2.5 години и уште си поплакувам за тоа јадење одвреме-навреме. Некогаш си мислам готово се помирив, ама не можам едноставно да се помирам дека не јаде нормална и здрава храна и не јаде нормално. Се бркавме за вечера по цел двор денес. Тој бега и игра, скока со полна уста, па го занимаваат и го играат и уште толку ме полудуваат. Па му велам да седне да јаде, ама нееее мораат тие по ќеиф да му одат заш дете било, морало така. Нивните така да не ги имаат хрането со трчање по горештини? Да да, секако. Ама откако ќе добијат внуци одеднаш знаат како треба да се биде најдобар родител на свет. Ќе полудам кај и да е. Трчам по него повеќе од сат време за да касне нешто да не легне гладен заш цел ден не е јаден. Скоро 8ми месец трудна, маратони по жештиниве. И како да не се нервираш? Сега треба да работам допрва а јас на човек не личам, умрена сум. И тоа се повторува 3 факинг пати на ден. Готово, од утре го прибирам да јаде ко човек, па нека "им е жал" што бил внатре. Се молам второто да се погоди јадач. Ама нарачки нема. Златно дете е првово, да сме сериозни, сите особини им ги сакаме па и со нејадењето ќе навикнеме. Ама да се бркам по двор додека го влечат упорно на сите страни веќе не можам и нема. За плажата, ние обично одиме накај Лагадин (пред, после). Има сенки, езерото е чисто, можеш да паркираш. Ама да, секако треба порано да одите.
Ич не се мисли. Ти прави си го редот за јадење за дете како што сметаш дека е правилно. Инаку искрено се надевам дека му е фаза зошто во моментов е во интензивно усовршување на седењето зошто уште не е стабилен па во столов му е предизвик. Инаку јас и за големиот не дозволував отстапки во однос на јадење исклучиво во хранилка/маса и стол. И за бебе ќе се обидам да држам ред. Мајка фала богу за тоа е на ист став, за светковци нема што да коментирам зошто големиот го виделе дали 20 пати за 6 години, бебе два пати до сега. Ама кога немав чаре и го оставив 3 недели таму да го чуваат, кога го опериравме од ушињата, колку што знам одржуваа ред. Е мајка знае уште да го прирани големиот на 5,5 иако ене ќе почне на училиште во септември . Плус кога го карам од што сите му зборевме дека е бавен, знае да ми плесне, ама мамо јас сум бавен. Признавам ние сме криви што му зборувавме така. Како и да е големиот количински не јаде многу и е бавен како полжав, ама нема храна што ја одбива, освен еве на печурки ми текнува. Нив не ги пројаде. Ама дај му морско, брокула ќе се удави, овошје и манџи исто јаде. Среќна ќе сум и со бебе ако е исто, не е битен квантитет, туку квалитет па ќе видиме дали е скок и усовршување техника или бебе си е во љубов со цице Фала за препорака за плажа. Таму мислам одевме и пред две години со големиот на плажа, после лагадин. Ќе видам со мм ќе истражиме викендов за да знам после кај да терам иако мислам дека и свекор ќе не дружи додека сме сами. Човекот за тоа си е ок. Кога ме има не запирам. Ај да одам да се туширам и да гушнам децата. Имајте мирна ноќ.
Најголем страв ми е храната ако бебе не тргне од одма во градинка и остане со светковци за чување. За нив најадено бебе/дете е кога ќе се најаде смоки, чоколадо, леб и паштета/џем/маргарин или нешто такво. Жива сила нема што ќе ги натера да варат овошја, зеленчуци, житарки, па мерки вакви, такви онакви. Или ако не дај боже сварат тоа е во количини за пола градинка. Бар по тоа како го чуваа другото внуче. Што било битно ако наместо 50гр морков пример и 50гр месо ( меркиве се така лупнати) сварат по 100-200 и му дадат на бебе од 6 месеци да изеде. Бидејќи е на Ад моево ги изкакупив сите можни чуда, од еден куп шишиња, па термоси, па навлаки за шишиња, дозери и не знам што за во ретките моменти кога бебе останува со нив. Сето до грам измерено, погодено, со ливче кога се дава. И ние си користиме со сопругот меѓутоа првично за тоа купував. Е сега уште немам проучено и смислено како со каши би функционирале. Дали јас да станувам рано пред работа, да варам и спремам се. Да оставам направени каши, па само да притоплуваат ако воопшто е опција тоа. Или да давам куп пари за готови каши за појадок и ручек плус млекото нели. Друго мислам дека веќе имаме ред на будење, хранење, заспивање. Страв ми е да пишам ама неколку недели уназад бебе станува во слично време, јаде во слично време и заспива навечер. Сеуште не е погодено таман како тоа што би ни било за градинка ама веќе ќе можеме да поместуваме се надевам бар од следен месец ако продолжи вака.
"Шо било, да го наполни мешето. Треба да се учи се' да јаде." А тоа се' за нив е леб и глупости. Се гледа дека сум наапана денес.
Да не живееме со истите Што ни фали нас што на 5 месеци, спанаќ со ориз и кисело млеко ни давале? Еве ама баш ништо не ни фали. Може и моево ќе јади спанаќ и ориз ама не со запршка и не на 5 месеци.
Лелее колку имам да зборувам на темава. Некогаш мислам дека само јас пишувам против баби и дедовци. Едниве баба и дедо ги гледав како хранат други внуци. Дедо им само сокови и чоколада им дава, деца биле, трчале, ќе ја потрошеле енергијата. Баба им ги тера да јадат за тројца возрасни, само ги бриши да не стојат извалкани, исклучиво таа им дава да јадат да не се извалкале тие, и обавезно јадат пред да седнат да јадат возрасните, за да може да контролира колку ќе изедат и секако мотивациони говори за време на јадењето им држи. Не знам со јадењево што им се случува од како ќе добијат внуци ама не верувам дека истото го правеле со нивните деца. Јас како што планирам да се префрлувам на blw во несвест ќе паднат. Мислам дека во социјално ќе ме пријават.
Ее еее ми вика свеки деновиве изеде 3 бисквити и се напи млеко, ваааааууу. Ши е за право можит и во право е јас го имам најголемиот нејадач. Не знам дали ќе ми верувате ама не ја засака храната од старт. Толку одбивност имаше да тоа не е нормално, море блендирано, гмечено, цели парчиња НИИШТООО 8 месеци имаше прв пат на одмор бевме и изеде цела банана и авокадо, душата ни се наполна, абре еден оброк немаше цел до годината, се турив од готвење од нудење, све се фрлаше, све се плукаше, повраќаше чим ставев во уста, вие не знаете која мака. Ништо не пројаде детево, нит градинка проба нешто, нит со брачеди се залажа. Кога ќе чуев коментар подметни и, ми идеше лом да праам оти неа немаше шанса да ја излажиш тогаш, не паа сега, какво бутање додека игра, чистеше јазик одма. Дојдовме до ситуација да ако има јадење на маса, а и треба да си земе нешто што оставила, она не го зема од страв. Повраќа чим нешѕо не и е убаво и на око, тотален не здрав однос. Аа нудев луѓе, нудам уште, фрлам секој ден манџи оризи маа јок бре 5 јадења ги врти. На 3 места бевме за консултација, ќе пројаде кога ќе ја одбиеш викаа, се одби и бетер стана. Се надевам дек второво ќе ни ја наполно душава на сите и ќе ја научи големава дека не е страшно ако касниш нешто.
Колку сте големи, каква мака лелее до 18 дали ќе пројаде. И ајде тоа ок здраво право крвна слика ок, килажа ок, малку ситничко ок... Ама во каква средина живеам од коментари си плачам колку се само без осет као нивните деца да јаделе
Аааа не, ние го имаме победникот во “свековско јадење”. На маж ми и брат му ѝм давала: - од раѓање цуцла натопена во мед секој ден по цел ден; - на 4 месеци кравјо млеко со плазма внатре; - од 5 месеци натака манџи направени по стар добар терк; - на 9 месеци по 200мл кравјо млеко, со жолчка внатре и две животински чоколади. “Па да видиш како си спијеа после тоа, абе милина”. ...... Многуууу имам да пишувам на темава, ама нејќу веќе да си трошам куцање за ова. Ооо и да, и ништо не им фали, само забите им се крш и цел живот мака мачат со нив. Тек какви совети ми има давано, ова горе е hello kitty за тоа.
Mојот изеде цела банана на 2 години. И се јавив на телефон кај маж за да соопштам. Уште малку солзи што не пуштив. Цело јајце уште не изел.
Ве читам и малку жал ми паѓа за вас околу нејадењето. Ова моево (што вели мајка: пу, пу, да не му се уроци), не можеш да го обезбедиш со јадење и со пиење. Констатно си мезнува нешто, а вода и јогурт пие како цел ден на нива да бил. 2 литри вода и пола литро јогурт на ден пие. За салати па да не збориме. Ама, најважно е сам да си ја направи. Сам да си ја излупи, да си ја исечка краставичката, морковот, итн. Пред некој ден имавме една гостинка и ми вели дека внучето на 4 год уште не смеело нож да допре. Во меѓувреме моево на нецели 2 год си ја здроби пола краставица и си ја мавна. Инаку, полека почнавме да се спремаме за гаќи и нокшир. Неколку дена го седнував по 2 3 пати на нокшир, па почна сам да си поседува (до сега нема завршено работа, али има време и за тоа). Преку ден си носи гаќи, знае да се измочка во нив али сфати дека му смета да биде помочан, па одма ги трга. Е сабајлево за првпат си го тргна памперсот сам и седна на нокшир (откако веќе се беше искакал ). Ја мислам дека сме на добар пат. Не планирам да го притискам, не го карам кога ќе се измочка, само нудам нокшир и така. Сѐ ќе биде во свое време.
Крвна слика мојава има предобра и покрај крајниците она има и јак имунитет и не е на амтибиотици. Ситна ее ама ајде ќе пркне, ситна бев и јас, па сега жена толкава ама толку ми трубат зошто сум давала по книга и затоа не јадела требело од прв ден се да бутам абеее ми иде лом да направам
Мене ми викаат дека детево по книга сум го гледала. Не требало така, не бил проект. А тоа на пример, зошто не им давам YouTube да му пуштаат или под агол да го седнуваат на 2-3 месеци. Мислам дека и се совршено да направиме по желбата на другите, пак ќе најдат мана. А дека не планирам на штета на детето туѓи желби да задоволувам, не планирам. Сега еве фатени се зошто вода од чаша му даваме, на мало дете од лажичка се давало. Еве не знам кај го има тоа правило, ама во книгите и статиите на интернет го нема пошто деца така не се гледаат, исклучиво по советите на оние што гледале деца пред 30 години без грам едукација.
Јас давам совети, ама и примам. Мене советот доење на барање не ми помогна, ама ако знаев дека и доење на часовник не помага тогаш ќе менував нешто. Да не не слушнале нешто добро, зошто 20мин да, ама 20мин шо града и тоа пратиш дали активно голта, дали заспива на града... Јас моето бебе така го доведов во ред со цицање, на почеток додека почне да качува под саат и под ред, почна да оди нагоре, да пркнува и нит ред ни се знае нит ништо, цица кога сака колку сака. Денес пример маратонски цицаме, цел ден е на цицка, му пробива запче и леле мајко е, не се трпи колку е нервозен и ќенкав. Дремни, стани, плачи, ќенкај, јади нешто малку колку да не е без ич и плачи до изнемоштеност. Спие и ми плаче во раце. Танго играме по цел ден. Кажи им на родителиве дека на тој начин ќе стигнат на инфузија, ќе го дехидрираат, лето е, му треба три пати повеќе течности од зимо, а на тоа сирото течност едина му е млекото. Малку претеруваш. Зошто неспособност ако носам баба на одмор, може таа баба и е последен овој одмор, може е во депресија па децата ќе и помогнат така, може има мака некоја.... Три одмори сум терала со свекрва, не е идеална, напротив во вода бањајќи се ми има речено дека сум немајка зошто не сум родила природно и не доев, за првото, па не се налутив зошто и го знам карактерот и истото ќе и го рече и на ќерка и ако роди царски и не дои. Таква е, терсене малку и тоа е. Ама дека носам баба на одмор затоа што сум неспособна, мало сутра. Годинава планирам пак да ја носам, зошто знам дека како ништо нема да ја подигне во живот овој одмор со внуците. Да сака и мајка ми и неа би ја носела. Нит ми плаќа, нит ми работи, нит ми е слугинка, на одмор и двете, лепота е. Може малку повеќе со дете да се заигрува ама тоа поради фактот што таква и е професијата и сака да го праи тоа, не и натурам. Пишував 2 дена, дел вчера, дел денес, едвај ве дочитав па да ви кажам, не сте сами! Комшика моја ме праша дали смоки сум дала на 6м бебе, стоби флипс, за после да најдам скока кај него во количка ќерка и што му дала на бебе. Партал ја направив, ја избркав од дома, и реков дека ако нешто се деси да се сели од маалото подалеку оти ќе биде во полиција пријавена. Зема да плаче и да превртува очи, не било до толку, она 2 имала, здрави прави биле... Хммм... големата јадеше од 4м со сол во зеленчукот и шеќер во овошјето, плазма во млекото на 2м и печено брашно со шеќер на 40 дена, сега е гојазна, на 6г има 50 кила, а малото и е 4г и досега има 6 операции на скршеници, да го чепнеш коска му се крши, слабо и суво, од многу здрава храна... нејзини деца, како сака нека ги гледа, моето е мое и јас како сакам ќе си го гледам. Крај! Бејби е ќенкав, само приплакува, искача асално едното запче, второто, они боцка 1 недела веќе, ама сега искача скроз. И првото кога го извади пред 2 недели исто беше, додека убаво пукне плачеше 2 дена. 2 ден е плаче и спие само. Едвај тенко маиче имаме облечено, не трпи облека никако, а златни алишта има по кратки, ама никако. Пелена е ту мач, ја одлепува и таа. Клима работи на 27 степени цело време и се надевам ќе бидат добри. Убав ден мамс, одам да продолжам со генералка, се ми е на средина оставено, се прскаа ѕидовите со средство против влага. Купатилото е завршено, ми остана уште да ја избришам машината, па да се префрлам на кујна, колку дозволи Бејби.
Хелоу мамс Што не кажавте дека е пекол тука ич да не се враќаме Хаха, шала на страна ова не е нормално колку е топло… Не се дише надвор, две клими вртат внатре и едвај некако тераме. Вчера се вративме од одмор, прв одмор со бебе, нема поубаво, уживаше и она и ние со неа. Се мислев искрено како ке истераме знаејќи колку е захтевна ама супер поминавме, нејзе и е доволно некој да е со неа доле и ништо друго, се игра, лази, јаде песок абе милина… Искрено со песоков беше пресмешна, лизнува малце да проба и со водата исто па и се уарни и сакаше уште За Никити со бебе само препораки имам, прв пат одиме тука и баш убаво ни легна на прва, иако на плажи идевме во околните места. Имавме една изненадувачки пријатна дешавка, јас останав во шок.. На граничен премин на Дојран, на нашава страна, чекаме некоја 4-5 кола по ред, и тука поминува еден вработен, не исклучи од редот, ни ги провери пасошите и ни кажа среќен пат…Јас останав во шок дека тоа се случува кај нас и дека сеуште има луѓе, инаку во меѓувреме додека се случуваше ова бебе збеснуваше, де цицаше, де плачеше, и здосади искрено… И така собравме сили за се што следи тука градинки, работа, трчканици и слично. Убав ден мајки мои
Баба на одмор, не сум против. Е сега со мојава свекрва ни на кафе не одам ама тоа затоа што така заслужила, не дека сите свекрви се такви или не треба да се оди некаде со нив. Друго на тема свекрва, денес и сестрите нејзини се тука, трауми имам и јас и бебе од коментари, зошто олку јадење, па зошто вака кашата, оти спие, оти не спие. Совети, споредби и искуства на куп. И да главно. Внучето на едната сестра машко имало не знам колку коса на 5-6 месеци, моето немало толку,а е женско. Минути бројам да подзалади и да ја зашетаме со бебе в парк.